- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.830
- Поени од реакции
- 8.858
Хејтери на Скопје.... you have problems. With yourselves.
Скопски ебачишта... you too.
Скопски ебачишта... you too.
--- надополнето: 21 мај 2012 во 16:59 ---Утре очекувам да пишат Anco, Lurtz и други постари Скопјанишча.Тогаш ќе мора да враќам стариот ник 'Провинцијалец' и да стартаме со "дискусиите"
само што дојдовод работа,бев 3см. и ја читам расправијава
до каде отишла,односно забегала а темата е
Релација Провинција-Скопје
Сега само ќе се задржам на насловот т.с. стрикно за него
За Скопје (прво за него да кажам) провинција е: Ново село,Сарај,Волково,
Стајковци,Смилковци,Мралино,Кадино,Сопиште,Бразда,Глуво,Радишани.
Но за Скопје кое јас го познавам некогаш Автокоманда беше провинција или поточно почеток односно крај на градот.Тука беа касарните - авто единица главниот влез се уште стои,тоа е она „бетонско“над цвеќарата.
Синѓелич, Маџари или Козле беа далечни села.
На излет се одеше во: Кисела вода,Тасино чешмиче или Капиштец.Сега овие места не постојат како такви,некогаш беа надвор од градот.Тука околу нив беше празно,немаше куќи а сега е цел град над овие места.
Провинција не е Велес, Тетово или Куманово. Тие и другите градови си се сами за себе центри. Па затоа ни во однос на Скопје не се провинција.
За Велес може да е провинција: Тунелот или Превалец. Може и вака да се каже Порцеланка и Свилара се на или во провинција на Велес.
Башино село си е Башино село,иако најблиску е до Велес.Тоа не би го ставил во провинција.Затоа што и тоа си има своја провинција и центар.
Во овој случај сега на провинција на селото Башино село се повеќе објекти:отпади,бензиска пумпа,сервиси,произвоствени погони и сл. или и тука е крајот или почеток на селото,(а до пред 15 год беа ниви и лозја) дури и има и новоизградени куќи од жители на околни села:Кумарино,Новачани и др.( тие може да се наречат дојденци но никако провинцијалци, наспроти тукашните или староседелците.
Јас работам веќе 40 години. Во поголема компанија каде поминале неколку илјади работници.Првото прашање,при контакт,разговор или пак со понепознат или новопримен е: од каде си ?
Јас кажувам од Скопје, ја кажувам вистината, немам друг одговор.
Ама тоа тие другите не го очекуваат,дури осеќам им е чудно и веднаш уште едно прашање. А од кај си дојден ?
Јас се запрепастувам што да дговорам, а одговорот е ист. Скопје.
Но следува: а мајкати од каде, ај не лажи дури ќе употребат.
Јас веќе вџашен кажувам:кај ти се гробиштата од таму си.
Неверојатно но вистинито.Гробиштата на родителите на моите родители
се тука во Скопје, тогаш јас од каде сум.А и нивните се тука.
Признавам скоро и да не познавам некој во компанијата „тукашен“, сите се од некаде. Никогаш ама баш никогаш до сега овие 40 години не сум го употребил зборот провинцијалец,спрема никого. А сум кажал Кумановец
како е, што има ново.Ако треба ќе кажам Мариовец (што е и вистина) за
некој мој колега бидеиќи знам дека е од таму но не и провинцијалец.
Никогаш тоа мене ми е туѓо, тоа е сега измислено,така не беше порано.
Еве за оние жители во Стајковци или Мралино никогаш не сум чул ама баш ниеднаш да рекол некој провинцијалци, туку Паланчани.
Мене и на никого не му сметале или да не сме живееле со било кого од новодојдените или населените во Скопје.Па нив ги има и повеќе него ли нас,и тоа многу повеќе.Во градежните компании блиску се до 100% тие.
Кај мене преовладуват,прилепчани,кумановци,поречани и во поново време овие години велешани. (од кога ги затвирија таму фабриките)
Ако ги прашаш прилепчани, тие одговараат од Прилеп, а инаку се од:Ропотово,Мажучиште,Дебреште,Секирци,Слепче,Коњари,Св.Митрани.
Јас веднаш би кажал од: Воѓани, Бела Црква или Пашино Рувци односно точно од каде сум,не би се срамел.Пробајте прашајте дали во стотина паланчани еден ќе ви каже дека е од Подржикоњ,Мождивњак или Отља.
Е сега уште да одговориме кој е Скопјанец.Мора да има некој како мене.
Јас освен еден дом,два кауча и две парцели во Бутел немам друго.
А такви се повеќето од нас тукашни.И јас не ми дале да бирам од кај да бидам,од тука сум,од никаде а колку би сакал да бидам од некаде.
Па да и оној ќе го рачунам од Скопје што ќе дојде во 18 часот пред врата на воена болница, (само не е 8 септември ни Филип 2, ни гарнизонска)
Стварно незнам,од каде излегол овој збор: провинцијалец да се сега толку спомнува и употребува, а кога може на пр.Велешанец или дојден од Велес,населен тука и сл.Дури и од внатрешноста што е спомнато не би одговарало,значи ли тоа дека има и од надворешноста,или Скопје е некаде надвор, а Берово и Дебар се внатре (а знаеме колку внатре)
Да не сами си се нарекуват така, како во првиот пат во првата тема за исти овој проблем што се нарече „провинцијалец“ а сега се прекрстил.
За вработувањето во друга прилика, исто така ќе образложам.
Ќе биде многу интересно ви ветувам. Анчо од Скопје.
Е не ми текна, не бев спиен. Иначе не е се црно и бело, колку е апсурдно да го делиш човекот според тоа од каде е, толку е и да го делиш според тоа дали е добар или е лош.Хм, би можел да зборуваш за стилски изразни средства и пак да останеш на темата. На пример вака:
Тешки сељаци (епитет) се оние луѓе со мозок како на кокошка (компарација) кои човекот не го делат според тоа дали е добар или лош, туку според местото од кое доаѓа.
Може да значи дека имам ебено 2 провинцијалки и 1 скопјанка, а тоа не е за фалење, нити ебачко нели...Јас искрено имам ебено повеќе провинцијалки од скопјанки така да што е до мене нека доаѓаат тука топ е.
...Дрн, дрн, дрн, колку е апсурдно да го делиш човекот според тоа од каде е, толку е и да го делиш според тоа дали е добар или е лош.
дрн, дрн, дрн...
Сега како идат тие фразите ваши, True Story Bro heh? Добро е вака?So much fail...
Подобро нашите фрази отколку твоите јавни лечења на комплекси, нели.Сега како идат тие фразите ваши, True Story Bro heh? Добро е вака?
Ех шо комплекси јас, вие провинцијалците изрипавте живи нервозни. Јас напишав како е ситуацијата кај мене само, не повикав никој =)Подобро нашите фрази отколку твоите јавни лечења на комплекси, нели.
Нека расте,нека расте,ама да имаше Македонија бар 8-9 милиони жители.Државава е едвај два милиона жители,Скопје е скоро милион.Изгледа Грујо не не враќа у античко време само со статуите,него и град-држава ќе стане Скопјево нашеЛеле со што си ја тупат главата.... А што мислите вие граѓаништа опасни, како настанале светските метрополи и културни центри? Од размножување на "чисти" граѓани по пат на агамогенеза?
Сите градови го поминале овој пат. И оние кои се накрекуваат стари скопјани, родителите/дедовците и бабите им се 95 % од некое село близу Скопје или општо Македонија.
Пример, јас сум Скопјанец роден тука, мајка ми е Скопјанка родена е тука живееле со родителите кај ЦК, ама татко и, значи дедо ми како мал живеел во Башино село, па после се преселиле цела фамилија во СК. Ако таквите како него не доаѓале да множат популација, ништо немало да биде од Скопје. Дајте малку време, една до две генерации се доволни.
За некоја декада, децата на оние што сега ги викате провинцијалци ќе бидат скопјаништа, а да не зборам па за нивните деца. Сите кои не се од Скопје се добредојдени, а градската култура сама ќе си дојде, само треба време. Скопје е уште град - дете, дајте му шанса да порасне. А за да порасне мора да јаде провинцијалци и да сере Скопјани.
Е зошто "ние"? Конкретно јас ниту ви го окупирам вашето свето скопје, ниту ви ја контаминирам вашата чистокрвна скопска ариевска раса...Ех шо комплекси јас, вие провинцијалците изрипавте живи нервозни. Јас напишав како е ситуацијата кај мене само, не повикав никој =)
Јас никаде не реков дека го окупирате Скопје или нешто слично. Јас само и САМО реков дека "вие" неповикани изирпавте на мојот пост кој ја опишуваше мојата ситуација и не беше во ниеден случај навредлив.Е зошто "ние"? Конкретно јас ниту ви го окупирам вашето свето скопје, ниту ви ја контаминирам вашата чистокрвна скопска ариевска раса...
Али ОК е, whatever makes your pathetic life happier and your complexes satisfied.