Рецензија : GTA IV

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Тик-так.
Тик....так.

Издржавме.
Ја издржавме дрскоста на Рокстар кои некогаш нашата омилена PC ексклузива ја трансформираа во "конзола ексклузива"

Поминаа 8 месеци,и конечно ние можеме да ја видиме GTA во нејзиниот полн сјај.
Или бар така си мислевме.

GTA IV ќе биде истовремено најсаканата и најомразената игра во PC историјата.
Зашто?

Прочитајте во следните редови...



Приказна

Приказната во GTA се врти околу Niko Bellic,босански Србин кој имигрира во Америка,слушајќи ги приказните на неговиот братучед Роман,кој му кажува колку е таму добар стандардот,колку е самиот успешен,има 5 коли,жени,огромна куќа итн...
Нико дознава дека е сосема спротивното,и дека врвот е далеку за него.
И го почнува својот трнлив пат од дното,со типични GTA мисии,кои дефинитивно не разочаруваат во квалитет и квантитет.

Има интересни досетки,GTA хумор,одлични сцени меѓу мисии,солидна 9/10 добива приказната.
Само заради тоа што можеби можеле да земат познати глумци да ги оживеат ликовите :)




Графика

Погоре спомнав дека GTA ќе биде најсакана и најомразена игра во исто време.
Тоа е последица на графиката.
Во мојата гејмерска кариера (како тоа фенси звучи),јас немам играно некој наслов кој толку многу бара,а нуди просек.
Ако имате процесор од 600 евра,и графичка од 700 евра,ќе се изнаиграте на High детали,при некоја пристојна резолуција.

Сите други,ќе ги пцујат Рокстар зашто не можат на својот систем на кој Crysis ја вртат на макс,да не добијат графика која впрочем и ја заслужуваат со тие компоненти.



Сликата горе сведочи дека за играње на High детали при резолуција од 1024*768,на вас ви е потребна графичка со 1.5 GB RAM.
А мора да признаете дека по сите стандарди,тоа е премногу.

Иако пачот е во најава,и би требало драстично да подобри перформанси,сепак еден голем минус за Рокстар што се реши на ваков полупроизвод од графика

3/10 за графиката.

Гејмплеј

Колку и да и замеруваме на GTA за графиката,сепак гејмплејот е она што само по себе вреди надградба на PC-то.
Ќе пробам да го доловам со една слика



Како што гледате,на сликава све прска,лево десно,цајканите трчаат во заседа...
Играта имплементира жив свет,луѓето околу вас се со свои мисии,навики,коментари и слични работи.

Пример 1.Одите во богатиот дел,луѓето си прават скара,косат трева,колите се сите заштитени со аларм.
Пример 2.Шетате до плажата,таму гледате тројца цивили застанати со цигара,и коментираат : Man,you can legally carry a gun,but you cannot smoke in public

Светот е жив,и тоа не може да се опише,туку мора да се игра и доживее.
Играта има имплементиран Havoc физички engine,па така секоја експлозија е различна,секоја сообраќајка е реална и интересна.
Не се сеќавам од кога не сум шетал наоколу и кршел коли.

Поточно,се сеќавам,од GTA San Andreas. :)
Нивото на детали е едноставно болно...

Пример 4.Идете во нет кафе,и можете да ја играте GTA 2.Умирате на играта,и сопственикот на нет-кафето ви се смее,you loser!
Niko вади пушка,поточно вие вадите,го пукате,а Нико коментира : What so fucking funny now?!



Гејмплејот го има оној икс фактор,кој ќе го уништи вашиот социјален и образовен живот.
Повеќе играње,помалку учење,тоа предизвикува квалитетен гејмплеј.
А ова е итекако квалитетен.

Звук,музика

Нема потреба од излишни коментари овде.Стандардот од Vice City и San Andreas не само што е задржан,туку е и подигнат на едно прилично високо ниво.
Тешко на конкурентите на GTA,на пример новата Driver...
Го имате Lazlow,имате босански рап,ја имате руслана,имате одлични комични реклами измеѓу...

Додека пак језивото чуство кое го добивате од кршење на стакла при сообраќајка,како и тие при пукање,се самите доволни за да си земете 5.1 сараунд звучници.
Nuff said,чиста десетка




Утра мудар (тм) заклучок

GTA IV е игра која навистина бара многу од вашиот компјутер,но која ви дава повеќе за возврат.
GTA IV е една од оние игри,кои еднаш ќе ги снимите,веќе нема да ги избришете се до нивното следна верзија од франчизата.

GTA IV е направена за играње,и веројатно за Xbox360ка заслужува чиста десетка.
Но,високите хардверски побарувања (неоправдано),не ми дозволуваат да и поделам десетка.
Затоа ќе добие солидна 9ка,која и можеби ќе се поправи со пачот :wink:.
That said,сега се враќам на играње *


*патентирано од колегата Overdrive
 

FikoX

Impossible is nothing
Член од
13 август 2007
Мислења
2.850
Поени од реакции
128
Леле како ме зпали за играва, ми се плачит шо не можам да ја играм:nerv:
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Гејмплејот го има оној икс фактор,кој ќе го уништи вашиот социјален и образовен живот.
Повеќе играње,помалку учење,тоа предизвикува квалитетен гејмплеј.
Мило ми е што имам тапа PC за играва.
 

ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
Супер Рецензија Маc :).
 

Шмики

Byakugan
Член од
12 март 2008
Мислења
743
Поени од реакции
16
Koлку само ми е криво што неможам да ја играм :((
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Мислам дека не сфаќате зашто рецензијата е посебна тема,и зашто стои отворена.

1.За да дадете свои коментари за рецензија,објективни секако,со насока за подобри во иднина
2.За да напишете и нешто свое,или пак да контрирате со кој дел не се согласувате и зашто.

Навистина,не ми е поентата и овде да почнете со постови што машина бара,или колку уште место ви фали за да ја снимите.
Фала и се надевам на ваши совети и мини рецензии овде :wink:
 

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
308
Супер е брате, само гледај да ставаш повеке скринови за да можеме да го доловиме gameplay-от :)
Поздрав
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Мац сите зборови ти се на место па и да додадам. Оваа игра изглеа не е правена за сите односно за нас рајата. Оваа игра е правена само за некој со пуно пари на сметка у банка кој ќе може за секое ново продолжение да си купи нов компјутер. Ај оваа четворкава на минимум ќе ја играм ама петката, шеската шо ќе биде тоа. Компјутерон од што ќе бара толкава графика сам ќе направи eject на цедено.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Мац сите зборови ти се на место па и да додадам. Оваа игра изглеа не е правена за сите односно за нас рајата. Оваа игра е правена само за некој со пуно пари на сметка у банка кој ќе може за секое ново продолжение да си купи нов компјутер. Ај оваа четворкава на минимум ќе ја играм ама петката, шеската шо ќе биде тоа. Компјутерон од што ќе бара толкава графика сам ќе направи eject на цедено.
Абе брат ти како збориш. што мислиш дека со пентиум 4 вечно ќе можеш да ги играш сите игри?? Па што мислите вие технологија е оди напред тоа е нормален процес!
Како сакате подобри игри без посилни перформанси??
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Абе брат ти како збориш. што мислиш дека со пентиум 4 вечно ќе можеш да ги играш сите игри?? Па што мислите вие технологија е оди напред тоа е нормален процес!
Како сакате подобри игри без посилни перформанси??
Абе иде напред ама веќе ова не е како шо беше порано. Ова ти е на пример сеа да имаш пентиум 2ка и скокаш на 4ка 5ка така кажано. Играва надвор од Македонија кај шо имаат пари луѓено да појачат компјутери викаат пак скапо ќе ги чинат новиве делови, а не па кај нас. Играва барем со графикава побарувачката мислам пред нејзино време е. Така да колку и да се развива технологијата пак нема да може да се држи во тек со побарувачкава на ГТА во случајов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom