Рапиден раст на цена на недвижности .

Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391
Мислам дека многу би помогнало ако се има една национална платформа за купопродажба на станови, а не се да се ставаат огласи на реклама5, купи продај, пазар 3, онлајн бувљак, дигитал кооперација Драги 2000 итн
Во ваквите наши онлајн маркети секој ќе си тропа глупости како примерите погоре:pos: .Фали уште некој со опис куќа опкружена со зеленило, а тоа неискосен плевел или трски од отворениот канал во близина.
Да има една таква платформа само за недвижнини поврзана со катастар и со општината и со две три банки. Во неа факти како енергетска одлжливост, последен пат реновирана, дали го поседува земјиштето, број на квадрати, број на соби, број на дозволени паркинг места, па потоа слики од секој агол со секоја пукнатина итн итн. да си има калкулатор за хипотека и си знаеш колку би те коштал.
После огласување таму нема да и текни на Славица да стаи 1300 евра квадрат ако последен пат станот е реновиран ко е изграден и ако визбата им се поплавува секоја пролет.
Ако се имаат сите понуди на едно место со сите фалинки и сите придобивки многу е потешко да се манипулира со цена.
Па уште ко че видам Цена по договор или цена имбокс по некои огласи :mad:
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.057
Прилеп и Битола не се помалите градови,Берово може да се нарече мал град,а не Битола,и глупост е да сакаш да живееш во Скопје кадешто смогот урива рекорди,и дда не почнам да зборам за проблемот со паркинг места и хаосот во сообраќајот,секако дека Скопје е убав град,ама само за дводневна ескурзија преку викенд
Во Прилеп живеам така да не ми кажувај како да го наречам :D
Јасно е што мислев, Скопје вс другите градови. И само дадов мислење и пишав дека цената оди нагоре поради малиот број на нови станови, а преголемиот број на нови бракови.
Еден другар се ожени бред некој месец, има место да живее кај баба му, на посебен спрат а овај беше решен да бара стан оти сам би живеел таму. Со парите 40-45к евра што би ги дал, куката од баба му би ја направил палата. Ама досадна че била, трујач била ау мау. Ко уште 200 год да живее.
Баш сакам да купи стан и да видам како че биде со комшиите, нетрујачи.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Не се многу пораснати 5-10% највеќе. Нека растат ми одговара. Но не би инвестирал во недвижности мали се приходите. За хартии од вредност сум и се што имам диспозубал инкам оди таму.
 
M

Macedon1um

Гостин
Во Прилеп живеам така да не ми кажувај како да го наречам :D
Јасно е што мислев, Скопје вс другите градови. И само дадов мислење и пишав дека цената оди нагоре поради малиот број на нови станови, а преголемиот број на нови бракови.
Еден другар се ожени бред некој месец, има место да живее кај баба му, на посебен спрат а овај беше решен да бара стан оти сам би живеел таму. Со парите 40-45к евра што би ги дал, куката од баба му би ја направил палата. Ама досадна че била, трујач била ау мау. Ко уште 200 год да живее.
Баш сакам да купи стан и да видам како че биде со комшиите, нетрујачи.
Не дека има преголем број на нови бракови, има помалку од порано ама менталитетот кај луѓето се менува. Се почесто млади брачни парови иако имаат услови за живот со родителите (посебни спратови и сл) се решаваат да живеат на страна подалеку од нив, и тоа во 90% од случаите е на готово во нови стан/ови. Па така имаш ситуација во помалите градови каде секоја 10та куќа е празна никој не живее, а секоја 15тина е во фаза на распаѓање а интерес за нова градба нема

Втор можеби и најзначен фактор е миграцијата од село кон град, ова и не треба да не чуди со оглед на слабата егзистенција и инфраструктура што ги нуди селото
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
Мислам дека многу би помогнало ако се има една национална платформа за купопродажба на станови, а не се да се ставаат огласи на реклама5, купи продај, пазар 3, онлајн бувљак, дигитал кооперација Драги 2000 итн
Во ваквите наши онлајн маркети секој ќе си тропа глупости како примерите погоре:pos: .Фали уште некој со опис куќа опкружена со зеленило, а тоа неискосен плевел или трски од отворениот канал во близина.
Да има една таква платформа само за недвижнини поврзана со катастар и со општината и со две три банки. Во неа факти како енергетска одлжливост, последен пат реновирана, дали го поседува земјиштето, број на квадрати, број на соби, број на дозволени паркинг места, па потоа слики од секој агол со секоја пукнатина итн итн. да си има калкулатор за хипотека и си знаеш колку би те коштал.
После огласување таму нема да и текни на Славица да стаи 1300 евра квадрат ако последен пат станот е реновиран ко е изграден и ако визбата им се поплавува секоја пролет.
Ако се имаат сите понуди на едно место со сите фалинки и сите придобивки многу е потешко да се манипулира со цена.
Па уште ко че видам Цена по договор или цена имбокс по некои огласи :mad:
комплетно се сложувам само ќе додадам секој кој си ја цени недвижноста над просекот за м2 во тој дел од градот да плаќа данок на од него проценеата вредност.

п.с за да знаете колку е реалната цена на м2 во скопје само е потребно да ги погледнете цените кои би ги добиле од осигурителните компании за м2 во случај да треба да би го исплатат имотот поради осигуран случај земјотрес или др.

а за тие што не знаат вредноста е 400Е/м2 за градежниот дел.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.737
Меур има, ама причина е што работи ТУРБО штампарија на евра и долари.... ама од друга страна и стан е трошок, значи ако не ти треба или не се користи е прашање дали се исплати купување...
Туку летоска во Охрид дискутираме за апсурдот ако имаш стан во градот а за на квалитетна плажа треба возење со кола натаму наваму, па проблем паркирање, гужва при враќање, па дали во Охрид кога ќе се вратиш ќе најдиш место за парлирање итн... а ако најмиш апартман кај плажите немаш ни проблем ни нервози... е си дискутираме и сите така викаат, ама истиот што се фали дека е во апартман на плажа ме прашува, да не го продаваш станот во Охрид :confused:
Балонот ќе ПУКНЕ кога ќе наиде на кактус, т.е. ако се зголемат трошкови и даноци, а посебно кога ќе се отворат ГРАНИЦИТЕ...
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.056
Поени од реакции
13.554
значи цените растат, а мене станот две години го продавам и и го бараат за се пониска и пониска цена :( знам дека е стара градба, ама на тие станови паѓа цената?
 
НБРМ ги намали по незнам кој пат референтните каматни стапки. Сега камата на депозит денари е 0.5%. Стан има поврат на капитал од 3-4% само бруто од кирија. Минус -1% одржување и амортизација плус 2-3% капитален раст. Има окулу 5-6% поврат наспроти 0.5% на депозит. И ќе растат цените...очекувано.
 
точно така, но ова е за финансиски писмен народ а кај нас 8-90% од населението е финансиски неписмено за да го свати погоре напишаното а не да го примени.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.348
Поени од реакции
4.996
Сиот странски капитал се слева во недвижнини. Незнам што ви е чудно тука. Тие 200-300.000 иселеници сигурно не ги трошат парите на Кариби и Палма Де Мајорка.

Во Прилеп живеам така да не ми кажувај како да го наречам :D
Јасно е што мислев, Скопје вс другите градови. И само дадов мислење и пишав дека цената оди нагоре поради малиот број на нови станови, а преголемиот број на нови бракови.
Еден другар се ожени бред некој месец, има место да живее кај баба му, на посебен спрат а овај беше решен да бара стан оти сам би живеел таму. Со парите 40-45к евра што би ги дал, куката од баба му би ја направил палата. Ама досадна че била, трујач била ау мау. Ко уште 200 год да живее.
Баш сакам да купи стан и да видам како че биде со комшиите, нетрујачи.
Ако младите брачни парови се финансиски моќни да купуваат станови тогаш да не се кука за цени и немаштија.
 
M

Macedon1um

Гостин
Ако младите брачни парови се финансиски моќни да купуваат станови тогаш да не се кука за цени и немаштија.
Финансиски моќни да купат на кредит и да го отплаќаат пола живот, со помош на тате/бате/мама

Сиот странски капитал се слева во недвижнини. Незнам што ви е чудно тука. Тие 200-300.000 иселеници сигурно не ги трошат парите на Кариби и Палма Де Мајорка.
Ретки се иселениците што трчаат да купуваат тука, барем јас не знам такви оти и уште таму исплаќаат недвижнини а не пак да купуваат тука
Уствари знам 1 ама има купени станови во Охрид и ги издава преку агенција
 
Последно уредено:
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
значи цените растат, а мене станот две години го продавам и и го бараат за се пониска и пониска цена :( знам дека е стара градба, ама на тие станови паѓа цената?
Нормално е, сѐ што е постаро од 3 до 5 години бара одредено реновирање, луѓето веројатно го пресметуваат тој трошок и го одземаат од цената што ја бараш.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Финансиски моќни да купат на кредит и да го отплаќаат пола живот, со помош на тате/бате/мама

Ретки се иселениците што трчаат да купуваат тука, барем јас не знам такви оти и уште таму исплаќаат недвижнини а не пак да купуваат тука
Уствари знам 1 ама има купени станови во Охрид и ги издава преку агенција
Nekoj sho zivee i raboti u stranstvo a izdava stan u mk za 200evra, za mene ne e aren. Izdavanje u ohrid e druga rabota bidejki e druga matematika.
Jas zemav lani kuka vo pomal grad na 2 sprata. Eden sprat voopsto ne se koristi. Moite mi rekoa da dadat pod kirija na nekoj ali im kazav da ne go izdavaat poso ja tuka tie pari u pola den gi zimam i ne mi treba dodatni glavobolki. Nekoi kiradzii ne se za u kuka.
Cenata na nedvizninite se kacuva sekade, mada dodusa u mk malku nerealni se cenite na nekoi nedviznini.
 
Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Јас незнам кој нормален би купувал тука недвижни. Тие што работат тука во МК треба доживотно да се заглават за да купат стан, и тоа имајки во предвид дека земаат некоја солидна плата од барем 25000+, со помала плата никој не би ти дал станбен кредит. Од друга страна, ако веќе се иселени, со кој памет би ги трошеле парите назад во МК на недвижнини, кога веќе се иселени, нели би им било подобро да си купат недвижнина таму кај што се?

Друга работа, цените на недвижнините тука се ненормални, имајки на ум дека земјава оди кон пропаст и нема никаква перспектива. Реално, еквивалентно на перспективата и стандардот што го нуди МК, Стан од 100м2 во Скопје треба да е 20000 евра, ја и толку не би дал(добро, би дал, да го препродадам после:D).
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Ne e meur. Mladite sakaat da ziveat vo stanovi. Taka da, vo pomalite gradovi kako Prilep i Bitola, stanovite se prodavaat kako alva, po 700-800e od kvadrat. Ima malce zgradi a golem broj na novi brakovi.
Vo Skopje raste od dobro poznati pricini. Na pola Makedonija im e film da ziveat vo Skopje. I tuka ima pogolema pobaruvacka od ponuda.
Не дека сакаат да се туткаат со уште 30 фамилии, али поефтини се за одржување понатаму и тоа е најефтин начин за да земеш недвижност во прва зона на градот, иако за тие градови конкретно ефтини се плацовите, мали се градовите и јас никогаш не би се зацепил да живеам во стан туку на периферија (скоро од сите страна ни градот до Центар се стига за мак 30 минути пешки).
Ете за Прилеп, во таа од Теракота мислам одеа по 800-900евра квадрат, ако земеш стан од 70 квадрати во прв момент ќе те фати скоро 60 000 евра. Во тој случај станот е во центарот на градот, одржувањето е минимално (нова зграда е и не би требало ништо да мрдне првите години), во таа населба за таа цена може да земеш само скапана куќа што треба да ја рушиш.
Куќа за 60 000 евра може најблиску да купиш во населби кои се на 15 мин од центарот, да ќе биде поголема квадратурата, ама и вложувањата во истата се изгор. Нова куќа не сакаш да ја купуваш, тие неколку ликови што градат и препродаваат се жива превара и ставаат чкарт материјали.

По последните неколку години цената на недвижности оди многу нагоре и нема никакви индици да се намали.
Пример во Битола цената на становите е поголема од Солун, Лерин итн
Дали е меур или? Ваши мислења
Тука се инвестира во недвижности поради неколку работи:
  • економијата е тапа и реално ретко кој се осудува да инвестира во бизнис (само тендераши со местенки и апла некој што фатил работа за странство)
  • каматната стапка на депозитите е практично во минус
  • кириите во Скопје на пример се високи споредено со стандардот/цената на недвижноста и поефтино ти е да присобереш троа учество + кредит од банка, отколку да фрлаш во бунар по 200-300 евра месечна кирија (толку е и рата во банка)
  • инфлацијата ќе ти ја намали уште толку вредноста ако ги чуваш кеш дома или во банка
  • перење на пари од матни бизниси
  • низок данок на недвижност (е ова е следен чекор и прашање на време кога ќе го кренат и тоа квалитетно, не за џабе беа законите за Легализација на недвижности и приватизација на земјиштето. Ако дојде до ова ќе има намалување на цената на недвижностите оти има некои кои не вадат воопшто пари од становите, а имаат по неколку станови вишок. Во моментов сите плаќаат мал данок на годишно ниво и не ги боли, ама ако ги опрчат како во Грција пред некоја година на секоја следна недвижност прогресивни даноци на луксуз ќе биди држ ме мајко се покакав).
Автоматски споено мислење:

комплетно се сложувам само ќе додадам секој кој си ја цени недвижноста над просекот за м2 во тој дел од градот да плаќа данок на од него проценеата вредност.

п.с за да знаете колку е реалната цена на м2 во скопје само е потребно да ги погледнете цените кои би ги добиле од осигурителните компании за м2 во случај да треба да би го исплатат имотот поради осигуран случај земјотрес или др.

а за тие што не знаат вредноста е 400Е/м2 за градежниот дел.
Процена на недвижностите е чиста работа и не е тешка, буквално се оди по каталог, проблем е процената на земјиште и таму многу фаци во Скопје се офајдија квалитетно, во суштина тоа е и еден од тешко предвидливите трошоци на инвеститорот на сам почеток, знаат плацовите да варираат многу. Инаку голема е побарувачката и затоа се такви цените, а и народот е во небрано и затоа ги заглавува парите во недвижности. Еве сега со короната само знам неколку луѓе што купија станови од страв да не девалвира денар/евро/долар, се што имаа кеш по дома + нешто на кредит и зедоа станови.
Автоматски споено мислење:

Сиот странски капитал се слева во недвижнини. Незнам што ви е чудно тука. Тие 200-300.000 иселеници сигурно не ги трошат парите на Кариби и Палма Де Мајорка.

Ако младите брачни парови се финансиски моќни да купуваат станови тогаш да не се кука за цени и немаштија.
Да се здрави и живи старите по дома, ретки се тие што спечалија толку брзо да купат сами.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom