1.Флоскулата еден вид на енергија е најпразната и најбаналната работа која некој може да ја каже, и нема никаква експланаторна моќ.
2.За да има живот не е потребна душа, животот постои без душа без никаков проблем.
3.Знам дека не си расмислувала. Еве каде е проблемот. Ако душата е ентитет со потполно различни својства од телото, тогаш нема да може да се оствари контакт помеѓу нив, без разлика колку ја намалуваме точката на контактот. Ако нема контанкт помеѓу нив, душата не игра никаква улога во поведението на организмот. Од друга страна, ако душата не се разликува од телото, тогаш можеме да кажеме дека за некои функции на нашето тело велиме дека се душа, но тоа е само метафoрички начин на изразување.
Инаку, душа не постои. Физичкиот свет во кој што постоиме е каузално затворен, односно за секоја последица има физичка причина, така да нема место за чудесни ентитети наречени душа.