TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 878
Бидејќи се разводни темата за србоманите во СДСМ во политика и вести, отварам тука тема за Венко Марковски.
Венко Марковски бил „убиен“ како творец, човек и Македонец
Пред смртта, Венко на својата сестра Дока ~ се исповедал: Јас сум Македонец, Македонија е моја земја и таа ќе живее
Ристо Проданов, Ѓорѓи Киселинов, д-р Ѓорѓи Шоптрајанов (стојат лево од таблата, во првиот ред) Васил Иљоски, Крум Тошев, Венко Марковски (во вториот ред) Христо Зографов, Даре Џамбаз, Мирко Павловски, д-р Михајло Петрушевски и (десно од таблата) стенограф
За трагичната судбина на поетот Венко Марковски помладите генерации знаат малку. Постарите најверојатно се сеќаваат како од учебниците преку ноќ беа извадени неговите патриотски песни, кои никогаш подоцна немаа можност да ги слушнат или да ги прочитаат. Контроверзната тема за големиот македонски поет во последно време се подотвора, но не докрај. Едно е јасно, и покрај сите негирања во времето на социјализмот, тој зазема видна улога во македонската литература и борба.
По сите негирања на неговото творештво, Венко Марковски во годините по војната се нашол во самоизолација. Во 1949 година првпат е уапсен заедно со дваесетина членови на неговото поблиско семејство, а подоцна со целата фамилија бил интерниран во Кичевско. По еден труд во кој го нападнал Тито и тогашното југословенско раководство бил осуден на пет години и упатен на Голи Оток во 1956 година. Партијата сакала и него „општествено да го превоспита“.
Според Виолета Ачкоска и Никола Жежов, Марковски ја имал таа несреќна судбина да биде ставен во арсеналот на идеолошките непријатели на Комунистичката партија како припадник на групата автономисти и сепаратисти, на групата која се спротивставила на недемократските методи на владеење на сопствената партија, на групата која не го прифатила како дефинитивно југословенското решение на македонското прашање. „Тогаш започнува убивањето на Венко Марковски. Најпрво беше убиен како творец, потоа како човек и на крајот како Македонец. Врз него беа извршени три атентати“, пишуваат тие во книгата „Репресијата и репресираните...“, која неодамна ја издаде ИД „Макавеј“.
Некои го негираат Венко Марковски, други го величаат. Академик Блаже Ристевски вели дека неговата поезија од 1933 до 1966 година суверено ~ припаѓа на македонската литературна историја, а поезијата создадена на бугарски јазик не само по јазикот туку и по духот и содржината не можела да ~ припаѓа на македонската национална литература. Едни го опишуваат како нестабилна личност, славољубив, кариерист, предавник, додворлив, а други дека бил талентиран поет, човек со идеали, храбар, вљубеник во слободата на Македонија.
„Правејќи анализа на сето она што го слушнавме и прочитавме за Венко Марковски, ни стана јасно како биле злоупотребени неговите човечки слабости. Еден вдахновен, ранлив, занесен поет бил сурово ставен на интригантското тркало на оние ситни медиокритетски политичарчиња на кои бог им ги скратил музите, но ѓаволот им подарил крила, со децении да бидат на површината и да се снаоѓаат во сите идеолошки кијамети на Титова Југославија“, пишуваат Ачкоска и Жежов.
Тие сметаат дека Марковски бил етикетиран како сепаратист и автономист поради залагањето за интегрално решавање на македонското прашање, односно како припадник на македонското национално крило кое било разочарано од ставот на КПЈ македонското прашање да се реши како југословенско, врз федеративен принцип, но без обединување на Македонија.
Богоја Фотев, кој инаку бил близок пријател со него, сметал дека Венко бил еден од најзаслужните за националното будење на македонскиот народ. „Со јачината на зборот во своите песни тој придонесол во јакнењето на духот на македонските партизани во народноослободителната борба. Бил свесен за своите вредности и бил доста суетен. Сметал дека треба да има главен збор во создавањето на македонската азбука и македонскиот книжевен јазик, но не бил консултиран за тоа. Навреден, дошол во судир со ЦК на КПМ, а како последица на тоа бил изолиран“, вели Фотев.
Поради тоа, во 1946 година Марковски е исклучен од членството на Комунистичката партија, а како причина за исклучувањето се наведува наводното откривање партиски тајни при една средба што ја имал со бугарска делегација во Белград. По исклучувањето од партијата ќе започне хајка врз творештвото на Марковски. С` што ќе напише ќе биде оцрнето од тогашните платени критичари, нешто што најмногу ќе го погоди Маркоски. Во книгата на Димитар Митрев „Повоени македонски поети“ Маркоски воопшто нема да биде спомнат, како и да не постоел.
„Венко беше многу образован и постојано н` подучуваше правилно да зборуваме македонски и да одбегнуваме немакедонски зборови... Ни раскажуваше за Кочо Рацин... Ни кажа како во 1945 година бил кај Тито во врска со македонската азбука... Бев со Венко две години, му бев како син. Таму започна да ја пишува книгата ’Голи Оток, остров на смртта“ на вреќи од цемент, оти немаше хартија и ми ја читаше секој ден... Никогаш не спомнал воопшто за некаква бугарштина... тоа мора да е подметнато подоцна. И од сите други Македонци кои беа таму немаше ниту еден кој бил во контакт со Венко а да слушнал за таква работа, а јас ги познавам сите... Ретко дека постоел така учен човек. По враќањето од Голи Оток отишол кај татко ми во Зелениково за да му пренесе поздрави од мене. Со татко ми Вело се знаел уште од војната“, раскажува Здраве Барутовски, кој тие години втор пат бил испратен на Голи Оток и имал чести контакти со Марковски. Тој контактирал со него и по заминувањето на Венко во Бугарија, за што имал големи непријатности со инспекторите на УДБ-а.
Македонскиот поет во голооточкиот затвор бил до 1961 година. Истовремено, на проколнатиот остров била и неговата сопруга, со која не му било дозволено да се гледа. По враќањето во Скопје Венко го избегнувале сите познајници и бил под постојана присмотра и следен од полицијата, немал работа ниту средства за живеење. Разочаран и отфрлен, започнал да го губи и видот. Тогаш сестрата на народниот херој Борка Талески, Вера, побарала Крсте Црвенковски да помогне Венко да добие пасош за да оди на лекување во Одеса. Марковски добил пасош, иако сите знаеле дека тој повеќе нема да се врати. Тогашното македонско раководство оценило дека е подобро тој да биде прогласен за предавник отколку да остане во Македонија. Тоа и се случило по операцијата во Одеса, Марковски во 1966 година директно заминал во Бугарија, каде што починал во 1988 година. Во Софија му била доделена вила и личен шофер, но, сепак, бил под постојана полициска присмотра. Во Софија трагично загинал и неговиот син единец Миле, кој цело време додека бил во Бугарија изјавувал дека е Македонец.
Иако Венко јавно се декларирал дека е Бугарин, интимно тој се чувствувал како Македонец. Пред да почине, на својата сестра Дока ~ се исповедал: „Јас сум Македонец, Македонија е моја земја и таа ќе живее“. По сопствена желба, Венко е погребан до гробот на својата мајка, како обичен граѓанин, а не во алејата на бугарските великани. "
"Шаторов беше еден од ретките македонски комунистички кадри, кој во своето досие во Коминтерната по националност се определи за Македонец иако беше член на ЦК на БКП "
Си земав за слобода, од наведениот линк да извадам исечоци, па ќе ги постирам тука.Venko Markovski - Можете да прочетете "Кр'вта вода не става" и в Интернет: http://veni.com/venko.html :smir: