Реинкарнација

Верувате ли во реинкарнација?

  • Да

    Гласови: 274 58,4%
  • Не

    Гласови: 128 27,3%
  • Не сум размислувал/а ...

    Гласови: 67 14,3%

  • Вкупно гласачи
    469

ISu

Jesus
Член од
30 март 2009
Мислења
4
Поени од реакции
1
!

Верување во реинкарнацијата ја има секаде во светот, но како го сваќате тоа ? Во будизмот не постои термин душа-под душа подразбираме дух што изгледа исто така како и умрениот,или нешто што е внатре во сите нас зар не?
Но не е така.Постојат тела-физичко тело,астрално тело(тоа што е присутно во овој свет кратко после смртта, емоционално...и незнам уште две тела ли имаше, и секое е посуптилно едно од друго
Во будизмот има само свест-се друго е илузија-физичкиот свет,емоциите,мислите....така да она што поминува од тело во тело е свестта,не душата, па затоа тоа не се смета како реинкарнација,туку повторно раѓање, но за повеќето луѓе тоа и не прави некоја разлика, па ајде нека биде тоа реинкарнација, а целта е просветлението,затоа е создаден универзумот,самсарата и нирваната,за да низ овие животи се просветлиме-ја откриеме вистината за тоа кои сме...т.е кој сум јас во сите овие животи што сум ги проживеал.
Низ повеќегодишна практика се ослободува егото, се открива кој сум јас и се останува во тоа искуство,затоа што тоа не е збор,емоција или слично,тоа е ВИСТИНАТА, и таа нема класа, не може да се опише, само да се доживее,како што ја доживеав јас, но не успеав да останам во тоа искуство, и се изгуби во маглината на илузиите на мојот ум
РАЗМИСЛЕТЕ,ЗОШТО СТЕ ТУКА!!!:tapp:
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Реинкарнација - Трите животи на Глен Форд
Холивудската ѕвезда им се придружила на оние што тврдат дека живееле и порано

Холивудската филмска ѕвезда Глен Форд во 1978 година доживеал голем шок – дознал за својот трет живот. Додека бил под хипноза, тој со одушевување зборувал за својот поранешен живот на каубој во Колорадо. Подоцна, на друга сеанса, се сеќавал дека бил учител по пијано во Елгин во Шкотска.
Преслушувањето на лентите од двете сеанси го изненадило и самиот Форд. Уште повеќе се воодушевил кога истражувачите нашле докази дека и двете негови „инкарнации“ вистина постоеле – точно во времето што го навел артистот. „Сето ова ме збунува“, рекол Форд. „Тоа е во спротивност со моето верско убедување. Јас сум набожен човек и се гордеам со тоа, но сега ми е се измешано“.
Форд не е првиот човек што дал докази за реинкарнацијата. Будистите веруваат дека човекот минува низ цела низа животи, човечки и животински, пред да го достигне блаженството на нирваната – губењето на индивидуалноста и спојување со врховниот дух. Форд е еден од најдобро документираните случаи на живот по смртта.
Првата хипнотичка сеанса артистот ја имал во својот дом на Беверли Хилс, Калифорнија. Во својата шеесет и прва година јасно зборувал за својот минат живот на каубојот Чарли Бил на ранчот на Чарли Гуднајт и дека бил убиен од заседа. Истражувачите од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес отишле во Колорадо и откриле податоци за двајцата, за Бил и за Гуднајт.
Втората сеанса, исто така снимена на лента, биле одржана во универзитетот. Овој пат, еднакво сликовито, Форд зборувал за животот на Чарлс Стјуарт и рекол: „Ги подучував на пијано татевите синови, како што би ги нарекле разгалените деца во денешно време“. Форд под хипноза свирел на пијано, иако подоцна признал: „Не знам да свирам ниту една нота“.
Кога истражувачите од Калифорнискиот универзитет го посетиле Елгин, го нашле на гробот на Чарлс Стјуарт кој умрел во 1840 година. На Форд му ја покажале фотографијата на гробот. „Тоа многу ме потресе“, рекол. „Веднаш почувствував дека сум бил погребан таму.“
Пензионираниот капетан на британската армија Артур Флауердју се повлекол во својата селска куќа во Брамертон, Норфолк. Се родил и израснал во англиско село, водел мирен живот и никогаш не патувал надвор од Европа. Сепак, и тој добродушен старец бил убеден дека живеел и порано – пред 2.200 години, како војник во јорданскиот град Петри што бил изделкан во карпите.
Флауердју му раскажувал на истражувачот Џоана Формен, која пишувала книга за тоа, дека уште од детството му го преокупирале умот чудни, необјасниви привиденија. Како дете, собирал на морскиот брег црвени и жолти камчиња размислувајќи: ’Ваква е бојата на камењата во тој град’. Подоцна му се покажала слика на град изделкан во карпи, луѓе во долги библиски алишта, сандаци со злато скриени во храм, гробови изделкани во бакарни и жолтеникави карпи, тесна клисура што водела во пустина, борбите додека тој и уште десетмина други ја бранеле клисурата од освојувачките орди и на крајот чувството на болка кога копјето фрлено од некој огромен Сириец се забило во неговите гради.
Госпоѓица Формен го споредила со тоа што и го кажал со познатите факти за Петри и открила дека голем дел од кажаното одговара на вистината. Се изненадила кога во времето на летнувањето во 1964 година се запознала со еден учител што имал снимени слајдови во боја со урнатините на Петри. Учителот рекол: „Ми раскажа за тоа многу повеќе отколку што може да се види на слајдовите“.
Флауердју рекол: „Не сум од оние што сонуваат будни и никогаш не сфатив од каде доаѓаат тие слики на мојот град. Ако се потрудам, мислам дека би можел да стигнам до реинкарнацијата, иако не разбирам како е воопшто можно тоа“.
Дороти Иди е родена во 1903 година во јужен Лондон, во богато семејство. Во својата трета година паднала низ скалите и семејниот лекар констатирал смрт. Утредента тој и болничарката се вратиле за да присуствуваат на погребот, меѓутоа, девојчето го нашле живо. Сепак, не било се како што треба. Дороти се криела под масата и зад мебелот барајќи да ја одведат „дома“.
Кога со семејството ја посетила Египетската соба во Британскиот музеј, дивјачки се оттргнала бакнувајќи ги стапалата на статуите, прегрнувајќи ги саркофазите со мумии, барајќи да ја остават со „нејзиниот народ“.
Подоцна и ги покажале фотографиите на храмот на богот Озирис што го подигнал крај Нил фараонот Сети I. На татка си му рекла дека храмот е нејзиниот вистински дом, дека го познавала Сети и дека тој бил многу љубезен човек.

Во 1930 година Дороти се омажила за Египќанец и заминала да живее во неговата татковина. Кога им се родил син, му го дала името Сети нарекувајќи се себеси Ум Сети, „Мајката на Сети“. По 22 години го посетила Абидос, локацијата на древниот храм на Озирис, и кога возот запрел кај карстното брдо, рекла дека тоа е „нејзиниот дом“. Во 1954 година се населила во Абидос, се грижела за храмот, секојдневно му се молела на Озирис и ги убедувала реставраторите на храмот по смртта да ја погребат во неговите темели.
Американскиот хипнозитер-аматер Мори Бернштајн во својата книга „Потрагата по Брајди Марфи“, објавена во 1956 година, ги обелоденил чудните изјави на една домаќинка од Колорадо. Бернштајн под хипноза ја вратил госпоѓа Рут Симонс, родена во 1923 година на средниот запад, во детството и таа почнала да зборува како Брајди Марфи. Рекла дека е родена во Корк, Ирска, на 20 декември 1798 година, дека се омажила за адвокатот Шон Мек-Карти на 17-годишна возраст и дека се преселила во Белфаст. Умрела есента 1864 година и ги опишала својот погреб и надгробниот споменик.
Истражувачите во Ирска тешко можеле да ја потврдат нејзината приказна, но описите на бреговите во Антрим и на патот од Белфаст до Корк биле точни. Пронајдени се и записи кај некој трговец што се викал Фар, за кој Брајди тврдела дека купувала кај него. Госпоѓа Симонс никогаш не била во Ирска и во нејзиниот секојдневен говор немало траги од ирскиот акцент.
 
Член од
11 јуни 2009
Мислења
5
Поени од реакции
1
Poznavam edna licnost koja ne samo sto veruva vo reinkarnacija tuku so meditacija uspeala da go vrati sekvanjeto za minatiot zivot. Mozete da ja najdete na internet (ako sakata pisete) i mi kaza deka mozes na youtube da napravis regresija(past regression)
Kolku sto mozev da doznaam od nea znam deka se setila na nekoi mnogu tazni slucki od predminatiot zivot i posakuva nikogas da ne se setila na niv.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Текстов звучи доста убедувачки ама клипот кога го видов ми изгледа бајаги како некое америчко срање. Вие што мислите за ова од насловна на кајгана:



Еве нешто што за некоја година сигурно ќе го гледаме и во Холивуд. Запознајте го Џејмс Лајнингер. Тој има 11 години, и во минатиот живот бил пилот кој загинал во Втората светска војна.

Џејмс е 11-годишно момче од Лафајет, Луизијана, и тврди дека во минатиот живот се викал Џејмс Хјустон и бил пилот во американската воена авијација. Едниот од подобрите докази дека реинкарнацијата е можна се сеќава на речиси се од минатиот живот, од деталите од раното детство, така и до моментот кога загинал во морето, откако јапонската војска го срушила неговиот авион во близина на Иво Џима на 3-ти март 1945 година.
Еве како гласи приказната од самиот почеток, приказна која никој досега не се осуди да ја нарече измама, бидејќи во неа има многу и претешко објасниви детали кои и најголемите скептици ги оставија со прашалник над главата.
Веднаш по „излегувањето од пелени“, Џејмс Лајнингер го покажува својот интерес и фацинација за авионите. На само 18 години покажал дека ги познава старите воени авиони до детаљ, особено легендарниот F4U Corsair, типот на ловец во кој погинал и Хјустон.
На две-годишна возраст малиот започнал да пати од страшни ноќни мори, а набргу се покажало дека секоја ноќ одново ја преживува „својата“ смрт.

На своите родители тогаш за прв пат им објаснил дека некогаш се викал Џејмс Хјустон, дека служел на помошниот носач за авиони Natoma, дека јапонската војска го срушила неговиот авион откако бил погоден во моторот, и дека животот му завршил во морето.
Неговиот татко Брус, на почетокот скептичен према реинкарнацијата, се впуштил во мало истражување, па го однел малиот Џејмс да се запознае со останатите преживеани војници кои служеле на тој брод. Во најмала рака речено, таткото останал - без зборови!
Откако малиот Џејмс ги здогледал „своите“ стари другари од војничките денови, тие кои ги знаел ги поздравил со нивните имиња.Шокантните откритија не застануваат тука. Родителите на момчето во обид да добијат уште поголема верификација на приказната на Џејмс, го водат кај Ен Берон - сестрата на Џејмс Хјустон, погинатиот пилот. Старата Ен набргу заклучува дека момчето е навистина нејзиниот покоен брат.

„Ова дете ми раскажа толку многу детали од нашето детство така што немав избор освен да заклучам дека тој е навистина мојот брат. На пример, се сети на нашите портрети кои ги црташе нашата мајка, а за тие слики баш никој на светот освен нас не знаеше“, изјави меѓу другото госпоѓа Барон.
Приказната за ова момче неодамна е објавена и во книгата „Sole Survivor“, а како што изгледа, наскоро ќе добие и филмска верзија.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Кога станува збор за вакви работи мислам дека секогаш ќе се води вечна борба во мене и во моите верувања и убедувања.Некогаш верувам,некогаш не....но се додека не видам со свои очи изгледа само ќе се залажувам дека верувам.
Конкретно за случајот со детево:зошто порано не се реинкарнирал,зошто токму сега,и зошто јас одсекогаш сум мислела дека реинкарнацијата треба да се случи во потесниот круг на семејството а не кај некои непознати луѓе,зошто баш кај нив?
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Имаше една емисија за реинкарнација случката е во Индија. Брачен пар има ќеркичка која починала некаде на 7-8 годинки. Девојчето се реинкарнира во истото тело. И на така да речеме новите родители им ја кажува приказната дека била предходно родена во друго семејство и дека умира и т.н. Овие го наоѓаат предходното семејство и ја носат малата таму буквално малечкава си беше дома, кажуваше за куклите со кои си играла дека овие и се мајка и татко, роднини, детската соба, алиштата каде и стојат буквално се си знаеше што немала од каде да чуе и да види. Во моментот кога емисијата се снимала првата брачна двојка поднела тужба до втората да си го бара девојчето назад. Изгледот на малата е ист како и предходно пред да почине како во огледало да се гледаше детево.
Неверојатно.
Емисијата ја даваа некаде 1995 година на МТВ.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Текстов звучи доста убедувачки ама клипот кога го видов ми изгледа бајаги како некое америчко срање. Вие што мислите за ова од насловна на кајгана:



Еве нешто што за некоја година сигурно ќе го гледаме и во Холивуд. Запознајте го Џејмс Лајнингер. Тој има 11 години, и во минатиот живот бил пилот кој загинал во Втората светска војна.

Џејмс е 11-годишно момче од Лафајет, Луизијана, и тврди дека во минатиот живот се викал Џејмс Хјустон и бил пилот во американската воена авијација. Едниот од подобрите докази дека реинкарнацијата е можна се сеќава на речиси се од минатиот живот, од деталите од раното детство, така и до моментот кога загинал во морето, откако јапонската војска го срушила неговиот авион во близина на Иво Џима на 3-ти март 1945 година.
Еве како гласи приказната од самиот почеток, приказна која никој досега не се осуди да ја нарече измама, бидејќи во неа има многу и претешко објасниви детали кои и најголемите скептици ги оставија со прашалник над главата.
Веднаш по „излегувањето од пелени“, Џејмс Лајнингер го покажува својот интерес и фацинација за авионите. На само 18 години покажал дека ги познава старите воени авиони до детаљ, особено легендарниот F4U Corsair, типот на ловец во кој погинал и Хјустон.
На две-годишна возраст малиот започнал да пати од страшни ноќни мори, а набргу се покажало дека секоја ноќ одново ја преживува „својата“ смрт.

На своите родители тогаш за прв пат им објаснил дека некогаш се викал Џејмс Хјустон, дека служел на помошниот носач за авиони Natoma, дека јапонската војска го срушила неговиот авион откако бил погоден во моторот, и дека животот му завршил во морето.
Неговиот татко Брус, на почетокот скептичен према реинкарнацијата, се впуштил во мало истражување, па го однел малиот Џејмс да се запознае со останатите преживеани војници кои служеле на тој брод. Во најмала рака речено, таткото останал - без зборови!
Откако малиот Џејмс ги здогледал „своите“ стари другари од војничките денови, тие кои ги знаел ги поздравил со нивните имиња.Шокантните откритија не застануваат тука. Родителите на момчето во обид да добијат уште поголема верификација на приказната на Џејмс, го водат кај Ен Берон - сестрата на Џејмс Хјустон, погинатиот пилот. Старата Ен набргу заклучува дека момчето е навистина нејзиниот покоен брат.

„Ова дете ми раскажа толку многу детали од нашето детство така што немав избор освен да заклучам дека тој е навистина мојот брат. На пример, се сети на нашите портрети кои ги црташе нашата мајка, а за тие слики баш никој на светот освен нас не знаеше“, изјави меѓу другото госпоѓа Барон.
Приказната за ова момче неодамна е објавена и во книгата „Sole Survivor“, а како што изгледа, наскоро ќе добие и филмска верзија.
Со она погоре болдираното малку ме збуни. Има 18 или 11 години зошто во насловон ти пишува 11 години, а подоле 18. Печатна грешка или?
 
Член од
19 јуни 2009
Мислења
19
Поени од реакции
2
dali imate nekoe neobjasneto povtoruvanje na nekoi slucuvanja,kako deja vu,ili vo nekoj moment nekoja muzika ili nekoj pejsaz ve pravi tazni ili vi dava nekakva slika vo vasata glava,kako da ste bile nekogas tamu,na nekoe mesto...neznam dali stanuva zbor za reinkarnacija,ama mene licno mnogu pati mi se slucilo i mislam deka e nekoja poraka od minatoto.postoi nesto..veruvam

naukata,dopirnoto i vidlivoto so paranormalnoto sekogas se sprotivstavuvaat.megutoa,ona sto ne go gledame nemora da znaci i deka ne postoi.sekogas ke bide nerzjasniva tema,i ke se temeli na dozivuvanjata na poedinci.
 

kIRe9

OK. u'r right
Член од
4 март 2009
Мислења
1.419
Поени од реакции
73
као копиљ порано мноооооогу сакав да си играм војни антички, со мачеви, со ова со она, и си цртав карти и држави, и им давав имиња... на државите и племињата...
како шо поминуваше време онака имињава ептен неандерталски ми изглеа... и у школо еднаш седам читам учебникот нешо историја и пишувам нешо план... до сеа сретнав барем 2-3 имиња шо као дете сум ги треснал СТВАРНО ДА ПОСТОЈАТ... да не сум бил некој историчар или некој крал порано...хаххах
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
па сигурно не си им давал некој имиња што не постојат од тебе измислени . си давал некој имиња хитлер сталин тито и слични :) и за тоа така мислиш :tv:
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37

Абрахам Линколн Џон Ф. Кенеди
Чудни и нверојатни коинциденции или повторување на Американската историја​

И
нтересен е историјатот на институцијата, Претседател на САД. На многумина од нив се извршени успешни и неуспешни атентати. Но посебно интересен е податокот за двајцата најпопуларни американски Претседатели Абрахам Линколн и Џон Ф. Кенеди кои и на двајцата животите таргично им завршија со атентат. Помеѓу овие двајца претседатели постојат толку големи сличности и коинциденции што им се случувале во животот, што се граничи со границата на фантазијата и несекојдневен раритет во секојдневниот живот, а сепак се историски и непобитни факти .
Да набројам некои од нив:

Абрахам Линколн беше избран во Конгресот во 1846 година
Џон Ф. Кенеди беше избран во Конгресот во 1946

Абрахам Линколн беше избран за претседател во 1860 година
Џон Ф. Кенеди беше избран за претседател во 1960 година

И на двајцата презимињата им се со седум букви.
Двајцата беа посебно загрижени за граѓанските права

Нивните сопруги ги изгубија своите деца додека живееја во Белата куќа.

Двајцата Претседатели беа убиени во поток.
Двајцата Претседатели беа смртно погодени во глава.

Секретарката на Линколн се презиваше Кенеди.
Секретарката на Кенедисе презиваше Линколн.

Двајцата Претседатели беа погодени од атентатори “јужњаци“
Двајцата Претседатели беа заманети со исто така Претседатели “јужњаци“ и двајцата беа со исто презиме Џонсон.

Ендрју Џонсон заменикот на Линколн беше роден 1808 година.
Линдон Џонсон заменикот на Кенеди беше роден 1908 година.

Атентаторот на Линколн беше роден 1839 годинба.
Атентаторот на Џ.Ф. Кенеди беше роден 1939 година.

Таткото на Џ.Ф. Кенеди беше Амбасадор во Англија со резиденција во Court of St James
Синот на Линколн стана Амбасадор во Англија со резиденција во Court of St James

Двајцата атентатори беа познати по нивните три имиња. John Wilkes Booth и Lee Harvey Oswald
Двете имиња им се по петнаесет букви.

Линколн беше погоден во театарот ФОРД
Кенеди беше погоден во претседтелскиот автомобил од марката ЛИНКОЛН.

Линколновиот атентатор избега од местото на настанот од театарот а беше фатен во магацин.
Кенедиевиот атентатор избега од местото на пукање од магацин а беше фатен во театар.

Двајцата атентатори не дочекаа судски процес. И двајцата пред тоа беа убиени со атентат.

Веднаш по атентатот на Линколн се прекина телеграфскиот сообраќај.
Веднаш по атентатот на Кенеди се прекина телефонскиот сообраќај

Недела дена пред атентатот Линколн престојуваше во Монро, Мериланд.
Недела дена пред атентатот Кенеди престојуваше кај Мерилин Монро.

И двајцата претседатели на денот дале две пророчки изјави: Неколку часа пред да убиен Линколн на своето обезбедување им рекол: “ Доколку сака некој да ми го одземе животот, тука не можам ништо да направам да го спречам“.
Неколку часа пред Кенедиевото заминување за Далас каде беше извршен неговиот смртоносен атентат, Кенеди и’ рекол на Жаклина ( сопругата). “Доколку сака некој да ме убие од некој прозор со пушка, никој тоа не може да го спречи. па зошто воопшто за тоа да размислуваме и да се грижиме.“

Но има уште една многу интересна страница . Има толку интересни податоци што навистина не можам да издвојам кој е најинтересен. Авторот на текстот прави споредби и анализи на овие две личности што во еден момент вели дека длабоко верува Кенеди е реинкарнација на Линколн. А зошто? Видете овде.

Реинкарниран по 100 години?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Постов ти е повеќе за во Коинциденции, барем вака како што изгледа, но сепак, како што го прикажа мислам дека и тука се вклопува, одлично сторено и навистина интересно, не сум го знаел ова досега :smir:

едит: ти го средив постот и грешките кои беа во него. :)
 

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Добро, а некој ќе ми каже од тие кои веруваат многу во ова, дали сево ова, истиот човек е свесен, или воопшто и не ни знае дали бил и кој бил претходно ?
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Јас би сакал реинкарнација само под услов и во новиот живот да сум свесен за мојот минат живот. Не за друго, имам направено доста грешки :tv:, па да не ги повторам.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Јас би сакал реинкарнација само под услов и во новиот живот да сум свесен за мојот минат живот. Не за друго, имам направено доста грешки :tv:, па да не ги повторам.
Супер мислење почитувам оригиналност :).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom