Еве му на зоте и компанија мое логично видување зошто земјата не може да биде рамна.
Дали некој од вас поминал извесно време на некоја рамница, на пример на Панонска во Војводина? Јас таму по цели лета сум минувала. Дедо ми има висок амбар од каде што се гледа целиот хоризонт на сите страни. И на море сум имала можност да гледам како изгрева и како заоѓа сонцето... изгрева и заоѓа од
под хоризонтот.
Ако теоријата за рамна земја вели дека сонцето всушност оди кон другиот дел од земјата, тогаш зошто сонцето тоне под хоризонтот?
Нели земјата е рамна? Во тој случај, како што се оддалечува сонцето така треба да биде се помало и побледо
над хоризонтот, никако под хоризонтот.
Еве ви слика, каде јасно се сонцето како заоѓа позади хоризонтот. На рамна земја ова е
теоретски невозможно, а не пак практично.
А кај рамната земја сонцето треба да се гледа над хоризонтот и да биде се побледо и помало додека не настапи мрак.
Според долнава слика сонцето е цело време на исто место и кружи со циклус од 24 часа.
Ако вашата теорија беше точна, јас треба наутро да го гледам сонцето како се појавува од некоја точка над хоризонтот, и како заоѓа повторно на некоја точка над хоризонтот.
Ајде сега чекам нова фотомонтажа која ќе го негира моето размислување.