Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Бидејќи претходно ја споменав Бела Чао, греота е да не ја пуштам и Лили Марлен, како песна која повеќе ми лежи и ја преферирам.
Затоа можеби и ја добија партизаните војната поенергична е музиката на комунистичката багра, додека оваа има емоции и спокојност и се во неа.
(немојте да правите некаква корелација во изходот. Битката со пушењето ќе биде разрешена според законот).
п.с. инаку во сите министерства каде бев, се пуши слободно во канцеларијата на главните фраери и околина.
 
VertigO

750ml ракија
Член од
11 декември 2008
Мислења
297
Поени од реакции
47
Законот е одличен според мене (што се однесува за законот). Скоро секаде низ светов е така... НО. По другите земји има во дискотеките одредени простории (значи ВНАТРЕ) каде може да се пуши. Таман работа целосно да се забрани пушењето, па сигурно од 100 луѓе сега во тоа место би доаѓале одвај 10. Толку од промет и заработувачката на клубот/дискотеката. За во кафичите, надвор, покрај секоја маса има поставено едни "печурки" или бутан-плинови кои ги палат за да можат пушашите надвор на топло да седат и сите да бидат среќни и весели никој никому да не му смета. Додека не се среди бар до толку ги подржувам сите тие што се против законов. Вака се дискриминира, вака нема компромис.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Нема ни потреба од компромис, затоа е закон.
Да имаше опција за компромис ќе се викаше можно решение.
Вака е закон и ќе го почитувате.
 
VertigO

750ml ракија
Член од
11 декември 2008
Мислења
297
Поени од реакции
47
А тогаш зашто во другите земји не стигнале да се бунат за ваквиот закон како што испадна кај нас. Чув дури дека се штрајкувало (незнам дали ипак се случил штрајот пошто веќе месец дена немам дојдено доле) Плиновите и посебните простори за пушачи што се? Решенија нели? Секој законот треба да содржи компромисно решение, а вака искрено не гледам што разрешиле освен поголемо незадоволство и намален промет. Второто посебно.
 
Законот е јасен.
Исто би можела да бараш компромис за тоа кога се возиме дали треба да сме со запалени светла во лето, по најголемата жештина и прегледност.
Нема тука компромиси и забеанции. Закон си е закон.
Да не имаш некој проблем со тоа како државата функционира?
Се знае, откога е во службен весник и валидно, дека ќе се спроведува.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Додуше, треба да дозволат отворање на cigar bars, но, како и да е, сепак, закон е закон и мора да се почитува, ако сакаме правна држава, а не и понатаму лојпурска банана.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Сум дефинитивно за цигар барс, немој да ме разбереш погрешно.
Но законов во моментов не го дозволува истото.
Се надевам дека во иднина со амандмани ќе се успее да се промени ликот на законот.
(не се надевам бе, кој ве ебе вас пушачите).
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ја неам гаље надвор да запалам цигаре, ама имам против шо забранија секс у кола на Водно.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817
Пациент!:helou:
Мило ми е што те запознав. Ванлок. :helou:

А тогаш зашто во другите земји не стигнале да се бунат за ваквиот закон како што испадна кај нас. Чув дури дека се штрајкувало (незнам дали ипак се случил штрајот пошто веќе месец дена немам дојдено доле)...
Невидени народни протести пропушти. Пушачите во огромни бројки организирано се собираат оред владата и собранието, кои се под зголемено обезбедување. Полицијата и војската се со гас маски, пошто организаторите делат цигари и протестантите постојано пушат а димот намерно го дуваат кон полицијата... :smir:
 
la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Ама финтата е шо сеуште не сме правна држава, оти законот не се почитува секаде...Сеуште има луѓе кој инспекцијата не смее да ги пипне...Се дур постојат такви, ние нема да функционираме како држава..:toe:
 
VertigO

750ml ракија
Член од
11 декември 2008
Мислења
297
Поени од реакции
47
Законот е јасен.
Исто би можела да бараш компромис за тоа кога се возиме дали треба да сме со запалени светла во лето, по најголемата жештина и прегледност.
Нема тука компромиси и забеанции. Закон си е закон.
Да не имаш некој проблем со тоа како државата функционира?
Се знае, откога е во службен весник и валидно, дека ќе се спроведува.
Да, имам јас проблем со тоа како државата функционира. Но, додека не сум на власт и немам моќ како тоа да го сменам, џабе ќе пишувам и овде на форумов и ќе зборам наоколу како прават европските земји и како надвор се барало за сите решенија за да не испадне некој незадоволен и за да владее еден мир меѓу народот..:)
Јас си кажав мене не ми смета законот иако сум пушач, напротив сум од тие кои го подржуваат. Но во земји каде е најден компромисот и каде пушачите си се трујат надвор, а тие што не пушат конечно можат да дишат во затворени простории.. И така во кратки црти :)
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.172
Поени од реакции
15.982
Ама финтата е шо сеуште не сме правна држава, оти законот не се почитува секаде...Сеуште има луѓе кој инспекцијата не смее да ги пипне...Се дур постојат такви, ние нема да функционираме како држава..:toe:
Ама нема финта.
Чим сакаме да бидеме правна држава, мора да почнеме да се однесуваме како таква инаку ќе кубуриме ко до сега 2 напред 3 назад.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Да, имам јас проблем со тоа како државата функционира. Но, додека не сум на власт и немам моќ како тоа да го сменам, џабе ќе пишувам и овде на форумов и ќе зборам наоколу како прават европските земји и како надвор се барало за сите решенија за да не испадне некој незадоволен и за да владее еден мир меѓу народот..:)
Јас си кажав мене не ми смета законот иако сум пушач, напротив сум од тие кои го подржуваат. Но во земји каде е најден компромисот и каде пушачите си се трујат надвор, а тие што не пушат конечно можат да дишат во затворени простории.. И така во кратки црти :)
Не бе не е џабе. Секој збор, секој обид за промена е позитивен.
Инаку нема што да се бараат други решенија, законот е прилично добар, сепак е земен пример од европските земји, така да, колку и да сакаш нешто...нема да се случи
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тие се недопирливи, кај нив не влегува никаква инспекција, абе не смеат ни да помислат таму да влезат, арачот се однесува и собира од малите фирми.

Туку пред собрание или влада се уште немам никој приметено да излезе надвор со кафе и цигара во рака...:helou:
Додека се качат кај овој директор,десет контроли треба да поминат,кој се,зошто се,како се :)
А и за секој случај имаат цел спрат канцеларии,па ќе ги однесат онаму каде нема траги од пушење.
Кога видов,ми стана и мене јасно,кој го јаде во оваа цела боранија од закони.Само ние јадниците.
А овој ванлок не уби со аргументи,кога и да ја гледам темава,само он аргументи пишува,блазе нему :лудача:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom