Па ок, очекуван пораз на гости, иако да не беа грешките ова пак можеше да биде тесно до сам крај.
Два пати се победуваме сами. Она што треба да е наш најголем адут, а нивен најслаб - голманите, некако не дојде многу до израз. Нашите бранеа (Томовски), ама и нивните ги направивме голмани. Португалија нема квалитетен голман. Имаше до пред некоја година, сега нема. Мораше многу подобро во одбрана. Серафимов делуваше доста изгубено и во напад и во одбрана (и Ѓорѓиев стандард - веќе мака ми е за него да пишувам, еден два добри продори не го прави главен плејмејкер). Не ми беше јасно како не сфати дека му спрема Мартинс цепелин или удар. Тоа се гледаше унапред, па стои ко некоја саксија таму. Не сакам да навредувам, ама Португалија има она "цигански" менталитет и напаленост за шутирање и лесно може да се прочитаат тие нивни финти. Печени беа да паднат во Скопје, а и овде да се одиграше подобро во одбрана ќе беше барем интересно. Многу подобра игра во однос на она што се изигра на СП. Дефинитивно со уште неколку играчи Талески, Манасков (само да си го смени односот према другите играчи), Павле Атанасијевиќ, па и Танкоски ако продолжи да игра вака, би можеле да изненадиме. Она што мора да се поправи, уште, е одбраната. Мора и помали фаули да се прават колку да се запре протокот на топката и да се наруши концепцијата на противникот во напад колку може повеќе. Нема премногу време, а следат полесни утакмици иќе мора да се увежба некоја поцврста одбрана. Нападот е ок и побрз, може и мора подобро од изгледни ситуации и пенали (побогу ниту еден лоб не видов од нашите). Го направивме Капдевил голманиште - а не е.