Враќајки се дома од некоја прослава околу 3 по полноќ 24 февруари 1957 познатиот американски актер Тели Савалас (Коџак) останува без бензин на автопат далеку од неговиот дом. Некое време чека да помине друг автомобил и со автостоп евентуално да го префли до најблиска бензинска пупма. Савалас не дочекува ниедедн автомобил туку силен дожд. Решава да тргне да бара бензинска пупма. По неколку стотини метра среќата му се насмевнува, слуша звук на автомобил зад него, иако со исклучени светла што му се чини глупост на Савалас. До него застанува црн Кадилак чиј возач го прашува Савалас дали може да му помогне. Актерот прифаќа и влегува во колата иако му е нелагодна целата работа со тип кој вози без светла во тоа време на ноќта.
Савалас му кажува на возачот да го префрли до најблиската пупма. Тој се согласува и вози. Савалас се обидува да започне неврзан разговор но човекот не одговара ништо освен на прашањето 'Каде возиш во ова време?' на што добива одговор - 'на крстосницата на мојата судбина' . Савалас по ова не се обидува да прави муабет помислувајќи дека возачот е луд или пијан.
Стигнувајќи до првата бензинска Савалас посегнува по својот новчаник и со ужас се присетува дека го оставил на прославата. Од нелагодната ситуација го ваѓа чудниот соговорник кој му дава пари за бензин и конечно проговорува да не се грижи кога ќе може ќе му врати.
Савалас кој утрото треба да оди во студио да снима, не може да си дозволи да отсуствува од снимање бидејќи се уште е на почеток на кариерата и ги прифаќа парите. но пред тоа ја запишува адресата и името на човекот кој двоумејќи се сепак му кажува кој е и каде живее. По неколку дена, Савалас сака да се оддолжи за услугата и се појавува на дадената адресата. Звони и ја прашува жената која му отвора дали тука живее Хари Аганис. Жената прашува во што е работата и Савалас објаснува зошто доаѓа. Жената почнува да се оденсува хистерично и му вели на Савалас да си оди. Актерот заинтригиран од целата ситуација и ја дава на жената членската карта од синдикатот на актерите, објаснува кој е и го опишува Хари Аганис, нејзиниот сопруг кој му помогнал. Жената во солзи му дава слика од својот - покоен сопруг - и Савалас го препознава типот кој му позајмил пари. Исто дознава и дека Хари Аганис загинува во 1954 година во сообраќајна несреќа на истата делница од патот каде го сретнал. Хари Аганис враќајки се од годишнина на матура се судира со камион и загинува на самото место.
Тели Савалас до својата смрт во 1994 година раскажува за овој случај не можејќи рационално да објасни што се случило во таа ноќ, и во два други наврати кога возејќи подоцна по тој ист пат се разминува со црн кадилак кој вози без светла.