Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
хехехе......ама идат избори.....кој ќе го испуши тогаш:vozbud::pos2::pos2:

300 евра ставам на опцијата дека повторно одговорот ќе биде НИЕ :pos2:
п.с.Ова колку да си ја извадам првата казна:))
 
некој гледаат на законов,од темната страна ама мозе и добра пара дасе направи од него само ако ти работи мозокот:vozbud:
 
300 евра ставам на опцијата дека повторно одговорот ќе биде НИЕ :pos2:
п.с.Ова колку да си ја извадам првата казна:))

Ова кај нас ...со законов некој си тера некој инат.......добро бе толку ли не гледаат низ европа, и таму го имаше овој закон но по некое време се е вратено во рикверц......т.е. поделба на просториите ......
...еве во србија и комплетно го повлекле овој закон.......
....само овие нашиве никако да научат, стално мора отпосле да ги исправаат работите откако ќе увидат дека не ја бива работата......

....отсега.....ако одлучам да некого примам на работа..ако потврдно ми одговори дека е непушач..отпаѓа како кандидат...дискриминирам уште во старт:vozbud::vozbud:
 
Субвенции за тутунот а забрануваат пушење :toe: За кого плаќаме данок? За извозни компании? „Некои’’ одлуки на властва и се no sense
 
....отсега.....ако одлучам да некого примам на работа..ако потврдно ми одговори дека е непушач..отпаѓа како кандидат...дискриминирам уште во старт:vozbud::vozbud:

Да им платиш и вратиш за нас!Никој да не прима непушач на работа,да видат што е дискриминација...
Овие и Смислов го шијат,навечер не спијат само закон4иња смислуваат.Најновата со гпс во управа за јавни приходи ја слушна ли?:pos2:Ќе следеле кој плаќа во реално време,а кој не:pos2:
Сето тоа ќе кошта некое милион4е, кис4е.
 
ova kompleks si nabiја.:) (од владава де) Имаат потреба сега да докажат дека се подобри од смрдливите европејци. демек: Еве шо кај вие не можете кај нас иде како подмачкано...:)))
оф лелеее
 
Kole brat te podrzuvam. Toa cajkanite ( Plavi Orkestar ) neka idat vo aracinovo ili kondovo neka pisat kazna, krajslerot ke go najdat prevrten XD.
A vo vrska so zakonov se isto mi se faka. Ne pusam ali ne mi ni smeta. kaj sto ima mnogu cigari i cad isbegnuvam da idam. tie so sakaat da si pusat nivno si e toa nema shto da se mesham ja tuka :P
 
Да им платиш и вратиш за нас!Никој да не прима непушач на работа,да видат што е дискриминација...
Овие и Смислов го шијат,навечер не спијат само закон4иња смислуваат.Најновата со гпс во управа за јавни приходи ја слушна ли?:pos2:Ќе следеле кој плаќа во реално време,а кој не:pos2:
Сето тоа ќе кошта некое милион4е, кис4е.

Синоќа отварав тема по тоа, ама несакаше нешто така да по десет минути кренав раце од тоа.



Се чини дека помина иницијативата: "Заштита место забрана"

Владата на Србија се откажа од целосната забрана за пушење


Власта го прифатила принципот промовиран од фабриките и рестораните под мотото: "Заштита место забрана", со кој се предлага заштита и на пушачите и на непушачите, но без целосна забрана, дознава весникот "Данас"

Владата на Србија, по состанокот на производителите на цигари, се откажала од тоталната забрана за пушење во затворени простори, пишува весникот "Данас". Власта го прифатила приципот промовиран од фабриките и рестораните под мотото: "Заштита место забрана", со кој се предлага заштита и на пушачите и на непушачите, но без целосна забрана, дознава весникот.
Во инцијативата "Заштита место забрана" пишува дека угостителските објекти помали од 100 квадратни метри, можат да се изјаснат како пушачки или непушачки, додека поголемите локали, задолжително би морале да одделат простор за пушење. Доколку некои немаат или не сакаат одделен простор, пушењето би морало да биде забрането во целиот објект. Повеќе детали од состанокот нема, бидејќи учесниците на "тајниот" состанок се обврзале да молчат за договорот. Меѓутоа, според весникот, решението ќе и било претставено на јавноста за неколку дена.
Со месеци наназад, забраната за пушење е тема на жестоки полемики, не само меѓу властите и "банкротираните" сопственици на угостителските објекти, туку и меѓу самите газди на ресторани и кафулиња. Сепак, се чини дека сите ставови се испеглани, па сите угостители со нетрпение го чекаат објавувањето на веста, како последна надеж да си го спасат бизнисот.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DDC962EA1F854649A01564EC250F13A4
 
Нема таков закон. Имаше предлог, ама ништо не бидна.
И на крајот на краиштата, ако тогаш не ги казнуваа, зошто мислиш дека сега би било поинаку и би функционирало? :)

Во ред ако е така но доколку беше законот во тој случај сметам дека ќе се казнуваа сопствениците бидејќи не обезбедиле одвоени места за разлика од сега каде што акцентот ќе биде директно на пушачите.

океј нека биде така... кажи ми ти сеа.. ја ова како да го сватам? ко у стил сеа ти идеш у дискотекаи очекуваш никој да не ти пуши??? да отворат ако не дискотека за пишачи и непушачи... македонија е меѓу првите земји по број на пушачи и со самото тоа некои работи не идат.. владата убаво шо го днела законот ако сум пушач сепак ги поддржувам... само треба некои работи други да се средат пред ова... не иде сеа ти да се споредуваш со шумахер шо вози со преку 300 а ти на 160 веќе размислуваш да намалиш... мислам може сеа ке ти биде глупа компарацијава ама у принцип тоа е.. нашава влада незнам да измислила сама некој закон.. 90 посто им се превземени од другите држави...

ПС не ми замерувајте ако има печатни грешки пишувам на една НИКАКВА тастатура...

Законот е само дел од лавината на би рекол провокативни закони што ќе следуваат кои треба да бидат донесени за да се приближиме до ЕУ, значи спроведен е поради фактот што Македонија сака европска иднина, иднина каде што не се пуши :)
Околу првиот дел би рекол следно, јас сум голем противник на цигарите и на се она негативно што се шири со нив но во ред, можеби не може во целост да бидат спречени односно добро би било да има одвоени делови ама кога ќе видиш тоа ти е невозможно поради многу причини најпрво финансиски, просторно не е возможно секоја кафана/дискотека/кафич да има одвоени делови и на крај останува да се одвојат просториите целосно односно да има и по некој кафич кафуле само за пушачи.
Поентата е што непушачите трпат на сметка на пушачите обратното не постои.
Од тука тргнува целата приказна и поради тоа сметам дека законот не е дискриминирачки но и за тие што пушат нека се исполнат горенаведениве можности значи одвоени места итн..., но апсолутно катастрофално би било да не се воведе/практикува законот којшто најголем дел од луѓето па и сопствениците ја бараат.
 
Ќе видиме колку ќе биде успешен не ми смета ко непушач иако се навикнав сегде чурат околу мене
 
Има,има вистина во ова.Казни фрчат за најмала грешка,ќе не соголат додека стои законот.Буџетот е поголем и од годинава,кој треба да го полни кога Митал Стил на Нова година отпушта уште 100 работници:)
Новите во администрација што би работеле,освен да не бркаат во кафиќи,по улици,пред канцеларии...
Дента на 31 ќе бидам како турчин во кафиќ,опомена до непушачите да не излегуваат:))

Мислиш да не влегуваат :) . Пазете се, инспекторите ќе бидат преправени во Дедо Мраз, да не смрзнат некој :)
 
до 2015та кога ќе влеземе во Еу ќе нема ни еден пушач !!!!!
 
Во ред ако е така но доколку беше законот во тој случај сметам дека ќе се казнуваа сопствениците бидејќи не обезбедиле одвоени места за разлика од сега каде што акцентот ќе биде директно на пушачите.



Законот е само дел од лавината на би рекол провокативни закони што ќе следуваат кои треба да бидат донесени за да се приближиме до ЕУ, значи спроведен е поради фактот што Македонија сака европска иднина, иднина каде што не се пуши :)
Околу првиот дел би рекол следно, јас сум голем противник на цигарите и на се она негативно што се шири со нив но во ред, можеби не може во целост да бидат спречени односно добро би било да има одвоени делови ама кога ќе видиш тоа ти е невозможно поради многу причини најпрво финансиски, просторно не е возможно секоја кафана/дискотека/кафич да има одвоени делови и на крај останува да се одвојат просториите целосно односно да има и по некој кафич кафуле само за пушачи.
Поентата е што непушачите трпат на сметка на пушачите обратното не постои.
Од тука тргнува целата приказна и поради тоа сметам дека законот не е дискриминирачки но и за тие што пушат нека се исполнат горенаведениве можности значи одвоени места итн..., но апсолутно катастрофално би било да не се воведе/практикува законот којшто најголем дел од луѓето па и сопствениците ја бараат.

Океј... види те разбирам јас.. ама околу ЕУ... и златна да ја направиме државава грците не е*ат како сакаат моментално а полошо целата унија ја заебаваат и најтрагично им веруваат ... јбг тоа е друг муабет...
друго.. на свадба на пример у ресторан кафана.. праиш било каква веселба имаш 300 гости и несмее никој да запали цигара онака после добро јадење... неможам да ти го доловам моментот како е цигара после јадење па мислам и дека нема да го сватиш.. ватевер..
трето... кафич... идеш со друштво од 10 души од кои 3ца другаи ти се пушачи... имаш посебна просторија за пушали и непушачи.. кај ке седнете??? а да се двоиш па никако не иде.. не дека го бранам законот или го напаѓам... немој да ме сватиш погрешно ама не е сега моментот кога треба да се донесе тој закон.... има ред други работи пред него...
 
:nesvest: Како некој да ме турка во ѕид и немам излез-е така се осеќам!

Кај нема да можам раат да си седам во било кој објект па сеа и за Нова Година без цигари,ќе мора до 12 да се начукам и да се препушам :тажно: епа не иде бе луѓе така.Да,имаат права и непушачите-почитувам се тоа,ама работава испадна дека пушачите па немаат никакви права.
 
Јас сум си спортист и не пушам и не ми е гајле за вакви закони....:tv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom