Колку што луѓето ќе престанат да бидат љубоморни, алчни до 2041 толку и религијата ќе исчезне.
Од почеток на времето луѓето имале потреба, а воедно сакале/аат да веруваат во нешто повеќе тоа е на некој начин вродено.(Нормално ти што го читаш ова си исклучок
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
)
Дека можеби бројот на верници ќе се намали е можно ама пак тоа никој не може да го предвиди.
Живееме во време во кое на секој 10 години имаме огромен напредок на поле на технологијата.
(па и се останато)
И јас искрено не верувам, дека можно е да се предвиди такво нешто како исчезнување на религијата колку и да сака некој тоа да е вистина.
Има премногу варијабли кои треба да се стават во равенката од кои за многу има неточни или недоволно прецизни податоци понатаму за некои едноставно невозможно е да се измерат.
Така да ова си е само претпоставка која научникот ја споделува ама тешко дека има некој цврст доказ да ја поткрепи тезата.