Ракомет - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата DuFFy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 145 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 272 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,1%

  • Вкупно гласачи
    435
Пред европското првенство излезе првата ракометна игра... Handball Simulator 2010:vozbud: За жал изгледа ја нема нашата репрезентација... :toe:

dq4rhj.jpg
 
Играта јас како што знам по касно треба да излезе, а можно е по рано да е излезела. Како и да е играта е прекрасна, многу е добра пишејте на јутуб така како што се вика имате каква е, стварно е многу добра, а и бара добар компјутер.
 
Па по нетов веќе има линкови, плус и не бара некоја јака машина:
Minimum System Requirements:
System: Windows XP / Vista
Processor: Pentium 4 2GHz
Memory: 512M or higher
Video Card: ATI Radeon X850, NVIDIA GeForce 6800 128 MB or better
Hard disk: 1Gb or more
Sound card: DirectX - compatible sound card
Може да се игра и на компјутери од постарите генерации... :)
 
Па по нетов веќе има линкови, плус и не бара некоја јака машина:
Може да се игра и на компјутери од постарите генерации... :)

Ја имам појак компјутер од тој ама пак ми сецка,инаку добра е играва само малу со контролеве заебано е,Германскиов јазик и не го владеем баш.Има пач за англиски и за преку интернет да се игра??Ако има пратите по пп :)
 
Отсекогаш сум сакал да тренирам ракомет, но никогаш не сум имал можност. Потекнувам од помало место, и тука нема каде да тренирам. За да тренирам, треба секоја ден кога имам тренинг да патувам, а тоа доста скапо ќе ме чини. Така да, да живеам во град каде што има каде да тренирам, сигурно би тренирал.

Иначе редовно пратам кога игра македонска репрезентација и македонски тим. И Лигата на шампионите ја пратам, само што таа поретко, затоа што ретко кога некоја македонска телевизија врши пренос.
 
Дали некој од вас знае некој добар ракометен веб-сајт/ форум?
има ли некој сајт каде што можат да се најдат резултати од најаките првенства??

чекам одговор:smir:
 
Дали некој од вас знае некој добар ракометен веб-сајт/ форум?
има ли некој сајт каде што можат да се најдат резултати од најаките првенства??

чекам одговор:smir:

Па се надевам нема да ми прават проблем од администрација ако кажам...
Код:
handball123.com/forum/

Ова е форумот од поранешниот фан клуб на Ѓорче Петров... :)
 
И Лигата на шампионите ја пратам, само што таа поретко, затоа што ретко кога некоја македонска телевизија врши пренос.
На А2 имаш преноси од лигата на шампионите:toe:
 
Па се надевам нема да ми прават проблем од администрација ако кажам...
Код:
handball123.com/forum/

Ова е форумот од поранешниот фан клуб на Ѓорче Петров... :)

екстра :)
тука имам и форум и резултати :)))
фала ти многууу:smir:
 
Ако се организираме може да направиме теми за секоја лига на Ракомет али ке нема доволно дискусија бидејки не се прати толку за сите лиги еве еден само излезе до сега да прати, инаку форум е за дискусија а не само за да гледаш резултатите, имаш тука за Лига на Шампиони тема али малку е заостаната бидејки имам еден мал проблем, инаку ги анилизирав сите натпревари кои ги гледав и имате резултати од другите.
 
па овој форумов handball123.com не е само за резултати, колку што гледам тој е најпознат во светов на ракометов, има луѓе од сите земји и сите информации и одлична дискусија може да се најде, и плус имаат супер уп-дејт на резултати и чет.
За жал тука незнам кој би можел да ги коментира европските лиги, жално е тоа што никој не ги следи освен неколкумина што може на прсти да се избројат.:uvo:
 
Денес беа извлечени осминафиналните двојки во ЛШ во машка конкуренција.

  • Копенхаген - Кил
  • Реал Адемар - Чеховски Медведи
  • Колдинг - Монпеље
  • Горење - Сиудад Реал
  • Констанца - Веспрем
  • Киелце - Хамбург
  • Ваљадолид - Рајн Некар
  • Загреб КО - Барселона
Првите средби се во терминот од 24 до 28 март, а реваншите од 31 март до 4 април.

Загреб на Кире Лазаров немаше среќа во ждрепката и го доби најтешкиот противник, имајќи предвид дека можеше да ги добие Рајн Некар или Чеховски Медведи. Главните фаворити Кил, Хамбург и Сиудад Реал добија релативно лесни противници и не би требало да имаат проблеми. Истото важи и за Монпеље кој е фаворит во сенка за освојување на ЛШ.
 
Хммм... па Барселона и не се толку тежок противник, можеше да им се падне далеку полошо... Кил и Монпеље се далеку потешки од Барса, дури со Барса и можат да се носат :)
 
^ Мислам дека не можеше Кил и Монпеље да им се паднат,пошо они беа први у група,па по некоа моја логика првите од секоја група играат против 4то пласираните од другите групи :toe:

а Барса беше 2ра у групата,со исто бодови колку Кил
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom