Рецензија : Devil May Cry 4

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Конечно главните луѓе на повеќето developer-ски куќи,ја увидоа моќта на PC-то,врз минаните,сегашните и сите идни најавени конзоли.
Едноставно,зашто да се прават договори за ексклузиви за конзоли,кога PC маркетот е толку голем,што ќе направат несомнено повеќе профит ако играта е мултиплатформска.

Што ви зборувам? :)

Devil May Cry,е една од најпопуларните игри за PS2.
Со доаѓањето на новите конзоли,нема веќе PS2 ексклузиви,конечно и ние "јадниците" на PC мониторите ќе можеме од прва рака да ја искусиме магијата на оваа игра.

А дека има магија,нема да мора да чекате до крајот на оваа рецензија за да ви потврдам,едноставно играта во одредени аспекти брилира :vozbud:

Значи,толку од воведот,одиме на работа.
Но мала напомена,играта е рецензирана базирајќи на вкупно некои 1 и пол саат ingame,кои ни ги дозволува trial-от,на некој интересен начин :)



Првиот впечаток за DMC4,и не беше баш охрабрувачки.
Менито е конзолашко,со само две опции повеќе од PS3 верзијата,PC Settings & Performance test.
Контролите се местат според Xbox360 gamepad-от,а и мутавиот женски глас кој упорно повторува Devil May Cry во позадината,и на првото кажување ви е неверојатно иритирачки.

Но,сите конверзии имаат конзолашко мени,што е тотално несфатливо,и голема глупост од самите програмери.

Но,да видиме каков гејмплеј нуди DMC4

Гејмплеј
Имате два мода понудени во trial-от.Првиот е 10 минутно кршење на се и сешто низ нивото,независно до каде ќе стигнете.
Второто,ви нуди навистина неверојатна презентација на графика,приказна,гејмплеј,адреналин и звук.Имено,претставува Boss fight,со навистина импресивно огнено чудовиште :)

Првиот мод ве воведува низ потезите со кои можете да ги млатите,газите,сечете,правите масовни комбоа,фрлате магии,пукате итн итн...
Ако не сфативте,ова е ненормално набиена акциска игра,дури и над нивото на Painkiller.
Вие сте Nero,човек со натприродни вештини,и не прашувате зошто и како,едноставно само сечете.



Секако,ваквиот пристап има голема опасност да постане монотон и репетивен,но за среќа,тоа не е случај со DMC4.
Едноставно решение,констатно добивате нови комбоа и нови моќи,кои се навистина феноменални.
Мислам,ние PC играчите досега,освен но Prince of Persia и сличните игри,немаме многу искуства со комбоа (да ги занемариме Tony Hawks игрите :)).
Е сеа,кажете ми вие колку е импресивно кога можете да рипнете 5 метри во воздух,со помош на комбо (пеколно тешко комбо) да повлечете еден од 5-6 непријатели во воздух,и да го млатите 10 сек пред да го закопате во земја.
И не мора да го закопате,едноставно фрлете го врз другите кои беспомошно ве гледаат од земјата.
Можностите ги прави вашата имагинација :)

Е сега,вториот мод,е приказна сам за себе.
Да почнеме од поглед на гејмплеј.
Вашата цел е да победите екстремно големо чудовиште,кое се декларира како крал на огнениот пекол.
Има меч,кој е 8 пати поголем од вашиот лик,и способност да пали се пред себе.
Признавам на прво играње,мислев дека е невозможно,убивајќи ме,додека јас успеав само да му земам 1/10 од енергијата.

Но,тогаш сфатив што е најдоброто нешто за гејмплејот на DMC 4.
Не можете да победите со рандом стискања на копчиња и комбоа,како што беше случај со Prince of Persia,или не дај боже,Assasins Creed.
Мора да пристапите малку аналитички,и да ја користите вашата околина.
Значи,што претставуваат сите куќи околу вас,кои првиот пат не ги приметивте?



Нормално,можете да ги искористите како некој вид скала,односно преку нив,да скокнете на чудовиштето,и да му го покажете сечилото на вашиот меч.
Секако,се додека не ве размава со опашот :)
Потоа,кога ќе изгубите енергија,намамете го да замавне накај вас стоејќи до некоја куќа,избегнете и земете ги зелените черепи,кои ќе ви ја вратат виталноста.
Навистина,импресивно и тешко.

Но што кога ќе ги раскршите сите куќи?
Тогаш стапува адреналинот,односно вие сте на 1 удар,он е на два,има да ве стане од столчето на екранот напнатоста и адреналинот.
Навистина,навистина импресивно.


Графика
Иако можеби мислевте дека гејмплејот е најјаката карактеристика на DMC4,сепак имам скриено (и екстремно пријатно) изненадување за вас.

Графиката е феноменална,и тоа и од двата аспекти,изглед и оптимизација.
Да почнеме со изгледот,на почеток на вториот мод трчате низ планина и снег.
Што ако ви кажам дека таа сцена е подобра на изглед и атмосфера од оние снежнине на Crysis?
Импресионирани?



Но,да продолжиме со толку елаборираното огнено чудовиште.
Оганот е толку верно направен,како и неговиот вжештен меч,што едноставно ве грее од екранот.
Но сепак,да престанам тука со фалењето на графиката,и да ви кажам мала замка.

Имено,DMC4,на обичен CRT и LCD монитор испод 19",изгледа,да речеме еве,не толку импресивно.
Морате да сфатите,бидејќи играта е развивана за Xbox360 и PS3,има толку мали детали и графички финти,кои апсолутно ништо не би ви значеле на вашиот монитор.
Се прашувате зашто?
Бидејќи овие конзоли се FullHD,и се приклучуваат во 99% од случаите на телевизори со дијагонала поголема од 32",што е скоро два пати повеќе од вашите монитори.

Затоа,морам да признаам,без никакво ругање према вас,дека мојата импресионираност од графиката е пред се зашто го приклучив PC-то на Sony 40" FullHD телевизор.
Моја препорака,ако имате некој таков,вкусете ја на најдобриот начин играта,бидејќи на PC монитор не е истото.

Другата страна на графиката,оптимизацијата.
Овде можам да зборам навистина многу,но крајната линија е всушност прашањето :
Колку игри од новата генерација вашиот скромен PC е спремен да ги врти со над 30fps на макс сетизни со Full Antialiasing,при резолуција од енормни 1920*1080 пиксели? :vozbud:

Ниедна?
Ете ви одговор за оптимизацијата,со еден збор,ова не е феноменално,ова е толку над феноменалното што навистина не ми е јасно како успеале...
Луди јапанци,мојот PC со 3ghz single core,го оптимизираа на толку извиканите процесори на PS3.

А,да,дали спомнав дека текстурите се почисти од Crysis (на околината,ликовите се помалце импресивни),и дека се тоа врти во Dx10 графика?

При оценка од 0-10,овде мора да дадам 12/10,неверојатна оптимизација,која се надевам ќе стане стандард во иднина :zlo:

Приказна,звук
За жал,trial-от не ја открива приказната,но она што ќе го видите од Nero,сигурно ќе ве импресионира.
Мислам,замислете си ја следнава ситуација (или симнете го трајалот и видете сами:vozbud:)
Излегува огромново чудовиште од пеколот,30 пати поголемо од вас,



со еден удар на мечот,го пали целото градче околу вас,но сепак вас не ве ни приметува и продолжува на некој само на него познат пат.
Nero го проаѓа,го вади мечот,и со едно вртење околу земјата,му го гаси цел оган.
Чудовиштево се врти,сеуште прилично фино (за чудовиште),а Nero му објаснува :
-Fire is not good for my skin.I never tan.

Чудовиштево,изненадувачки фино,но со вознемирувачки глас,му објаснува :
-People weren't like you when i was on Earth,2000 years ago...
A Nero на тоа :
-Wanna make it another 2000?

И борбата е спремна,но неверојатни се cut сцените,мора да видите со свои очи :)

Звукот,за жал во демото не беше на некое надпросечно ниво,како и остатокот од играта.
Ефектите беа тука,но сепак пукањето и мечувањето можат да бидат попратени со подобри и поефективни звуци.

Но на сево ова,алчно е да се бара повеќе.

Ултра Мудар Заклучок :

Пред се,мора да сфатите дека играва е рецензирана од гејмер кои има пројдено толку многу,што за нешто да го импресионира,треба да е навистина над секакви очекувања.
Со тоа кажано,можам само да ви потврдам,дека ова ќе се игра,ќе се збори и ужива.

И нема да мора да купувате нова графичка за да уживате во целата оваа деструкција.
Кој ќе чека до Јули сеа:vozbud::vozbud:
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Може ли некој по ПП да ми прати линк торент зш не можем да ја најдем :(
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Леј, уште тројката ја играм, инает ми праи еден босс. После тоа на ред стига оваа.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Одлична е,малце не е приспособена за игра на тестатура,но на мојот Chillstream работи перфектно.

А играта почиња со борба - вие (Nero) против Dante :vozbud:
Графиката е одлична,никаде,ама баш никаде не сецка или го мачи вашиот компјутер,cut-сцените се одлични за да ве напалат да играте против boss-овите.

Можеби мала замерка на преминувањето на камерата,многу лесно знае да ве збуни,и место да продолжите напред да се вратите назад.

Комбоата се феноменални,и некако полесно се прават на тестатура отколку џојстик.
Приказната е топ,го ловите Dante,а во позадина има некои злобни игри од вашите претпоставени :)

Ајт,се враќам јас на devil slaying :vozbud:
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Уффф едвај чекам да ми дојде кејблтел интернетот и да ја пуштам да се симнува. Devil May Cry ми е една од најомилените игри. За тие што не се упатени во играта.
Sparda бил најмоќниот демон кој служел на ѓаволот но после некое време ги видел страдањата на луѓето и воочил дека е на погрешната страна и се свртел против ѓаволот, го победил и станал заштитник на луѓето од демони и од темната страна. Sparda имал жена која била човек и заедно имале двајца синови - близнаци Dante и Virgil (или Neo Angelo со кој се тепате во DMC1 а со Virgil се тепате во DMC3) кои се полу демони полу луѓе и двајцата го имаат наследено изгледот на мајка им но и двајцата имаат демонски моќи. Dante ја превзема одговорноста на татко му-да ги брани луѓето и да се бори против темната страна додека Virgil е во потрага само по моќ. Е сега пошто ја немам играно DMC4 али нешто читав и разбрав дека Nero е во некое друштво кое исто така работи на истребување на демоните и имаат нараквица која им дава моќи слични како на Virgil и Dante. Уффф едвај чекам да ја играм, камо да работи супер на интегрирани графички за да може да играм од лаптопот во дневна да не го носам компјутерот, ќе го послушам Мац за на 40" LCD :)
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Уффф едвај чекам да ми дојде кејблтел интернетот и да ја пуштам да се симнува. Devil May Cry ми е една од најомилените игри. За тие што не се упатени во играта.
Sparda бил најмоќниот демон кој служел на ѓаволот но после некое време ги видел страдањата на луѓето и воочил дека е на погрешната страна и се свртел против ѓаволот, го победил и станал заштитник на луѓето од демони и од темната страна. Sparda имал жена која била човек и заедно имале двајца синови - близнаци Dante и Virgil (или Neo Angelo со кој се тепате во DMC1 а со Virgil се тепате во DMC3) кои се полу демони полу луѓе и двајцата го имаат наследено изгледот на мајка им но и двајцата имаат демонски моќи. Dante ја превзема одговорноста на татко му-да ги брани луѓето и да се бори против темната страна додека Virgil е во потрага само по моќ. Е сега пошто ја немам играно DMC4 али нешто читав и разбрав дека Nero е во некое друштво кое исто така работи на истребување на демоните и имаат нараквица која им дава моќи слични како на Virgil и Dante. Уффф едвај чекам да ја играм, камо да работи супер на интегрирани графички за да може да играм од лаптопот во дневна да не го носам компјутерот, ќе го послушам Мац за на 40" LCD :)
Ја бев кај Мац)) кога ја играше DMC4 на 40" LCD. Да ти е мерак да гледаш од страна а камо ли да играш.....
Ако треба и цел РС носи го у дневна :):):)
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Не можев да издржам па ја порачав на Dual Layer од кај еден тип од Аеродром што режа за пари :) Најверојатно до утре ќе биде готова заедно со Mass Effect. Едвај чекам :zlo:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Јас ќе ти ја снимев бе,и тоа на две сингл леер,џабе пари фрлаш :)

Ама вреди,јас ја свртев,сеа ќе ја почнам и на Devil Hunter difficulty :zlo:

Феноменално,играте некои 13 нивоа со Nero,и 7 или 8 со Dante.
И двајцата имаат добри потези од кои паѓа вилица (како да гледаш Матрикс во живо :)),но сепак,Nero е способен за подобри комбоа,додека Dante ги владее пиштолите и додатните оружја.

Единственото нешто што навистина ми пречеше,беше рециклажата,односно истите нивоа што ги проаѓате со Nero отпочеток,потоа ги проаѓате со Dante,само по обратен редослед и обратна насока (крајот е почеток).
Не се ни помачиле аглите на камерата да ги сменат,па не гледате накаде трчате.

Остатокот,само ќе кажам дека не сум играл волку адреналинска игра во животот :)
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Глупо ми беше да те замарам сега да ми режаш + порачав и новиот StarGate филм а и идеата ја добив во 5 сабајле некаде и морав да порачам :) Огромна желба добив и не можев да седам мирен, требаше денес да ја земам али немав време имав работа, така да утре :zlo:
Фала ипак :)
Кецот да видиш колку ме има вадено од такт, стигам уште малце да го скинам „главниот“ и умирам и ајде додека имам орб за да продолжам ок али кога немаш идеш од почеток на стазата и СМРТ беше, али мн забавно... Забавно нервозно :)
Да им ебам тоа кејблтелот уште не дошле гррр ми се симнуваат работи :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Дефинитивно има cut-scenes кои не можам да ги извадам од глава...

Дискусијата на Nero и Agnus (типот има проблеми со зборење,дтка :)) :

Nero : An Order official,in a Hellhole place like this...

Agnus : HELLHOLE?! You watch your mouth b-b-b-b-boy!!! I've heard about you're foul mouthed attitude,and this time it comes to an end!

Nero : Well that's presumtious...killing me,just because of the way i t-t-t-t-talk?


Другата сцена е исто со Agnus,само овој пат со Dante,сцената е пародија на Hamlet од Шекспир,феноменално :)


Инаку,има 5 или 6 нивоа за местење на difficulty,двете најтешки се Dante must die и Hell and Hell.

Dante must die,непријателите прават огромен damage и имаат повеќе енергија.
Hell and Hell е ист како нормалниот мод,со тоа што треба да ја пројдете цела игра без да примите ниеден удар и да изгубите енергија.

Вие кажете ми кое е потешко :)
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Уффф не можам да те читам, деновиве на јутјуб гледам само клипови од DMC :)
Али како што гледав на трејлерот се тепаш и против Dante, тешко ќе ми биде него да го тепам, еден од најомилените херои во игри ми е, ај ќе му попуштам :)
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Јас кај едни пријатели уште поодамна ја поиграв на Xbox. Играта почнува со тоа што се бориш против Данте :)
 

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
309
Јас ја играв тројката и можам да кажам дека е феноменална... А за оваа ке видиме :zlo:
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Ах уште пола гига бајт. Ајде аах ахх торееент. Ахх :drk: :drk::drk:



ПС. Се шалим. Најнормално чекам да ми се сними играта :):):):)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom