1. доколку фирмата постои и нема постојан приход (да речеме остварува добивка еднаш во три месеци) дали сеуште важат истите давачки? Зборувам за фирма-поединец.
- Да, обврските нема да прекинат поради тоа што фирмата не прави добивка.
2. Ако јас сум сопственикот дали самиот на себе треба да си “плаќам“ минималец.
- Да ако си пријавен во фирмата, и секако не мора минималец
3. И дали тој износ треба да фигурира во некои папири што ќе ги води сметководител?
- Апсолутно да
4. Дали воопшто морам да плаќам минималец?
- Не, дај Боже да имаш да го помножиш со 10 секој месец ... колку за почеток

5. благодарам однапред
- Повели и друг пат
Една забелешка ... имаш напишано да си “плаќам“ минималец. Не си плаќаш ти ништо, фирмата ти плаќа, тоа што си сопственик не значи дека фирмата си ти. Раздвои ги џеповите од почеток, десниот твој, левиот на фирмата и така однесувај се. Парите на фирмата не се твои, твои ќе бидат кога ќе ги ставиш во десниот џеб (оданочени, евидентирани, точно пресметани), но исто така и обврските на фирмата не се твои (државата и фирмите доверители ќе ти земат од левиот џеб, но не и од десниот), така да накратко фирмата не си ти, ниту фирмата е ти. Така те третираат и законите, а верувај ми добро ќе е да се избориш така да те третираат сите.