Толкав е квалитетот. Тоа се најдобрите играчи, со плус минус некои измени кои немаше нешто драстично да сменат во квалитетот.
Едноставно јаката одбрана на Франција не натера да направиме еден куп технички грешки, што пак не' чинеше едно 80% од примените голови да бидат при контри или недоволно изградени одбрани.
Истата болка како и секогаш, немаше десен бек, односно еден играч минус во нападот. Велковски камен, Јагуриновски дно проби, убедливо најслаб поединец со неколку ноншалантни потези во одбрана. Барем него го красеше пожртвуваност, тотално ме разочара.
Савревски бележи напредок во игра во одбрана, некако таква улога доби во Алкалоид. Не доби некоја шанса денес, но верувам и тој немаше ништо да прикаже. Се изненадив што не го зема Серафимов, не дека е којзнае каков бек, ама во споредба со другиве тројца е најдобар шутер. И тој доби сто шанси и не ги искористи, ама можеше да го изостави Велковски, а да го земе него. Савре и Јагуриновски се земени за во одбрана.
Крилата непостоечки, топка не пипнаа. Исфорсиравме игра 7 на 6 со цел фокус на пикерите. Пола топки поминаа и пикерите одлично ги искористија. Пеше не утна, ама не игра одбрана, а му требаат 10 минути да замени што е непопустливо во модерниот ракомет. Мечка конечно се опушти од тремата и даде 4 гола од 4 шута и изнуди седмерец во второ полувреме. Дури и Никола Маркоски беше солиден.
Но, половина од топките завршија во противнички раце и лесни голови на празен гол или при непоставена одбрана. Доста технички грешки, со оглед на тоа што прво Тале беше во безизлезна ситуација да зема тешки шутеви, а потоа Кузмановски да добие целосна слобода во втор дел и да има скор 1/6, со многу асистенции и уште повеќе изгубени топки. Сигурно над 10 топки загуби. Крилата не добија ниту една топка. Не знам дали беше до нив или едноставно Кирца немаше смислено ниту една акција за нив. Десните крила нема кој да ги проигра, иако во неколку наврати се отвори шанса да даде дијагонала на крило Фитиљот. И самите немаа многу движење, заглавија позади. Одма се забележува што е класа како Манасков кој и да не добиваше топки, самиот антиципираше во играта, вкрстуваше и ќе дојдеше до шанса. Овие другиве се солидни егзекутори, ама тоа не е доволно кога не можеш топка да чепнеш. Не е ова меч со Радовиш каде што ќе имаш 10 контри во натпреварот. Атанасијевиќ губи премногу топки. Уште кога се појави ме воодушеви со тоа што се труди и доста трча, пргав е, ама некако не се изгради во добар играч. Заглави на позиција меѓу крило и бек и не бидна ништо на крајот. Игра без интелигенција, брза, без некаков ефект, ко мува без глава.
Џонов беше одличен, потврдувајќи ја добрата полусезона која ја има. Од Митев очекував повеќе, ама тој е стварно млад и допрва ќе напредува. Имаше два добри влеза и толку. Го упропасти Кире во вториот дел. Го стави лев бек, при целосна слобода на Фитиљот на среден бек и топка не пипна. Како би изиграле со двајца пробивни бекови во ситуација 7 на 6? Тука обавезно мораше со Тале да игра лево или Митев на среден, Фитиљ лево.
Со Франција немавме можност да ја видиме одбраната. По мене истата е тежок очобол. Омерагиќ не го ни видовме во игра, Тале беше слаб, другите исто не воодушевија.
Никучот одличен, да не беа некои негови одбрани на зицери, ќе одеше Фтанција барем до 45 гола.