Мислам дека сите веќе ја имаме видено рекламата која би ја нерекол ,,плаќајте патарина,,. Јас ја видов на Канал5. Несватливо ми е кој е резонот на таа реклама. Имено, патарините се плаќаат задолжително и немаш тука избор да платиш или не, немаш избор да поминеш по друг пат каде патарина наплаќа дрга конкурентска компанија по други цени и услови, немаш никаков друг избор ако сакаш да поминеш по тој автопатпат освен да платиш патарина на ЈП Македонски патишта. Рекламата оди на приватна телевизија и не стои дека се работи за бесплатно емитување што значи дека истата се плаќа дебело и тоа од парите кои ги плаќаме за патарина а од кои треба да се одржуваат постојните и да се градат други патишта аод друга страна таа реклама неможе да придонесе ништо во смисла на зголемување на прометот на патарините оти плаќањето и онака е задолжително и ЈП нама никаква конкуренција. Кој е резонот?
Исто така, и тоа од пред повеке години и во време на други власти уште кога ЕВН (тогаш ЕСМ) беше државна сопственост, на телевизиите одеше а и сега мислам дека одат некои реклами, за ЕВН! Како да имам избор од каде да купам струја па ЕВН (ЕСМ) се рекламира за тоа како се тие квалитетни. И кој е резонот? Да купувам струја од нив а не од некоја тезга на битпазар па таму некој да ми подметне некоја неквалитетна струја? Несватливо ми е. Несватлива ми е и реклама за МЕПСО или ЕЛЕМ? Кој е резонот? Да купувам струја од ЕЛЕМ или да дистрибуирам струја преку далноводите на МЕПСО а не да си фаќам работа со некои непроверени фирми кој ги имам на избор?
Можам да разберам и партиски реклами, ете тоа си е партија па сака да се изрекламира за тоа што сработила и резонот на рекламата е да добие што повеке гласови на избори. Можам да разберам и државни реклами на кои резонот им е информирање на населението за некои процедури, проекти и слично, можам да разберам и реклами од типот ,,имај трето дете,, на кој резонот им е да се зголеми наталитетот......... ама реклами за патарина, струја, далноводи, и слично неможам да разберам...
Како вие размислувате за овие реклами? Ако има и некој член постручен во областа на економијата и рекламирањето нека појасни кој ефект го имаат ваквите реклами.