Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Мики, мислиш ли дека нашите парохиски свештеници, или како и да се викаат титулите поголеми од оваа што си ја навел, се способни и кадарни да го решат спорот? Исто важи и за персоните од другите цркви на соодветната позиција.Како што рече мојот/нашиот парохиски свештеник: проблемот со (не)признавањето помеѓу помесните православни Цркви, ќе се реши тогаш, кога Црквите ќе почнат да Го следат Христа...
Се чини дека тековно, помесните Цркви следат некои други интереси, најчесто покриени со привиден патриотизам, етнофилетизам, дневна политика, (не)запазување на канонските одредби и сл.
Дека неединството од МПЦ со другите помесни Цркви е проблем, тоа е очигледно, но и другите Цркви не гледам дека засукаа ракави и ни‘ притекнаа на помош, кога веќе исповедаме ист Бог и иста вера.
МПЦ барем се обиде да опточне разговори со СПЦ, а се чини дека таква желба и намера треба да има и „другата„ страна, оти со монолог, проблемот нема да се реши. Другите помесни Цркви се однесуваат „дипломатски„; префрлајќи го нивното признавање кон МПЦ со решавањето на „спорот„ со СПЦ:
Мене ми личат нашиве попои многу неписмени и алчни без душа, без воја и желба да било што сторат, а тоа да не биде во нивни интерес.
Познавајќи те, мислам, дека ти и уште некој сличен на тебе, поише ќе допринесете за МПЦ од цела оваа банда на чело со Стефан.