Реновирање купатило

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.622
Немој да заборавиш да го пријавиш реновирањето. Казната е 1500 евра, или 9 плати, во индустриска зона, односно 11 и пол плати во било кој маркет.
Што значи ова?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Дали ја посетува некој темава? Ми треба совет што е подобро да се стави на ниска када (правена за туш кабина)-калено стакло, плексиглас/пластика или мушама/завеса (како што користевме досега во старото купатило).
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504

Од овие што си ги набројал, јас би ти препорачал водоотпорна завеса, од проста причина што е најефтина, најпрактична, а и во однос на парите е долготрајна. Јас лично никогаш не би ставил стакло како дел од една туш кабина, посебно ако е некоја тесна. Ќе се свртиш, ќе го лупнеш и беља си направил. Плексигласот е добар, го има во различни бои, отпорен е, но додека го монтираш, трошокот ќе ти се зголеми исто како да си оградувал туш кабина од стакло.
 
70 х 110, мислам дека не е тесно. Фала (y)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
70 х 110, мислам дека не е тесно. Фала (y)
На таа големина јас пак би избрал водоотпорна завеса. А ако би бирал помеѓу плексиглас и стакло, би избрал плексиглас, од причини што ги наведов погоре. Е сега одлуката останува на тебе:)
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249
@Олимпија
Знам дека поодамна сте реновирале ама сепак секое искуство е вредно.

И јас сакам да земам параван со мат стакло од Падеде (100 x 80). Можеш да ми кажеш колку сте вие задоволни до сега?

И ако можеш пиши ми како е монтирано стаклото. Директно долу на плочките или имаш кадичка? Имаш изѕидано како граничник за параванот или не? Имаш ставено метална решетка за одвод, линиска или округла? Ако можеш стави некоја слика :)

Фала пуно. Поздрав
 
Член од
12 септември 2012
Мислења
8
Поени од реакции
0
Тазе реновиравме купатило и вака стојат работите:
- кршење и лепење плочки 10 евра/м2
- замена на цевки - 150 евра
- поставување санитарии - 50 евра
-----------------------------------------------------
плочки - од 500 ден. па нагоре (само ко ќе зимаш плочки и ко ќе ти ги достават отвори ги сите пакети пошо може да ти излезат шарени плочките и да ти излезе шарено купатилото па да кинеш живци додека ја најдеш правата нијанса на плочки т.е таа шо си сакал да ти ја достават затоа шо од салоните за керамика не прават никаква споредба на залихи и се случува да испратат дел стара пратка дел нова и различни нијанси - ова често се дешава во Фриго Шоб)

лепак за плочки - Од 280 до 360 за вреќа
------------------------------------------------------------------------------------------
Санитарии:
WC школка - од 1500 до 4000 денари
Казанче - од 1000 па нагоре
Моноблок - од 5000 - 9000
Туш кабина - од 10000 до 30000 (ние бидејќи така ни налагаше просторот, направивме ѕидана туш кабина со параван со димензии 80х120 и ставивме параван со мат стакло по тие димензии од Падеде околу 10000 ден. само параван а и ти препорачувам од Падеде да си земеш и комплет лавабо со огледало и долен елемент. Имаат одличен избор)
Лавабо со долен елемент и огледало - од 13000 до 28000 денари
Батерии/чешми - од 2000 до 10000 денари

Иначе да знаеш дека доста пари одат на ситници (сапуњарка, лајнарка, корпа за отпадоци, држач за тоалет, закачалки, патосници, цревца за бојлер и умивалник, капак за школка, розетни, вентилчиња.....)

Имаш набавено се од материјали па треба да почнеш или? Ако ти треба препорака за мајстори за купатило пиши. Ние барем со тоа си немавме ич мака. Како кажаа така завршија, рекоа за 7 дена дека ќе го напраат купатилото и го направија. Брзи и одлично си завршија работа без никакви фушерајски остатоци.
Здраво. Ми треба мајстор за реновирање на купатило па дали ќе може да ми дадеш бројче од овие мајстори. Однапред ти благодарам. Убав ден.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Дали универ е оплеменета иверица? Сакам да направам вака нешто (само со 2 вратнички) со нестандардна ширина од 25-30 цм и поголема висина (во продавница многу се скапи) па ме интересира дали се користи за ормарчиња за купатило или може и обична иверка да издржи.
И второ што ме интересира, дали некој се обидел да направи ормар или елемент за купатило со вратнички-ролетни (на англиски louvered doors), се продаваат готови или треба да се изработат?
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60
дали познавате фирма/и со која би склучил договор за реновирање на купатило!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Дали некој бушел гранитна ѕидна плочка за купатило? Пробав со обична бургија, не ја ни загреба, со видија исто. На видеово
https://www.youtube.com/watch?v=JmxZ2r-ClNc
кажуваат најдобро е со бургија за стакло, за горниот слој и потоа нормално со видија што значи помала па поголема за стакло па потоа помала па поголема видија. Дали има некој поинакво искуство? И колку чини отприлика бургија за стакло? Најдов во оваа фирма ама нема цени
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
130
Vidi vo ariljemetal,vo bivso mzt
Дали некој бушел гранитна ѕидна плочка за купатило? Пробав со обична бургија, не ја ни загреба, со видија исто. На видеово
https://www.youtube.com/watch?v=JmxZ2r-ClNc
кажуваат најдобро е со бургија за стакло, за горниот слој и потоа нормално со видија што значи помала па поголема за стакло па потоа помала па поголема видија. Дали има некој поинакво искуство? И колку чини отприлика бургија за стакло? Најдов во оваа фирма ама нема цени
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Ај да пробам пак. Најдов и дијамантска бургија
https://shop.konstrukcionsbiro.mk/dijamantska-burgija-za-plocki-diamond-710.html

https://shop.konstrukcionsbiro.mk/dijamantska-burgija-za-plocki-basic-636.html
цени 500-2000 и 1200-3200 денари
и бургија за стакло
https://shop.konstrukcionsbiro.mk/burgija-za-staklo-t4-656.html
со цени 200-500 денари
е сега, пошто цените се изгор па не смеам да згрешам, дали некој бушел или има искуство со мајстори, што е поефикасно и поефтино за гранитни плочки? И дали прво се буши како обичните, помала дупка па поголема, за да знам која големина бургии ми требаат.
 
Последно уредено:

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Ај да пробам пак. Најдов и дијамантска бургија
https://shop.konstrukcionsbiro.mk/dijamantska-burgija-za-plocki-diamond-710.html

https://shop.konstrukcionsbiro.mk/dijamantska-burgija-za-plocki-basic-636.html
цени 500-2000 и 1200-3200 денари
и бургија за стакло
https://shop.konstrukcionsbiro.mk/burgija-za-staklo-t4-656.html
со цени 200-500 денари
е сега, пошто цените се изгор па не смеам да згрешам, дали некој бушел или има искуство со мајстори, што е поефикасно и поефтино за гранитни плочки? И дали прво се буши како обичните, помала дупка па поголема, за да знам која големина бургии ми требаат.
Jas moite gi secev so prsten za busilica( neznam na naski kako da go kazam) dijamntski oblozeni....Poleka od strana na kosina od 45 stepeni ke pocnes pa ke ispravas popoleka...i obavezno 2-3 pauzi i voda polevanje vrz plockata.

https://www.amazon.com/LOT-Pcs-Diamond-Hole-Drill/dp/B00AEVUGAY
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Да ажурирам информација за оние на кои ќе им затреба-плочките успеав да ги избушам со хилта.

Сега треба да вградам светло на висечки орман со огледало во купатило (кај што е црвениот круг)

ама не знам што се става и што е подобро.
Дали некоја неонка

или некоја ваква лед (ако така се нарекува) сијалица. Претпоставувам прекинувачот треба да стои од страна
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509
Да ажурирам информација за оние на кои ќе им затреба-плочките успеав да ги избушам со хилта.

Сега треба да вградам светло на висечки орман со огледало во купатило (кај што е црвениот круг)

ама не знам што се става и што е подобро.
Дали некоја неонка

или некоја ваква лед (ако така се нарекува) сијалица. Претпоставувам прекинувачот треба да стои од страна
Мислам дека подобро ти е ЛЕД Панел да си ставиш, и поубаво ќе личи.

Нешто налик ова можеш, сликата е кај мене во соба, во позадина се гледа бојата на светлината. Околу 180 денари се во Интер Мол. Имаш и во коцка облик.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom