Рецепти за слатки јадења - десерти, торти, колачи, баклави..

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Snikers

Sastojci:

Tamno testo:
8 jaja
2,5 dl šećera
7 kašika brašna
2 kašika kakao praha
1 kašičica praška za pecivo

Orahovo testo:
25 dag seckanih oraha
5 belanjaka
2,5 dl šećera
2 kašike meda
1 kašika oštrog + 1 kašika glatkog brašna
1 kašičica praška za pecivo

Krema:
3,2 dl mleka
5 žumanjaka
2 dl šećera + vanilin šećer
kašika glatkog + kašika oštrog brašna
30 dag maslaca ili margarina
2-3 kašike kuvane kafe

Priprema:

Za tamno testo žumanjke i šećer penasto mešati, dodati brašno s praškom i kakaom. Na kraju umešati sneg od belanjaka. Ispeći i hladan prepoloviti.
Za orahovo testo belanjke tući u sneg sa šećerom, dodati ostale sastojke i ispeći.
Za kremu razmutiti u malo mleka žumanjke, šećer, vanilin šećer, obe vrste brašna i skuhati u ostalom mleku. Ohladiti i dodati maslac.
Podeliti u dva dela i u jedan dio dodati kafu.
Slagati tamni biskvit, krema (ovu kremu politi karamelom od istopljenog šećera), orahov biskvit, krema s kavom i tamni biskvit.
Gore politi čokoladnom glazurom.



Snikers torta

Sastojci za više od 10 porcija

15 jaja
450 g kristal šećera+15 kašika šećera
2 margarina ili maslaca
600 g pečenog, neslanog kikirikija
100 g mlečne čokolade
100 g bele čokolade
3 snikers čokoladice

Priprema:

Kore:
5 belanaca umutiti sa 150 g šećera, dodati 200 g (oklagijom zgnječenih) pečenih, neslanih kikirikija. Sušiti na 150°C oko 40´. Peći tri puta ovakve kore.


Fil:
15 žumanaca umutiti sa 15 kašika šećera. Skuvati na pari, dodati 100 g mlečne čokolade. Kada se fil ohladi, dodati 2 umućena margarina, 100 g seckane mlečne bele čokolade i 3 snikers čokoladice (takođe seckane).

Filovati kore. Odozgo šlag ili glazura, čokoladna.



еве ти два рецепти.. ме мрзеше да ги преведвам ама сигурна сум дека разбираш српски нели :?: :wink:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Ѕвездени прозорци

Потребни состојки:

- 200 гр. чоколада за готвење
- 250 гр. брашно
- 170 гр. маргарин
- 100 гр. шеќер
- 1 јајце
- 1 пудинг од ванила
- 1 ванилин шеќер
- 1 прашок за печиво
- 30 гр. чоколадни трошки

Подготовка:

Во сад за матење го ставаме брашното. Користиме од моето брашно на мелницата Кадино, кое е без адитиви. Потоа во садот го додаваме прашокот за печиво. Со лажица го мешаме со брашното. Во садот го додаваме маргаринот. Го додаваме и прашокот за пудинг, шеќерот и ванилиниот шеќер. Во садот го кршиме јајцето. Го вклучуваме миксерот и матиме додека смесата не се соедини. Со рака смесата ја вадиме од садот и ја ставаме на набрашнета работна маса. Ја месиме смесата со раце. Ја делиме на два дела. Едниот дел го расплескуваме. Врз него ги ставаме чоколадните трошки. Повторно месиме со раце.
Потоа со сукалка од тестото рассукуваме кора. Со калап од кората вадиме тркалезни форми. Формите ги редиме во тава за печење. И од вториот дел од тестото рассукуваме кора. Со истиот калап правиме тркалезни форми. Од овие тркалезни форми со друг калап вадиме форми во вид на ѕвезда. И тркалезните форми со издлабено ѕвезди ги редиме во тавата за печење. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20- тина минути на температура од 200 степени.
Во сад врз тенџере со зовриена вода на оган ја кршиме чоколадата. Мешаме со лажица за чоколадата побрзо да се растопи. Откако чоколадата е растопена го тргаме садот од тенџерето и го ставаме на работната маса. Мешаме за чоколадата побрзо да се излади. Тркалезната форма ја премачкуваме со растопена чоколада. Потоа врз неа ја лепиме формата со издлабена ѕвзда.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Десерти

За почеток ролати :wink:

Ролат мачкино око


ЗА ПАНДИШПАН

- 15супени лажици шеќер
- 8 лажици брашно
- 5 јајца
- мелени ореви


ЗА ФИЛОТ

- 3 кеси пудинг од ванила
- 50 гр. шеќер во прав
- 100 гр. желе бомбони
- прашок за печиво
- 1 лажица какао
- 1 маргарин

ЗА ДЕКОРАЦИЈА

- 1 шлаг
- 1 ванилин шеќер
- топла вода
- 1 литар млеко


Земаме еден сад за матење и во него едно по едно ги кршиме 5-те јајца. Потоа кон јајцата додаваме 10 лажици шеќер. Го вклучуваме електричниот миксер и ги матиме јајцата и шеќерот, додека шеќерот не се растопи. Потоа не прекинувајќи да матиме со миксерот додаваме 5 лажици вода. Кон смесата додаваме 5 лажици брашно, 1 лажица какао и 3 лажици мелени ореви. Уште кратко време матиме и го исклучуваме миксерот. Вака подготвената смеса, ја истураме во претходно намрснета и со хартија обложена тава за печење. Тавата ја ставаме да се пече во рерна на 250 степени 10-тина минути.
Во меѓувреме на оган ставаме едно тенџере и во него ставаме 2/3 -тини од млекото. Додека млекото се загрева на оган, на работната маса земаме еден сад за матење. Во садот ги мешаме прашокот за пудинг и 3-те лажици брашно, а потоа кон нив го додаваме преостанатото млеко. Со супена лажица мешаме додека смесата не се изедначи.
Млекото кое се загрева на оган го засладуваме со 5 лажжици шеќер. Потоа непрекинато мешајќи со дрвена машалка во тенџерето ја додаваме претходно добиената смеса од брашно, прашок за пудинг и млеко. Непрекинато мешајќи ја вариме смесата додека не се згусне.

Земаме една кујнска крпа, убаво ја натопуваме со вода, ја цедиме и ја постиламе на работната маса. Тавата со испечениот пандишпан ја вадиме од рерна и ја ставаме на работната маса. Со нож ги одделуваме краевите на пандишпанот од тавата. Потоа тавата ја превртуваме врз мократа кујнска крпа. Неколку пати удираме по дното на тавата, за полесно да се одлепи пандишпанот. Внимателно ја отстрануваме хартијата од пандишпанот и го покриваме пандишпанот со мократа крпа, за да омекне и полесно да се витка во ролат.

Во садот за матење со миксер го матиме маргаринот. За време на матењето, постепено со лажица додаваме 50 гр. шеќер во прав. Откако маргаринот ќе биде пенесто изматен во садот го додаваме претходно сварениот крем. Убаво матиме со миксерот, а добиениот фил го ставаме во готварски шприц.

Ја отвораме кујнската крпа и со лажица нанесуваме од филот по средината на пандишпанот. На даската за сечење на ситни коцкички ги сечеме желе бомбоните. Желе бомбоните ги нанесуваме врз филот кој сме го ставиле на пандишпанот. Врз се ова ставаме и 2-3 лажици мелени ореви и со лопатка го израмнуваме филот од сите страни. Потоа со помош на кујнската крпа, филуваниот пандишпан го виткаме во ролат, притоа отстранувајќи ја кората која се зафатила при печењето. Готовиот ролат го положуваме на еден овал. Ролатот по целата надворешна површина го филуваме со преостанатиот фил.

Во садот за матење со миксер го матиме шлагот и го полниме во слаткарски шприц. Целиот ролат со лопатка го премачкуваме со шлагот, а потоа ролатот го декорираме со филот од готварскиот шприц. Декорацијата ја дополнуваме со шлагот од слаткарскиот шприц, а ја завршуваме со парчиња желе бомбони.

За да можеме убаво да го пресечеме ролатот на парчиња, го ставивме во замрзнувач да седи 15-тина минути. По 15-тина минути го вадиме ролатот од замрзнувачот и со остар нож сечеме парчиња со дебелина од 1,5 сантиметри. Парчето ролат го ставаме на чинија за послужување.
На даската за сечење 1 портокал го сечеме на подебели кругови. Земаме еден од круговите портокал и од него формираме цвет, на повеќе места засекувајќи му ја кората. Околу целото парче ролат редиме тенки парчиња киви, а со едно мало парче киви го украсуваме и цветот од портокал.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Ролат Меланија

потребно:

- 300 гр. бисквити
- 1 маргарин
- 400 гр. шеќер
- 100 гр. кокосово брашно
- 80 гр. чоколада за готвење
- 50 мл. рум
- 150мл. вода

подготовка:

На даската за сечење со сукалка ги рониме бисквитите. Потоа ги собираме во сад настрана. Водата ја ставаме во тенџере на оган. Во тенџерето го додаваме румот. Во тенџерето го додаваме и маргаринот и го мешаме со жица за матење. Мешаме со жицата за маргаринот побрзо да се растопи. Чоколадата ја сечкаме на парчиња и ја додаваме во тенџерето. Повторно мешаме со жицата и во тенџерето го додаваме шеќерот. Откако целата смеса ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Потоа во тенџерето го додаваме кокосовото брашно и продолжуваме да мешаме со дрвена лажица. Непрекинато мешајќи во тенџерето ги додаваме изронетите бисквити.

Земаме еден долгнавест калап и го обложуваме со најлонска фолија. Претходно подготвената и изладена смеса ја ставаме во готварски шприц со кој го полниме калапот. Го затвораме калапот со фолијата и го ставаме во замрзнувач да се стегне. Изладениот и стегнат ролат Меланија го вадиме од замрзнувач и го ставаме на работната маса. Ја отстрануваме фолијата и со остар нож сечеме парчиња со дебелина од еден сантиметар. Парчињата ролат Меланија скалесто ги редиме на чинија за сервирање.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Ролат од ѓумбир

- 200 гр. полусуви кајсии
- 200 гр. џем од кајсии
- 1портокал
- 1 лимон
- вода
- 3 јајца
- брашно
- 100 гр. ванилин крем
- 50 гр. шеќер во прав
- шеќер
- 30 гр. ѓумбир
- какао
- масло за јадење


Ги земаме трите јајца, ги кршиме и ги двоиме белките од жолчките. Белките ги ставаме во сад за матење, а жолчките во еден сад настрана. Во садот со жолчките додаваме масло за јадење. Во садот со белките додаваме 3 лажици шеќер. Го вклучуваме миксерот и почнуваме да матиме. Откако шеќерот ќе се растопи во садот ги додаваме жолчките и продолжуваме со матењето. Го исклучуваме миксерот и додаваме 1 лажица ѓумбир и 3 лажици брашно. Промешуваме и речиси целата смеса ја истураме во тава за печење обложена со хартија. Со нож ја мазниме смесата за пандишпан во тавата. Во преостанатата смеса во садот за матење додаваме 1 лажица какао, просеано низ цедалка. Промешуваме и какао смесата за пандишпан ја полниме во фишек од хартија. По жолтото тесто за пандишпан правиме ленти од какао смесата за пандишпан. Потоа со едно стапче целото тесто за пандишпан го шариме во спротивна насока од какао лентите. Тавата со пандишпанот ја ставаме во рерна. Печеме 10- тина минути на температура од 250 степени.
Во меѓувреме додека се пече пандишпанот во еден сад за матење го ставаме ванила кремот и половина лажица ѓумбир.

Портокалот го сечеме на половина и го цедиме во цедалка. Исто така и лимонот го сечеме на половина и го цедиме во цедалката. Во садот за матење додаваме 250 мл. вода и почнуваме да матиме со миксер. Не прекинувајќи со матењето во садот го додаваме сокот од лимонот и портокалот. Откако смесата ќе се соедини го исклучуваме миксерот.

На даската за сечење кајсиите ситно ги сечкаме а потоа ги собираме во еден сад.
Испечениот пандишпан го вадиме од рерна и го ставаме на работната маса. Една кујнска крпа ја мокриме со вода и со неа го прекриваме пандишпанот за да омекне. Потоа крпата ја тргаме, пандишпанот го превртуваме и му ја отстрануваме хартијата. Од нешарената страна пандишпанот го премачкуваме со џем од кајсии. Врз џемот го ставаме претходно подготвениот фил и сечканите кајсии. И нив ги размачкуваме по целиот пандишпан, а одозгора ги додаваме преостанатите кајсии. Филуваниот пандишпан го виткаме во ролат. Одозгора ролатот со цедалка го наросуваме со шеќер во прав. Со остар нож сечеме парчиња со дебелина од 2 сантиметри и скалесто ги редиме на чинија за сервирање.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Ролат од желе

- 250 гр. шеќер во прав
- 1 ванилин шеќер
- 2 лажици какао
- 7 лажици густин
- 7 јајца
- 1 маргарин
- 7 лажици шеќер
- желе бомбони
- 350 мл. млеко


Во едно тенџере ставаме 250 мл. млеко И 3 лажици шеќер И го ставаме млекото на оган.
Во еден сад со 100 мл . ладно млеко додаваме 7 лажици густин И убаво мешаме додека густинот не се растопи. Растпоениот густин во млеко го додаваме во млекото на оган непрекинато мешајќи. Вариме додека смесата не се згусне И го тргаме тенџерето од оган. Добиениот крем го ставаме во еден сад кој го ставаме во замрзнувач побрзо да се излади.
Земаме една тават за печење И ја попрскуваме со масло за јадење.
Со четка ја намрснуваме целата внатрешна површина на тавата. Потоа тавата ја обложуваме со хартија.
Земаме еден сад за матење И во него кршиме 5 јајца И 2 белки. Додаваме 4 лажици шеќер И почнуваме да матиме со миксерот. Откако јајцата И шеќерот се убаво изматени додаваме 3 лаживи брашни И 2 лажици какао. Смесата за пандишпанот ја истураме во претходно подготвената тава за печење. Го ставаме пандишпанот да се пече во фурна 15 тина минути на температуре од 200 степени. Тавата со испечениот пандишпан ја вадиме од фурна И ја ставаме на работната маса. Земаме друга тава за ппечење со иста големина како претходната И вон еа ставаме намокрена кујнска крпа. Врз крпата го превртуваме испечениот пандишпан И ја отстрануваме хартијата. Пандишпанот убаво го виткаме во крпата. Во садот за матење со миксер убаво матиме еден маргарин. Потоа во садот го додаваме изладениот крем, 250 гр. шеќер во прав И 2 жолчки. Почнуваме да матиме со миксерот И додаваме 1 ванилин шеќер. Матиме додека смесата не се соедини И го исклучуваме миксерот.
На даската за сечење желе бомбоните ги сечкамре на ситни коцки. Изладениот пандишпан го одвиткуваме од крпата И по средината го филуваме со претходно подготвениот фил. Врз филот ги редиме ситни исечканите желе бомбони. Со помош на крпата виткаме цврст ролат кој го ставаме на чинија.
Ролатот одозгора го премачкуваме со преостанатиот фил И го украсуваме со ребрести форми од желе бомбони. Ролатот го ставаме во замрзнувач да се стегне. Откако ролатот е стегнат го вадиме од замрзнувач И со остар нож сечеме парчиња со дебелина од 1 сантиметар. Парчињата ролат ги редиме на чиниа за послужување. Со тоа ролатот од желе е подготвен.
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Абе јас се рушам во јадење од слатки работи... чоколади, колачи, торти, слатки итн итн.. излгеа солта ми е качена хахахаха :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Пудинг торта

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]- 4 лажици брашно
- 6 јајца
- 9 лажици мелени ореви
- 200 гр. путер
- 1 портокал
- 200 гр. шеќер
- 1 пудинг од малина
- 200 гр. шеќер во прав
- прашок за печиво
- 500 мл. млеко
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]

[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Во тенџере го ставаме речиси целото млеко. Тенџерето го ставаме на оган. Додаваме 100 грама шеќер и мешаме со жицата за матење. Прашокот за пудинг го ставаме во мензурата со преостанатото млеко. Мешаме со жицата за матење. Потоа во тенџерето со зовриено млеко го додаваме размешаниот пудинг. Непрекинато мешаме со жицата и го вариме пудингот на оган, додека не ја добие потребната густина. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса.
Во сад за матење ги кршиме 6-те јајца. Почнуваме да матиме со миксер. Во садот додаваме 6 лажици шеќер. Матиме со миксер додека шеќерот не се растопи. Прашокот за печиво го мешаме со брашното. Користиме од моето брашно на мелницата Кадино, кое е без адитиви. Мешајќи со жицата за матење во садот го додаваме брашното. Ги додаваме и мелените ореви. Мешаме додека смесата не се изедначи. Тестото за пандишпан го истураме во претходно подготвена и со хартија обложена тава за печење. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 15- тина минути на температура од 200 степени. Тавата со испечениот пандишпан ја вадиме од рерна и ја ставаме на работната маса. Со нож ги одлепуваме краевите на пандишпанот од тавата. Пандишпанот го превртуваме на работната маса. Ја отстрануваме хартијата. Го сечеме пандишпанот на два дела.
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Во сад за матење го ставаме путерот. Го додаваме шеќерот во прав. Матиме со миксер додека путерот не стане пенест. Потоа во садот го додаваме дел од претходно сварениот и изладен пудинг. Матиме со миксер додека смесата не се соедини. Во садот го додаваме и преостанатиот пудинг. Ја рендаме кората од портокал. Повторно матиме со миксер додека смесата не се соедини. Едниот дел од пандишпанот го ставаме на долниот дел од кутија за торта. Портокалот го сечеме на половина и го цедиме во цедалка. Со сок од портокал го полеваме едниот дел од пандишпанот. Врз пандишпанот нанесуваме фил. Ја филуваме кората. Врз филот го нанесуваме вториот дел од пандишпанот.
Го притискаме со раце за да се залепи со филот. Потоа целата торта ја премачкуваме со фил. Со преостанатиот фил полниме готварски шприц. Со помош на шприцот ја украсуваме пудинг тортата. Декорираме со вишни од компот.
[/FONT]
 
Член од
9 јуни 2005
Мислења
5.982
Поени од реакции
18
МИЊОН ТОРТА


[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]За подготовка на овој десерт потребни ви се следниве производи: [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]- 6 јајца
- 200 гр. шеќер
- 150 гр. чоколада за готвење
- 125 гр. шеќер
- 1 маргарин
- 200 гр. брашно
- 450 гр. мелени ореви
- 125 гр. маргарин
- 1 прашок за печиво
- 125 мл. млеко

Потребно време за подготовка на овој десерт е 60- тина минути.
Во тенџере на оган ставаме 125 гр. маргарин да се растопи. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Белките ги ставаме во сад за матење, а жолчите во сад настрана. Почнуваме да матиме со миксер и во садот додаваме 200 гр. шеќер. Откако шеќерот ќе се растопи го исклучуваме миксерот. Во садот додаваме мелени ореви и меаме со лажица. Потоа го додаваме претходно растопениот и изладен маргарин. Промешуваме за смесата да се соедини. Ги додаваме преостанатите мелени ореви до 200 грама и промешуваме.
Прашокот за печиво го додаваме во садот со брашното. Потоа во садот додаваме брашно. Го додаваме и преостанатиот растопен маргарин и брашно. Мешаме додека не добиеме хомогена смеса.

Тавата за печење ја намрснуваме со маргарин. Во намрсметата тава го ставаме тестото за пандишпан. Го рамниме тестото со лажица. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 15- тина минути на температура од 200 степени.
Во тенџере го ставаме млекото и тенџерето го ставаме на оган. Во тенџерето додаваме 125 гр. шеќер, 125 гр. маргарин и чоколадата искршена на коцки. Мешаме за чоколадата и маргаринот побрзо да се растопат. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Во тенџерето додаваме 3-4 лажици мелени ореви. Промешуваме.
Во сад за матење ги ставаме 6-те жолчки. Матиме со миксер и додаваме 6 лажици шеќер. Откако шеќерот ќе се растопи го исклучуваме миксерот. Малку прашок за печиво додаваме во садот со 2-3 лажици брашно. Потоа и брашното го додаваме во садот за матење. Промешуваме.
Тавата со испечениот пандишпан ја вадиме од рерна. Врз пандишпанот го нанесуваме жолтото тесто и го размачкуваме со лажица. Тавата ја врашаме во рерна. Печеме уште 10- тина минути на температура од 200 степени. Ја вадиме тавата од рерна. Со нож ги одлепуваме краевите на пандишпанот од тавата. Пандишпанот го ставаме на чинија за торта. Врз пандишпанот го нанесуваме филот. Одозгора наросуваме со мелени ореви. Со нож тортата ја сечеме на парчиња. Парче мињон ставаме на чинија за послужување.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете пенливо вино.
Добар апетит.
[/FONT]
 
Член од
9 јуни 2005
Мислења
5.982
Поени од реакции
18
ПАЛАЧИНКА БАЈАДЕРА


[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]За подготовка на овој десерт за 2 лица потребни ви се следниве производи: [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]- 2 јајца
- 50 гр. мелени ореви
- 50 гр. мелени лешници
- 2 киви
- 150 гр. шлаг крем од ванила
- 100 гр. шеќер
- брашно
- вода
- 20 гр.чоколаден прелив
- масло за јадење
- сол

Потребно време за подготовка на овој десерт е 20- тина минути.
Земаме еден поголем длабок сад И во него ги кршиме јајцата. Додаваме околу 300 мл. вода И малку масло за јадење. Додаваме малку сол И една лажичка шеќер. Се ова го матиме со жица за матење, а потоа додаваме брашно, додека ја добиеме потребната густина на смесата како за палачинки.
На оган ставаме една тава за пржење И вон еа ставаме масло за јадење да се загрее. Маслото го истураме во еден сад, а во тавата со црпалка ставаме од смесата за палачинки. Откако палачинката е испржена од едната страна ја превртуваме. Испржените палачинки ги вадиме на чинија.
На оган ставаме една тава за пржење И во неа ставаме 3 лажици шеќер. Промешуваме И оставаме шеќерот да се пржИ додека добиеме карамел. Карамелот го разредуваме со малку вода И во него додаваме 2 лажици мелени ореви. Промешуваме И ја тргаме тавата од оган.
Земаме една подлабока чинија И во неа го ставаме прашокот за шлаг крем. Во садот додаваме вода И со миксер го матиме кремот. Со претходно подготвениот крем ја филуваме целата палачинка, а врз кремот наросуваме мелени ореви. Ја виткаме палачинката во ролат И ја сечеме на половина. Парчето палачинка го ставаме на чинија за послужување. Врз палачинката ставаме од претходно подготвениот царамел. Украсуваме со парчиња киви И чоколаден прелив. Врз се ова наросуваме од мелените лешници.

Добар апетит.


[/FONT]
 
Член од
9 јуни 2005
Мислења
5.982
Поени од реакции
18
ПАПУЦАКИ


[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]За подготовка на десертот потребни ви се следниве производи: [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]- 150 гр. Брашно
- 1/2 прашок за печиво
- 2 лажици густин
- желатин
- 100 мл. вода
- 4 јајца
- неколку зашеќерени цреши
- 150 гр. шеќер
- листови излупени бадеми
- 500 мл. Млеко
- ванилин шеќер
- 1 портокал
- 1 киви
- 100 мл. Масло за јадење

Потребно време за подготовка на десертот 40-тина минути.
ПОДГОТОВКА НА ЛЕПЧЕТО ЗА ПАПУЦАКИ
На шпорет на гас ставаме тенџере во кое сме ставиле 100 мл. Вода. Додаваме 100 мл. Масло за јадење.

Во посебен сад добро го промешуваме прашокот за печиво со брашното и во таа смеса ги додаваме двете јајца. Убаво ја промешуваме смесата со лажица.
Го тргаме тенџерето со мешавина од вода и масло од огнот и непрекинато мешајќи со дрвена мешалка полека ја додаваме претходно подготвената смеса.
Потоа го враќаме тенџерето на оган и со непрекинато мешање вариме додека да се добие хомогена смеса. Ја оставаме смасата да отстои извесно време додека да се излади. Потоа смесата ја ставаме во готварски шприц и почнуваме да ги формирама папуцаките. На доволно голема оддалеченост ги редиме папуцаките на тавата која е претходно намрснета и прекриена со хартија. Откако ќе ја потрошиме целата смеса за папуцаки и ќе ја исполниме тавата ја ставаме да се пече.
Папуцаките ги печеме во рерна на прво ниво. Папуцаките ги печеме на температура од 200 степени 25 минути. За време на печењето на смееме да ја отвораме вратат од рерната.
Испечените папуцаки ги вадиме од рерната. Ги оставаме да се изладат и со остар нож го отсекуваме горниот дел, кој по филувањето го употребуваме како капак.
Го земаме готварскиот шприц и ги полниме папуцаките со претходно подготвениот крем. Наполнетите папуцаки ги затвораме со пресечените капаци свртени наопаку и ги редиме на чинија за сервирање.
ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ ЗА ПАПУЦАКИ
Во еден подлабок сад го ставаме растворениот густин и брашното. Почнуваме да матиме со електричен миксер нанајмала брзина, бидејќи смесата е доста ретка и може да прска. Кон смесата во садот додаваме 150 гр. шеќер, ванилиниот шеќер и двете жолчки. За цело време непрекинато мешаме со електричниот миксер.

На страна во едно тенџере ставаме половина литар млеко да се загрее и со непрекинато мешање со дрвена мешалка ја додаваме претходно изматената смеса во тенџерето со загреано млеко. Вариме неколку минути на умерен оган непрекинато мешајќи со дрвена мешалка се додека смесата доволно не се згусти.
Тенџерето го тргаме од огнот и оставаме смесата целосно да се излади. Со вака изладената смеса ги полниме папуцаките со готварскиот шприц.
Од преостанатите две белки матиме цврст шлаг. Земаме едно по едно од папуцаките и од сите надворешни страни со нож ги премачкуваме со шлагот. Потоа врз шлагот од папуцаките ги лепиме листовите излупени бадеми.
Со готварскиот шприц ги декорираме папуцаките најпрво со шлаг. Зашеќерените цреши ги сечеме на половина и ги ставаме на средината на папуцаките. Го лупиме кивито и го сечкаме на ситни парчиња. На секое папуцаки ставаме по едно парче киви. Го лупиме портокалот го сечеме на кришки, а потоа секоја кришка на половина и со тоа ги украсуваме папуцаките. За крај со мало лажиче на секое папуцаки ставаме по малку желатин.


Дополнете го своето уживање со филџан кафе.
Добар апетит.


[/FONT]
 
Член од
9 јуни 2005
Мислења
5.982
Поени од реакции
18
Не,бе не,дефинитивно не е нормален офчарот:pos: :pos: :pos:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Рафаело бомбици


Подготовка:



[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]200 гр. шеќер[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif] 100 мл. вода
200 гр. млеко во прав
100 гр. лешници
125 гр. маргарин
80 гр. кокосово брашно
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Подготвока:

[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif] Во тенџере ја ставаме водата и го ставаме тенџерето на оган. Почнуваме да мешаме со жицата за матење и во тенџерето го додаваме шеќерот. Непрекинувајќи со мешањето во тенџерето го додаваме маргаринот. Откако маргаринот ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Повторно мешаме со жицата за матење и во тенџерето го додаваме млекото во прав и кокосовото брашно. Мешаме со жицата за матење додека смесата не се соедини. Тенџерето со смесата за рафаело бомбиците го ставаме во замрзнувач за да се стегне смесата. Потоа со раце земаме од смесата, ја расплескуваме и на средината ставаме еден цел лешник.[/FONT]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom