Дискретната смрт на методологијата
Војислав Саракински
Работејќи во рамките на проектот на МАНУ „По трагите на писмото и јазикот на
античките Македонци“, професорите Т. Бошевски и А. Тентов од Електротехничкиот
факултет решиле за првпат во животот да се фатат во костец со дешифрирање на стари
писма и расчитување на стари јазици. Тие го „расчитаа“ средниот текст на Каменот од
Розета и го прогласија за старомакедонски.
1
Она што воопшто не нé изненади е
степенот на јавна еуфорија што уследи во земјава – како и речитиот молк на
научниците, особено на оние во странство. Битката за тираж и за гледаност е
бескомпромисна; истите новинари и „специјалисти“ за античка историја што се
изнапишуваа и изназборуваа за некаква таинствена бронзена книга на
старомакедонски,
2
а потоа нé потресоа со веста дека гробот на Александар Македонски
е тука, кај нас,
3
повторно ги наострија перата. На што се сведе целата работа првиот
пат? На ништо – а и вториот пат, исто така на ништо. Некако ми се чини дека и третиот
пат не ќе биде различно; но, за секој случај, вреди да се каже збор-два и за ова. Ако не
за друго, барем затоа што кај нас, како што дознав неодамна, молчењето не значело
дека некого игнорираш, туку дека признаваш дека е во право.
Тука не мислам да се впуштам во некаква епиграфска анализа, ниту пак да
влегувам во лингвистичка дискусија за наодите на професорите. За такви нешта се
дискутира со епиграфичари, со историчари и со лингвисти, значи – со луѓе што знаат
антички јазици, и на кои оваа проблематика им е занимање. А интересот на двајцата
професори за темава очигледно се јавува задоцнето во нивната професионална кариера,
па тие тешко можат да бидат академски квалификувани соговорници за тоа.
Лингвистиката ќе ја оставам настрана; поскоро, сакам да се осврнам на начинот на кој
размислуваат и го прикажуваат проблемот, на научната методологија со која се
служеле, и воопшто, на прашањето дали тие, како луѓе од науката, не ја згазиле
научната методологија што досега веројатно ја почитувале, и тоа во име на некакви,
само ним познати идеи.
Најпрвин, ќе се задржам на основното прашање, што мора да се одговори пред да
се дискутира за какво и да е писмо или јазик. Што е каменот од Розета? Во последно
време, јавноста почна на овој камен да му припишува дури и извесна нота на
таинственост: каменот од Розета, таинствениот камен каде цело време ја имало
1
T. БОШЕВСКИ & A. ТЕНТОВ, „По трагите на писмото и на јазикот на античките Македонци“, Прилози
26.2, Одделение за математичко-технички науки, МАНУ 2005 (излезено од печат во мај 2006).
2
Види, на пример, „Вест“ бр. 519 (30.03.2002).
3
Види, на пример, „Вест“ бр. 501 (09.03.2002), врз основа на П. КАМБУРОВСКИ, Гробот на Александар
Македонски, Скопје 2001. 2
вистината за јазикот на античките Македонци! Возбудливо, но, како што ќе видиме,
крајно погрешно. Вистината, за жал, е многу попрозаична: еве за што станува збор.
По смртта на Александар III Македонски и по последователните договори и делби
на неговата империја, Египет му припаднал на македонскиот благородник Птолемај.
4
Тој, пак, успеал да се справи со првичните тешкотии и, во општи рамки, владеел мудро
и снаодливо – па станал и родоначелник на династијата Птолемаиди.
5
Птолемаидите
владееле со Египет од 323 до 31 година ст.е., значи близу три века; како и сите
владетели, и тие го усовршувале устројството на нивното кралство, ги осмислувале
односите со свештенството, со земјоделците, со војската. За таа цел, Птолемаидите
објавиле серија кралски декрети и наредби; понекогаш декретите имале слична
содржина, или пак се однесувале на иста работа, но биле обновувани и објавувани од
неколку кралеви последователно; во таков случај, станува збор за т.н. „серија од
декрети".
6
Прочуениот камен од Розета, за кој одненадеж почна толку многу да се пишува, е
само еден зачуван и познат пример на документ од таква серија декрети. Прв и најстар
во оваа серија е т.н. Декрет од Каноп, објавен во 229 год. ст.е. од кралот Птолемај III
(247-221 год. ст.е).
Овој декрет е исклучително важен во историската наука. Освен што
е украсен со специфични релјефи со воена и религиозна содржина (кралот, под закрила
на боговите, победува непријатели), во дел од текстот станува збор за воведување на
нови религиозни празници и нивно распоредување во годината – па документот содржи
и опис на најточниот антички календар за кој се знае досега.
7
Втор документ во оваа
серија е т.н. Прв декрет од Мемфис, објавен во 218 или 216 год. ст.е. од кралот
Птолемај IV (221-203 год. ст.е.); и овој декрет се однесува на истата работа.
8
Трет, и
последен документ во серијата е т.н. Втор декрет од Мемфис, чиј препис е и на
Каменот од Розета – повторно варијација на истата тема, објавен во 196 год. ст.е. од
кралот Птолемај V (203-181 год. ст.е.).
Бидејќи станувало збор за документи што треба да се постават во сите храмови на
кои се однесувале (значи, за натписи од јавен карактер), овие декрети биле испишани
на стели и умножувани речиси сериски. Токму благодарение на ова, декретите на
Птолемаидите се одлично проучени. Декретот од Каноп, на пример, е зачуван во три
примероци: него го има на Првата Канопска стела (37 реда хиероглифски текст, 74
4
Најпрвин со Договорот во Бабилон (323 год. ст.е.), состојба потврдена и со Договорот во Трипарадис
(321 ст.е.). Детално за ова кај Ф. ПАПАЗОГЛУ, Историја на Хеленистичкиот период, Скопје 1995, с