Необичната и тажна сторија за Каспар Хаузер - "човекот кој дојде од никаде" :
На ден 26-ти Мај 1828 година во Нирнберг чевларот по име Георг Вајхман здолгледува млад човек на некои 15-20 години како целиот во партали, куцајќи и пуштајќи неразбирливи крици му се приближува. Вајхман го прашува човекот дали е се во ред, да не му се случило нешто, но како одговор добива само неодредено мумлање - кога младиот човек му дава писмо адресирано - До капетанот на 4-от ескадрон, 6-ти коњички полк, Нирнберг.
Сожалувајќи се на младиот, прегладнет и очигледно дезориентиран човек, Вајхман решава да се обиде да му помогне. Го носи дома, му дава јадење и гледа дека со детето нешто не е во ред, панично се плаши од разни предмети и бега од светлото...
Единствено нешто кое го добиваат како одговор од непознатата особа е - Вајс нихт, не знам ништо. По некое време чевларот го пронаоѓа капетанот на 4-от баварски ескадрон Весениг кој зачуден го отвара писмото и чита во него дека името на детето е Каспар Хаузер, дека е роден во 1812 и дека за цело време од неговиот живот бил затворен во некој подрум под земја каде еднаш дневно има контакт со светлоста (кога му носат храна), никогаш не бил пуштен надвор од подрумот каде друштво во 16-те години робија му прават стаорците и неколку дрвени играчки. Се наведува и дека бил несакан плод на нечија страст и дека најдобро би било баш капетанот Весениг да се погрижи за него и да го запише во воено училиште.
Весениг, немајќи намера да се грижи за Каспар го носи во полиција каде случајот треба да се разјасни. Каспар го сметаат за имбецил бидејќи не може да состави една разумна реченица. Ставен е во затвор, каде е очигледно дека Каспар е навикнат на самување и мрак. Дури и неговата конституција е чудна како некој кој цел живот го поминал во ниска ќелија, подгрбавен.
Неговата судбина интригира неколку луѓе кои се обидуваат да ја разрешат мистеријата. Со првите контакти со луќето, Каспар ги демантира тврдењата дела е ментално заостанат - напротив, за многу брзо време учи да чита пишува, а по некое време е под старателство на Георг Фридрих Даумер, професор и филозоф. Тука се случува целосна преобразба на Каспар кој за неколку месеци од неписмен и нем достигнува да чита филозофски дела и да разговара со својот ментор Даумер. Што претставува незабележана брзина на интелектуален развој во познатата историја. Каспар зе неколку недели учи да црта, ги слика првите пејсажи, се занимава со компонирање, ги употребува и десната и левата рака (амбидекстер) и ја пишува својата автобиографија.
Во неа кажува дека не знае ни кој е, ни кој му се родители, ни од каде е, ни како се нашол во Нирнберг. Знае дека живеел во подрум, дека некој му подавал храна низ некаков отвор, дека одвреме навреме водата која му ја давале имала чуден вкус по што заспивал, дека немал видено човечко лице се до денот кога се појавил во Нирнберг, ниту кој му го дал писмото во кое се бара од тотално непознат човек (капетан Весениг) да се грижи за него (!?)...
Оваа автобиографија го прави славна личност низ цела Европа во тоа време. Јавноста се интересира за бизарната судбина која го снашла Каспар Хаузер.
Градот Нирнберг распишува награда за оној кој би дал информации со кои ќе се разјасни мистеријата, но никој таа награда не ја подигнува. Не постои никакво семејство Хаузер. Се отвара и истрага која по некое време заглавува, бидејќи не можат да се одделат фактите од шпекулациите кои тврдат дека Каспар е од кралско потекло од оваа или онаа династија.
Малку по малку Каспар се надева да дојде до нормален живот, но на 7-ми Октомври 1829 се случува обид за негова ликвидација. Каспар е најден со голема рана на главата предизвикана од чекан. Обидот за убиство се случува во куќата на неговиот ментор Даумер.
После ова се јавуваат луќе кои сакаат да му помогнат, Анселм фон Фојербах и англискиот милионер Лорд Стенхоуп, кои решаваат да го заштитат животот на Каспар. Најмен е платеник да го чува Каспар, но се е залудно.
На 11-ти Декември 1833 Каспар Хаузер е заклан недалеку од својот нов дом.
Убиецот никогаш не е пронајден.
Дали се работело за садистички експеримент, стварање на табула раза од 17 години, или нешто сосема друго. Менталните супер способности на Каспар Хаузер се исто така причина за шпекулации околку неговата судбина и смрт.
Тајната никогаш не е разјаснета.
На неговиот надгробен споменик во Ансбах стојат зборовите -
На ова место
од непознати причини
еден непознат човек
беше убиен од друг непознат човек.
На ова место лежи
загатката на нашето време
Место и време на раѓање - непознато
Причина за смртта - непозната.