Редовна војска повторно?

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
*така е,пожелно е државата да се организира и да воведи задолжителна обука која би траела не повеќе од 2 месеци.....Македонецот е нешто слично како Израелецот од аспект дека е под постојана закана од поголеми народи,треба посериозно да се сватат некои работи......
 
Г

Господ

Гостин
А колку души активна војска треба да има?
100000?
200000?

Ко Хоџа да го слушам....овој ќе не нападне,оној ќе не нападне.Што ќе се случува на Балканот не зависи од ниедна држава и нејзиниот народ на Балканот.

Ајде,почнете да ги градите бункерите...ако ви е утеха...и чувство на безбедност.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
376
Поени од реакции
27
А колку души активна војска треба да има?
100000?
200000?
Не активна-активната е доволно,зборувам за резервен состав,според мене околу 120.000 луѓе(може и повеќе)кој би биле способни да се борат доколку бидат мобилизирани.
Ко Хоџа да го слушам....овој ќе не нападне,оној ќе не нападне.Што ќе се случува на Балканот не зависи од ниедна држава и нејзиниот народ на Балканот.
И?
Да се помириме со тоа?Класично Македонски тоа е немаме потреба од армија секако не зависи од нас:tapp:
Ајде,почнете да ги градите бункерите...ако ви е утеха...и чувство на безбедност.
Па работат сите на тоа,не толку застарени методи како градење на бункери но сите земји околу нас работат на модернизирање и зајакнување на нивните армии,грција е милијарди задолжена и ЕУ над глава и виси но тие со ребалансите ни едно евро не и ускратија на војската,нема криза за армијата.
Исто е со сите соседи,сите не поминаа(уште со косово сме тука негде)кога ќе се изгаснат светлата во ,,крчмава,,сите ќе се фатат за нож,само ние за к*р ќе се фатиме....
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
за 2 месеци не можеш кола да научиш да возиш салам а камоли да бидеш војник.Војник не е само да научи да расклопи и склопи пушка и да пука. То е само идиот со оружје. Војник треба да биде дел од единица. Да знае кои му се задачите и должностите и како да постапува во разни ситуации како дел од единицата.
Премногу млади момчиња загинаа до сега оти само ги научија како се пука и ги пратија во борба...
Во бившата ЈНА обуката траеше 6 месеци. И уште 6 тоа наученото се утврдуваше, и по завршување на рокот се повикуваше на помали или поголеми вежби. Сето тоа кошта грдни пари.
Кога се мобилизира резервен состав на единица таа не се смета дека е борбено способна 5-7 дена. Кога ѓе собереш во неа луѓе од разни годишта од млади 19-20 годишни до 40 годишни, додека се запознат маввикнат некој служеше пред 20 години некој пред 10 некој пред 5 некохј работеше во канцеларија или таксист не може да помине 100 метра со опрема а да не се задише, старешините да се запознаат со луѓето да оценат на кој степен е знаењето и моралот...... ќе заврши војната додека бидат спремни или ќе ги пратиш така неорганизирани неспремни да изгинат.
А дека со редовен состав ќе се одбрани земјата - тешко. Па нарочно со 2 месечна редовна војска. Во било кој момент од тие 2 месеци тие ќе бидат недообучени пилиштарци.
Професионална мала војска е нешто што можевби има смисла иако и то е под знак на прашање, а дека со некоја земја ќе војуваш со 10.000 професионални војници - тешко. Некаде идеалнио на 10.000 војници ќе имаш 3000 во борбени единици и 7000 во заднинско командни (Инженерија, врски, санитет, интендант, транспорт, технички бази...) Тие 3000 ќе бидат во мирно време распоредени во 6-7 града низ МК и пак нема да можат веданш моментално да стапат во акција каде треба. Евентуално можат да даваат отпор додека меѓународната заедница со свои механизми не го сопре конфликтот.
Не знам дали прати некој како денес војува земја со земја, тоа се кратки молскавоични акции а да се оствари целта не се потребни повеќе од 5-10 дена и то со удари од воздух и брзи продори на оклопно механизирани единици. кој ќе го дочека ударот од воздух? кои радар ПА батерии, ловци?? значи треба да изградиш систем само за ПВО кој ќе чини некоја стотина милиони евра и кој ќе биде пстојано на штрек.
Кој ќе застане оклопен клин кој продира со 30-50 км на час?? за 3 часа е веќе и до 150 км длабоко (а толку е речиси цела МК)
Значи систѕем за противоклобна борба (лансери, самоодни орудија, тенкови....) постојано на штрек и то ќе кошта пари.
Кој ќе удира по колоните кои надираат? значи повеќе цевни фрлачи, хаубици, топови....... кои ќе бидат постојано на штрек..
Сето то е скапо и треба постојано да е активно. Не можеш да држиѓ во резерва па ако дојде до конфликт да с спремаш 4-5 дена да се браниш. Во случај на МК секој сукоб ќе се реши во првите денови ак о не и сати. А со “џомби“ од 2 месеци - ТЕШКО!
 
Г

Господ

Гостин
Не активна-активната е доволно,зборувам за резервен состав,според мене околу 120.000 луѓе(може и повеќе)кој би биле способни да се борат доколку бидат мобилизирани.
Во Македонија има над 500000 души способни за војска.

И?
Да се помириме со тоа?Класично Македонски тоа е немаме потреба од армија секако не зависи од нас:tapp:
А како очекуваш ти да почне конфликт.И сериозно очекуваш никој ама баш никој да не се вмеша во тој конфликт?

Па работат сите на тоа,не толку застарени методи како градење на бункери но сите земји околу нас работат на модернизирање и зајакнување на нивните армии,грција е милијарди задолжена и ЕУ над глава и виси но тие со ребалансите ни едно евро не и ускратија на војската,нема криза за армијата.
Исто е со сите соседи,сите не поминаа(уште со косово сме тука негде)кога ќе се изгаснат светлата во ,,крчмава,,сите ќе се фатат за нож,само ние за к*р ќе се фатиме....
И што кога сите ќе ги зајакнеме нашите војски?
Ќе се тепаме?
Не е ова Ред Алерт...и што правиме со трошоците ЗА ВРЕМЕ на војната.Гориво,хранарина,поправки,муниција етц етц?
 
P

PewDiePie

Гостин
Абе гледам ја вратија редовнава војска :tv:
Копиљациве ми се најјаки што се маваат у гради,уште к*рот незнаат да го држат у рака,пушка ќе држеле па уште за без пари сакаат да служат војска бре бре хаха одете бе деца бркнете некое пиче,глејте факултет завршете да станете академски граѓани на земјава па ако дојде време да ја браните да го сторите тоа со знаење,зошто ако дојде до тоа пушка да се фаќа во Македонијава и сите машки од 5 до 65 год да фатат пушка во рака џабе ќе ни е.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
А мислиш дека тие 8.000 воени лица се доволни за одбрана на земјава?Најмала по бројност(после косово)и една од најслабо вооружените армии е нашава.Само филмови си правите-нато ова она.
Да сите мажи треба да знаат не само како изгледа туку и добро да го користат огненото оружје(јас лично мислам и жените треба)
Ситуацијата треба реално да се гледа-опкружени сме со луѓе кој ни го мислат најлошото,сега можеби има некоја стабилност(нато/еу)но кој ја гарантира таа стабилност?
Од каде знаете дека таа нема да се наруши утре,или по 5 години?
А нашите соседи чекаат само прилика,доста е да серасформира некој од сојузите или амин да им рече некоја светска сила и м****о ќе ни го е**т!Побарај некоја книга за периодот помеѓу двете светски војни во било кој дел на окупирана Македонија и ќе видиш што ќе кркаме од нив ако им паднеме во раце.Ебати времето скапоцено кога пола Мк младина по цел ден по кафиња дреми,да бевте доктори,научници сите па да се вадите дека 3 месеци ви менуваат:tapp:
Живееме во цивилизирано општество!
Од вакви пацифистички глупости ми се повраќа,кое цивилизирано општество?Цел свет војува само ние се најдовме миротворци,цивилизирано општество ќе градиме:pos2:Кажи еден пример за ,,цивилизирана,, држава.
Ако може да забележиш јас го имам кажано тоа "КАКО ДА НЕ" за цивилизирана држава , и пред да цитираш некој прочитај го правилно текстот кој го цитираш.

-Од кој да се браниме ? Против кој имаме шанси ? Сите ќе не стуткаат во куфер. И која војна помогнала на некоја држава ? Во војна нема ПОБЕДНИК ! СИТЕ СЕ ГУБИТНИЦИ ! Ние во војна само може да загубиме уште некое парче од нашава земја , а со оглед на тоа дека при секоја војна на регионов ние губиме по некој дел , уште една војна пуздер ќе не напрај.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
376
Поени од реакции
27
А како очекуваш ти да почне конфликт.И сериозно очекуваш никој ама баш никој да не се вмеша во тој конфликт?
За почеток на конфликт не треба многу,2001 како почна?Зориваше работата од година во година и пукна во 2001.Така ќе биде и со секој нареден конфликт.Ретардирани се муабетите дека ова е 21 век заврши времето на војните,мир на земјата и слични хипи срања,војни ќе има дури не нима нас.За вмешување и да се вмеша некој на другата страна ќе се вмеша(како 2001 кај нас),или пак вмешувањето ќе биде толку долго бескорисно што кога ќе се вмешаат сериозно касно ќе биде(војната во Југославија кога УН дозволуваа масакри на цели села и чекаа 5 години да се војува за да ја бомбардираат србија)
И што кога сите ќе ги зајакнеме нашите војски?
Ќе се тепаме?
Не е ова Ред Алерт...и што правиме со трошоците ЗА ВРЕМЕ на војната.Гориво,хранарина,поправки,муниција етц етц?
Детски муабет е ова брат,кога ќе ги зајакнеме ќе имаме колку толку капацитет да пружиме ако ништо друго отпор бидеќи во моментов луксембург може да не прегази.Трошоците за време на војна,Што да ти одговорам на ова?Да капитулираме тогаш без војна за да не се потрошиме многу.
Или ако мислиш на тоа дека помала војска полесно се одржува во војна тоа е точно,ама помала војска-помала работа врши:smir:

--- надополнето ---

А мислиш дека тие 8.000 воени лица се доволни за одбрана на земјава?Најмала по бројност(после косово)и една од најслабо вооружените армии е нашава.Само филмови си правите-нато ова она.
Да сите мажи треба да знаат не само како изгледа туку и добро да го користат огненото оружје(јас лично мислам и жените треба)
Ситуацијата треба реално да се гледа-опкружени сме со луѓе кој ни го мислат најлошото,сега можеби има некоја стабилност(нато/еу)но кој ја гарантира таа стабилност?
Од каде знаете дека таа нема да се наруши утре,или по 5 години?
А нашите соседи чекаат само прилика,доста е да серасформира некој од сојузите или амин да им рече некоја светска сила и м****о ќе ни го е**т!Побарај некоја книга за периодот помеѓу двете светски војни во било кој дел на окупирана Македонија и ќе видиш што ќе кркаме од нив ако им паднеме во раце.Ебати времето скапоцено кога пола Мк младина по цел ден по кафиња дреми,да бевте доктори,научници сите па да се вадите дека 3 месеци ви менуваат:tapp:
Ако може да забележиш јас го имам кажано тоа "КАКО ДА НЕ" за цивилизирана држава , и пред да цитираш некој прочитај го правилно текстот кој го цитираш.
Забележав ама целта на муабетот ми беше,за тоа не сме криви ние,цел свет е не цивилизиран и нема што ние мајка тереза да изиграваме.
-Од кој да се браниме ? Против кој имаме шанси ? Сите ќе не стуткаат во куфер. И која војна помогнала на некоја држава ? Во војна нема ПОБЕДНИК ! СИТЕ СЕ ГУБИТНИЦИ !
Така е!Мејк лав нот Вар!
Во војна немало победник,јас не ти викам бе брат да се спремаме за војна во офанзивна смисла,не сум од забеганите Солун што ќе го освојуваат!Дефанзивно,уште оваа земја ни остана барем нејзе да можеме да ја одбраниме.

Ние во војна само може да загубиме уште некое парче од нашава земја , а со оглед на тоа дека при секоја војна на регионов ние губиме по некој дел , уште една војна пуздер ќе не напрај.
Е да си здрав и жив,цело време јас ова го зборувам,не можеме да си дозволиме уште еднаш да не фатат со турнати гаќи зошто последно ќе ни биде...
 
Г

Господ

Гостин
За почеток на конфликт не треба многу,2001 како почна?Зориваше работата од година во година и пукна во 2001.Така ќе биде и со секој нареден конфликт.Ретардирани се муабетите дека ова е 21 век заврши времето на војните,мир на земјата и слични хипи срања,војни ќе има дури не нима нас.За вмешување и да се вмеша некој на другата страна ќе се вмеша(како 2001 кај нас),или пак вмешувањето ќе биде толку долго бескорисно што кога ќе се вмешаат сериозно касно ќе биде(војната во Југославија кога УН дозволуваа масакри на цели села и чекаа 5 години да се војува за да ја бомбардираат србија)
Јас не викам дека завршиле времињата на војување,за жал далеку сме од тоа.
А за вмешување рецимо започне конфликт ко 2001.Албанците пак почнат да се бунтуваат.Може да се придружи Косово.Може да се придружат невладини терористички групи од Албанија.
Муџахедините од Босна кај се?

Детски муабет е ова брат,кога ќе ги зајакнеме ќе имаме колку толку капацитет да пружиме ако ништо друго отпор бидеќи во моментов луксембург може да не прегази.Трошоците за време на војна,Што да ти одговорам на ова?Да капитулираме тогаш без војна за да не се потрошиме многу.
Или ако мислиш на тоа дека помала војска полесно се одржува во војна тоа е точно,ама помала војска-помала работа врши:smir:
12000 професионалци се подобри од 120000 неспособњаци.Башка,што имаме ние за одбрана?

Поседуваме 40+ години стари тенкови и 35 годишни сухои :pos:
Еден асален тенк да купиме цела каса ќе ја испразниме а да не зборам за одбранбени системи.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
значи во секој случај сме инфериорни кон сите,никаква обука,никаква војска не ни треба.....се чудам зошто воопшто ни треба МО,нека се распушти,доста е МВР да си ја брка работата....кој и да не нападне потпишуваме капитулација со две раце-ќе бидиме во ЕУ и НАТО преку ноќ
 
Г

Господ

Гостин
-Од кој да се браниме ? Против кој имаме шанси ? Сите ќе не стуткаат во куфер. И која војна помогнала на некоја држава ? Во војна нема ПОБЕДНИК ! СИТЕ СЕ ГУБИТНИЦИ ! Ние во војна само може да загубиме уште некое парче од нашава земја , а со оглед на тоа дека при секоја војна на регионов ние губиме по некој дел , уште една војна пуздер ќе не напрај.
За ова не се согласувам...војната е профит :)
САД мнооооооогу си придоби од втората светска војна.Па и Германија ко што гледаш не е за жалење.Е се малишана ко нас...ние увек губиме.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
значи во секој случај сме инфериорни кон сите,никаква обука,никаква војска не ни треба.....се чудам зошто воопшто ни треба МО,нека се распушти,доста е МВР да си ја брка работата....кој и да не нападне потпишуваме капитулација со две раце-ќе бидиме во ЕУ и НАТО преку ноќ
A кој ќе не нападне?
 
Ајде кажи ти,како би одбранил од Грчко Воздухопловство со помош на сухоите кои ги поседуваме?
Би влегол во војна жртвувајки го цел народ?
Знам...смрт или слобода...али веруј ми,на твојот народ не си му потребен мртов...
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
затоа Македонија ја има како партнер Турција и нејзиното пријателство кон нас,а обратно кон грција.....мислам дека Турција беше клучниот фактор поради кој Македонија не се подели 91-92 година(можеби се лажам)...и не е СЕ во големината,многу е битно да ги користиш своите ресурси максимално,како што спомна Лет треба јако ПВО,а тоа го немаме....можиме да дискутираме колку сакаме,меѓутоа да добиеш војна пред се треба да имаш мотивирана војска,техниката која ја води војната можеш да ја купиш,меѓутоа моралот на војската е сосема друга работа...
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Кој ке не напаѓа нас па војска да служат лугево бе.
Со американциве сме гс и гаки.
Све им дадовме што поише би ни земале.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom