Рецепти за машко готвење :)

Член од
11 декември 2007
Мислења
116
Поени од реакции
2
Епа вака сега. Јас живеам сам и не се разбирам премногу во готвење (знам да спржам нешто, да ставам во тенџере нешто) ама не знам некојси рецепти да правам некои квалитетни јадења па затоа најчесто јадам од фастфуд.

затоа ве прашувам вас да ми дадете некој предлог рецепти(или било кои 2-3 ствари што идат заедно) кои се лесни за приготвување :). На располагање имам тостер(демек и скара во едно) , фритеза и шпорет.

Значи не барам како да подготвувам тавче гравче турлитава , сарма или нешто такво, него некои едноставни ствари, сепак кујната не ми омилено место
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.837
Поени од реакции
20.302
Вака еве нешто од мене:

Земи некој батачиња (словенечки) кратки, свари ги в тенџере некој 15-20м, извади ги измачкај ги со сенф и стави кромид, морков и компири заедно се да се испече во тава со зачини, ем брзо е ем лесно е се што треба е да свариш излупиш зеленчук и пикнеш в рерна да се пече.

Земи неутрална хопла, печурки и ако милуваш нешто сувомеснато ама не многу, стави една лажица путер или маргарин, и се стави да си крчка, и додај макарони(претходно сварени) или шпагети и тоа ти е топ и брзо се спрема.

Пица лепчиња : земи огноотпорна тава, стави некое јајце измешано со млеко , стави оригано и вегета во смесата, намрсија тавата со маргарин или масло и стави ги веќе натопените лепчиња во рерна на 230-250 степени, пред да ги извадиш изрендај кашкавал или сирење и остај уште пет минути и имаш вкусен доручек.


Се надевам дека ќе имаш полза од сево ова :smir:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Леб со Ајвар:

Потребни состојки: Ајвар (битно е кога ќе го отвориш да мириса на ајвар), и леб доволно мек да може забите да влезат без проблем.
Потребен алат: Нож.
Начин на припрема: Сечеш парчиња леб, ја отвораш теглата во правец на сказалките на саатот, земаш нож, вадиш ајвар со него, мачкаш на парчињата.

Десерт: Чаша вода.
 
Член од
11 декември 2007
Мислења
116
Поени од реакции
2
Леб со Ајвар:

Потребни состојки: Ајвар (битно е кога ќе го отвориш да мириса на ајвар), и леб доволно мек да може забите да влезат без проблем.
Потребен алат: Нож.
Начин на припрема: Сечеш парчиња леб, ја отвораш теглата во правец на сказалките на саатот, земаш нож, вадиш ајвар со него, мачкаш на парчињата.

Десерт: Чаша вода.
хахахахахахх звучи како добар рецепт. а како се припрема десертот ?
 

Gohan

I (L) Fußball
Член од
14 февруари 2009
Мислења
420
Поени од реакции
14
Podgotovka na krompircinja.
Krompirot da e isprzen ubavo od nekoj postar se razbira da ne se popares.
Leb da ima dovolno da se najades.
Za dekoracija Kecap i Majonez.:helou:
 

Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
53
Епа вака сега. Јас живеам сам и не се разбирам премногу во готвење (знам да спржам нешто, да ставам во тенџере нешто) ама не знам некојси рецепти да правам некои квалитетни јадења па затоа најчесто јадам од фастфуд.

затоа ве прашувам вас да ми дадете некој предлог рецепти(или било кои 2-3 ствари што идат заедно) кои се лесни за приготвување :). На располагање имам тостер(демек и скара во едно) , фритеза и шпорет.

Значи не барам како да подготвувам тавче гравче турлитава , сарма или нешто такво, него некои едноставни ствари, сепак кујната не ми омилено место
Ехеее синко! Некни да знајш какви кифли сум направил... цел комшилук се собра само од миризбата, вода неможат пола домаќинки околу да ми донесат!
Ајде нешто најактуелно моментално:
1* Фетучини Алфредо
-Потребни состојки:
1 пакетче фетучини
1/2л крем за готвење
250г путер
250г пармезан
сол и црн пипер
-Начин на подготовка:
ги вариш фетучините исто ко шпагети, 15-20 минути со малку сол и масло за јадење во водата! Па во тава, растопуваш дел од путерот, обично се става 50г путер на една порција, па ставаш фетучини за една порција, 100мл крем за готвење! и ги мешаш додека влагата од кремот е скоро пред изчеснување одприлика 5-7 минути! Вака е полесно да правиш помалку една по една за да не згрешиш пропорции! Можеш и све наедно ако имаш голема тава!
Ги ставаш во порција и врз нив додаваш пармезан и мелен црн пипер, овие може и при готвењето ама вака е повкусно. И како додаток можеш да ставиш доматно пире со кромид и тоа е...
-Ова јадење ќе те кошта некаде околу 200 денари!
2* Риби А’ла томато!
-Потребни состојки
1кг риби(по желба, може со све што ќе ти падне на памет да ги направиш)
300-400г презла
доматно пире
300мл бело вино може и Розе да заврши работа
сол, црн пипер, масло за јадење!
-Начин на подготовка:
Ги сецкаш рибите на парчиња какви ти сакаш и како ти е убаво да изгледаат, ги ’валкаш’ во презлата и ги ставаш да се пржат, ти препорачувам да користиш тава наместо фритеза зашто не треба да бидат како варени во масло! Треба малку кора да фатат. Одкако добро ќе ги загрееш рибите го додаваш виното во тавата, немој од старт! Ако целиот процес на пржење е 20 минути виното го додаваш после 10 минути и на некоја минута пред крајот, кога рибите ќе бидат скоро готови ја ставаш домата и црниот пипер и после 2-3 минути ги вадиш! Немој да пржиш на максимум температура, ако шпретот ти е до 6-ка како кај мене тогаш пржи на 4-4.5! Се става малку домата при пржењето за да оставиш простор да ставиш и одкога ќе бидат готови. Како додаток во порцијата може да ставиш малку марули!
Со ова јадење ви препорачувам да се напиете Розе во сооднос 2 према 1 со количината риби!
-Ова јадење би ве коштало: зависи какви риби ќе употребиш, се друго е некаде околу 150 денари!
3* Кифли сакаш? Имам еден екстра рецепт. Или многу комплицирано е....чекај нешто полесно да ми текни.....шо да напрајш, шо да напрајш боже?!?!..... Ах! ми текна:
Сувомеснато со печурки
-Потребни состојки
1кг сувомеснато(можеш било шо: Шунка, Чајна, Врат, Суџук све оди. Шо поубаво тоа поарно, рецептот оригинал е со чаден свински врат)
500гр маринирани печурки(рецептот оригинал е со живи печурки ама тие бараат дополнително спремање вака е во олеснета варијанта)
300мл крем за готвење
300гр ајвар или лутица(со ова е поубаво)
300гр доматно пире
сол, црн пипер масло за јадење
-Начин на подготовка: Во тава ставаш, масло да се загрее, потоа го додаваш пола од сувомеснатото исецкано како ти сакаш(го правиш на два пати, све ставаш по пола). Користиш тивок оган, пола од можноста на шпоретот! После 5-6 минути во тавата ги додаваш печурките, кремот за готвење и црниот пипер па посолуваш, ја оставаш тавата на истиот оган уште едно 10-15 минути! За на крај да додадеш домата и ајвар, промешуваш додека смесата не се соедини! Како додаток во порцијата може да ставиш малку маслинки и сирење!
-Ова јадење ќе ве кошта: зависи од сувомеснатото, а све останато е некаде околу 200 денари!
-Со ова јадење ви предлагам да се напиете еден ’бунар’, море и два да испиеш нема да згрешиш!
НАПОМЕНА: ни едно од вие јадења не е за сам да го јадиш, греота се! Барај некое моме!:smir:
А ако решиш да правиш нешто покомплицирано, кажи имам јас тука многу мајстории!
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
И јас бев студент 4 години и што ако сум женско никогаш не зготвивме манџи, и такви ствари, ај ќе се обидам да ти кажам едно неделно студенско мени за ручек:
понеделник -пире компири и месо (ако немаш месо може салама сечена на коцки и во пирето да се промеша да се добие убав вкус ммммм, а ако имаш и кечап ммм)
вторник - шпагети со сирење или некој сос или едноставно кечап
среда - ориз ( ако не знаеш како се готви -во едно тавче на оган во масло стави сецкан кромид, 1 чаша ориз и вегета, откако ќе се запржи тоа стави вода 3 чаши ( значи односот ориз/вода е 1/3) поклопи го тавчео со капаче и нека се вари на оган, ( не мора во рерна) и со оризот одговара стекче
четврток хамбургер
петок-пржено јајце со месо или салама
сабота-макарони со сирење или салама на коцки исечена и ставена во макароните
недела пак хамбургер
да не заборавам пожелни се супи и салати со јадењава:salut:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
па земи бе некоја домаќинка мајкуму,она нека ти спрема-да не му ја мислiш многу
теее па и ти :P
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.789
Поени од реакции
49.692
^ како бе ти еднаш дневно ли си јадела мајку му :)

Јајца сланина и кашкавал.

Земаш сланина(не знам грамажа да ти кажам јас земам две парчиња) ја сецкаш на мали парчиња и ги фрлаш во тава да се пропржат малце со мала количина зејтин, земаш 3 јајца ги матиш напоредно додека сланината крчка, после откако ке почнае сланината да дава појаки звуци јајцата ги истураш во тавчето, додека они заедно си ебаваат мајката во тавата, земаш кашкавал исецкан(ја преферирам помалце да е ради вкус воглавно) и го фрлаш и него во тавата.
Времетраење не знам да ти кажам, ама си се приметува кога е готово.

Нешто посебно за пиење со ова не препорачувам, пошто освен со вода со ништо друго не лизга :):)
 

ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Леле колку ме мрзи да пишувам рецепти ама подоцна ќе ви пишам рецепти за тестенини секакви специјалитети
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Не се затвараше у тој правец? м?:kesa:
Ако е маж ќе ја отвори и нагоре не само обратно :P

Ај еден рецепт ама овој троа поозбилен...

Колбаси (Вршњачки) - едно пакување.
Тава големка.
Лут доматен сос.
Масло.

Колбасите на кругченца (2 колбаси - доста се за еден, немој да се заебете за сами да ги бапнете сите), во врело масло (значи во тавата) пропржуваш дури да се вцрвенат колбасите, и го тураш лутиот доматен сос, заедно да се пропржи со колбасите, тие ќе си примат од лутото а и ќе имаат доста специфичен вкус, пржиш уште две минути и вадиш.

Топло лебче и можеш и да си макаш од тоа лутото и да си јадеш колбавченца - наздравје :smir:
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.918
Поени од реакции
8.510
Купуваш конзерва со готов приготвен гулаш :) го топлиш за 5 минути.
После набрзина правиш исто едно инстант пире и готово.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Таљанети:
Купуваш едно од 70 ден, ова собира за двајца, го ставаш во пола литро зовриена вода и мешаш 20 минути. И После ти испаѓа ко најголем рецепт, ем макарони , ем преубав сос ем мевца внатре.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom