Добро, читајки ги сите претходни постови разбрав дека иако сум вработен можам да поседувам фирма, вака сеа работата што сакаме да ја работиме бара лиценца, е сеа прашањето е дали лиценцата мора да ја има Управителот или сопственикот на фирмата еве ви извадок од законот па кој ке може да го протумачи....
(1) Стручните работи на шуми во приватна сопственост ги вршат правни и физички лица кои поседуваат лиценца за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост.
(2) Со лиценцата за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост, лиценцираните правни и физички лица се овластени да ги извршуваат следниве работи:
1) ознака за сеча и водење на евиденција согласно со членовите 62 и 63 од овој закон;
2) пополнување на евиденциски картон за приватни шуми за евидентирање на извршените работи по вид и рокови на извршување, по обем и вид на сеча, одржување и унапредување на шумите и претходно извршените работи согласно со членот 29 став (9) од овој закон;
3) издавање на одобрение за сеча согласно со членот 67 од овој закон;
4) жигосување на исечено дрво и дрвни сортименти и издавање на испратница за
исеченото дрво и дрвните сортименти за превоз или пренос од местото на утовар или од место до место согласно со членот 69 од овој закон и
5) пополнување и водење на месечен извештај во посебни образци (сеча, дотур и
превоз), за секоја шумскостопанска единица, односно за секоја катастарска парцела (КП) посебно согласно со членот 39 од овој закон.
(3) Правното лице за да поседува лиценца за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост треба да е регистрирано во трговскиот регистар при Централниот регистар на Република Македонија за вршење на работи од областа на шумарството и да има вработено најмалку едно лице со лиценца за извршување на стручни работи за шуми во приватна сопственост.
(4) Физичко лице за да поседува лиценца за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост треба да е со високо образование дипломиран шумарски инженер - насока шумарство и да има најмалку две години работно искуство во областа на стопанисување со шумите.
(5) Физичко лице лиценцирано за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост за да може самостојно да ја врши оваа дејност мора да е
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
11
регистриран како правното лице од ставот (3) на овој член за вршење на работите од областа на шумарството, да изработи шумски чекан за ознака за сеча и шумски чекан за жигосување на дрво и дрвни сортименти и истите да ги евидентира кај органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.
(6) Правното лице кое поседува лиценца за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост, работите на жигосување на исечено дрво и дрвни сортименти и пополнување на испратница може да ги извршува преку стручно лице со високо образование дипломиран шумарски инженер - насока шумарство, со или без работно искуство во областа на стопанисување со шумите, или преку стручно лице со средна стручна подготовка шумарски техничар - насока шумарство, со или без работно искуство во областа на стопанисување со шумите, вработени во правното лице кое поседува