Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.433
Поени од реакции
6.081
Како што гледам 53 % го подржуваат законот па ме интересира што ги немаше по кафичиве...Пред нова година во истиот кафич каде што одам едвај најдвев маса а сега празници , џоа гости во Охридов па можев да избирам дали со поглед,дали до пенџере итнт...
Заклучок(по незнам кој пат)- Тие што одеа по кафичите беа пушачи или непушачи на кои не им смета чадот и одат на свој ризик а овие што им смета не закони да носат пак тие нема да одат по кафани и такви работи...туку ќе седат на форумов и ке кажуваат колку се во право.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Пробаа така не идеше , уште се гушевме.
Не е забрането на улица да се пуши сеуште.
А вака мислиш дека ќе иде?Само во центар законот е стапен на сила,дојди види на другиве места пак ќе се гушиш.

На крај краева чим не се почитувал овој па воопшто нема.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.433
Поени од реакции
6.081
А вака мислиш дека ќе иде?Само во центар законот е стапен на сила,дојди види на другиве места пак ќе се гушиш.

На крај краева чим не се почитувал овој па воопшто нема.
И во Охрид е не се секирај...
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Stvarno be, daj neka kaze nekoj, se pocituva zakonov po drugive pomali gradovi?
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.433
Поени од реакции
6.081
Stvarno be, daj neka kaze nekoj, se pocituva zakonov po drugive pomali gradovi?
Во Охрид секаде а за разлика во Струга... Мед и млеко е ,ни закон за чистота ни за пушење ни за парикрање :) ...Тоа кога имаат страв инспекториве зашто некој вдрим ке ги фрли :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Moze nekoj da go citira delot od zakonot kade veli deka e zabraneto da se pusi vo PRIVATNO vozilo!
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Мене овде ми е мноооооогу смешно и воедно интересно шо секој што е против законот, непушачите го нарекуваат пушач, па читаме постови од типот: „нејќам да го дишам твојот дим“, „ај не туку ме труј“, „немаш право да ми го загрозуваш здравјето“..

Смешно, многу смешно.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Од уставните судии никој не пуши :),а и да беа пушачи сигурно немаше тоа да влијае на одлуката.Законот нема да падне на уставен за жал.
Чисто ради заебанција беше пишано тоа околу донесување на одлуката.. се надевам не го свати ептен сериозно за да ми реплицираш и да ми кажеш дека немало тоа да влијае на одлуката...
Инаку.. вака едно најискрено прашање.. кој од кај тебе работи во уставен? мама тато вујче тета вујна?? некако многу самоуверен ми изгледаш... ми кажуваш никој дека не пушел во уставен башка и ептен некако сигурен си дека нема да падне законов...


Инаку вечерва бев во инсајд (поранешно сити за оние кои можеби незнаат) поточно да кажам.. мало место се надевам сте биле таму.. и најискрено внатре можеше фудбал да се игра. не зборам од инат сериозно кажувам. ид руги петоци сум бил таму па многу по полно изгледало за разлика од сега. ептен незгодно ми беше да земам и да сликам за да ви докажам.
искочив надвор за цигара 3 пати, првиот пат кога искочив надвор шо да видам.. немаше човек шо не пушеше цигара и некако чудно ми дојде ај си викам може случајно се погодиле така. вториот пат повторно ај си викам па можда е случајно.. третиот пат ИСТО... мислам луѓето повеќе беа надвор него ли внатре.. добро не пола ама реални 30% беа дефинитивно!!!

имаше 3 пепељари надвор од оние округлине ко цилиндер шо се
и еве ви како изгледаше најпразната пепељара

 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Moze nekoj da go citira delot od zakonot kade veli deka e zabraneto da se pusi vo PRIVATNO vozilo!

Abe, nekoj me vide mene ili ke moram da se samocitiram postojano?:baeh::baeh:

P.S. Dimitri, pusenjeto na ustavnite sudii nema nikakva vrska so ustavnosta ili neustavnosta na jebeniot zakon!

Isto taka i ne se site popoj ili odzi tamu, pa padna zakonot za verski obrazovanija.

'bemga, boze kolku plitko razmilsuvanje!
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Abe, nekoj me vide mene ili ke moram da se samocitiram postojano?:baeh::baeh:

P.S. Dimitri, pusenjeto na ustavnite sudii nema nikakva vrska so ustavnosta ili neustavnosta na jebeniot zakon!

Isto taka i ne se site popoj ili odzi tamu, pa padna zakonot za verski obrazovanija.

'bemga, boze kolku plitko razmilsuvanje!
Не можам да го најдам законот.

Инаку не е забрането во приватно возило да се пуши, но е забрането во другите на пр. Таксито!:toe:
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Мене овде ми е мноооооогу смешно и воедно интересно шо секој што е против законот, непушачите го нарекуваат пушач, па читаме постови од типот: „нејќам да го дишам твојот дим“, „ај не туку ме труј“, „немаш право да ми го загрозуваш здравјето“..

Смешно, многу смешно.
Доста Тамара тебе сега не те остават дома да пушиш, по кафичи забранија и немаш каде сега скршен ти е филмот зато скокаш. Нешто најисфрустрирани ми се тие пушачи дома шо не смејат цигари да донесат. :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
може ли некој да даде директен линк до законот или да го пише законот тука точно како што гласи?
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Сега за сега само законот од 1995 година го има

http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=363&gid=32&page=documentlaws.php
не заебавај од 95та премногу е стар сигурно има и измени!!! јас најдов некои измени односно ДОПОЛНУВАЊА и тоа од 2008ма ама 2010 треба да има најнови .... еве ги овие шо ги најдов јас.. пошо се у ворд документ копи пејст нема да пречи...




МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕТО

Скопје, септември 2008 година
З А К О Н
за изменување и дополнување на
Законот за заштита од пушењето



Член 1
Во Законот за заштита од пушењето ("Службен весник на Република Македонија", бр. 36/1995, 70/2003, 29/2004, 37/2005 и 103 /2008), во член 3 се додава нов став 1, кој гласи:
,,Се забранува пушењето во јавните простории од член 2 од овој закон.,,
По ставот 1 кој станува став 2 се додава нов став 3 кој гласи:
,, Во јавните простории од член 2 од овој закон и во собите за сместување на непушачи во објектите од став 2 на овој член одговорното лице на правното лице ќе истакне знак за забрана на пушењето и ќе обезбеди контрола на забраната на пушењето.,,

Член 2

Членот 4 се менува и гласи:
,,Се забранува рекламирање на тутунските производи и на тутунската индустрија во било која форма, директно или индиректно, надворешно или внатрешно и тоа:
- на јавни места и во јавни простории,
- во дневниот, неделниот и месечниот печат, како и во други списанија,
- на радио и телевизија,
- по пат на филмски дијапозитиви и филмови,
- на паноа, табли и налепници,
- на тенди и на чадори за сонце или за дожд,
- било какви рекламни материјали кои што можат да се изложат на продажните места ( послужавник за враќање ситни пари, разни приврзоци и висулци и слично),
- на објекти и на/во средства за превоз ( сообраќај),
- по пат на светлечки реклами,
- на и во книги, календари, облека и други рекламни материјални и подароци,
- промотивни активности: наградни игри, различни видови на промоции, било каква форма на директен контакт и комуникација со потрошувачите ( интернет, СМС, промоции, подароци и слично), и
- спонзорирање и донации на спортски, културни, музички, забавни и други јавни приредби и манифестации од страна на претпријатија или други правни лица кои се занимаваат со производство и продажба на тутунски производи.

Тутунските производи можат да бидат изложени на продажните места ( киоск, продавница, ресторан, и др.) само во оригинални пакувања заедно со стандардната информација за цената.
Се забранува индиректно рекламирање на тутун и тутунски производи што носат име на тутунски производ, а не се тутунски производ. Како индиректно рекламирање се смета и употребата на лого, букви, знаци, симболи, слогани, место на производство на производот, кои биле користени во врска со тутунските производи во минатото или во сегашноста.
Како јавно место, во смисла на став 1 аниеjа 1 на овој член, покрај јавните простории од член 2 на овој закон, се смета било кое место достапно за секого, со или без влезници:
- улици, плоштади, пристаништа, плажи, паркови,
- административно-деловни и стамбени згради,
- објекти за спорт, рекреација, култура и забава,
- хотели, ресторани и други угостителски објекти, и
- трговски центри, продавници, киосци и слично.,,


Член 3

Во член 7 став 2 по зборовите ,, непрехранбена стока ,, се додаваат зборовите ,,и над спроведувањето на одредбата од член 4 од овој закон ,,.

Член 4

По член 10 се додаваат четири нови членови 10-а, 10-б, 10-в и 10-г кои гласат:

,,Член 10-а

Кога државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и здравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд и униформираниот полициски службеник ќе утврди дека е сторен прекршок од член 9 од овој закон ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд.


Член 10-б

Кога државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и здравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд, униформираниот полициски службеник и комуналниот редар ќе утврди дека е сторен прекршок од член 10 од овој закон, на сторителот ќе му врачи покана за плаќање на глобата во рок од осум дена од денот на врачувањето на поканата.
Ако сторителот на прекршок е малолетник во тој случај се постапува согласно член 33, 34, 35 и 52 од Законот за прекршоците („Сл.весник на Република Македонија“ , бр.62/06).
Ако сторителот на прекршокот од став 1 на овој член не ја плати глобата во рокот предвиден во став 1 на овој член државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и задравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд и униформираниот полициски службеник ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапака пред надлежен суд.
Во случај на водење на прекршочна постапка судот на сторителот му изрекува глоба во трикратен износ од утврдениот со одредбата на членот наведен во став 1 на овој член.
Ако сторителот на прекршокот од став 1 на овој член не ја плати глобата во рокот предвиден во ставот 1 на овој член комуналниот редар е должен да поднесе предлог до државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и здравствен инспектор, државниот просветен инспектор односно државниот инспектор за труд за покренување на прекршочна постапака пред надлежен суд.

Член 10-в
За прекршокот од член 10 од овој закон, државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и задравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд, униформираниот полициски службеник и комуналниот редар се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за порамнување пред да поднесат барање за прекршочна постапка.
Кога сторителот на прекршокот е согласен за поведување на постапка за порамнување, државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и задравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд, униформираниот полициски службеник и комуналниот редар составуваат записник во кој се забележуваат битните елементи на прекршокот, времето, местото и начинот на сторување на прекршокот, описот на дејстивето на прекршокот и лицата затекнати на самото место.
Во записникот се утврдува начинот на кој ќе се отстранат штетните последици од прекршокот, како и начинот на надминување на последниците од сторување на прекршокот.
Државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и задравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд, униформираниот полициски службеник и комуналниот редар можат да му предложат на сторителот надминување на последиците од прекршокот да се стори со вршење или сторување на општокорисна работа во траење од најмалку 24 работни часа или доделување на средства за вршење општокорисна работа. Средствата ќе се користат наменски за спроведување на промотивни активности за заштита на здравјето на луѓето од штетното дејство на пушењето.
Ако сторителот на прекршокот од став 1 на овој член, во рок од осум дена прифати, а не врши општокорисна работа или не додели средства за вршење на општокорисна работа, државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и задравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд, униформираниот полициски службеник и комуналниот редар ќе поднесат барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд.
Министерот за здравство го утврдува видот, висината на чинењето на општокорисната работа за секој прекршок одделно, како и начинот на нејзиното извршување во согласност со министерот за економија, министерот за образование и наука и минисерот за труд и социјална политика. Висината на средствата наменети за општокорисна работа не може да биде повисока од висината на пропишаната глоба за прекршокот, при што вредноста на еден час општокорисна работа изнесува најмалку 100,00 денари, а највеќе 250,00 денари во зависност од видот и сложеноста на општокорисната работа .
Државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и задравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд, униформираниот полициски службеник и комуналниот редар се должни да водат евиденција за покренатите постапки за порамнување и за нивниот исход.


Член 10 - г

За прекршокот од член 9 од овој закон државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и здравствен инспектор, државниот просветен инспектор и државниот инспектор за труд може на сторителот на прекршокот да му предложи посредување и постигнување на согласност со која сторителот на прекршокот треба да ја плати глобата, другите давачки или да ги отстрани последици од прекршокот.
Инспекторот од став 1 на овој член составува записник за прекршокот во кој се констатира согласноста на двете страни за покренување на постапка за посредување на кој се потпишува и сторителот на прекршокот.
Постапката за посредување се покренува со доставување на записникот од став 2 на овој член до Комисијата за посредување, кој инспекторот е должен да го достави во рок од три дена од денот на составувањето и потпишувањето.
Постапката за поредување се води пред Комисија за посредување формирана од министерот за економија односно министерот за здравство односно министерот за образование и наука односно министерот за труд и социјална политика.
Комисијата за посредување е составена од три члена од кои еден ја врши функцијата на претседател. Членовите на Комисијата се избираат од редот на државните службеници вработени во Министерството за економија односно Министерството за здравство односно Министерот за образование и наука односно Министерството за труд и социјална политика од кои еден е дипломиран правник.
Претседателот на комисијата е должен постапката да ја започне во рок од 24 часа од денот на доставувањето на записникот.
Комисијата работи на седница на која задолжително присуствуваат претставници на сторителот на прекршокот и државниот пазарен инспектор, односно државниот санитарен и задравствен инспектор, односно државниот просветен инспектор и односно државниот инспектор за труд.
За постигнатата согласност во постапката на посредување се склучува спогодба со сторителот на прекршокот.
Во спогодбата се утврдуваат обврските на сторителот на прекршокот а особено:
1. висината и начинот на плаќање на глобата,
2. висината и начинот на плаќање на другите давачки и трошоци и
3. мерките кои треба да ги преземе сторителот за отстранување на последиците од прекршокот.
Во случаите во кои е постигната согласност во постапката за посредување, глобата на сторителот за сторениот прекршок може да биде намалена за најмалку половина од максимум пропишаната глоба за прекршокот.
Министерот за економија односно министерот за здравство односно министерот за образование и наука односно министерот за трид и социјална политика донесува деловник за работа на комисијата за посредување.
Комисијата за посредување е должна да води евиденција за поведените постапки за посредување и за нивниот исход.
Спогодбата од став 8 на овој член има сила на извршна исправа.
Ако постапката за посредување не успее се поднесува барање за поведување прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци.,,


Член 5

Членот 10-а станува член 10-д.


Член 6

Одредбата од член 2 од овој закон ќе се применува од 1 декември 2008 година.

Член 7
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
 
Член од
18 септември 2009
Мислења
47
Поени од реакции
28
pozdrav prijateli:smir:

sega veke koga e donesen zakonot za nepusenje na javni mesta treba i toa kako da se pocituva od strana na graganite no isto taka i od inspektorite t.e zanci ne se pusi ni vo enda javna ustanova vo R.Makedonija,a za ponataka neka se baraat resenija za pusacite bidejki nikoj ne se rodil so cigara vo usta:baeh:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom