Референдумот во Русија, доживотен режим на Путин кон Европа?

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Го гласаат затоа што го обожаваат. Неверојатно е популарен, го гласаат и стари и млади, сите го гласаат.. Едноставно Русија бара авторитативна власт.. Самиот народ сака цар..
Тука се раѓа прашањето, дали го сакаат пошто стварно им треба таков, или пошто не знаат за подобро?

Али Путин и власта негова тука само игра делумна улога у целата ситуација во Русија. Во државата има такви крупни магнети и олигарси што е невозможно да се стават под контрола и да се согласат на поинаков режим.

Затоа и Путин е перфектниот човек да ги диригира овие работи. Си тера корупција и елитен поредок, а народот се потпалува со национализам и иредентистички реторики со цел демократски да се одржи на власт.

Русија и демократија се два сосема нескладни поими.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.120

Види сега како збориш, што е демократија ако не е власт по желбата на мнозинството население. Сакаш да кажеш дека во западниот свет не постои корупција, елитен поредок и така натаму... Дури уште повеќе, гледај како течат кампањите во западните земји, полни со лажни ветувања шпекулации, обвинувања за кои се подлежи на кривично гонење, за да на крај си подадат рака ко ништо да не било (Македонското општество е класичен карикиран пример на западната демократија).

Ако поим и пример за демократија тебе ти е западното лицемерно општество, тогаш да, Русија никад нема да може да функционира како таква. Западната демократија веќе го изгубила значењето на поимот. Доаѓа на власт тој со најскапа реклама, со помош на социјален инжинеринг со празни флоскули кои звучат добро во ушите на хипнотизираниот народ. Туку кај нив е лесно све тоа да функционира од причина што го купуваат социјалниот мир на сметка на земјите од третиот свет каде што вршат експлоатација на добра и ефтина работна сила. Русија мора сама да си ги плаќа трошоците.

Така да кога ќе тргнеш да ја критикуваш Руската демократија, прво запрашај се каква е таа во твоите омилени земји....

Што се однесува до твоето црнење на поимот национализам (и општо). Поимот национализам стана лош ради помодарството на либтардите, види ги општествата што го црнеа национализмот какви беа, попут она на Сталин, Мао Иди Амин Пол Пот и други другарчиња... Национализам нема ништо лошо во неговото значење... Поимот за тоа е националшовинизам.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.423
Поени од реакции
4.254
. Доаѓа на власт тој со најскапа реклама, со помош на социјален инжинеринг со празни флоскули кои звучат добро во ушите на хипнотизираниот народ. Туку кај нив е лесно све тоа да функционира од причина што го купуваат социјалниот мир на сметка на земјите од третиот свет каде што вршат експлоатација на добра и ефтина работна сила. Русија мора сама да си ги плаќа трошоците.
Прилично сигурен сум таков тип на демократија , со мито и корупција, е едниствениот што постои т.е. во античкиот град што е престолнина на модерен Јунанистан и во рим, демократијата увек функционирала за тие што имале најдлабок џеб. Т.е. и во времето на републиката и во времето на империјата на рим, увек имало група индивидуалци што биле поалчни од другите(префекти, сенатори, генерали, праеторијанска стража итн). Во антички г.г. на Јунанистан, сократ баш бил противник на демократијата за истите причини. Едноставно не утврдувала што е правилно или право, туку кој имал подлабок џеб.
И нормално тој што асално инвестирал, тој после се колнел со злато.
Така да, дури и во западните општества, секогаш се гледал интересот на аристократијата и земјопоседниците. Америка буквално е основана од куп земјопоседници, банкари и итн. Франција по револуцијата и наполеоновите глупости е превземена пак од аристократи...
Демократијата во сржта се нема сменето од имплементација. Само амбалажата...
Затоа сум против демократија како концепт, оти ништо друго, не е производ што ми треба, и е трошење на време и пари.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Тука се раѓа прашањето, дали го сакаат пошто стварно им треба таков, или пошто не знаат за подобро?

Али Путин и власта негова тука само игра делумна улога у целата ситуација во Русија. Во државата има такви крупни магнети и олигарси што е невозможно да се стават под контрола и да се согласат на поинаков режим.

Затоа и Путин е перфектниот човек да ги диригира овие работи. Си тера корупција и елитен поредок, а народот се потпалува со национализам и иредентистички реторики со цел демократски да се одржи на власт.

Русија и демократија се два сосема нескладни поими.
Имаа русите шанса да ја осетат толку фалената демократија и очигледно не им се свиѓаше.А и кој може да ги обвини, кога западот го фалеше јелцин они живееа многу полошо него сега под лошиот путин :)
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Види сега како збориш, што е демократија ако не е власт по желбата на мнозинството население. Сакаш да кажеш дека во западниот свет не постои корупција, елитен поредок и така натаму... Дури уште повеќе, гледај како течат кампањите во западните земји, полни со лажни ветувања шпекулации, обвинувања за кои се подлежи на кривично гонење, за да на крај си подадат рака ко ништо да не било (Македонското општество е класичен карикиран пример на западната демократија).

Ако поим и пример за демократија тебе ти е западното лицемерно општество, тогаш да, Русија никад нема да може да функционира како таква. Западната демократија веќе го изгубила значењето на поимот. Доаѓа на власт тој со најскапа реклама, со помош на социјален инжинеринг со празни флоскули кои звучат добро во ушите на хипнотизираниот народ. Туку кај нив е лесно све тоа да функционира од причина што го купуваат социјалниот мир на сметка на земјите од третиот свет каде што вршат експлоатација на добра и ефтина работна сила. Русија мора сама да си ги плаќа трошоците.

Така да кога ќе тргнеш да ја критикуваш Руската демократија, прво запрашај се каква е таа во твоите омилени земји....

Што се однесува до твоето црнење на поимот национализам (и општо). Поимот национализам стана лош ради помодарството на либтардите, види ги општествата што го црнеа национализмот какви беа, попут она на Сталин, Мао Иди Амин Пол Пот и други другарчиња... Национализам нема ништо лошо во неговото значење... Поимот за тоа е националшовинизам.
Тука имаме несогласување на идеологии меѓу мене и тебе :)

Русија си го експлоатира сопственото население, западот туѓото. Под ова што кажа „сама да си ги плаќа трошоците“, токму тоа се подразбира.

Национализмот е заостаната идеологија која треба да и се плукне во фаца и да умре, да не постојат држави и нации, туку да се даде предност на човековата „раса“ со технолошки унапредувања за светска добросостојба, а не да се гледаме како маалски комшии со другите држави.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.120
Национализмот е заостаната идеологија која треба да и се плукне во фаца и да умре, да не постојат држави и нации, туку да се даде предност на човековата „раса“ со технолошки унапредувања за светска добросостојба, а не да се гледаме како маалски комшии со другите држави.
Национализмот бил заостаната идеологија, а од друга страна идеологијата на Сталин, Мао и другите другарчиња е прогресивна?

Не сум јас привзраник на ниедна идеологија. Мојот став е дека буквално ниедна идеологија не е почната со лоша и нехумана идеја, туку дека со текот на времето носителите на истата ја искривуваат и вметнуваат сопствени догматски принципи..

Тоа што го заговараш е благородна идеја, која во моментов е недостижна и секој кој ја проповеда или е несвесен дека е недостижна, а многу поверојатно е само да ја злоупотребува во сопствена агенда. Слично како советската револуција која под превезот на на борба за човекови права се претворила во еден голем робовски камп, од кој Хитлер земал пример како да ги организира конц логорите.
 
Се слагам со све што кажа, особено дека е недостижна во моментов. Али тоа не значи дека не треба да се стремиме кон истото, па заради тоа сметам дека цврстото држење до националистички пориви е во директна спротивставеност со овој стремеж.

Инаку не знам зашто мислиш дека ако зборам против национализмот го оправдувам Сталин и остали. Лично мразам и се противам на комунизам повеќе од све друго пошто е најлесна идеологија за злоупотреба на народот :)
 
Зборам за нивната злоупотреба на интернационалистичката идеја пред се... Заедно тука со фундаменталниот атеизам, дехуманизација на индивидуалецот и така натаму.....

Што се однесува до стремежот... Опасноста на таков стремеж мислам дека јасно ја кажав во претходниот пост. Секој кој ја проповеда таа идеја, ја злоупотребува добрината на луѓето, кои бараат рамноправност и правдини. Тоа е опасноста од таа идеја, нејзината злоупотреба. Во моментов светот е еден огромен океан полн со грабливци и единствен начин да се исплива е групирање по некаква основа. Тоа групирање може да се направи природно со луѓе со слични карактеристики, тие карактеристики може како поим да се вклопат во „нација“. Значи доколку Македонската нација беше сплотена и единствена, ништо што сега се случува немаше да се случи.... Последен пат кога сме биле сплотени сме добиле држава... Национализам не смее да значи да ги мрзиш различните, туку едноставно да функционираш полесно во тој океан...
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.285
Поени од реакции
22.569
Некоја скапана вукоебина на брдовитиот Балкан решила да и соли памет на една од светските сили кој уставен поредок е најдобар и најдемократски, а неа 30 години ја владеат зајковци и груевци.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.120
Некоја скапана вукоебина на брдовитиот Балкан решила да и соли памет на една од светските сили кој уставен поредок е најдобар и најдемократски, а неа 30 години ја владеат зајковци и груевци.
филозофски муабети си праиме де :)
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.285
Поени од реакции
22.569
филозофски муабети си праиме де :)
Муабетот ми беше дека никоја држава на никоја нема право да и кажува каков уставен поредок да има.
Таа глупата мисловна именка демократија , сеуште гледаме во САД како функционира.
Така да секогаш ќе има некои кои нема да сакаат да живеат со цар и секогаш ќе има некои кој нема да сакаат да живеат во демократија.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.120
Муабетот ми беше дека никоја држава на никоја нема право да и кажува каков уставен поредок да има.
Таа глупата мисловна именка демократија , сеуште гледаме во САД како функционира.
Така да секогаш ќе има некои кои нема да сакаат да живеат со цар и секогаш ќе има некои кој нема да сакаат да живеат во демократија.

Тоа да. Јас сум приврзаник кон тоа да без разлика каков е начинот на владеење доколку мнозинството на народот е задоволен и нема длабоки поделби е во ред и од друга страна просперитетот на тоа општество да не зависи од туѓата беда... па макар било и монархија... дефакто терминолошките подлажувања ме иритираат повеќе.... на пример Демократија на грбот на неоколонијалистичка експлоатација... или комунизам врз грбот на основните права и слободи...

Од тој аспект зборам дека за мене е поприфатливо монархистичко уредување, отколку лицемерна демократија.
 
Член од
10 декември 2019
Мислења
77
Поени од реакции
221
Руската Федерација, како прво, има преголеми природни ресурси (вода, шуми, минерали, гас) за популација од само 145 милиони.
Второ, Русија е чувар на православието, единствената неосквернавена форма на Христијанството.

Смена или смрт на Путин ќе значи распад по примерот на Југославија.
Светските мршојади САД едноставно не можат да се помират со фактот дека толкави ресурси се „окупирани“ од грст народ.
Ватикан, главниот град на сатаната, не може да поднесе постоење на неизвалкана вера во Христос.

Во недостиг на достоен заменик на Путин, овие две причини се повеќе од доволни земјата да се разнебити од внатре, а потоа и комерцијализира од надвор.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857
Тука имаме несогласување на идеологии меѓу мене и тебе :)

Русија си го експлоатира сопственото население, западот туѓото. Под ова што кажа „сама да си ги плаќа трошоците“, токму тоа се подразбира.

Национализмот е заостаната идеологија која треба да и се плукне во фаца и да умре, да не постојат држави и нации, туку да се даде предност на човековата „раса“ со технолошки унапредувања за светска добросостојба, а не да се гледаме како маалски комшии со другите држави.
Мешаш трансхуманизам со либтардизам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom