Регистрирање на фирма?

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Прашање : дали малолетно лице може да отвори фирма, дооел, конкретно?
 
Член од
14 октомври 2015
Мислења
43
Поени од реакции
24
Заинтересирана сум да отворам фирма ТП, сакав да прашам дали фирмата може да обавува две дејности/два бизниси истовремено? Пример, едниот бузнис е правење рачни изработки (персонализирани постери кои ги продавам, а сакам да овозможам онлајн продажба преку веб страна), а вториот бизнис е друга веб страна каде би нудела закуп на огласен простор на фирми.
За оваа форма ТП на фирма сум заинтересирана поради ниските трошоци за отворање и одржување на фирмата имајќи предвид дека двете бизнис идеи се еден вид second job од кој не очекувам големи приходи, пр 1-2 просечни плати заработка. Свесна сум и за ризикот од отворање ТП во однос на тоа дека одговараш и со личниот имот и капитал.
 
Член од
15 април 2020
Мислења
2
Поени од реакции
0
Дали може да сум вработен во една а да основам моја фирма каде што би бил управител и таа фирма да постои така само со управител
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
8
Поени од реакции
20
Prijateli forumdzii jas resiv pred izvesno vreme da zapocnam so davanje na smetkovodstveni uslugi vo kombinacija so odlicna perspektivna advokatka so specijalizacija vo delovno pravo ( otvaranje firmi i se okolu toa vrv e), taka da sme celokupen paket za novi firmi. Sto mozeme da si pripomogneme.
@vlade4o Контактирајте ме во порака доколку сте заинтересирани за соработка за печати за фирмите што ги регистрирате. Поздрав :)
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
109
Поени од реакции
32
Здраво на сите!
Работам со деца (приватно) веќе 2 години. На почетокот не очекував дека ќе имам голема заинтересираност, па сакам да го легализирам сето тоа.
Кажете ми мислење за регистрирање на едукативен центар, или целодневен престој (со храна), или нешто слично. Дали се исплаќа, кои услови треба да се исполнат, дали во Македонија може такво нешто да опстои во смисла на даноци, инспекции и слично.
 
Член од
19 ноември 2017
Мислења
18
Поени од реакции
3
Здраво,

Прочитав многу мислења околу отворање на дооел фирма, но не успеав да извадам нзс.

Сакам да отворам дооел и да работам програмерски услуги со странски фирми. Едноставно така ми наложуваат, не сакаат да работат директно со физички лица. Значи не ми треба ништо што веќе го немам во станот во кој живеам.

Ако знае некој да ми образложи/потврди на следните точки:

- бидејќи сакам фирмата да се води на мојата домашна адреса, дали сметките би се смениле во индустриски? Сеуште би ги плаќал како физичко лице. Сметководителот вели дека ова би се случило само доколку некој експлицитно ме пријави во ЕВН на пример.

- прочитав и дека е потребен влог од 5000 еур?

- се пријавувам себе како вработен во мојот дооел и си плаќам придонеси на минималец. Остатокот го подигнувам на крај година со 10% персонален данок. Дополнителен 1% ако надминувам 3 милиони денари.

- колкав трошок има и колку време е потребно да се затвори фирмата доколку утре ми текне да сакам да престанам со работа?

Благодарам однапред.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.653
Поени од реакции
34.941

Нема да се сменат по автоматизам во индустриски.
Единствено ако си во Скопје, ќе ти пратат да си платиш комунална такса на објектот (стотина евра).

Да, треба 5000 евра, но не мораш да ги уплатиш веднаш, само ќе треба да наведеш дали е паричен/непаричен влог (иако и ова мислам дека може да се промени понатаму). Тие 5к евра уплати ги по една година, таман дотогаш ќе знаеш дали ќе оди бизнисот или не.

Ако не ги платиш може и да ти ја затворат самите (најефтиниот начин), ама може и да ти пишат и прекршочна. Инаку стечајна постапка, или ликвидација, мислам ќе те фатат до кај 600 евра, сепак не сум баш запознаен со деталите кај овие две (само пази што ќе купуваш преку фирма, да не се заглавиш во пребивање на ддв).

Можеш да ги вадиш на минималец, а останатите да ги правдаш како трошоци, или пак со договори за деловно техничка соработка, НО не е препорачливо ако станува збор за големи суми. Пример да пуштиш како плата 22 000, а да вадиш како останати трошоци уште 200 000.
 
Член од
19 ноември 2017
Мислења
18
Поени од реакции
3
Зошто како останати трошоци? Мислев на крај година како добивка, еден вид дивиденда.

Инаку не планирам да купувам производи на фирма за да ќарам на ддв. Доволно ми е само да си имам чисти примања кои ќе ги повлекувам годишно.

Тие 5000 еур ако ги вложам во старт, можам да ги извадам со остатокот од добивката на крај година? Или мора секад да има минимум 5000 на сметката.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.170
Поени од реакции
15.981
Зошто како останати трошоци? Мислев на крај година како добивка, еден вид дивиденда.

Инаку не планирам да купувам производи на фирма за да ќарам на ддв. Доволно ми е само да си имам чисти примања кои ќе ги повлекувам годишно.

Тие 5000 еур ако ги вложам во старт, можам да ги извадам со остатокот од добивката на крај година? Или мора секад да има минимум 5000 на сметката.
Абе има финта да не дадеш ни денар као почетен капитал, требало да ти каже на тоа сметководителот.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.653
Поени од реакции
34.941
Зошто како останати трошоци? Мислев на крај година како добивка, еден вид дивиденда.

Инаку не планирам да купувам производи на фирма за да ќарам на ддв. Доволно ми е само да си имам чисти примања кои ќе ги повлекувам годишно.

Тие 5000 еур ако ги вложам во старт, можам да ги извадам со остатокот од добивката на крај година? Или мора секад да има минимум 5000 на сметката.
Секој месец, има начини да ти ги оправда сметководителот, само малку креативност. Во зависност од земјата за која работиш, може да имаш/или да немаш двојно оданочување.

Не, тие 5000 евра можеш да ги ставиш и после месеци (пожелно под 1 година), само ќе ги поминете горе, ќе изгубиш 120тина евра за адвокатски трошоци за да ти се упише влогот, и ќе ги извадиш, твои се после тоа, никој не ти ги бара.
 
Член од
19 ноември 2017
Мислења
18
Поени од реакции
3
Абе има финта да не дадеш ни денар као почетен капитал, требало да ти каже на тоа сметководителот.
Сметководителот воопшто не ми спомна за почетен капитал.

Нема да се сменат по автоматизам во индустриски.
Единствено ако си во Скопје, ќе ти пратат да си платиш комунална такса на објектот (стотина евра).
Во Скопје сум. Тоа месечно или годишно?

Секој месец, има начини да ти ги оправда сметководителот, само малку креативност. Во зависност од земјата за која работиш, може да имаш/или да немаш двојно оданочување.
Мислиш сметководителот да наоѓа варијанти и да ми ги исплаќа месечно наместо да ги добијам на крај година?
Мислам дека оданочувањето е само на моја страна. Фирмата е со седиште во Србија но исплата би стигала од САД во девизи ($) при што се договарав да ме исплаќаат бруто, па јас да си покријам давачки тука (10% персонален данок при подигнување на годишната добивка и 1% доколку сум над 3 милиони).

Не, тие 5000 евра можеш да ги ставиш и после месеци (пожелно под 1 година), само ќе ги поминете горе, ќе изгубиш 120тина евра за адвокатски трошоци за да ти се упише влогот, и ќе ги извадиш, твои се после тоа, никој не ти ги бара.
А тие 5000 може да се искористат од приливите што би ги имал во текот на годината наместо да ги уплаќам јас?

---------

Друго, данок на добивка се пресметува на вкупната бруто сума уплати што сум ја имал во годината или на моменталното салдо на крај година?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom