Релација Скопје - Провинција

  • Креатор на темата Забавата е во Кругот
  • Време на започнување
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Хејтери на Скопје.... you have problems. With yourselves.
Скопски ебачишта... you too.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.392
Релација Скопје - Провинција.... е САМО ЕДНА релација, пат, тректорија, премин од позиција А до позиција Б.
тоа е пат кој некои че го поминат во една насока, некои во две, некои нема ни да ја испробаат таа релација. Интересното е тоа што овде правиме муабет за луѓето што ја поминале таа релација. . Многу генерализирања се изначитав од типот на „рамче кради=> сите роми крадат “ . (примери не цитирам ..... има многу.. и од скопјани за нескопјани и обратно) ....
Сепак сакам да кажам нешто за друга група луѓе - градски жители ама она баш ,во права смисла на зборот.
Имено под стари жители .... (во прилеп ги познавам под името боеми) ... ЈАС подразбирам група на луѓе, сигурно постари од 40 години, човек кој го поминал целиот свој живот во град, човек кој поминал низ сито и решето (немора да значи богат), интелигентен , познава основни работи за сите сфери на животот.(математика,биологија,општество).едноставно мудар човек, како што доликува за некој што го поминал животот во град како Скопје (читај културен центар на македонија)...
Интересно е во тоа што во сите муабети што ги имав со такви луѓе никој НИКОГАШ не се заинтересира за тоа од каде сум и што сум. Тие прават поделба на културни луѓе и некултурни, без разлика од тоа каде идат, .... инспирирано од МНОГУТЕ партии аматерски шах и муабет со старите скопјани кај СП маркет во карпош 1 зад центарот за странски јазици..


едноставно иритира како некои луѓе кои се родени во скопје го прават скопје МИЗЕРНО за живот за нескопјани.....
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Утре очекувам да пишат Anco, Lurtz и други постари Скопјанишча.Тогаш ќе мора да враќам стариот ник 'Провинцијалец' и да стартаме со "дискусиите" :vozbud:
--- надополнето: 21 мај 2012 во 16:59 ---
само што дојдовод работа,бев 3см. и ја читам расправијава
до каде отишла,односно забегала а темата е
Релација Провинција-Скопје
Сега само ќе се задржам на насловот т.с. стрикно за него

За Скопје (прво за него да кажам) провинција е: Ново село,Сарај,Волково,
Стајковци,Смилковци,Мралино,Кадино,Сопиште,Бразда,Глуво,Радишани.
Но за Скопје кое јас го познавам некогаш Автокоманда беше провинција или поточно почеток односно крај на градот.Тука беа касарните - авто единица главниот влез се уште стои,тоа е она „бетонско“над цвеќарата.
Синѓелич, Маџари или Козле беа далечни села.
На излет се одеше во: Кисела вода,Тасино чешмиче или Капиштец.Сега овие места не постојат како такви,некогаш беа надвор од градот.Тука околу нив беше празно,немаше куќи а сега е цел град над овие места.

Провинција не е Велес, Тетово или Куманово. Тие и другите градови си се сами за себе центри. Па затоа ни во однос на Скопје не се провинција.
За Велес може да е провинција: Тунелот или Превалец. Може и вака да се каже Порцеланка и Свилара се на или во провинција на Велес.
Башино село си е Башино село,иако најблиску е до Велес.Тоа не би го ставил во провинција.Затоа што и тоа си има своја провинција и центар.
Во овој случај сега на провинција на селото Башино село се повеќе објекти:отпади,бензиска пумпа,сервиси,произвоствени погони и сл. или и тука е крајот или почеток на селото,(а до пред 15 год беа ниви и лозја) дури и има и новоизградени куќи од жители на околни села:Кумарино,Новачани и др.( тие може да се наречат дојденци но никако провинцијалци, наспроти тукашните или староседелците.

Јас работам веќе 40 години. Во поголема компанија каде поминале неколку илјади работници.Првото прашање,при контакт,разговор или пак со понепознат или новопримен е: од каде си ?
Јас кажувам од Скопје, ја кажувам вистината, немам друг одговор.
Ама тоа тие другите не го очекуваат,дури осеќам им е чудно и веднаш уште едно прашање. А од кај си дојден ?
Јас се запрепастувам што да дговорам, а одговорот е ист. Скопје.
Но следува: а мајкати од каде, ај не лажи дури ќе употребат.
Јас веќе вџашен кажувам:кај ти се гробиштата од таму си.
Неверојатно но вистинито.Гробиштата на родителите на моите родители
се тука во Скопје, тогаш јас од каде сум.А и нивните се тука.
Признавам скоро и да не познавам некој во компанијата „тукашен“, сите се од некаде. Никогаш ама баш никогаш до сега овие 40 години не сум го употребил зборот провинцијалец,спрема никого. А сум кажал Кумановец
како е, што има ново.Ако треба ќе кажам Мариовец (што е и вистина) за
некој мој колега бидеиќи знам дека е од таму но не и провинцијалец.
Никогаш тоа мене ми е туѓо, тоа е сега измислено,така не беше порано.
Еве за оние жители во Стајковци или Мралино никогаш не сум чул ама баш ниеднаш да рекол некој провинцијалци, туку Паланчани.
Мене и на никого не му сметале или да не сме живееле со било кого од новодојдените или населените во Скопје.Па нив ги има и повеќе него ли нас,и тоа многу повеќе.Во градежните компании блиску се до 100% тие.
Кај мене преовладуват,прилепчани,кумановци,поречани и во поново време овие години велешани. (од кога ги затвирија таму фабриките)
Ако ги прашаш прилепчани, тие одговараат од Прилеп, а инаку се од:Ропотово,Мажучиште,Дебреште,Секирци,Слепче,Коњари,Св.Митрани.
Јас веднаш би кажал од: Воѓани, Бела Црква или Пашино Рувци односно точно од каде сум,не би се срамел.Пробајте прашајте дали во стотина паланчани еден ќе ви каже дека е од Подржикоњ,Мождивњак или Отља.
Е сега уште да одговориме кој е Скопјанец.Мора да има некој како мене.
Јас освен еден дом,два кауча и две парцели во Бутел немам друго.
А такви се повеќето од нас тукашни.И јас не ми дале да бирам од кај да бидам,од тука сум,од никаде а колку би сакал да бидам од некаде.
Па да и оној ќе го рачунам од Скопје што ќе дојде во 18 часот пред врата на воена болница, (само не е 8 септември ни Филип 2, ни гарнизонска)

Стварно незнам,од каде излегол овој збор: провинцијалец да се сега толку спомнува и употребува, а кога може на пр.Велешанец или дојден од Велес,населен тука и сл.Дури и од внатрешноста што е спомнато не би одговарало,значи ли тоа дека има и од надворешноста,или Скопје е некаде надвор, а Берово и Дебар се внатре (а знаеме колку внатре)
Да не сами си се нарекуват така, како во првиот пат во првата тема за исти овој проблем што се нарече „провинцијалец“ а сега се прекрстил.

За вработувањето во друга прилика, исто така ќе образложам.
Ќе биде многу интересно ви ветувам. Анчо од Скопје.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Хм, би можел да зборуваш за стилски изразни средства и пак да останеш на темата. На пример вака:

Тешки сељаци (епитет) се оние луѓе со мозок како на кокошка (компарација) кои човекот не го делат според тоа дали е добар или лош, туку според местото од кое доаѓа.
Е не ми текна, не бев спиен. Иначе не е се црно и бело, колку е апсурдно да го делиш човекот според тоа од каде е, толку е и да го делиш според тоа дали е добар или е лош.

Најискрено се заебавав пошто ептен ми беше досадно, и неповикани изрипавте. Тоа ми кажува дека стварно некој има комплекси или фрустрации.
Мислам на крај краева:
Јас искрено имам ебено повеќе провинцијалки од скопјанки така да што е до мене нека доаѓаат тука топ е.
Може да значи дека имам ебено 2 провинцијалки и 1 скопјанка, а тоа не е за фалење, нити ебачко нели...

Ваљда не сте сите провинцијалци вака напнати или уште полошо константно нервозни.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
...Дрн, дрн, дрн, колку е апсурдно да го делиш човекот според тоа од каде е, толку е и да го делиш според тоа дали е добар или е лош.
дрн, дрн, дрн...


So much fail...
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
rabotam vo skopje , ziveam vo kumanovo , se smetam za provincijalec , ama provibcijalec koj e zapoznaen so zivotot vo skopje , i da kazam ikreno, nikogaaaaaas ne bi sakal da ziveam vo skopje , ako sum vo mestata kade sto se dojdencite , ke treba da imam 300 kvadrati nekoja mizerno platena rabota , a zvotot vo skopje e skapa rabota, ne mozes ni kako covek da se napies vo kafana, tolku e skapo sto nema da ti stignat parite , ako zivees nekade poblisku vo centar , ke zivees vo 30-50 kvadrati stan , ne fala ,jas ziveam vo provincija vo nekade 150 kvadrati , taka da mojot zivot vo kumanovo nikogas ne i go menuval za skopje, ne blagodaram , pa makar me vikale ,, provincijalec ,,
--- надополнето: 21 мај 2012 во 19:09 ---
rabotam vo skopje , ziveam vo kumanovo , se smetam za provincijalec , ama provibcijalec koj e zapoznaen so zivotot vo skopje , i da kazam ikreno, nikogaaaaaas ne bi sakal da ziveam vo skopje , ako sum vo mestata kade sto se dojdencite , ke treba da imam 300 kvadrati nekoja mizerno platena rabota , a zvotot vo skopje e skapa rabota, ne mozes ni kako covek da se napies vo kafana, tolku e skapo sto nema da ti stignat parite , ako zivees nekade poblisku vo centar , ke zivees vo 30-50 kvadrati stan , ne fala ,jas ziveam vo provincija vo nekade 150 kvadrati , taka da mojot zivot vo kumanovo nikogas ne i go menuval za skopje, ne blagodaram , pa makar me vikale ,, provincijalec ,,
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Сега како идат тие фразите ваши, True Story Bro heh? Добро е вака?
Подобро нашите фрази отколку твоите јавни лечења на комплекси, нели.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Пробав пред малку да пишувам не ми отвараше нешто ?
Да малку пообјаснам,околу овој називот и неговата употреба иако не кријам
и кажувам во многу теми од кај сум,од кога сум и со колку школо сум.
Мислам дека овој назив- име - збор, ако се изговори секој го разбира точно.
Но тој Збор ( понатака во текстот исто ) како последниве години да „добива“во тежина и значење. Односно да се искаже некоја разлика или едниот пак што го кажува тој Збор се издига над другиот, дури пак да оној вторион помисли и со употреба на Зборот- навреда.
Тоа порано не беше така 100 % во “60-“70 год. не се ни употребуваше.
Зборот.
А тогаш и имаше најголем број на доселување-населување на Скопје,
познато како миграција село-град. И тоа е добро,секој барал подобар живот, а дали го нашол си е негова работа. Само што никогаш на никому што дошол тогаш тука не му е речено ништо со тој Збор.
Туку: „прилепчанецот го виде денес“... иако знаеме од каде е точно
Ова сега ме натера да пролистам (а и вие пробајте) некој старо печатени книги од 1945 - 1965 год. Тој збор- Збор нема да го сретнете. Еве една за земјоделското произвоство каде има податици за: памукот,тутунот,оризот свилената буба,катранот,грозје и сл. произвоство, цени и извос и сл.
Пример: не пишува во Зборот таа и таа, .............
.....туку вака. Во Овче Поле се произведува годишно........
Па и сега Овче Поле си е исто далеку од овде како и порано и си е Овче Поле, а не Зборот. Тоа сега некому му текнало.
Во книгите за скопскиот земјотрес,кој ги имам неколку има податоци за првите неколку дена за евакуацијата на 130.000 граѓани на Скопје,исто го нема тој употребен збор Зборот. Јас пак истиот ден баш бев преврлен со некои земјоделски руски џипови во Овче Поле послепладне од пред Нама.Но имаше евакуација на население прво во сите околни градови кој не беа наречени со Зборот,туку Куманово, Велес, Тетово.
Но имаше и по селата, а и во Прилеп и Битола кој и не беа баш гостољубиви, т.с. имало ретки случаи каде не им се отварало врати на мајки те со деца, ( адреси даваа секоја општина )
Потоа заминавме за Србија и цела Југо. а јас во Марибор. Колку што се сеќавам и таму никој не ни го спомнал Зборот ......
Каже те сега лек за настанатава состојба.
Закон за забрана на употреба на Зборот.
Па и ова сега ми текна. Дали пак е ова од времево,поново кога почна Скопје да го нарекуват „метропола“ и почнаа да го нагло и прават така.
Демек она другоно што останува во државата е не тоа или под тоа.
Но не секогаш Скопје беше вакво, и за ова пишувам почесто.Скопје порано и тоа во центар каде сум и јас го почнал животот беше без некој основни потребни работи, а кој во помали места биле незабележливи.
 
А

Антоние

Гостин
Градот убав, пак ќе никне,
среде песни в здружен фат...


Нема ништо лошо во тоа да си го сакаш и да се гордееш со твојот роден град. Без разлика што тоа вие на темава го правите како да е лоша работа...







...зелки зелкосани.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Подобро нашите фрази отколку твоите јавни лечења на комплекси, нели.
Ех шо комплекси јас, вие провинцијалците изрипавте живи нервозни. Јас напишав како е ситуацијата кај мене само, не повикав никој =)
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
Леле со што си ја тупат главата.... :ROFLMAO: А што мислите вие граѓаништа опасни, како настанале светските метрополи и културни центри? Од размножување на "чисти" граѓани по пат на агамогенеза?
Сите градови го поминале овој пат. И оние кои се накрекуваат стари скопјани, родителите/дедовците и бабите им се 95 % од некое село близу Скопје или општо Македонија.
Пример, јас сум Скопјанец роден тука, мајка ми е Скопјанка родена е тука живееле со родителите кај ЦК, ама татко и, значи дедо ми како мал живеел во Башино село, па после се преселиле цела фамилија во СК. Ако таквите како него не доаѓале да множат популација, ништо немало да биде од Скопје. Дајте малку време, една до две генерации се доволни.
За некоја декада, децата на оние што сега ги викате провинцијалци ќе бидат скопјаништа, а да не зборам па за нивните деца. Сите кои не се од Скопје се добредојдени, а градската култура сама ќе си дојде, само треба време. Скопје е уште град - дете, дајте му шанса да порасне. А за да порасне мора да јаде провинцијалци и да сере Скопјани.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Леле со што си ја тупат главата.... :ROFLMAO: А што мислите вие граѓаништа опасни, како настанале светските метрополи и културни центри? Од размножување на "чисти" граѓани по пат на агамогенеза?
Сите градови го поминале овој пат. И оние кои се накрекуваат стари скопјани, родителите/дедовците и бабите им се 95 % од некое село близу Скопје или општо Македонија.
Пример, јас сум Скопјанец роден тука, мајка ми е Скопјанка родена е тука живееле со родителите кај ЦК, ама татко и, значи дедо ми како мал живеел во Башино село, па после се преселиле цела фамилија во СК. Ако таквите како него не доаѓале да множат популација, ништо немало да биде од Скопје. Дајте малку време, една до две генерации се доволни.
За некоја декада, децата на оние што сега ги викате провинцијалци ќе бидат скопјаништа, а да не зборам па за нивните деца. Сите кои не се од Скопје се добредојдени, а градската култура сама ќе си дојде, само треба време. Скопје е уште град - дете, дајте му шанса да порасне. А за да порасне мора да јаде провинцијалци и да сере Скопјани.
Нека расте,нека расте,ама да имаше Македонија бар 8-9 милиони жители.Државава е едвај два милиона жители,Скопје е скоро милион.Изгледа Грујо не не враќа у античко време само со статуите,него и град-држава ќе стане Скопјево наше:D
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Ех шо комплекси јас, вие провинцијалците изрипавте живи нервозни. Јас напишав како е ситуацијата кај мене само, не повикав никој =)
Е зошто "ние"? Конкретно јас ниту ви го окупирам вашето свето скопје, ниту ви ја контаминирам вашата чистокрвна скопска ариевска раса...
Али ОК е, whatever makes your pathetic life happier and your complexes satisfied.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Е зошто "ние"? Конкретно јас ниту ви го окупирам вашето свето скопје, ниту ви ја контаминирам вашата чистокрвна скопска ариевска раса...
Али ОК е, whatever makes your pathetic life happier and your complexes satisfied.
Јас никаде не реков дека го окупирате Скопје или нешто слично. Јас само и САМО реков дека "вие" неповикани изирпавте на мојот пост кој ја опишуваше мојата ситуација и не беше во ниеден случај навредлив.
А тоа сигурно кажува нешто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom