Рецензија: The Godfather II

  • Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување
Г

Грејвдигер

Гостин
The Godfather II е продолжение на The Godfather: The Game, која се појави пред три година. Играта логично се базира на најдобрата филмска мафиска сага на сите времиња, The Godfather, во овој случај на неговото второ продолжение. Играта почнува со слободно креирање на стилот на главниот протагонист на играта Доминик Корлеоне, кој добива прилика да стане дон на фамилијата, а му е доделена важна задача: проширување и појачување на криминалното царство на фамилијата Корлеоне. Од почетокот сте ставени на борбеното поле каде со своите соборци морате да се пробиите низ војничката и окупирана Куба до аеродромот од каде што одите во Њу Јорк, каде што се наоѓа главниот штаб на фамилијата
, како и првата област која треба да ја превземате од фамилијата Росато. Кога ќе стигнете во Њу Јорк, после разговорот со Мишел Корлеоне кој ќе ви ја објасни ситуацијата во која се наоѓате и ќе ви даде ?титула? нов дон, со што започнува вашиот поход на најјаката мафиска фамилија.
Секој град се состои од одреден број на задачи кои треба да ги завршите со спротиставување со другите фамилии преку крвави вооружени борби. Секоја фамилија контролира по еден мафиски ?прстен? на задачи како што се фабрика за наркотници, отпади, коцкарници, банки… Кога ќе ги превземете една локација од овие добивате бонус во вид на боксови, блиндирани автомобили, панцири, додатен сет на муниции кои во многу делови од играта ќе ви бидат од голема корист… За да ја превземете задачата, мора да имате еден соработник, односно платеник под ваше водство, бидејќи сами тешко ќе излегувате на крај со многубројните чувари кои ги штитат противничките објкети. Кога ќе ги ликвидирате сите чувари на објетот, ви преостанува уште да одите во газдата и на разни начини да го убедите да ви го даде рекетот и на тој начин ја превземате неговат а работа. Додаток е тоа што при превземањето на некоја работа ќе видете две црти под името на секој газда на објектот, од која едната значи колку морате да го мачите за да ви го предаде рекетот, додека другата ја означува границата на која не му е гајле што ќе му се случи и нема да ви ја предаде неговата работа. Еднаш кога ќе го убедите газдата на објектот и ви го даде рекетот, ви преостанува уште да ставите ваши чувари на тој објект, бидејќи и противничките фамилии можат на сличен начин да ја превземат работата од вас.
Кога добивате контрола над одредена задача, можете на мира да чекате дневниот прилив на пари од контролираните рекети. Во овие освојувачки походи секогаш ќе можете да праќате свои луѓе во нивна самостална акција, а они често се во стање сами да го поразат противникот, но каде би била забавата доколку ги праќате нив.
Уште еден начин на кој заработувате пари е правење на услуга на случајните минувачи како што се пљачки, тепање и убивање на личности кои им замерила (иако на еден Дон и не му е баш работата сам да шета по улиците барајќи минувачи на кои им е потребна помош). Исто така, многубројни услуги ќе можете да им направите и на луѓе од високи администраторски функции и со тоа да остварите додатни поволности во вид на зголемување на заштитата од полицијата и сл.
За секоја ваша задача ќе ви биде потребна помош од вашите платеници кои можат да регулираат на улица, во ресторани, објекти под ваша контрола и сл. Секој од платениците кој регрутира има одредени способности? кои варираат од стручњак за палење и експерт на поле на технологијата и електрониката, па до доктор и набилдани тепачи.
Скоро сите фактори на играта ќе ви бидат достапни преку така именуваниот “Don’s View” кој го покажува стањето на вашата фамилија со контролирањето на криминалниот монопол, финансиската моќ, особини и можности на вашите соборци и вашите вештини како и тоталениот учинок кој го имате остварено. Многу од играчите по малку беа и разочарани бидејќи целата игра се сведува на користењето на “Don’s View” системот, мада со тој потег би се добила стратегиска игра што не е во интерес на развивачкиот тим и издавачката куќа. Во секој поглед Don’s View е квалитетно одработен сегмент кој можете често да го користите и е од велика важност при планирањето на сите напади на противнички објекти. Овој мод на игра е еден од маестрално одработените елементи во играта и претставува право освежување.
Оружјете во играта исто така е една од светлите точки во гејмплејот и графиката, па навистина се истакнува трудот на програмерите и дизајнерите кои се потрудиле се да изгледа веродостојно. Во арсеналот кој ќе ви биде на располагање, ќе бидат вклучени: Tommy Lee Gun, Калашникот, Магнум, сачмарки, молотови коктели како и солиден избор на бомби и др. Оружјето ќе можете да го унапредувате така што од на скриени локации ќе наоѓате нови модели на пушти и пиштоли, и со тоа ќе ја унапредете вашата моќ. Додатна можност е тоа што и на своите платеници ќе можете да им доделете оружје во зависност од тоа какви вештини поседува, па со одговарачкото оружје ќе биде поефикасен и корисен во борбата.
Атмосферата во играта во голем дел навистина допира до мафијашкиот живот и сите бенифиции и мани кои доаѓаат со тоа. Секогаш ќе се осеќате добро заштитени, бидејќи знаете дека не одите сами на задачите, и со помош на вашите платеници ќе ви биде полесно. Секој момент кога ќе бидете помоќни од вашите противнички фамилии и во моментите кога ќе ја собирате висината на дневниот приход од рекетите во вас ќе се створи огромна желба да превземете барем уште една задача и своите противници да ги доведете на работот на пропаст.
Графиката пати од бројните недостатоци, но е на ниво. Така што ако The Godfather II го споредите со стариот наслов добивате сличен графички енџин како и исти бледи текстури. Графиката пати и обилните багови како што се лошите улици и слабо видливите објекти од далечни. Локациите во кои се одвиват настаните (Њу Јорк, Флорида, Куба) се задоволително прикажени, освен Њу Јуорк кој е најмал град, а најлошо дизајниран. Ефектите на експлозиите се добро изработени, но не се на ниво со некои од новите и квалитетни наслови. Ликот на главниот протагонист е одлично изработен (на било каков начин би го замислиле и креирале), а останатите ликови од филмот се веродостојно прикажени, па одма ќе ги препознаете доколку го имате гледано филмот.
Музиката е и повеќе од добра, па ги задоволува скоро сите стандарди. Ефектите на звукот од експлозиите се реално изработени како и звуковите при судирите на автомобилите при различни брзини. Гласовната глума на главниот лик е феноменално одработена, а не е лоша ниту на останатите ликови во играта.
Иако Godfather II е добар обид на оживување на филмските легенди на компјутерските екрани, сепак доста работи не се изработени на озбилен и исправен начин. Играта дефинитивно нема да добие пролазна оцена кај играчите кои од секоја игра бараат посебности кои би ги држеле пред мониторот со денови. И просечните играчи брзо ќе го совладат репетивниот гејмплеј, бидејќи сите елементи на играта се прават на идентичен начин. Освен маестрално направениот “Don’s View” и над просечната музичка подлога, The Godfather II не нуди ништо иновативно и интересно за широката играчка популација, а играта без спектакуларни можности нема премногу шанси да стане “best seller”. Атмосферата од филмот е доловена со голем успех, но сепак тоа не е доволно еден наслов со слаб гејмплеј и застарена графика да добие добра оцена. Штета, бидејќи играта имаше потенцијал да биде квалитетно остварување.

Излезена на: 7. Април 2009
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.305
Совет од мене, оставај простор помеѓу мислите, вака е напорно за читање...
 

Донев

Модератор
Член од
9 мај 2008
Мислења
30.196
Поени од реакции
41.920
Да, истото и јас сакав да го кажам.
Оставај простор или стај слики измеѓу и стај поголеми слики.
 
Член од
5 јуни 2009
Мислења
7.110
Поени од реакции
9.695
сум ја играла и не е нешто посебно
 
Член од
25 мај 2008
Мислења
1.848
Поени од реакции
141
Топ игра ја свртев за 3 дена :)
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
86
Поени од реакции
0
Ги обожавам игрите врзени со мафии :wink: Само не сакам играта да ја слимнам од интернет туку да ја купам оригинал :salut:Можете да ми предложете од каде да ја земам ?
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Имаше една продавница во Скопје, мислам дека беше во ГТЦ, таму продават оригинални игри... Нека каже некој што е во Скопје и има купувано игри од таму.
 

Донев

Модератор
Член од
9 мај 2008
Мислења
30.196
Поени од реакции
41.920
Во Југотон во ГТЦ имаат оригинали
 
Член од
5 јуни 2009
Мислења
7.110
Поени од реакции
9.695
1. човекот шо го играш не може да скока (многу некорисно)
2. метата на оружјата е лошо направена
3. многу сиромашен избор на автомобили. се истите дизајни на коли ги има.
4. немаш пристап до водената површина
 
Член од
30 август 2009
Мислења
493
Поени од реакции
115
Играва е грда коливе се од 19.. нема ни мотори ...:nenene: ми се свиѓа :nesvest::nesvest:
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
5.346
Поени од реакции
3.650
Godfather 1 беше срање. Многу багови, не-инвентивен гејмплеј, лош енџин (стандард за EA)... Од 2ката не очекувам ништо подобро. Оваа не вреди ни да се симиња, а камоли да ја купувам оригинал (WTF???). ЗАТОА ПАК, прва половина на 2010 излегува MAFIA II. Е тоа ќе биде нешто за паметење (исто како што беше и кецот) :wink:
 

Amacord

high and might богаташ
Член од
24 август 2009
Мислења
474
Поени од реакции
15
Играва е стварно тапа , кецот беше лош али ова кога ке го видиш... боље купија кецот оригинал .
 
На врв Bottom