- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
На форумот начекав мислење каде сосема офтопик една девојка беше нападната дека сака црни момци, па, иако не сме Америка и да имаме црнци на секој чекор, многу очигледно е дека сме расистичка нација.Википедија напиша:Расизам се однесува на верување и пракса кај кои се смета дека постојат одредени вродени и карактеристични разлики меѓу одредени групи луѓе кои можат да се мерат хиерархиски. Последица на расизмот е социјална, политичка и економска предност на една група на луѓе над друга.
Расизмот ги дели луѓето врз основа на нивната раса, со намера една раса да се смета како поважна и подобра од другите. Верувањето дека особините и карактерот на една личност поврзана со неговата раса немора да биде расизам, бидејќу тоа не значи дека едната раса се смета за подобра од другата. Верувањето дека една раса е супериорна над другите раси се смета за расизам. Давањето или одземањето на привилегии врз основа на расата се нарекува расна дискриминација
Речиси редовно просечната македонска девојка е осудена за својата врска со црно момче кое дошло во Македонија заради икс причини. Се сложувате? Има во Македонија расизам? Дали сте вие расисти? Ако сте, како го доживувате тоа и како изгледа вашата омраза?
Подпрашање, зошто речиси редовно повеќе ни пречат црните отколку жолтите луѓе? И, би бил благодарен ако се задржиме на расизам, значи раси, не етноси. Црн - бел - жолт човек.