Еве и за тебе истото.
Тој аргумент дека Библијата не треба да се толкува буквално го имам слушнато повеќе пати. За жал, врзан е со еден куп проблеми.
Каде точно во Библијата пишува дека не треба да се толкува буквално? Дали некаде е оставено упатство за тоа како треба да се толкува небуквално? Дали целата Библија треба да се толкува небуквално или само одредени делови, и ако е така, на кој начин можат да се оддели буквалната од небуквалната содржина? Ако не можеш да одговориш прецизно на овие прашања, небуквалното толкување е anybody's game и може уште посмешно да заврши од буквалното толкување. Јас знам за неколку небуквални толкувања на Библијата во кои се тврди дека таа крие приказна за вонземјани.
Што се однесува на тоа дека треба етички да се толкува Библијата, и дека жртвата на Исус е некаков пример за нешто, доволно сум цивилизиран да не ми требаат морални учења изведени од човечки жртви.
Од се што напиша, се добива впечаток дека не знаеш што е духовност.
Јасно е дека на оние кој духовноста им е непозната ќе бараат патокази како во сообраќај за да стигнат до неа за да ја разберат.
Но, никогаш не е доцна да се надополни тоа што во минатото било пропуштено, во еден период од животот на човек кога уште не умеел да чита, а зборовите ги изговарал нејасно и смешно.
Сакаш да ти ја кажам приказната за Снежана и седумте џуџиња ?
Или да ти ја кажам за Ное и потопот?
(не да читаш,туку да слушнеш)
Што се добива кога ќе се измеша редоследот на периодите од човековото постоење....првин е тинејџер , па детство, ..или обратно,?