Јухуу, имам нови фаворити за најдебилни реклами. Слабо гледам телевизија, ама вчера сум се изнасмеал.
Реклама бр. 1: Почнува рекламата со кадри од Грција, гласот во рекламата филозофира нешто за маслинки, за Грците и нивната историја, па кадар од грчка салата, и на крај - рекламата испаѓа дека е за сомборска фета Грекос. Кој курац има врска Грција и Грекос со српска фета?
Реклама број 2: За минералната вода Минаква. Демек, дневно треба да изедете толку од тоа и тоа, за да примите тоа и тоа, набројува дегенот и на крај - или наместо сето тоа, да испиете една чаша Минаква. Значи, ако сме жедни и испиеме две чаши или недај боже едно шише Минаква, ќе не носат на детоксикација.
А најнервирачка ми е онаа Још, још...још, још, још...