Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.953
Поени од реакции
5.515
Во 2024, во утепан спорт како ракомет да натурализираме просечни странци... не гледам како тоа е решение. Ај ќе сфатам да се бориме за медал па да натурализираме некој врвен ракометар како Кире Лазаров или Микел Хансен... Ама некој факинг Павле Петровиќ со минус 10-15 сантиметри за позицијата на која игра и со просек од 2 гола по натпревар во ЛШ? Ова онака го кажувам, ниту сум го гледал дечкото како игра, ниту планирам да го гледам.

Што се однесува до нашите ракометари, криво ми е тоа што имаме одлични услови, ама веројатно немаме тренери и менталитет... Тоа е таа глупа игра непроменета од 2009, цел напад лигавење на топката од тројцата бекови и под пасивен напад шут од 100 метри или додавање на пикер, па кога играме без голман и не можеме да створиме вишок, самоубиство... порано го имавме најдобриот напаѓач во светот и игравме добра одбрана, па сево ова не доаѓаше (толку) до израз, ама реално и аматери како мене ја читаат играта, не па врвни тимови како Франција и Германија. Барем да покажеа некаква борбеност или да играа одбрана, но искрено одамна имам кренато раце од големи резултати. Ги немам нервозите од детството, немам потреба од кафетин за главоболка, едноставно задоволен сум со редовно учество, а се друго е екстра.
 
Член од
16 септември 2009
Мислења
64
Поени од реакции
88
Држави ко Фарски острови се само показател дека со паметна работа и квалитетни кадри уште од младински категории може да се направи солидна репрезентација. Им се држеа на Словенците цела утакмица. Не постоеја на мапа на спортов тие.

Ама кај нас ниту има професионални тренери кои работат со младинци, ниту па децава имаат прав mindset, пола се полетаа у Немачка, одремаа на клупа 3-4 сезони, се оженија и донесоа по едно БМВ на старо. И после ќе се чудиме зашто немаат мадиња и стагнираат.
Кај Фарски острови повеќе е тоа дека државата е практично под закрила на Данска и подобрите и поталентирани деца самите одат во Данска и таму се оформуваат а знаеме они што се во ракометот. Не дека не се работи со децата во Фарски острови ама далеку дека самите можат нешто да направат со жители помалку од Битола на пример. Тие ако станат редовни учесници на првенствата многу данци што неможат да фатат место во репрезентација ке побараат да играат кај нив.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.808
Поени од реакции
8.972

Никој не го спори тоа, но прво некој таму ги приметил тие деца претпоставувам, еве двајцава вчера што дадоа по 9 гола почнале младинска кариера у Фарски у некој си клуб H71. Кај нас проблемот е што и такви таленти се гушат у системот, не се форсираат, а и тие самите се летаат по некои клубови каде нема ни да играат.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Во 2024, во утепан спорт како ракомет да натурализираме просечни странци... не гледам како тоа е решение. Ај ќе сфатам да се бориме за медал па да натурализираме некој врвен ракометар како Кире Лазаров или Микел Хансен... Ама некој факинг Павле Петровиќ со минус 10-15 сантиметри за позицијата на која игра и со просек од 2 гола по натпревар во ЛШ? Ова онака го кажувам, ниту сум го гледал дечкото како игра, ниту планирам да го гледам.

Што се однесува до нашите ракометари, криво ми е тоа што имаме одлични услови, ама веројатно немаме тренери и менталитет... Тоа е таа глупа игра непроменета од 2009, цел напад лигавење на топката од тројцата бекови и под пасивен напад шут од 100 метри или додавање на пикер, па кога играме без голман и не можеме да створиме вишок, самоубиство... порано го имавме најдобриот напаѓач во светот и игравме добра одбрана, па сево ова не доаѓаше (толку) до израз, ама реално и аматери како мене ја читаат играта, не па врвни тимови како Франција и Германија. Барем да покажеа некаква борбеност или да играа одбрана, но искрено одамна имам кренато раце од големи резултати. Ги немам нервозите од детството, немам потреба од кафетин за главоболка, едноставно задоволен сум со редовно учество, а се друго е екстра.
Мене ми изгледа како логичен потег доколку имаме можност особено да натурализираме десен бек, едноставно тапа сме со тоа шо располагаме и со тоа шо во иднина доаѓа, од 2002 бековите беа Савревски и Ивановски, со 2004 игравме без десен бек, сега со 2006та исто играме со лев бек на десно бековска позиција, шо значи во следни 4-5 години нема бегање од истиве играчи кој сега играат.
Од сите десни бекови на располагање, најмногу имам некоја надеж дека Серафимов можи да го подигни нивото прекувечер како шо беше случај со Мечка, но дури и да е тоа случај, Серафимов е играч кој не игра во одбрана и во таква ситуација ќе треба да се жртвува Костески за Савревски на крило за да може Савревски да менува со Серафимов на халф во одбрана.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.578
Поени од реакции
8.233
Ова испаѓа господ не казни. Го имате Лазаров што го имавте сеа попушинела :D . Стварно,се глеа до кое дереџе ни се играчите кога го бараме Петровиќ за натурализација.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.808
Поени од реакции
8.972
Ова испаѓа господ не казни. Го имате Лазаров што го имавте сеа попушинела :D . Стварно,се глеа до кое дереџе ни се играчите кога го бараме Петровиќ за натурализација.
Ја би рекол господ не наградил со играч како Лазаров, кој рака на срце не сме го ни заслужиле.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.578
Поени од реакции
8.233
Ја би рекол господ не наградил со играч како Лазаров, кој рака на срце не сме го ни заслужиле.
Абе коа наградувал ептен не наградил тоа се знае, али затоа коа казнувал маме ни ебал. Ова на десен бек не е ни просек, туку далеку испод просек, односно како да играш со ракометар помалку. Ама тое, џабе ја тупиме. Катастрофално е тоа што воопшто нема на видик ни еден саглам десен бек и во генерациите кои доаѓаат.
 
Член од
27 јуни 2022
Мислења
77
Поени од реакции
196
Останува уште да пробаме со некој десничар на десен бек како што игравме летото на кадетското. Друго решение стварно не гледам, стварно сме дупка на десен бек.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.808
Поени од реакции
8.972
Фали некој ко Тони Надал што од мали ќе ги форсира децава леваци да бидат ко Рафа што е форсирам, дефицитарна позиција е секогаш десен бек. :D
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.859
Поени од реакции
3.335
Серафимов мислам дека може да прерасне во солиден играч, поготово во напад. И може подобро е така, да се менува на полувремето кога сме близу до клупа (како Лазаров што го правеше тоа). И мислам дека ако отиде во Вардар може и да се препороди и да добие на м*** и да зацврсти. Затоа што има јак шут и го бива да дава голови. Кире со него греши можеби што не работи еден на еден да го ишлифува како треба.

Ова испаѓа господ не казни. Го имате Лазаров што го имавте сеа попушинела :D . Стварно,се глеа до кое дереџе ни се играчите кога го бараме Петровиќ за натурализација.
Лазаров после утакмицата со Франција кажа една убава, ама и тажна работа. А тоа е дека младите не се жртвуваат и дека тој треба да ги моли и да ги притиска да работат на себе. Замисли некој да те моли да одиш да тренираш плус, вежбаш и храниш правилно за да станеш уште подобар ракометар. :confused:
 
Член од
6 февруари 2011
Мислења
640
Поени од реакции
2.641
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.472
Поени од реакции
68.823
Место да игра со Фитиљот или Митев на среден бек, земал ми почнува со Џонов :facepalm:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom