Ракомет, Лондон 2012

Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Tomasino, темава постоеше, ги споив двете... Те тагирам чисто да знаеш дека тука ти е мислењето :)
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
Абе Данциве пак гз извадиле 1 разлика...:mad:
Еј стварно што са јаки јаки са,али имаат зар невиден,тоа најубаво ние го осетивмо.Па уште коа ке ми текне на голот на хансен против русите,по истекот на времето,и така пројдоа група.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Едно е да играш, друго е да седиш на клупа кај јаки тимови.
Илиќ е петти најдобар стрелец во германско првенство, игра за Кил, еден од најјаките клубови во Европа.
Имаат солиден состав Србите, но форсираат многу досаден, старомоден ракомет.
Ни е само заради Лазаров имаме малце поквалитетен тим од нив.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Србија многу слабо игра. Голема безидејност меѓу трите бека, сите го заспани гуски делуваат и се чека само на некој топ ако пукне и влезе, случајно. Ништо друго. Посебно бодат очи техничките грешки во напад и контрите кои што следуваат потоа, поради огромната нивна спорост.

Хрватите дупло им вратија за поразот во 1/2 финалето во Нови Сад на ЕП годинава. Со овој пораз србите мислам дека се закопаа и за нив настапот на ОИ е завршен. Маџарите ги гледав во 1вото коло и прикажаа многу добра игра, каде изгубија само поради 3те технички на Наџ во финишот, а денес гледам тепале. Ааа за данците да не ни почнуваме со анализа ..
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
^
Па во второ полувреме Хрватите незнам точно колку ама гарант имаа околу 7-8 гола дадени од контра. Ги утепаа со контрите, таман се доближија Србиве на 2 гола, 2-3 глупи грешки во напад и Хрвативе одма во контра и пак ја качија разликата на 4-5 гола.
Стварно се трагични Србиве, освен Станиќ кој е во топ 5 голмани моментално и Вујин можеби, другите сите се мизерни (Илиќ знае да блесне на моменти, ама за играч на Кил тоа е еднаквно на нула).
И да денеска барем малку за промена коментаторов да го погодеше името на играчот:tapp:
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.475
Поени од реакции
14.913
^
Па во второ полувреме Хрватите незнам точно колку ама гарант имаа околу 7-8 гола дадени од контра. Ги утепаа со контрите, таман се доближија Србиве на 2 гола, 2-3 глупи грешки во напад и Хрвативе одма во контра и пак ја качија разликата на 4-5 гола.
Контрите и грешките на противникот се должат на одличната одбрана што ја играат Хрватите. Вака добра одбрана немаат играно уште од најдобриот период на Лино.
6-0 им е густа и подвижна, многу добро функционира, а денес одлично изиграа и 5-1 одбрана.

Но, одлично напреднале и во други сегменти. Играат брз ракомет, играње преку крила, брз центар, веднаш се бара играч во контра, убаво кружење, укрстување и пуштање топка на пивот.

Имаат супер репрезентација, проблем им е само десен бек.

Најголеми фаворити за злато.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Добрата одбрана на Хрватите се должеше на безидејниот напад на Србите..:facepalm:
Освен Рниќ(пред се во првото полувреме)другите бекови не се ни видоа...добар играч е Рниќ...
Симултанката на Вујин во второто полувреме беше пред се себичност.ништо друго,не беа ниту уиграни комбинации ниту ништо...
Не се лоши Србите имаат имиња,ама немаат никаква физиономија во играта....
Бавен проток на топка,брзо им ги прекинуваа акциите Хрватите,па после беше лесно да се одземи топка,или сами грешеа,или под закана за пасивен напад правеа технички грешки и ги губеа топките....
Вистинскиот тест за одбраната на Хрватска ќе биди на дуелите со Данците и Шпанците....
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Едноставно Хрватска на Србија и покажа кој е кој.Беа даелку помотивирани,се гледаше дека сакаат да им вратат за полуфиналето.Тоа во Белград беше утакмица што 1 во 10 ќе се случи.Можеби разликата во квалитет не е 8 гола,но се виде дека сакаат со камата да им наплатат за во Белград.
Едноставно Србија е многу неизедначена екипа.Ги има Илиќ,Рниќ и Вујин....3 играчи кои се скоро исти кои најмногу гледаат да ја пукнат од 9-10 метри.Одлични се за тоа што го играат,но им треба и на нив некој да им намести шут и да им навлече играч.Да го има оваа Србија Балиќ,матер ќе ебаваат. Го имаат и Станиќ на гол и Никчевиќ на крило,единствениот на таа позиција што нешто вреди.Ниту еден бек нема некоја смисла за комбинаторика и нема некој што знае да ја придвижи играта,да асистира од никаде,1 на 1 да пројде и да направи вишок....Мислеа дека со Чутура лани ќе го сменат тоа и дека ќе им ја донесе таа димензија што им фали,али не е он тоа тоа.Крилата да не ги спомнувам,освен според мене стварно добриот Никчевиќ другите се играч кој ни во Вардар не се покажа и еден кој сега игра во Вардар.
Се гледа дека Вуковиќ има ставено се на одбраната,во нападот се многу лимитирани.Овде нема судиите ради домашен терен да им толерираат многу долги напади и малце погруба игра.
Хрватска од друга страна ми изгледа многу јако.Си ја наметнаа со Србија својата игра,а Корејците кои се најбрза репрезентација ги надтрчаа.Репрезентацијата е скроз сменета и изгледа дека конечно Голужа успеа да си ги оствари идеите.Оваа екипа нема никаква сличност со таа во ерата на Лино.
Кога беше Лино се имаше една постава што играше 50 минути,многу спори напади,3-2-1 одбрана.Сега се има 2 еднакви постави,безброј решенија во нападот,не зависат веќе од Балиќ и играат скандинавска игра.Голужа колку и да е малце приглуп,човекот се разбира во ракомет.Беше и самиот одличен играч и за разлика од Лино многу повеќе може да допре до играчите и знае за време на утакмица да осети кога треба некоја промена.Уште кога дојде како тренер виде дека има играчи за брза игра и 6-0 и 5-1 одбрана.Во Шведска изгледаше катастрофа,во Србија доста добро,освен во неколку наврати кога имаа жути минути што ги коштаа полуфинале.Сега за сега изгледа феноменално,но правите тестови ќе следат тек со Шпанија (што во последната година ја поразија 3-4 пати) и Данска ( е тоа ќе биде брканица ракомет,ако не паднат едно 75-80 гола,еве на).
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Вчера на Хрт 2 гостуваа Лацковиќ и Вори, кажаа дека стварно се ептен сконцентрирани на натпреварите и дека имаат високи цели т.е враќање на златото од Атина.(y)
--- надополнето: 1 август 2012 во 14:50 ---
Норвешка - Кореа ќе биде јак натпревар, се сеќаваме на нивниот дуел од Пекинг нели...:D Инаку го суди нашата судиска двојка Начевски - Николов.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.986
Поени од реакции
16.425
Норвешка - Кореа ќе биде јак натпревар, се сеќаваме на нивниот дуел од Пекинг нели...:D Инаку го суди нашата судиска двојка Начевски - Николов.
Нерешно одиграа, си го преспал.:D
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.790
Поени од реакции
12.157
Сакам Норвежанките да освојат. Не им беше денот ама сепак играат одличен ракомет. А и не се лоши - иф ју ноу уат ај мин :icon_lol:
 

wgt

Член од
30 август 2011
Мислења
280
Поени од реакции
92
Шпанија 24 Данска 21.Добра игра на Шпанките.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom