Реновирање купатило

Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Сега пак заглавив. Овојпат со машината за перење. Во купатило имам еден отвор на ѕидот, т.н. ѕиден сифонски одвод, во кој треба да влезе одводното црево од машината. Отворот изгледа вака, (нешто бело (не е пластика, нешто како бандажиран дел ми се чини) во вид на квадрат.

Кога ќе го ставам цревото, нема со што да се прицврсти ниту да се наврти (дупка) па најверојатно е (сеуште не сме пуштиле машина) дека при првото испуштање вода, цревото ќе се откачи и водата ќе се излее низ купатило. Дали некој има ваков отвор во купатилото па да од искуство знае дали има некои стеги со кои се зацврстува цревото?
 
Последно уредено:
P

Patience

Гостин
Сега пак заглавив. Овојпат со машината за перење. Во купатило имам еден отвор на ѕидот, т.н. ѕиден сифонски одвод, во кој треба да влезе одводното црево од машината. Отворот изгледа вака, (нешто бело (не е пластика, нешто како бандажиран дел ми се чини) во вид на квадрат.

Кога ќе го ставам цревото, нема со што да се прицврсти па најверојатно е (сеуште не сме пуштиле машина) дека при првото испуштање вода, цревото ќе се откачи и водата ќе се излее низ купатило. Дали некој има ваков отвор во купатилото па да од искуство знае дали има некои стеги со кои се зацврстува цревото?
Јас се извинувам ако треснам нешто глупаво, може и да нема врска, воопшто не се разбирам од ова, случајно го видов мислењево.
Татко ми пред некој месец ми местеше машина за перење кај мене во стан и ваков е одводот во ѕидот исто како кај вас. Имате ли кај вас пластичен продолжеток од ѕидот на отворот како цевка ( на сликата подолу? ) Не знам како се вика, ама отсекогаш сме го имале во стан уште и пред да купиме машина, секогаш беше затворено. На тоа татко ми го приклучи одводното црево и се затега со тоа како метално прстенче што е ( тоа чинам заедно со машината ни дојде ) Вака е кај мене: IMG_20161111_152641.JPG
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
И ние сме аматери по дома ама мора некако да го приспособиме станот за живеење :)
Нема таков додаток кој излегува од ѕидот и на кој кој може да се прицврсти холендерот (белиот дел под 90 степени што излегува од сивото црево). Најверојатно недостасува дел од ѕидниот сифон. Од сликата веќе гледам отприлика како изгледа нормален сифон и што треба за да се поврзе. Благодарам @Patience
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
На туш кабината, помеѓу лајсната од параванот и кадичката (на сликата заокружено со црвено), често знае да се слее и да истече вода на плочките. Дали е безбедно ако тој простор од неколку милиметри го затнам со силикон за кујни и купатила? и доколку е можно, дали силиконот да го ставам од внатрешната страна (од кај кадичката) или од надворешната

а кај батеријата ми недостасуваат украсните прстени (заокруженото на долната слика, мајсторите заборавиле да ги стават :ROFLMAO:) па дупките ќе треба ги покријам со бел силикон и да го обликувам со шпакла за силикон така да мислам дека ќе испадне како што треба

Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508

Прво види кај туш кабината нешто да не е пукнато, па од таму да истекува водата. Ако не е, остави убаво да се исуши и исполни го просторот и од двете страни со силикон и гајле немаш:)
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
На туш кабината, помеѓу лајсната од параванот и кадичката (на сликата заокружено со црвено), често знае да се слее и да истече вода на плочките. Дали е безбедно ако тој простор од неколку милиметри го затнам со силикон за кујни и купатила? и доколку е можно, дали силиконот да го ставам од внатрешната страна (од кај кадичката) или од надворешната

а кај батеријата ми недостасуваат украсните прстени (заокруженото на долната слика, мајсторите заборавиле да ги стават :ROFLMAO:) па дупките ќе треба ги покријам со бел силикон и да го обликувам со шпакла за силикон така да мислам дека ќе испадне како што треба

Можеш само од внатре,за да не ти се гледа од надворешна страна.Земи си антибактеријален силикон. Мапеи ти е одличен,ако најдеш негде.
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
1
Поени од реакции
0
На кого му треба водоинсталатер еве број 077859519
 
Член од
9 јули 2017
Мислења
380
Поени од реакции
80
Нека даде некој идеја за туш кабина, цидана или стаклена
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Нека даде некој идеја за туш кабина, цидана или стаклена
Според мене оние класичните туш кабини со полукружно стакло, па дури и рамно се веќе ,,досадни" на изглед, а и после одреден број на години стаклото ќе бара многу поголемо одржување. Мој предлог/идеја би ти било двата ѕида со плочки да бидат едниот дел од туш кабината, од едната слободна страна ѕид од стаклена цигла и стаклена врата.
 
Член од
9 јули 2017
Мислења
380
Поени од реакции
80
Според мене оние класичните туш кабини со полукружно стакло, па дури и рамно се веќе ,,досадни" на изглед, а и после одреден број на години стаклото ќе бара многу поголемо одржување. Мој предлог/идеја би ти било двата ѕида со плочки да бидат едниот дел од туш кабината, од едната слободна страна ѕид од стаклена цигла и стаклена врата.
Ти благодарам. Можеш негде да ми сликаш таков пример?
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
Со што можам најлесно да извадам силикон од плочките? има неколку флеки од силикон кои не ги приметов истиот ден а денес пробувам со трзање со сунгер не сака да се извади.

Бел силикон за WC шољата.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Со што можам најлесно да извадам силикон од плочките? има неколку флеки од силикон кои не ги приметов истиот ден а денес пробувам со трзање со сунгер не сака да се извади.

Бел силикон за WC шољата.
Земи со едно сунѓерче со зејтин и истриј го силиконот, а потоа и со врела вода измиј, па ако треба и загреби со нешто поостро. Ако не се вади никако има отстранувач за силикон од Кнауф.
 
Член од
21 август 2017
Мислења
20
Поени од реакции
1
Простор наменет за купатило, од пример да речеме 12 квадрати, дали може со скромни додатоци, збориме за плочки, санитарија, може да ми стигнат 1200евра? зборам без туш кабина, само туш.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Простор наменет за купатило, од пример да речеме 12 квадрати, дали може со скромни додатоци, збориме за плочки, санитарија, може да ми стигнат 1200евра? зборам без туш кабина, само туш.
Ќе ти стигнат. И тоа за тие пари можеш топ да си го средиш купатилото:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom