Распадот на Југославија

Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Доста интересна тема!Еве некој дел од тоа зашто пропадна ЈУГОСЛАВИЈА
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Еве како настана и како се распадна југославија
:facepalm:

Од оваа глупава србенда ли учиш историја ти?
Што е следно, ќе го цитираш овде оној идиотон Деретиќ ли?
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
1.Кој прв почнал со прогон и застрашување?
2.Кој почнал прв и каде со дискриминација?
3.Кој прв запукал?

Па тогаш.
Кој народ имал највеќе жртви,и кој народ бил најмногу протеран од своите домови.

Ај да видиме колку сте паметни сите.
 
Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Една од причините за распад на СФРЈ

Србите знаеја дека тоа ке се случи и пресметано направија некои потези кои беа катализатор на целиот процес на распаѓање.
Обрнете внимание од 4,20 - 5,15 минута

Па сега видете каде лежи една од многуте причини за распадот на некогашната СФРЈ.
Позната е изјавата на Туџман : ,, Da nanesemo takve udarce da Srbi praktichki nestanu"

Па сега видете каде лежи една од многуте причини!
 
Последно уредено:

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
1.Кој прв почнал со прогон и застрашување?
2.Кој почнал прв и каде со дискриминација?
Студентските безредија во 1981 година, на кои пред јавноста на тогаш федеративна Југославија беше поставено барањето за Косово и Метохија да стане република. Мнозинскиот народ во автономната покраина, која со Уставот од 1974 година ги доби речиси сите ингеренции на самостоен субјект (со исклучок на одбраната и надворешната политика), побара статус како и петте признаени националности во СФРЈ и седма покрај постојните шест републики.
Настаните кои, како што ќе се покаже, ќе бидат иницијална каписла за процесот кој во годините што следуваат ќе се нарекува дисолуција на Југославија. Нема политичар и аналитичар кој не го третира Космет како жариште од каде почна процесот на распадот на Југославија и каде што по тој распад треба да заврши.
Осумдесеттите минаа со застрашување и прогон и иселување на неалбанско население, што сигнализираше дека во К и М се врши систематски и префинет притисок врз не албанците тајно подржувано од Словенија и Хрватска.
Албанците многу потекнуваат од законикот на Лека Дукаѓини од 15 век. Нивната дистанцираност со српските, односно југословенските власти и затвореноста во себе и не ги признаваа српските, односно југословенските судови,
Анимозитетот кој постоел со векови кулминира, почнува оружен отпор во почетокот.

3.Кој прв запукал?
Словенската територијална одбрана тајно наоружувана.
* Непријателство кон армијата беше евидентно на секој чекор, во едно кафич во Крањ беше објавена известувања: "Забрането за војниците и кучињата."
* Киднапирани деца и сопруги на старешините,
* Блокирање на касарни на ЈНА сечејќи ги телефонските кабли, струја и вода.
* Ден пред почетокот на војната, 25 јуни во 1991 година караулата на границата со Италија е оставена без струја и вода и отсечени сите врски со командата. Следните 11 ноќи, ТО пука во во војниците од блиската шума, сериозно ранувајќи еден војник од К и М, Сулејман Азиз, кој здобил прострелна рана на рамениците. Бил ранет и Ивица Божиќ Оџак, кој бил погоден во раката. По четири дена војниците биле оставени без храна јаделе само по парче тост, и пиеле вода од базенот за прочистување со специјални таблети.

Прочитајте ја "Вистината на вооружениот конфликт во Словенија".

Се наведени многу примери на подмолно злосторства на припадниците на Територијалната одбрана и Министерството за внатрешни работи на Словенија. Делот каде се опишуваат страдањата на војниците, се тврди дека Словенците под оружје "ја прекршуваат правилата на меѓународното хуманитарно право, неусогласеност со договорените прекини на огнот и бели знамиња, и се користи забранета муниција погодна да предизвика страдање."
Резултат на безумната дивеење на вооружените паравојни единици на Словенија во 1991 година беше: мртви 44 припадници на Југословенската армија, шестмина полицајци и подофицери, 30 војници и кадети, цивилно лице на служба во ЈНА . Повредените се 184 членови на ЈНА.

Во Б и Х почна кога припадник на Зелените беретки Рамиз Делалиќ пука на српскато свадбено излегување од црква од венчавањето на синот и снаата и пред очите на нив го убива таткото на младоженецот, Никола Гардовиќ.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.764
Дека нешто се спремало уште пред официјалниот почеток на војната знам,бидејќи бев сведок на тие настани.Служев војска во ЈНА од 1990-91 и пукањето на шавовите на СФРЈ се осетуваше на секој чекор.Словенците ретко пуштаа војници во другите републики(кај нас имавме само еден во цел пук),хрватите веќе почнаа да се делат од другите војници,србите настрана пееја четнички песни...

А уште пролетта 1991 година во касарна со 700 војници ни донесоа 4-5000 резервисти(етнички срби),и имаа интензивна обука.,За што беше таа обука?Истото беше и во другите касарни кои беа мислам 7 на број само во Ниш.Резервистите беа вистинска `руља`,се пијанчеа,губеа пушки,бегаа во град по пиење и насред писта пееја четнички песни-а бевме Југославија.

Значи некој уште пред првите закачки да настанат убаво се воено спремал
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.697
Студентските безредија во 1981 година, на кои пред јавноста на тогаш федеративна Југославија беше поставено барањето за Косово и Метохија да стане република. Мнозинскиот народ во автономната покраина, која со Уставот од 1974 година ги доби речиси сите ингеренции на самостоен субјект (со исклучок на одбраната и надворешната политика), побара статус како и петте признаени националности во СФРЈ и седма покрај постојните шест републики.
Настаните кои, како што ќе се покаже, ќе бидат иницијална каписла за процесот кој во годините што следуваат ќе се нарекува дисолуција на Југославија. Нема политичар и аналитичар кој не го третира Космет како жариште од каде почна процесот на распадот на Југославија и каде што по тој распад треба да заврши.
Осумдесеттите минаа со застрашување и прогон и иселување на неалбанско население, што сигнализираше дека во К и М се врши систематски и префинет притисок врз не албанците тајно подржувано од Словенија и Хрватска.
.
Koсово беше жариште затоа што таму се случуваше најголемата дискриминација, таму имаше најмногу незадоволни граѓани, Косово демек било срцето на Србија, но секогаш била место со најмалку инвестиции од целиот балкан.

Зошто немаше протести во времето на Тито?
-Тито е причината зошто не продолжи масовното протерување на албанците кон Турција, и така тој беше човек на западот.

А црвениот болд ни не заслужува коментар, голема глупост.
 
Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Дека нешто се спремало уште пред официјалниот почеток на војната знам,бидејќи бев сведок на тие настани.Служев војска во ЈНА од 1990-91 и пукањето на шавовите на СФРЈ се осетуваше на секој чекор.Словенците ретко пуштаа војници во другите републики(кај нас имавме само еден во цел пук),хрватите веќе почнаа да се делат од другите војници,србите настрана пееја четнички песни...

А уште пролетта 1991 година во касарна со 700 војници ни донесоа 4-5000 резервисти(етнички срби),и имаа интензивна обука.,За што беше таа обука?Истото беше и во другите касарни кои беа мислам 7 на број само во Ниш.Резервистите беа вистинска `руља`,се пијанчеа,губеа пушки,бегаа во град по пиење и насред писта пееја четнички песни-а бевме Југославија.

Значи некој уште пред првите закачки да настанат убаво се воено спремал
Точно дека нешто се спремало но не се спремало 1989/ 90-91 туку поодамна. 1974 со измена на уставот на СФРЈ им се даде поголема афтономија на покраините КиМ и Војводина па самите почнаа да се третираат и замислуваат како 7 и 8 република.

Туџман и Изметбеговиќ во затворите направиле план како да ја остварат својата сепаратистичка програма. Како на тацна им дојде распадот на СССР и Чехословачка. Под маската на демократија со помош на Ватикан, Америка и Германија ги најдоа десничарскиот фашист во Словенија водникот Јанша и останатата негова братија највеќе изразени во разбивањето на ЈУ усташот Тузман и муџахединот Изметбеговиќ.

Бевме во Југославија и кога зенгите во Хрватска пееја усташки песни со ,,за дом спремни" припремајчи ги белосветските платеници за клање и протерување на србите како во втората светска војна.

Претходно не треба да се заборави Савка Дапчевиќ-кучар со мас покот, крвникот М.Шпегељ кој правеше план и наредуваше да се колат војниците на ЈНА, муџахедините на Изметбеговиќ дојдени од исламските земји кој во затворот во неговата ,,Исламска декларација" има напишано дека исламот се простира од јадранско море до скандинавските земји.

Нај заслужни за рспадот на ЈУ :

1 Дрновшек .....СЛО
2.Топурковски..МК
3. Месиќ............ХР
4. Богичевиќ .....БиХ србин

Се помти изјавата на Туџман : ,, Да нанесемо такве ударце да Срби практички нестану”.

Се помти изјавата на Месиќ na говорницата на првиот сабор на ХР : ,, Ја сам свој задатак извршио Југославије више немаи хвала вам лепо”.

Се помти и ,, Данке Дојчланд”

Ова само како потсетување за оние кои заборавиле или им се избришало од меморија вакви навидум ситни кратки мисли изречени со сласт од нечии умоболни усти кои доведоа до распад на најреспектираната и нај отворена земја во светот.

puno
Koсово беше жариште затоа што таму се случуваше најголемата дискриминација, таму имаше најмногу незадоволни граѓани, Косово демек било срцето на Србија, но секогаш била место со најмалку инвестиции од целиот балкан.

Зошто немаше протести во времето на Тито?
-Тито е причината зошто не продолжи масовното протерување на албанците кон Турција, и така тој беше човек на западот.

А црвениот болд ни не заслужува коментар, голема глупост.
:facepalm::facepalm::facepalm:
Ова целото не заслужува коментар но мојата нискост и неупатеност во политиката и историјата ми наложува дасе учам од оние кои мислат дека повеќе знаат.

Темата не е за инвестиции на Космет и тоа не е причина за распадот на Југославија.
Космет не ,,демек" било ... туку било Србија.

1929 на К и М има 61% срби и 39% останати националности. По падот на кралството Југославија 1941 година К и М го окупираат италијаните и тогаш прв пат се спомнува идејата за ,,голема албанија" Србите под притисок на на албанските фашистички окупатори биле приморувани да го напуштат Космет.
Само за време на втората светска војна близу 100.000 срби се протерани од Космет а на нивната земја се доселувани албанци од Албанија и од други Европски земји каде живееле албански емигранти.
По втората светска војна е донесен закон дека сите кои се протерани или го напуштиле Космет им се забранува враќање во домовите. Помеѓу 1968- 1988 година околу 700 места на Космет е потполно етнички чисто со албанци.

1929 на К и М има 61% срби и 39% останати националности
Попис на Космет 1961 има 646.605 албанци
1991 година врз основ на податок за демографски истражувања има 1.407.690 албанци

Тито бил човек на западот ..цццццццццццццццц

Протерување на Албанците према Турција ...цццццццццццц
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Ај бар читање на србоманчињава ко овој погоре доаѓа добро како лек за запек.....:facepalm:

Читајќи ги нив дознавме дека гулапчето на мирот Милошевиќ и невините брадоњи ни криви ни должни испаднаа жртви на белосветските завери на усташот,муџахединот,фашистот и шпоновите потпомогнати од Ватикан (омилен избор за улогата на злобниот мастермајнд од позадина), Америка и западот......

Што се не ќе прочита човек.....:tapp:
 
Последно уредено:
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.697
:facepalm::facepalm::facepalm:
Ова целото не заслужува коментар но мојата нискост и неупатеност во политиката и историјата ми наложува дасе учам од оние кои мислат дека повеќе знаат.

Темата не е за инвестиции на Космет и тоа не е причина за распадот на Југославија.
Космет не ,,демек" било ... туку било Србија.

1929 на К и М има 61% срби и 39% останати националности. По падот на кралството Југославија 1941 година К и М го окупираат италијаните и тогаш прв пат се спомнува идејата за ,,голема албанија" Србите под притисок на на албанските фашистички окупатори биле приморувани да го напуштат Космет.
Само за време на втората светска војна близу 100.000 срби се протерани од Космет а на нивната земја се доселувани албанци од Албанија и од други Европски земји каде живееле албански емигранти.
По втората светска војна е донесен закон дека сите кои се протерани или го напуштиле Космет им се забранува враќање во домовите. Помеѓу 1968- 1988 година околу 700 места на Космет е потполно етнички чисто со албанци.

1929 на К и М има 61% срби и 39% останати националности
Попис на Космет 1961 има 646.605 албанци
1991 година врз основ на податок за демографски истражувања има 1.407.690 албанци

Тито бил човек на западот ..цццццццццццццццц

Протерување на Албанците према Турција ...цццццццццццц
Идејата за обединување на сите територии каде живеат албанци не е од ВСВ, туку пред и после балканските војни, баррањето на албанските преродбеници беше да се креира етничка држава со теротории каде албанците се мнозинство, но големите сили решија да земаат повеќе победничките нации од балканските војни. Да се прашуваа до крај србите и грците Албанија денеска ќе беше со територија кплку Косово, подржани од Русија.

После креирањето на нациите никогаш србите не биле ,мнозинство во Косово, НИКОГАШ. пред креирањето на нациите не се знаело кој што е.
Знам, после балканските војни какви чистки правеле србите и треба да се верува дека станале мнозинство и во Косово.
Мислам, да беа мнозинство србите барем ќе инвестираа барем до ниво на Македонија.

100 000 срби иселени за 3 год???, дури цело Косово не беше под Италија....
 
Абе пуно,а не приметуваш дека типов барата со погрешни бројки цело време. 1929 година 61% Срби.....how yes no. Уште во 19 век Албанците го земаат мнозинството на Косово и константно го зголемуваат до ден денешен.
Мајко мила кај ги копа тие бројки не ми е јасно. 1931 година на пописот направен 61% се Албанци,а не Срби.
Словените се околу 1/3 од популацијата на Косово,а за време на втората светска војна поради протерувањата уделот опаѓа на нешто повеќе од 1/4.
 
Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Тито Тито зошто не дозволи Ранковиќ да биде прецедник на К и М немаше сега да знаат повеќе доселениците за време на Енвер Хоџа избегани од Албанија во Македонија и Србија во К и М туку ќе беа раселени по цела Југославија.
Проблемот е во тоа што фашизобалистичката програма за фалсификување на историски факти и документи од страна шкиптарската академија на историски науки во Приштин и во Тиран е вкоренета во албанската млада популација во К и М и Македонија што за жал истото матрица за фалсификување и искривување на историјата е во оптек и кај Бугарската академија на науките БАН.

На пописот 1971 година регистрирани изјаснети kako aлбанци 916.168 ( 73,7%)
На пописот 1981, спроведен под контрола на Покраинските власти се изјасниле 1.226.736 како албанци.(77,48%)

Е сега ако биле 1929 година 30% албанци до 39% = 9% останати а срби истата година 61% како во 1991 година можат да бидат 78,2% албанци или 1.407,690.

За разлика од албанската популација србите на К и М 1961 година биле 264.604 или 27,4%
1991 година биле 214.555 или 11% од вкупно жители.

Од почетокот на втората светска војна од К и М е протерано околу 500.000 срби.

Сепаратизмот на шкиптарите во К и М логистички е помогнат од Албанија Словенија и Хрватска со наоѓање погодно место за почеток за разбивање на Југославија. Долго години за смирување на сепаратистичките штрајкови и демонстарции се испраќаа полициски единици од сите републики на Југославија. За жал, во подршка на сепаратизмот се вклучи и претседателот на малдината на ЈУ Азем Власи.

Финале за распадот на СФРЈ е 14-от конгрес на СФРЈ 1990 година.[DOUBLEPOST=1402926437][/DOUBLEPOST]Читајќи реплики постирани од некои шиптарофили и бугарофили на кои и македонците им се криви што истакнуваат историски пишувани факти случувани во не толку далечното минато му иде на човек да добие пролив од глупостите чуени пред селска продавница со шише пиво в'рака.

Боде в'очи вистината кога усташката ТО во Хрватска незаконски увезуваше оружје со возови спремајќи се за војна. Хрватскиот народ не е крив што малубројната усташка емиграција го финансираше затвореникот Туџман и неговата неофашистичка повампирена глутница.

Глупости напишани од некои кои тогаш имале 5-10 години има многу но не може да се сокрие вистината од оние кои биле 30-40 години тогаш.

Србоманчиња не се оние кои не се хрвати ниту Албанци ниту словенци ни бугари туку македонци кои ги кажуваат случувањата во оригинална верзија земајќи го во предвид фактот дека биле учесници во распадот на ЈУ.
Паушални коментари како овој погоре без факти се детски националистички бла-бла

Расправата според темата треба да се одвива не по лично навивање за тие и тие туку според историските случувања и не лепење етикети на членовите во расправата оти една залепена етикета за таков онаков повлекува друга.

Најдобро може да се види кој беше за зачувување на ЈУ во видео снимките од седниците на врховната команда со колективнотото ЈУ претседателство.

Последно уредено:

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Едноставно тројката од СХС биле премногу препотентни во своите ситни историски феуди и желби за големи,чисти,етнички и незнам ти какви држави.Едино македонците,босанците и црногорците вистински ја сакале СФРЈ,без никакви задни подмолни намери и планови.Просечен косовар е повеќе ЈУ-носталгичен од некој словенец или хрват.Први бараа независност,а откога ја добија први ја загубија( хинт: ЕУ).Хипокрити (n)
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Старата позната Ватикан,усташи, фашисти, надворешна завера, ко бре на завади приказна.
Ништо ново,само ме изненадува сеуште како освен по некој брадоња од Шумадија сеуште ги пуши тие приказни.Некој сеуште го чита меморандумот на САНУ.
:facepalm:
Тито Тито зошто не дозволи Ранковиќ да биде прецедник на К и М немаше сега да знаат повеќе доселениците за време на Енвер Хоџа избегани од Албанија во Македонија и Србија во К и М туку ќе беа раселени по цела Југославија.
Проблемот е во тоа што фашизобалистичката програма за фалсификување на историски факти и документи од страна шкиптарската академија на историски науки во Приштин и во Тиран е вкоренета во албанската млада популација во К и М и Македонија што за жал истото матрица за фалсификување и искривување на историјата е во оптек и кај Бугарската академија на науките БАН.

На пописот 1971 година регистрирани изјаснети kako aлбанци 916.168 ( 73,7%)
На пописот 1981, спроведен под контрола на Покраинските власти се изјасниле 1.226.736 како албанци.(77,48%)

Е сега ако биле 1929 година 30% албанци до 39% = 9% останати а срби истата година 61% како во 1991 година можат да бидат 78,2% албанци или 1.407,690.

За разлика од албанската популација србите на К и М 1961 година биле 264.604 или 27,4%
1991 година биле 214.555 или 11% од вкупно жители.

Од почетокот на втората светска војна од К и М е протерано околу 500.000 срби.
Прво и основно Албанци на Косово пред 2 светска војна има 61%,а не Срби.
Прво тоа среди си го (податок кој ти е основа на голем дел од тезите) и кажи од каде го откопа тој податок. Ниту најизгорените Шешељовци не баратаат со такви бројки.Толку си се изнапишувал, а уствари промашио си цео фудбал што би рекле Србите.

Процентот на Албанците расте за време на втората светска војна поради тоа што дел од Србите се протерувани. После втората светска војна кај Југословенските народи имаме рапидна модернизација и описменување,а со тоа и големо спласнување на фертилитетот.Веќе кон крајот на 60тите години кај добар дел од словените фертилитетот паѓа под нивото за репродукција.Исто така после 2 светска војна има и масовно полнење на градовите и емиграција кон западот.
За сметка на Косово, Војводина се наполни со Срби и Србите од 1/3 после 1 светска војна растат на 2/3 денес, Белград стана милионски град, Ниш, Крагуевац, Нови Сад, Суботица градови со по 100.000 + жители, српската дијаспора стана огромна итн...Исто како што Мариово, Дебарца, Паланка, селата во Пелагонија и сличните области останаа пусти кај нас,а ги наполнија градовите со луѓе.

Да, Србите се селеа од Косово кое од секогаш било назадна поркраина финансирана од страна на поразвиените. И да, Албанците имаа посилен наталитет од Србите на Косово.
Објаснувањето за тоа како Албанците стануваат дебело мнозинство на Косово е просто како собирање на 2 и 2.....

Читајќи реплики постирани од некои шиптарофили и бугарофили на кои и македонците им се криви што истакнуваат историски пишувани факти случувани во не толку далечното минато му иде на човек да добие пролив од глупостите чуени пред селска продавница со шише пиво в'рака.
Единствениот што пишува такви работи си ти....
И да навистина проработуваат цревата читајќи те.

Боде в'очи вистината кога усташката ТО во Хрватска незаконски увезуваше оружје со возови спремајќи се за војна. Хрватскиот народ не е крив што малубројната усташка емиграција го финансираше затвореникот Туџман и неговата неофашистичка повампирена глутница.
Воопшто не боде,мада не се возови,ама чим српската пропаганда така кажа - така и би. Вистината е дека се работи за чат пат по некоја пратка со брод,а најчесто камиони преку Унгарија.Има интервју од пред некој месец со Јосип Перковиќ убаво објаснува што и како се случувало.
И не го има правено тоа ТО, оружјето од магацините на ТО најмногу заврши во рацете на Србите кои потбуцнати од Белград дигнаа побуна.Сите знаеа дека ќе дојде до распад на Југославија и се спремаа за тоа. Едните гледаа како некако да го задржат тоа што го имаат,а другите како да ги прошират границите од кои не беа најзадоволни (ќе ги препознаете по описот кој е кој).
ЈНА веќе 1990 станува дефакто српска војска (што и еден член погоре од лично искуство потврдува), Четниците масовно се обучуваат и наоружуваат, оружјето од магацините до кое можеа да се докопаат заврши во раце на Србите од Книн и другите места, Словенците си ги повлекоа војниците, Хрватска набавуваше оружје колку може итн.
За жал Хрватска не успеа доволно да набави,па мораше да ги завзема касарните на ЈНА за да го набави најголемиот дел од оружјето и да изгуби 1/3 од својата територија пред да успее да оформи каква таква војска.Камо среќа да беа возови....немаше војната да трае до 1995.

Сепак најинтересно во оваа реченица ми е изборот на зборови.Српска пропаганда до збор.....усташка емиграција, повампирени неофашистички глутници....Воопшто не си оригинален барем свои описи да напишеш. Баш убаво се гледа кој и што читал.
Исто е интересно како Туѓман е окарактеризиран како фашист,усташ и слично иако он меѓу првите во Југославија уште во 1941 година почнува борба против фашизмот и усташите. Истата југосрпска пропаганда која секој Хрват кој не е анационален го карактеризира како неоусташ и за кои и секој најмал излив на хрватски патриотизам е окарактеризиран како усташлук. Истата школа што со децении градеше стереотип за Хрватите како Усташи, кољачи на Срби и повампирени фашисти.

И за крај Хрватскиот народ сам одлучи на референдум што сака.Не го изманипулира него малобројната усташка емиграција на чело со Туѓман.
Со излезност од 83,5% од полнолетните граѓани на СР Хрватска - 93% гласаа за независност. Не ја сакаа Југа,што попрво се помириш со тоа - толку подобро за тебе. И крај, мртва е.....никој не ја сакаше пред да се распадне. Дур беше жив Тито некако се држеше - после тоа крај.Едвај 10-11 години траеше после Тито.

Србоманчиња не се оние кои не се хрвати ниту Албанци ниту словенци ни бугари туку македонци кои ги кажуваат случувањата во оригинална верзија земајќи го во предвид фактот дека биле учесници во распадот на ЈУ.
Паушални коментари како овој погоре без факти се детски националистички бла-бла
Единствениот факт што го даде во целата дискусија ти е промашен.Што има понатаму да се дискутира.
Веројатно си гледал 91 Јутел и верувал во приказните за тоа како Туѓман спрема конц логори за Србите, како десетици илјади чеченски платеници војуваат и како српските деца се фрлаат на лавовите и се колат по школите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom