Раст на невработеноста

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Имам еден роднина се запишал на технолошки имало само 3ца а примале 5 во смерот и веднаш без барање му дале стипендија самите од Цементарница 7000 денари месечно плус секоја година 2 месеци платен стаж во фирмата. На секој студент некоја фирма му дава пари и го му организира стажови и чуда. Најверојатно рачунаат после да ги земат кај нив да работат. Партиципација е смешни 200 евра. А студенти нема :confused: Плус ти е многу лесно во МК работа и странство да отидеш.
10% од Германците идат на факултет.

Затоа скоро сите идат на стручни универзитети како порано што беше Работнички универзитет каде што би се учеле струки.Нашиве факултети се чиста утка а средното образование пак најголема.Гимназија е најпропадната инвестија.

Професионални заварувачи зимаат може да се каже и огромни плати дали има по 5 рица секоја година пријавено.Епа не може со неколку десетици машински и технолошки инжењери да оформиш индустрија а со тоа и економија.Чим изумрат генерациите што работеле во Фас 11,ЕМО и Охис во Македонија ќе се изгуби целото знаење за производство.

Тоа знаење никој нема да ти го даде назад за џабе а треба декади за да се научи од почеток.

Единствената насока за која ќе се има доволно кадар се телекомуникации и информатички технологии за кој пак пробивањето е уште потешко зошто конкуренцијата е огромна а најдобрите веднаш бегаат.

.

.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Лионче уште пред 3 месеци се изјасни и точно предвиде за тоа што кајгана експертите се здробивте од коментирање овие денови откако државниот завод за статистика објави дека и во вториот квартал Македонската економија е во минус.
Не е проблемот во тоа што ти си предвидел, и врапците на гранка знаеја дека ке има рецесија, не па ценет стручњак како ти.
Не ќе беше подобро 500 милиони евра од споменици да одеа на стимулирање на економијата, па да ја избегневме оваа рецесија?
Јас не сум експерт, ама со цифри сум добар.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095

Не си толку добар со цифри колку што мислиш , проектот Скопје 2014 изнесува 80 милиони евра толку е официјално, инаку еве нека биде и 120 милиони евра , Скопје 2014 е проект кој треба да се гради 4 години не 1 година, македонскиот буџет е 2,6 милијарди евра , за 4 години по 2,6 милијади евра тоа е 10,4 милијарди евра , 120 милиони евра од 10,4 милијарди евра е 1,15% сте се фатиле сите за тој еден процент како слепци за стап. Плус многу од државните институции се сега под кирија кога ќе се сместат во зградите од Скопје 2014 нема веќе да плаќаат кирија и за период од 10-15 години каде што веќе нема да плаќаат кирија зошто ќе бидат сместени во свој згради , ќе се поврати инвестицијата. Плус Скопје 2014 има и друг ефект што ретко некој го предвиде го зголеми бројот на странски туристи во Скопје не мора ни да гледаш статистики доволено е да се прошеташ во центарот на градот да видиш дека има многу повеќе туристи има последниве две години отколку пред да се почнеше да се гради Скопје 2014, нема турист што не слика покрај фонтаната или кај други споменици, тие туристи трошат пари во Скопје пијат, јадат по ресторани спијат по хотели или мотели, од тие пари што трошат освен што се развива услужната дејност и државата ќарува од нив преку ДДВ од услугите што ги користат. Инаку административците што земаат плата за само 4 месеци секоја година трошат колку што вреди цел Проект Скопје 2014 што се реазлизира во рок од 4 години. На друго место треба да ги барате причините што не се гради во големи инфарструктурни проекти не во Скопје 2014. Пример место да пропаѓаат над 5 тендери за Чебрен и Галиште каде што се бара концесионер и не можат да се договорат околу % кој ќе го земе државата како удел, а проектот чини 500 милиони евра, државата за рок од 5 години само по 100 милиони евра да одвојуваше за Чебрен и Галиште секоја година за 5 години ќе беше готов. Од 2008 да почнеа да го градат до 2013 ќе беше готов, туку треба да се бара одговорност во државата за вакви проекти, а не сите полуписмени од студенти до пензионери се фатиле како слепци за стап за Скопје 2014, а не знаат дека државната администрација секој 4 месеци им јаде по еден Скопје 2014.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дај некој нека ја најде темата за буџет 2012, да го видиме експертов што прогнозирал.
Он знаел дека ќе има рецесија, демек ние останатите викавме дека ружи цветаат :pos:
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Не си толку добар со цифри колку што мислиш , проектот Скопје 2014 изнесува 80 милиони евра толку е официјално, инаку еве нека биде и 120 милиони евра , Скопје 2014 е проект кој треба да се гради 4 години не 1 година, македонскиот буџет е 2,6 милијарди евра , за 4 години по 2,6 милијади евра тоа е 10,4 милијарди евра , 120 милиони евра од 10,4 милијарди евра е 1,15% сте се фатиле сите за тој еден процент како слепци за стап. Плус многу од државните институции се сега под кирија кога ќе се сместат во зградите од Скопје 2014 нема веќе да плаќаат кирија и за период од 10-15 години каде што веќе нема да плаќаат кирија зошто ќе бидат сместени во свој згради , ќе се поврати инвестицијата. Плус Скопје 2014 има и друг ефект што ретко некој го предвиде го зголеми бројот на странски туристи во Скопје не мора ни да гледаш статистики доволено е да се прошеташ во центарот на градот да видиш дека има многу повеќе туристи има последниве две години отколку пред да се почнеше да се гради Скопје 2014, нема турист што не слика покрај фонтаната или кај други споменици, тие туристи трошат пари во Скопје пијат, јадат по ресторани спијат по хотели или мотели, од тие пари што трошат освен што се развива услужната дејност и државата ќарува од нив преку ДДВ од услугите што ги користат. Инаку административците што земаат плата за само 4 месеци секоја година трошат колку што вреди цел Проект Скопје 2014 што се реазлизира во рок од 4 години. На друго место треба да ги барате причините што не се гради во големи инфарструктурни проекти не во Скопје 2014. Пример место да пропаѓаат над 5 тендери за Чебрен и Галиште каде што се бара концесионер и не можат да се договорат околу % кој ќе го земе државата како удел, а проектот чини 500 милиони евра, државата за рок од 5 години само по 100 милиони евра да одвојуваше за Чебрен и Галиште секоја година за 5 години ќе беше готов. Од 2008 да почнеа да го градат до 2013 ќе беше готов, туку треба да се бара одговорност во државата за вакви проекти, а не сите полуписмени од студенти до пензионери се фатиле како слепци за стап за Скопје 2014, а не знаат дека државната администрација секој 4 месеци им јаде по еден Скопје 2014.
Дали имаш поим малце от градба и цени?! Ти веруваш во таа цифра?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Избришани 44 илјади невработени од списоците

Над 44 илјади невработени лица се симнати од евиденција од почетокот на годината. Трендот на прочистување на списоците е засилен во последните месеци. Само во јули се избришани повеќе од 8000 илјади невравботени лица што е за околу 30 проценти повеќе во однос на месеците од првиот квартал.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=55146

Еее добро , сега барем имаме официјална потврда како се намалува невработеноста.

Од една страна се бришат 44.000 невработени лица .... а од друга се вработуваат 43.000 во државните институции.

Со трикови и далавери не се прави држава.

Ќе се отпуштаат градежни работници

Бизнис заедницата потврдува дека претстои бран отпуштања од градежните компании. Во наредните 3 до 6 месеци дури 30 проценти од градежните работници може да останат без работа. Ова според градежната комора е последица од рецесијата во земјава.

- Можеби ќе има намалување на вработувањето, зашто голем број на објекти кои беа финансирани од страна на државата, скоро се завршуваат, а други поголеми инвестициони зафати нема, вели Марија Петроска од Здружението на градежништво при Стопанската комора.

За кризата во градежништвото, сектор што досега ја влечеше индустријата нагоре, е свесна и Владата. Но за министерот за труд и социјала Спиро Ристовски отпуштањата немало да бидат алармантни.

Марија Мининчиќ

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=55145
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
арно се бришат ама неможат да стигнат цело врме овие студентиве имс е запишуваат, му отворија работа побрзо да бришат.Ианку подржувам бришење, ако не се пријавува значи не бара работа домаќинка е и вработена е дома мие садови. а за другите нормално не оправдувам, истотака оправдувам да ги бришат оние што одбиле 3 работи понудени од агенцијата, ногу работа има па бира. Немојте само грешката у државата да ја бараме општо кај нас народот а посебно малдинава е мрзлива и чека на државата, чест на исклучоците
--- надополнето: 18 септември 2012 во 12:53 ---
само сакам да споделам со вас неваротеноста по структура.....степен на образование....

вкупно 297,351

1. завршено средно (ССС) -130,005 или околу 44%2.со осмо одделени (НК)- 71,502 или 24%3.средно со 3 години -41,825 или 14%
4.Високо обрзаование 37,774 или 12,7%
5.незавршено основно 10,963 или 3,7%6.Вишо образование 2,784 или 0,94%
7.без образование 2,498 или 0,84%

значи со вишо и високо заедно се 40,558 или 13,6%
пред две години со високо беа многу малку околу 10,000 сега станаа 40...тоа е резултат од кампањата сите на факултет.....ни се врати по глава.......треба да се протежира стручното средно и занаетите така многу луѓе ке си го најдат лебот сами.....а ние шо правиме неспособни луѓе со диплома......ем со диплома ем нишо незнаат......со заокружување не се стануе стручњак........

Освежување

Вкупно невработени 294.220

1. ССС 120.597 (41%) од невработените
2.Основно обрз. 73.897 (25%)
3. Високо ВСС 42.696 (14,5%)
4.ССС со три години 39.343 (13,5%)
5.Незавршено основно 9677 (3,3%)
6. Више образование 6ти сптепен 4459 (1,5%)
7.без образование 3551 (1,2%)

ме страв да ги соберам овие со образоние некако

значи со диплома више и високо заедно се 47.156 (16%)

без образоние или со никаква пдоготовка 87125 (30%)

од две страни сме лоши ем имаме многу со високо кои мислам дека 75% од нив нишо не научиле и без никаква квалификација 90000 но не се тие проблемот.......
Пак се наметнуе темата и прашањата

1.Дали мора слепо да го следиме болоњскоит систем кој мислам ни ги прае кадрите инвалиди со диплома
2.средното обраование истотака е на нсики гранки
3, немора по секоа сила да се терат децата да учат факултет или 4 години средно иам земји каде со две години средно се станува пример шумочувар ловочувар бравар заварувач автолимар.......
4.државата треба под итно додека сеуште има шанси да подржува занаети и работнички универзитети за дејности кои не барат многу школо а се потребни занаети се бара...плочкари, молери, работници со гипс

бтв овие погорниве и сеа си работат а пак се запишани во агенцијата како невработени
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
(Не)Вработеноста ја смалуваат 20 години со помош на статистиката и тоа на тој начин кој како ја пресметува. А оваа денешна власт покрај тоа уште и со сила не само што ги брише и не ги пријавува невработените, туку и на школо ги праќа, не само секого туку и дедовците и бабите.Кога ќе завршат да имаме пообразувани пензионери?
(Не)Вработеноста може да се намали со нови погони,странски инвестиции и јака инфраструктура а не со коњи и јавачи, фосили...
Кој е коњ а кој јавач и кој кого јава во државава, се чини полека се расветлува...Кога ќе се расветли ќе почне и да се смалува невработеноста.
 
Член од
16 јуни 2012
Мислења
3
Поени од реакции
2
Македонија и се е можно! - Во време на рецесија расте бројот на вработени

Во време која 9 месеци БДП-то паѓа , бројот на вработени расте.

Вработени

2квартал 2011 : 642.809

1квартал 2012 : 643.668

2квартал 2012 : 648.200

Невработени

2квартал 2011 : 293.448

1квартал 2012 : 297.351

2квартал 2012 : 294.220

=

Во вториот квартал 2012 , во споредба со истиот период лани , во Македонија се вработени +5.400 лица , додека бројот на невработени е зголемен за +772 лица.

Да видиме по сектори , колкава е разлика меѓу лани и оваа година во втор квартал.

Земјоделие : - 3.000 ..... (значи годинава имаме 3000 земјоделци помалку)

Преработувачка индустрија : +5.800 .... (во време кога индустриското производство забележува страшен пад , 11 месеци по ред , сепак бројот на вработени е зголемен , доста чудно).

Градежништво : - 400 .... (ништо страшно, добро се држеле , можеби тек во наредниот квартал ќе имаме сериозен пад)

Трговија на мало и големо : + 2.100

Транспорт и складирање : - 2.700

Информации и комуникации: +4.400 ....( 7.000 вработени пред една година , а во 2012та стигнале до 11.400 , голем раст а)

Административни и помошни услужни дејности : + 4.000 ...... ( 6000 беа во 2011 , а сега 10.000)

Јавна администрација и одбрана ; задолжително соц. осиг. : - 1.500

Образование : + 4.000

Дејности на здравствена и социјална заштита : - 500

податоците се од државен завод за статистика

=

Ме изненади Преработувачката индустрија , во време кога падот на индустријата е доста голем ... а сепак бројот на вработени да расте.
Очигледно и во образование има доста вработувања , како и во административни дејонсти ; информации и комуникации.

Имаме и нов рекорд

42.696 невработени лица со високо образование

Што е за + 4.000 во споредба со лани.

Дардан-иа,
Дефинитвно нешто чудно се случува со статистикава - или мене не ми е јасно. Денеска пуштив баш таква вест со следниов наслов: „Македонска работа - државата во рецесија, невработеноста паѓа“
http://www.libertas.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B0-%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D1%81/

Бројот на вработените во преработувачката индустрија е повисок и во првиот и во вториот квартал годинава во однос на истите квартали лани според овие податоци и тоа вака:

127 830 – прв квартал 2011
123 665 – втор квартал 2011
133 081 – прв квартал 2012 - 5251 плус работници во однос на прв квартал 2011
129 428 – прв квартал 2012 - 5764 плус работници во однос на втор квартал 2011

Овие бројки се многу чудни и со оглед на фактот што индустријата паѓа 11 месеци по ред а и со оглед на тоа што БДП лани во првите 6 месеци беше во позитива од 5,2 отсто, а годинава паѓа 1,4 отсто во првиот квартал и 0,9 отсто во вториот.

Арно ама, мене нешто друго ме чуди.

Работата е што Заводот за статистика објавува уште еден сет на податоци за бројот на работниците во индустријата и во преработувачката индустрија, http://www.stat.gov.mk/PrethodniSoopstenijaOblast.aspx?id=2&rbrObl=19 , само што овие податоци се објавуваат месечно и не во број на вработени, туку во индекси - месец од актуелната година во однос на истиот месец претходната година. И според овие податоци, индексите на бројот на работници во преработувачката индустрија во сите 6 месеци од годинава е помал во споредба со истите 6 месеци лани (индексот е под 100). Еве како тоа изгледа:

Индекс - месец година споредено со истиот месец претходна година
97.1 – јуни 2012 во однос на јуни 2011
97.4 – мај 2012 - мај 2011
97.9 – април 2012 - април 2011
99.0 – март 2012 - март 2011
97.2 – февруари 2012 - февруари 2011
98.4 – јануари 2012 - јануари 2011

Ова, според Статистика значи дека „индексот на бројот на работниците во преработувачката индустрија во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, изнесува 97.1“ или попросто кажано бројот на работниците во јуни 2012 во однос на јуни 2011 е помал за 2,9 отсто.
Токму вака е напишано за јули 2010 година, на пример, во насловот на соопштението: „Бројот на работниците во индустријата во јули 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година, намален за 4.1%

Е, како може во сите три месеци од вториот квартал од годинава овој индекс да е помал, односно во сите три месеци во вториот квартал годинава бројот на работниците во преработувачката индустрија да е намален во однос на сите три месеци од вториот квартал лани и на крај во вториот квартал годинава да има повеќе работници во преработувачката индустрија отколку во вториот квартал лани и тоа за дури 5764. Истото важи и за првиот квартал годинава споредено со првиот квартал лани - сите први три месеци од годинава бројот на работниците во преработувачката индустрија е намален во однос на соодветните месеци од 2011 и пак на крајот од првиот квартал годинава има повеќе работници во преработувачката индустрија во однос на истиот квартал лани.

Некој да објасни. Дали погрешно ги читам податоциве? Инаку, преработувачката индустрија и во едниот сет и во другиот сет податоци е дефинирана исто - со 33 гранки во неа и во едниот и во другиот случај. Инаку, вкупниот индекс на работниците во преработувачката индустрија за првите 6 месеци годинава во однос на првите 6 месеци лани е 97,8, што значи дека во првите 6 месеци годинава во оваа индустрија би требал ода има 2,2 отсто помалку работниви, ама нивниот број е поголем од ланскиот. Каде грешам, ако грешам?
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
4.државата треба под итно додека сеуште има шанси да подржува занаети и работнички универзитети за дејности кои не барат многу школо а се потребни занаети се бара...плочкари, молери, работници со гипс
Da ama vladata ne gi podrzuva sekade vo stranstvo e taka samo ovde ne ...
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
здраво дечки секогаш сум се прашувал колку навистина има административци.Заедно со ваша помош барем малку да ги избоиме кога нескаа владата да ни каже

1. Како прво што се подразира под Државен службеник, значи администрација е оној кој зема плата директно од Буџет на РМ и буџетот на Општините, ако има некој да додаде нека каже кои други категории. Ја мислам дека нема

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=98

еве линк па да почнеме да ги изброиме:rolleyes:
 
  • приватна сопственост : 487.437 вработени лица
  • Друга сопственост (општествена, мешовита, задружна, државна) : 160.763
 
Kajgana Shop

На врв Bottom