Во ред ако е така но доколку беше законот во тој случај сметам дека ќе се казнуваа сопствениците бидејќи не обезбедиле одвоени места за разлика од сега каде што акцентот ќе биде директно на пушачите.
Законот е само дел од лавината на би рекол провокативни закони што ќе следуваат кои треба да бидат донесени за да се приближиме до ЕУ, значи спроведен е поради фактот што Македонија сака европска иднина, иднина каде што не се пуши
Околу првиот дел би рекол следно, јас сум голем противник на цигарите и на се она негативно што се шири со нив но во ред, можеби не може во целост да бидат спречени односно добро би било да има одвоени делови ама кога ќе видиш тоа ти е невозможно поради многу причини најпрво финансиски, просторно не е возможно секоја кафана/дискотека/кафич да има одвоени делови и на крај останува да се одвојат просториите целосно односно да има и по некој кафич кафуле само за пушачи.
Поентата е што непушачите трпат на сметка на пушачите обратното не постои.
Од тука тргнува целата приказна и поради тоа сметам дека законот не е дискриминирачки но и за тие што пушат нека се исполнат горенаведениве можности значи одвоени места итн..., но апсолутно катастрофално би било да не се воведе/практикува законот којшто најголем дел од луѓето па и сопствениците ја бараат.