Религиозно vs Научно толкување

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.704
Поени од реакции
9.541
@alf ..не секој човек е способен да го толкува светото писмо, па мислам дека и на најинтелигентниот теолог не му успева да го објасни подробно божјиот збор и да му го пренесе на обичниот човек.
Јас сум во тие неспособните луќе кои многу многу не ги разбираат значењата на метафорите, но сакам да те прашам дали е грешно ако дословно ја толкуваме библијата, погрешно ли е тоа?
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Не припаѓам на ниту една догма,религија или црква, тие ми припаѓаат мене!(духот зборува,прави разлика од духовно и телесно припаѓање)
Види пост погоре.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
Супер интерпретација, навистина ми се допаѓа, не сум ироничен. Е сега прашањето е како знаеш дека оваа ТВОЈА интерпретација е исправна, и дека не живееш во некој свој свет?
Зборувам за очигледни внатрешни човечки доживувања,тоа што е во секој човек.
Секој е "составен" од идентични чуства,емоции,..разликата е во доживувањата,што не значи дека некој друг нема да искуси.Барај внатре во себе,не надвор.И ќе го најдеш тоа од кое е создаден секој човек.
Како знам ,од самиот себе/тебе(нема разлика)!:)
Автоматски споено мислење:

@alf ..не секој човек е способен да го толкува светото писмо, па мислам дека и на најинтелигентниот теолог не му успева да го објасни подробно божјиот збор и да му го пренесе на обичниот човек.
Јас сум во тие неспособните луќе кои многу многу не ги разбираат значењата на метафорите, но сакам да те прашам дали е грешно ако дословно ја толкуваме библијата, погрешно ли е тоа?
Промашување е!
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.704
Поени од реакции
9.541
Зборувам за очигледни внатрешни човечки доживувања,тоа што е во секој човек.
Секој е "составен" од идентични чуства,емоции,..разликата е во доживувањата,што не значи дека некој друг нема да искуси.Барај внатре во себе,не надвор.И ќе го најдеш тоа од кое е создаден секој човек.
Како знам ,од самиот себе/тебе(нема разлика)!:)
Автоматски споено мислење:


Промашување е!


овде на пример пишува поинаку, не е промашување, напротив, треба дословно да се толкува библијата.

:toe:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
@alf ..не секој човек е способен да го толкува светото писмо, па мислам дека и на најинтелигентниот теолог не му успева да го објасни подробно божјиот збор и да му го пренесе на обичниот човек.
Јас сум во тие неспособните луќе кои многу многу не ги разбираат значењата на метафорите, но сакам да те прашам дали е грешно ако дословно ја толкуваме библијата, погрешно ли е тоа?
Толкување има само за Тората (и секој денес се обидува да толкува за другите, иако јас не ја разбирам таа потреба), и тоа е пракса од рабините кои го создаваат тој текст со симболи. Кај евреите има пишан и усно предаван закон, верување.

Секогаш христијаните забораваат дека „стариот завет“ (име кое го дадоа на Тората, еврејскиот закон) е еврејска мисла, еврејско верување, учење итн итн... и тоа го прават намерно, за да се отргне идејата дека христијанството и исламот се деца на еврејските школи...
Самиот концепт на месија (што е сосема различен концепт од овој што го слушаме од христијаните и некакво второ или трето доаѓање на спасител за да суди и слично) е еврејски концепт.

Низ историјата постојат многу рабини и толкувања на еврејскиот закон. Дури и за една еврејска буква зошто зборот или текстот почнувал до Б а не со А има цел трактат.
Еврејските рабини се мислам дека биле големи иницијанти во тие времиња, традиција која доаѓа дури и од мистичниот Моше или Мојсеј на македонски. Човек што имал искушенија уште „од раѓање“, па се губи во Египет и изучува сешто, станува принц, па дури потоа еврејскиот Б_г му се појавува откако се поминати искушенијата и кога останува последното искушение - да се отфрли се што е постигнато!

Затоа треба да се разграничи, дали еврејските учења зборуваат за внатрешниот свет на секој човек или зборуваат за материјалниот свет и науката како човечки апарат за откривање на природните закони и пропорции.
Не може и двете. Ако науката не може да се заморува со божествените работи, верувањата и религиите, така и религијата треба да си го гледа својот двор.

П.С. Религиите се наметнаа како „наука“ во мрачниот среден век. Не се враќајте во тој ќумез и разграничете убаво што може со науката (сите гранки) во однос на човекот и неговиот внатрешен и надворешен свет (а се може многу), а што можете со проучување или истражување на различните верувања, пракси, ритуали и философија која се содржи во многуте религии и учења во светот. :coffee:
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.609
Поени од реакции
8.478
Не постои религиозно толкување, постојат религиозни догми. Кога религиите не би се бавеле со факти, околу тоа како функционира светов, и би се зафатиле со спиритуалното све би било супер. На религиите не и требаат догми за да егзистираат, и што попрво се ослободат од истите подобро за нив.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Не постои религиозно толкување, постојат религиозни догми. Кога религиите не би се бавеле со факти, околу тоа како функционира светов, и би се зафатиле со спиритуалното све би било супер. На религиите не и требаат догми за да егзистираат, и што попрво се ослободат од истите подобро за нив.
Не може да се ослободат. :coffee:
Може да побараш низ форумов што зборуваат христијаните за тоа што е догма и колку е потребно нешто.

И заради догма не може науката и старите религии да даваат ист став за природата на нештата поврзани со човекот.
 
Последно уредено:

Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.421
Поени од реакции
3.126
Ако се ослободиме од догмата која ја поставиле светите отци тогаш која ќе биде разликата меѓу мене и некој верник кој го љуби Ватикан и папата,а знам дека сум различен од нив...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Некои не треба да се ослободат од религиозни догми и не им треба наука.... бидејќи која ќе биде разликата помеѓу „нив“ и „нас“ на Земјата?
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.613
Поени од реакции
3.725
Некои не треба да се ослободат од религиозни догми и не им треба наука.... бидејќи која ќе биде разликата помеѓу „нив“ и „нас“ на Земјата?
Јој раааазлике...драстичне.

Религиозноста и догмите се дел од духовните човекови потреби, а науките се дел од материјално-душевните.

Првите се конечни вистини, објавени до човекот од Небесата, а вторите се променливи и делумно (не)точни, како човекови обиди за откривање на нештата кои човекот не може да ги открие и осознае во ниваната суштина.

Затоа ги имаме теориите „за ова„ и „за она„, кои непрекидно се надополнуваат со уште понови терории „за тоа„.

Догмите останаа непроменливи вистини па кој сака, може да се потпре на неменливите вистини, а кој сака да се „љуља„ натаму у наваму, ете му ги науките...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Јој раааазлике...драстичне.

Религиозноста и догмите се дел од духовните човекови потреби, а науките се дел од материјално=душевните.

Првите се конечни вистини, објавени до човекот од Небесата, а вторите се променливи и делумно (не)точни, како човекови обиди за откривање на нештата кои човекот не може да ги открие и осознае во ниваната суштина.

Затоа ги имаме теориите „за ова„ и „за она„, кои непрекидно се надополнуваат со уште понови терории „за тоа„.

Догмите останаа непроменливи вистини па кој сака, може да се потпре на неменлите вистини, а кој сака да се „љуља„ натаму у наваму, ете му ги науките...
Не за сите... догмите не се за сите. Денес постојат учења кои се духовни но се потпираат на науката и експериментот, се потпираат на искуството - далеку од догми.
Тоа е новото време денес...

Не постои конечна вистина на Земјата, затоа има еволуција на секое рамниште познато за човекот... намали со ласкањето како што спомна претходно на друго место... постојат „конечни“ Закони по кои се управува човештвото до одреден степен а потоа се менува со нов...

Ако имаш забрана да се сомневаш во нештата, ако најголемо блаженство ти велат дека е верувај без да знаеш, без да видеш, без да имаш искуство...
Тоа не е добро.

Догмите останаа сказни кои ги прераскажувате и надополнувате од идеите на „светите отци“ кои се наталожија низ купот векови што помина....

Остави ги луѓето да лутаат, не сите се христијани ниту ќе бидат сите христијани. И пред твоето раѓање не биле, ниту по твојата смрт сите ќе бидат христијани, не знам што се оптеретуваш со другите :)

Те боли фалус што некој не бацува икони и Христос не му вреди во неговиот духовен пат ниту една паричка?
Ти е гајле, може е помалку, може е повеќе од тебе во тие нешта - кој фактор си ти да судиш за туѓиот пат?
Бидејќи си христијанин го имаш тоа право како мирјанин?
Што те гледам чуден...
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.613
Поени од реакции
3.725
Не за сите... догмите не се за сите. Денес постојат учења кои се духовни но се потпираат на науката и експериментот, се потпираат на искуството - далеку од догми.
Тоа е новото време денес...
„Новото време„? Ај не зезај...нема време кое себе си не се гледа како „ново„.
А „...Ништо ново нема под Сонцето...„, велат во Стариот Завет.
Автоматски споено мислење:

Не постои конечна вистина на Земјата, затоа има еволуција на секое рамниште познато за човекот... намали со ласкањето како што спомна претходно на друго место... постојат „конечни“ Закони по кои се управува човештвото до одреден степен а потоа се менува со нов...
Нема конечна вистина само во човечките науки, а тоа не важи и во духовноста, која напросто мора да се потпре на „нешто„ кое е трајно, неменливо и сигурно...
Автоматски споено мислење:

Ако имаш забрана да се сомневаш во нештата, ако најголемо блаженство ти велат дека е верувај без да знаеш, без да видеш, без да имаш искуство...
Тоа не е добро.
Верувањето е само почетен степен во духовноста. Како што верникот таложи искуство, верувањето преоѓа во знаење, каде нема разлика меѓу теоријата и праксата.
Автоматски споено мислење:

Догмите останаа сказни кои ги прераскажувате и надополнувате од идеите на „светите отци“ кои се наталожија низ купот векови што помина....
Догмите се објавени, проверени, непроменливи и соборно/Црковно потврдени и прафетни вистини.
Автоматски споено мислење:

Остави ги луѓето да лутаат, не сите се христијани ниту ќе бидат сите христијани. И пред твоето раѓање не биле, ниту по твојата смрт сите ќе бидат христијани, не знам што се оптеретуваш со другите :)
Не сум оптеретен уопште, оти е повеќе од очигледно дека луѓето се поделени на ист начин на кои беа поделени и до сега: на „за„ и „против„.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom