Рецепти за слатки јадења - десерти, торти, колачи, баклави..

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Штрудла од гриз и овошје



Фил:
3 погусти јогурта
2 филџанчиња гриз (може и пченкарен)
чашка и половина шеќер (од јогурт)
половина чашка масло (од јогурт)
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
9 кори
овошје: малини, вишни, капини
1 кисела павлака
Подготовка: За една штрудла потребни се 3 кори. Секоја кора премачкајте ја со филот (околу 7 големи лажици), а на последната наредете го овошјето. Завиткајте и обилно намачкајте со павлака. Постапката повторете ја уште двапати, со преостанатите кори. Печете на температура од 190-200степени , додека не порумени.

Пита од вишни



Потребно:
За тестото:
100 г наменско брашно за колачи
50 мл вода
30 мл масло
1/2 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво
За фил:
300 г вишни
100 г путер за премачкување и шеќер за посипување
Подготовка: Во брашното додадете прашок за печиво, сол, вода и масло и со миксер замесете тесто. Тестото поделете го на два дела. На побрашнета работна површина едниот дел од тестото расукајте го во тенка кора и премачкајте го со путерот. Преливот од вишни распоредете го врз третина од тестото и внимателно завиткајте во ролат, па ставете во намастено тавче. Постапката повторете ја и со останатото тесто. Така добиените ролати премачкајте ги со јајце и печете на 200 степени околу 25 минути.

Колач од јогурт и вишни



Потребно:
200 мл јогурт
1 чаша шеќер
1/2 чаша масло
1 ванилин шеќер
2 јајца
2 чаши брашно
1 прашок за печиво
рендана кора од лимон или портокал
200 г вишни
За посипување: шеќер во прав Подготовка: Во подлабок сад измешајте ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете брашно, прашок за печиво, масло. Во намрсен и побрашнет калап сипете ја смесата и печете 15 минути во рерна загреана на 180степени. Тавата извадете ја од рерната и по тестото распоредете ги вишните, вратете во рерната и печете уште 15 минути. Печениот колач добро изладете го и пред служење посипете го со шеќер во прав и ванила по желба.

Пита од боровинки



Потребно:
За тестото:
300 г остро брашно тип 500
1/2 прашок за печиво
малку сол
6 лажици ладна вода
2 лажици шеќер во прав
150 г путер
За филот:
400 г боровинки
1 лажичка цимет
80 г мелени ореви
50 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер
1 лажица презли
За премачкување: 1 жолчка
За посипување: шеќер во прав
Подготовка: Брашното измешајте го со прашокот за печиво, додадете путер исечен на ливчиња, сол и шеќер и се заедно изронете со прсти и на крајот додадете ладна вода. Замесете мазно тесто и оставете го во фрижидер 30 минути. Боровинките добро измијте ги и исцедете ги. На набрашнета работна површина дел од подготвеното тесто развлечете го во кора малку поголема од калапот, па ставете ја во (со пречник 25-30 см) претходно подмачканиот и набрашнет калап. Со тестото прекријте го дното и страните на калапот. Одозгора посипете со презла и распоредете ги исцедените боровинки, се посипете со цимет, шеќер во прав, ванилин шеќер и ореви. Преостанатото тесто расукајте го во тенка кора и неа ставете ја врз боровинките, одозгора премачкајте со жолчка, а на некои места набоцкајте со виљушка за да не испука тестото при печење. Печете 35-40 минути на 180 степени. Питата послужете ја посипана со шеќер во прав. Место боровинки може да се користи кое било зрнесто овошје, свежо или замрзнато.
 

Radical Boy

Говнојадец
Член од
21 април 2005
Мислења
3.529
Поени од реакции
59
Братче алал да ти е за темава, ама незнаеш дека ми е стемнето од тие рецепти на ТВ. На секоја телевизија све нешто се готви и дека баба ми ми е на гости и само тоа гледа, ако ми веруваш од инает не им ги пробувам јадењата што ги направиле по таков рецепт, затоашто ако им кажам дека ми се допаднале ќе почнат и да ги снимаат рецептите на касети :lol:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Ja gi gledam sekoj den na Kanal 5, a pa koga go gledam Jamie Olliver uzhivam, chovekot e majstor.
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
49
Gizo напиша:
Ja gi gledam sekoj den na Kanal 5, a pa koga go gledam Jamie Olliver uzhivam, chovekot e majstor.
Да не е тој младиот - англичанецот што го даваа на МТВ ???? Ако е тој закон е....
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
StenmarC напиша:
Gizo напиша:
Ja gi gledam sekoj den na Kanal 5, a pa koga go gledam Jamie Olliver uzhivam, chovekot e majstor.
Да не е тој младиот - англичанецот што го даваа на МТВ ???? Ако е тој закон е....

Toj e, sega go gledam na kablovska, da sum nekoj bogatash debelo bi go plakjal da mi pravi sekoj den jadenje.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.174
Поени од реакции
34.302
Браво за темата Macedalien!

Каде се "домаќинките" на форумов да му реплицираат на Macedalien? :wink:
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Алал вера Macedalien!

Сигурен сум дека ќе најдам добри рецепти овде, доста беше од google & search тавче гравче, searh пастрмалија, search сарми.... :D :lol:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Колач со банани

- 4 банани
- 200 гр брашно
- 200 гр мелени бадеми
- 4 јајца
- 50 гр лупени фстаци
- 1 лажица мармалад од кајсии
- 40 гр путер
- 1 лимон
- 1 кафена лажица цимат
- 150 гр шеќер
- 150 гр путер
- 1 кафена лажица ѓумбир
- 1 ванилин шеќер
- малку сол
- половина кесичка прашок за печиво


Во сад за матење ставаме 150 гр путер. Додаваме 150 гр шеќер, ванилиниот шеќер и малку сол. Матиме со миксер, додека путерот не стане пенест. Потоа во садот ги додавамејајцата. Откако смесата ќе се соедини го исклуУчваме миксерот. Прашокот з апечиво го додаваме во садот со брашното. Промешуваме. Потоа и брашното го додаваме во садот за матење. Мешаме со лажица. Во садот ги додаваме мелените бадеми и преостанатото брашно. МеШаме со лажица додека смесата не се соедини. Во садот ги додаваме цимеот и ѓумбирот. На ситната страна од рендето во садот ја рендаме кората од лимон. Промешуваме. Лимонот го сечеме на половина. Го цедиме во цедалка. Калапот за печење го намрснуваме со путер. Во калапот нанесуваме половина од тестото. Ја рамниме површината. Лупиме две банани. Ги сечеме на половина по должина. Половинките банани ги редиме врз тестото во калапот. Со лажица бананите ги преливаме со лимонов сок, за да не потемнат. Врз бананите го нанесуваме преостанатото тесто. Ја рамниме површината. Ги лупиме преостанатите две банани. Ги сечеме на половина по должина. Парчињата банани ги редиме во калапот. Врз парчињата банани ги распоредуваме преостанатите 40 гр путер. Со сукалка ги дробиме фстаците. Издробените фстаци ги наросуваме во калапот. На крајот уште еднаш наросуваме цимет. Го ставаме калапот во рерна. Печеме 75 минути на температура од 180 степени. Го вадиме калапот од рерна. Со нож ги одлепуваме краевите на колачот од калапот. Потоа колачот го премачкуваме со мармаладот од кајсии. Го сечеме колачот на поголеми парчиња. Едно парче од Колачот со банани ставаме на чИнија за колачи.
 
J

janicka

Гостин
Здраво и супер тема! :P

Отсекогаш сум сакала, но никогаш не сум имала рецепт за Пуслици... ке биде некој љубезен да го сподели со мене? Фала однапред. :)
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
janicka вака сега..

ова ти е рецепт за 4-5 лица:))

4 белки се матат со 350gr шеќер во прав, белките треба да се изматат убаво и со шприц да се обликуваат целувките ( бакнежите ) и да се печат ( сушат ) на 100-120 степени во рерна се додека не се исушат убаво... на крај можат да се украсат со желе бомбони:)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.174
Поени од реакции
34.302
Mх мх мх... па лесно се правеле бе, ќе си направам деновиве. :)
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Acid напиша:
Mх мх мх... па лесно се правеле бе, ќе си направам деновиве. :)
Аха, звучи лесно. Не се ни обидувајте, ако немате хај пресижн рингла со прозорец и светло и да дремете цело време залепени на прозорчето.
Бич убаво потенцираше дека се сушат - не се печат. И тоа е жестоката заебанција со термички третман на биени белки, што мене никогаш не ми успева :(
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Свинска печенка со ананас

- 1 кг. свинска кременадла
- 500 гр. зелка
- 1 конзерва ананас
- 4 главици кромид
- 2 коцки за супа
- 1 инстант коцка за сос за печење
- масло за јадење
- сол и црн пипер

На даската за сечење зелката ситно ја сечкаме. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло ја ставаме исечканата зелка да се пржи. Посолуваме. Една главица кромид ситно ја сечкаме. Исежканиот кромид го додаваме во тавата со зелка. Во тенџере налеваме вода. Го ставаме тенџерето на оган. Во тенџерето ги додаваме коцките да се вари супа. Во уште едно тенџере налеваме вода. И ова тенџере го ставаме на оган. Во водата ја додаваме инстант коцката за сос за печење. Ананасот го сечкаме на коцки. Зелката ја мешаме за време на пржењето. По потреба додаваме уште масло за јадење. Откако зелката ќе омекне во тавата го додаваме сечканиот ананас. Зачинуваме со мелен црн пипер. Со црпалка во тавата додаваме од супата од коцка. Месото го посолуваме од сите страни. Со нож го засекуваме месото на неколку места. Во тавата за печење ставаме масло за јадење. Го ставаме месото во тавата. Главиците кромид ги сечкаме на покрупни парчиња. Парчињата кромид ги додаваме во тавата. Месото го попрскуваме со масло за јадење. Потоа со црпалка месото го преливаме со инстант преливот за печење. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 90 минути на температура од 220 степени.
На оган ставаме тава за пржење. Во неа додаваме масло да се загрее. Во тавата ги додаваме преостанатите парчиња ананас. Зелката со ананас во другата тава ја промешуваме. Го исклучуваме огнот.
Ја вадиме тавата од рерна. Го вадиме месото од тавата. Со нож ги досекуваме претходно засечените кременадли. Коската ја кршиме со сатар. Кременадлите скалесто ги редиме од едната страна на чинијата за сервирање. На другата страна на чинијата ја сервираме испржената зелка со ананас. Врз кременадлите ги ставаме парчињата испржен ананас. Месото го преливаме со сосот во кој се подготвуваше. Декорираме со една засечена ротквичка и гранчиња француски магдонос.

 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Свинска плетенка

Потребни состојки:

- 800 гр. Свинско филе
- 200 гр. Сланина
- млад кромид
- рузмарин
- масло за јадење
- сол И црн пипер

Подготовка:

На даската за сечење месото го рассекуваме за да добиеме правоаголна форма И го толчиме со чук. Потоа од двете страни месото го наросуваме со рузмарин. Го посолуваме И го зачинуваме со мелен црн пипер. Потоа парчето месо го засекуваме на три ленти. Крајните две ленти ги обложуваме со парчиња сланина И од месото плетеме плетенка.

Скарата ја попрскуваме со масло за јадење И врз неа ги редиме плетенките. И нив ги попрскуваме со масло за јадење. Откако ќе се испечат од едната страна свинските плетенки ги превртуваме на скарата. На скарата го ставаме да се пече И младиот кромид. Откако плетенките И кромидот се убаво испечени ги тргаме од скарата И ги ставаме на чинија. На чинијата за сервирање ги редиме свинските плетенки, а потоа И младиот кромид. Украсуваме со едно парче домат, врз кој ставаме гранче француски магдонос.

 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Свинска шницла со рен

Состојки:

- 600 гр. Свински шницли
- 8 лажици брашно
- млад кромид
- 700 гр. Цвекло
- 4 лажици рен
- 5 лажици млеко
- 2 јајца
- 3 лажици путер
- 200 гр. Кисела павлака
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:

На даската за сечење ја земаме свинската кртина и ја сечеме на шницли. Потоа шницлите со дрвен чук убаво ги толчиме. Ги посолуваме од двете страни и ги премачкуваме со рен.

Во еден сад го ставаме брашното. Потоа ги кршиме двете јајца и ги ставаме во еден сад. Ги посолуваме јајцата и ги матиме со вилушка. Ги земаме шницлите ги натопуваме убаво од двете страни, најпрво во изматените јајца, а потоа во брашното.

На оган ставаме една тава и во неа ставаме путер да се растопи. Во тавата додаваме и масло за јадење. Откако маслото ќе се загрее, а путерот ќе се растопи ги ставаме шницлите да се пржат. За време на пржењето шницлите ги превртуваме за да бидат подеднакво испржени од двете страни.

Во меѓувреме на даската за сечење вареното цвекло го сечеме на кругови. Круговите цвекло ги оставаме настрана.

Кога шницлите ќе добијат златна боја од двете страни ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија за сервирање.

За подготовка на преливот ја земаме киселата павлака и додаваме малку млеко и лимонов сок. Младиот кромид го сечкаме на ситни парченца, па го додаваме кон павлаката. Промешуваме со лажица за да се соединат состојките. Посолуваме и зачинуваме со мелен црн пипер. Повторно мешаме со лажица за да добиеме хомогена смеса.

Ги земаме круговите цвекло и ги ставаме на чинијата за сервирање до шницлите. Го земаме претходно подготвениот сос и го ставаме со лажичка одозгора помеѓу шницлите и цвеклото. Врз сосот и цвеклото ставаме од преостанаатиот исечкан кромид.

На даската за сечење лимонот го сечеме на тенки резанки и ги ставаме врз шницлите. Декорацијата ја завршуваме со по една половинка од маслинка што ја ставаме врз реренките лимон. Со тоа свинската шницла со рен е подготвена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom