Ракомет - општа дискусија

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 144 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 270 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,2%

  • Вкупно гласачи
    432

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Следам ракомет, ама само женските.
Порано цела екипа на Кометал ја знаев, оние златни времиња кога беа Кастратовиќ и Радуловиќ најсилниот тандем.
Сега гледам и кога игра репрезентацијата на Македонија, а машките не ги гледам и воопшто не знам што се случува на тој план.
Од ракометарките сум презадоволна, ја направија горда нашава мала земја многупати, се надевам ќе продолжат така. :)
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Зошто стока кога е еден од најдобрите тренери на Балканот и Европа.Казната е престрога и сигурно има некој позадина зад тоа.Ама темата не е за тоа.
Ракомет да,пратам и тоа многу,посебно кога играат наши екипи и репрезентации,но и други големи натпреварувања на кои не учествуваат нашите.:wink:
Ме мрзеше да ја барам темата за Вардар па затоа тука го стаив :wink:

Ја Вујо не го поштуем 1 %...Кога беше селектор на СЦГ пред 4,5 години не напраи ништо на ЕП а имаше можност за медал...Играа со Хрватска у последен натпревар од групата а они беа без Ивано и Метличиќ ...СЦГ пред тоа ја тепаа Германија која беше фаворит ...Интересна утакмица беше, изедначено цело време, баш како што треба кога играат СЦГ и Хрватска...На крај водеа србите 2 разлика и овој будалава го исклучија што автоматски значи дека играа 2 минути без играч...Хрватите се вратија и мислам дека победија со гол разлика а после забораив што направија во понатамошните утакмици...

После 2 години од таа утакмица се дигна афера дека србите ја продале утакмицата и дека Вујо највише кумувал околу тоа...У меѓувреме настана распад на СЦГ, Вујо е црногорец па го боли цеф за Србија и тоа што го уназади ракометот таму 3 години...Тотално ја упропасти репрезентацијата, направи Штербик да отиде да игра за Шпанија ....Го глеам и со Вардар нема некои значајни успеси...Кога беше тепачката со судијата против Металург докажа дека е примитивец од црногорските планини...Можеби како играч бил најдобар во своето време, растурал, парче праел , ама сеа не смее тоа да го искористува како авторитет пред судиите како тренер...Да беше добар тренер ќе тренираше некого у Германија или Шпанија али и они очигледно гледаат дека не е добар тренер како што бил добар играч...

Еднаш го видов у ГТЦ , се шеташе со жена му...Опасна цуца :vozbud:



Сеа за ракометот како спорт....

Све е ОК, интересен е, секоја зима има големи натпреварувања а и наши екипи редовно играат во еврокупови...Да не се повторувам со членовите над мене ,ќе кажам само што ми смета...

Имено, ја би ги сменил малце правилата...Би стопирал време на секој прекин, и би го ограничил нападот на некои 40-45 секунди...Тоа да се чека судијата да го стопира времето ми е многу глупо и старомодно а и се губи доста од времето...Ако некоја екипа брка резултат тогаш губи драгоцено време ...А за нападот нека се напраи ко у баскет и ќе нема промашај дали судијата бил у право што дозволил 6,7 секунди повеќе да се игра па после под притисок од домашната публика да се суди пасивен напад...Вака точно и прецизно ќе се знае кој колку време има за напад и нема да доаѓадо нефер одлуки ...
 

jkd

one name one country united macedonia
Член од
13 септември 2007
Мислења
1.261
Поени од реакции
27
пратам кога имам слободно време посебно нашиве екипи у евро куповиве како и дерби утакмици посебно вардар-металург
 

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Ако може некој да ми каже, сакам да се запишам на ракомет, али проблемот е што имам 15 години (за помалце од месец 16) и татко ми ми вика демек стара сум била за ракомет. Ќе ме примат да тренирам?
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Ако може некој да ми каже, сакам да се запишам на ракомет, али проблемот е што имам 15 години (за помалце од месец 16) и татко ми ми вика демек стара сум била за ракомет. Ќе ме примат да тренирам?

Те лаже татко ти за да седнеш да учиш :icon_lol::icon_lol::icon_lol:...

Иди распрашај се, би требало да те примат...Глеам инспирирана си од европското што го праевме ..:wink:
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
сакам ракомет... вежбам ракомет веќе 5 години....
најсупер спорт е... :wink::wink:
следам секогаш ракомет...
омилен тим немам... ама обожавам да ги гледам норвешка и германија кога играат...:wink::wink:
 
Член од
19 април 2007
Мислења
629
Поени од реакции
37
Ако може некој да ми каже, сакам да се запишам на ракомет, али проблемот е што имам 15 години (за помалце од месец 16) и татко ми ми вика демек стара сум била за ракомет. Ќе ме примат да тренирам?
спортот не познава граници, пол итн..кастратович почнала да тренира на 18 години, па види до кај догура...од кој град си, за да знам дали би можел да ти помогнам ? :wink:
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
Ако може некој да ми каже, сакам да се запишам на ракомет, али проблемот е што имам 15 години (за помалце од месец 16) и татко ми ми вика демек стара сум била за ракомет. Ќе ме примат да тренирам?
Од Скопје сум:)
Нема врска колку години си. Оди запиши се, сигурно има женски ракомет во Македонија ама незнам за лига оди распрашај се во Металург или Вардар (=

Инаку 16 години е најдоволно за ракомет да почнаш.
 

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Леле фала ви многу:) Ја се исплашив викам сеа нема да можам да идам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако може некој да ми каже, сакам да се запишам на ракомет, али проблемот е што имам 15 години (за помалце од месец 16) и татко ми ми вика демек стара сум била за ракомет. Ќе ме примат да тренирам?
Таман си:)Ако имаш потенцијал и на 18 да почнеш ќе имаш време да се докажеш.Видов дека си од Скопје,оној кој најмногу го форсира ракометот и кој одбира девојки од средна школа е Радиќ.Радиќ знаеш дека е првата линија до Кометал,но прво во Еуро стандард кај младинките.Радиќ е професор по физичко во Никола Карев гимназијата(ако се лажам поправете ме),сигурно има тренинзи кај што е он.Затоа слободно распрашај се прво за овие тренизни,најбрзо ќе може да те прошалтуваат.Втора опција ти е школата на Кастратовиќ која е приватна и неможе да те одбијат и да не те бива.Таму има веќе една страшна генерација на млади девојки од твоја возраст,па ако имаш пари оди таму да трењираш.
Третата опција ти е да го прашаш својот професор по физичко за каде може да те препорача,бидејќи препораката ги отвара вратите во спортот.
Одличен спорт избираш и имаш одличен аватар:back:
 

gODHEAD

Crucified
Член од
6 декември 2007
Мислења
1.827
Поени од реакции
1.163
Ракометот е специфичен спорт, не е како фудбал или кошарка шо може да се поделиме екипи и да играме на некое игралиште, специфични правила, посебен терен треба, така што и да сакаш да пробаш да играш многу тешко можеш рекреативно да се бавиш со ракомет, па останува само како гледач во сала или пред телевизор
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Ракометот е специфичен спорт, не е како фудбал или кошарка шо може да се поделиме екипи и да играме на некое игралиште, специфични правила, посебен терен треба, така што и да сакаш да пробаш да играш многу тешко можеш рекреативно да се бавиш со ракомет, па останува само како гледач во сала или пред телевизор
А заборави да кажиш дека не пропушташ меч на РК Тиквеш:tv:
 
K

kaiser soze

Гостин
Гледам често ракомет,репрезентативните настапи не ги пропуштам,а и посилните лиги во Европа ги следам,како и европските купови.Секако и натпревари од домашното првенство следам,пред се настапите на клубот од мојот град ВВ Тиквеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom