Андреас Волф официјално со кам - бек во Кил!
Кил за трансферот на Волф платиле 1.6 милиони евра отштета на Келце, со условна клаузула ако во следните две години стане првак на Бундеслигата или европски шампион ќе доплати уште 200.000 евра, ако ја освои ЕХФ Европската лига, Келце ќе добие уште 100.000 евра дополнително, Волф потпиша договор до 2028 година и ќе заработува 45.000 евра месечно.
Од останатите трансфери ова лето можат да се издвојат:
- Циндриќ во Веспрем наредните 4 години(договор 2+2), претходно Веспрем го договори тренерот Чави Пасквал и пикерот Граховац, си заминаа од клубот Кентин Мае во Гумерсбах и Јахија Омар во ПСЖ.
- Македа и Тео Монар од Нант во Келце, Македа со договор до 2026, Монар до 2027, во спортивен правец од Келце во Нант ќе оди пикерот Николас Турна, исто така во Келце потпиша и Доминик Мате.
- Магнус Род, Лазар Кукиќ, Жереми Тото, Тобијас Тулин и Јонас Смарсон во Пик Сегед, од клубот заминаа Матеј Габер во Нант, Бомбач во Ѓер, Мартинс во Алборг и Лука Степанчиќ кој сеуште нема нов клуб.
- Давид Дејвис, Лангаро, Бранко Вујовиќ, Џукиќ и Прастарсон во Динамо Букурешт.
- Голманот Халгримсон, Митја Јанц, Марко Паниќ, Шишко и Жита во Висла Плок, си заминаа Лучин во Нексе и Миндегиа во Тулуз.
- Иван Мартиновиќ, Хајман и Оскарсон во Рајн Некар, од клубот заминуваат Рајхман во Фуксе Берлин, Киркелоке во Фленсбург, Гисласон во Гепинген и Уве Генсхајмер во пензија.
Микел Хансен и Никола Карабатиќ на олимпијадата во Париз ќе стават крај на своите кариери.