Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
1 јули 2012
Мислења
2.297
Поени од реакции
6.652
Го има намалено многу напаѓањето Ѓоргоновски во однос на Кире во споредба со лани-преклани кога ја спукаа работата околу Голден Арт. Дури и прилично реални и издржани му се колумните и за време на СП, а и оваа.
Во однос на откажувањата, ако се вистина шпекулациите, многу глупаво од Талески, Манасков и сите останати што евентуално ете имале проблеми со Кире за какви што се шпекулира, што дозволуваат ова да остане на шпекулации и расипан телефон муабети меѓу луѓето, наместо да излезат во јавност со официјална изјава за причините поради кои не се појавуваат. Апсолутно сум сигурен дека во таков момент цела јавност ќе застане на нивна страна и ќе се направи притисок кон Кире да си даде оставка. Некои ја спомнуваа Србија дека имала вакви внатрешни проблеми често, ама кај нив бар секогаш се на чисто, ќе излезе Ненадиќ на пример и ќе каже не играм дур е ова раководство на федерација и чао пријатно, сите знаат зошто не е во тим, нема шпекулации, па бујрум бирај дали е побитен играчот или федрацијата. Вака знаат дека цела јавност бруи за тоа, они ќе си тераат кафе/цеден портокал во парк шема, а ние по форуми ќе расправаме причини зошто они не играат за репрезентација.
Чекај, стварно мислиш дека јавноста би застанала позади Талески и Манасков ако искочат и кажат причини поради кои не сакаат да играат, освен ако тие не се ептен сериозни, нешто од типот дека Ќире им барал пари за да играат, им се заканувал со нешто ептен сериозно, што не верувам да е случај. Каков белег, успех имаат овие двајца во нивните кариери, која е нивната тежина во ракометот, кога на другата страна е Ќире, кој колку и да е тежок карактер, неискусен тренер, сепак е Бог и батина во ракометот, не само во рамки на Македонија, туку и глобално. Нема никакви шанси јавноста да биде на нивна страна ако причините не се ептен сериозни. Ако причините се лични кавги, навреди, препукувања, несогласици, нема шанси јавноста да застане на нивна страна, туку само можат полошто да си направат. Ненадиќ е најдобар српски играч во последниве 10-тина години, име во ракометот, затоа и може да се спротистави дали на тренер, дали на федерација.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.860
Поени од реакции
3.335
Која иронија. Си се пласиравме регуларно и сега оп 24 земји. Кога генерацијата на Танкоски го освои шампионатот во Скопје, тогаш аха не важи само преку кадетско СП може да се пласираме. А ќе беше и интересно без Франција која требаше да испадне. :confused: А за кадетите уште не е потврдено, се шушкаше дека ќе има сеопфатни квалификации (може и тоа да го сменат, па директно и таму да играме на кадетско ЕП). :toe:
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480

Фактички финалистите без разлика дали победиле или не си се пласираа, а ние кога бевме финалисти со 2002 генерација (кога загубивме од Полска), тогаш исклучок беше тоа правило :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.537
Поени од реакции
3.736
Чекај, стварно мислиш дека јавноста би застанала позади Талески и Манасков ако искочат и кажат причини поради кои не сакаат да играат, освен ако тие не се ептен сериозни, нешто од типот дека Ќире им барал пари за да играат, им се заканувал со нешто ептен сериозно, што не верувам да е случај. Каков белег, успех имаат овие двајца во нивните кариери, која е нивната тежина во ракометот, кога на другата страна е Ќире, кој колку и да е тежок карактер, неискусен тренер, сепак е Бог и батина во ракометот, не само во рамки на Македонија, туку и глобално. Нема никакви шанси јавноста да биде на нивна страна ако причините не се ептен сериозни. Ако причините се лични кавги, навреди, препукувања, несогласици, нема шанси јавноста да застане на нивна страна, туку само можат полошто да си направат. Ненадиќ е најдобар српски играч во последниве 10-тина години, име во ракометот, затоа и може да се спротистави дали на тренер, дали на федерација.
Е исклучиво на таков сериозен проблем мислев де :). Затоа и реков, ако се точни шпекулациите, а како што можеш да видиш, шпекулациите се дека Кире им правел притисоци за трансфери во Алкалоид на неколку репрезентативци.
Страна-две поназад спомнав дека Манасков на СП се понашаше дупло посељачки од она како се однесувал Борко порано. Со драмење, пцуење по соиграчи и дури и тегнење за дрес на Младеновиќ за да му покаже каде требало да стои во одбрана, по примен гол. Ако тоа е причината за негово изоставување, тогаш апсолутно сум на страната на Кире.
И јас мислам дека многумина забораваат дека Кире индиректно им ги изгради кариерите на сите соиграчи со кои играше во репрезентација. Тука мислам и на апсолутно најдобрите после него како Наумче, Жути, Столе, Борко, а не пак на послабите од нив. Сите останати, во моментите кога останувале без Кире на терен биле апсолутна нула во секој таков натпревар. Од оној егал натпревар со Германија на СП 2009 кога доби црвен картон во 40та минута, па сите овие останати успеаа за 20 минути да изгубат 10 разлика, преку порази од 10 разлика од Унгарија во сред Борис Трајковски во квалификации за првенство кога Кире поради повреда отсуствувал (ова некаде кога бевме најјаки демек, после Белград), до она првенство во Хрватска пред некоја година кога мислевме дека можеме и до полуфинале пак после натпреварите со Словенија и Германија, за да по негова повреда не успеат останатите ни да ја победат Чешка (ова и со Раул на клупа).
Без него немаше да ги има ни пласманите на првенства, нити ќе се створеше веројатно таа еуфорија околку репрезентацијата и воопшто околу ракометот и со тоа не верувам дека некогаш Минчо ќе се нафатеше да го креира оној Металург, нити Самсоненко ќе влагаше во Вардар, а до тогаш какви кариери имаа сите останати од репрезентацијата само... Наумче беше просечен играч од просечен шпански клуб, Столе отиде 6 месеци во просечен романски клуб, па се врати во нестабилен Вардар како избркан од Металург... После тоа дојдоа трансферите по Германии, Франции. Борко стигна да потпише за Барселона еј :icon_lol:, па тој трансфер е 70% заслуга на Кире и 30% на Борко, за да овој сега го плука ко некое последно копито затоа што престанал да го вика на 40 години во репрезентација.
Затоа треба да прозборат инволвираните, затоа што ако е точно она што го збори @EdenZivotEdnaLjubov во фан клуб Вардар и тука, тогаш не треба да има дилема дека Кире треба да се повлече од репрезентација. Али ако сите отсуства се слични на отсуството на Манасков, тогаш Кире има кредит да продолжи да креира состав во кој ќе нема никој кој се замислува дека е од големото добро утро.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Страна-две поназад спомнав дека Манасков на СП се понашаше дупло посељачки од она како се однесувал Борко порано. Со драмење, пцуење по соиграчи и дури и тегнење за дрес на Младеновиќ за да му покаже каде требало да стои во одбрана, по примен гол. Ако тоа е причината за негово изоставување, тогаш апсолутно сум на страната на Кире.
И со Серафимов имаше таков момент
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ова Кире не го дозволи кога беше играч во моменти кога репрезентацијата беше стварно јака и можеби и фалеа баш 1-2 странци за да се направи и посериозен успех.
Едвај едни Прибак и Вугринец земаа пасоши, мада и тие нивни настапи како за инат беа.

Не верувам дека Кире ќе се согласи на странци, џабе филозофираше у интервјуто пред некој ден.
Едно е кога натурализирањето тогаш може да ти го земе спотлајтот од репрезентацијата, друго е сеа кога лично му се нужни за да нема историски порази, мислам дека он сам ќе форсира натурализација.
 
and

Член од
21 октомври 2016
Мислења
42
Поени од реакции
108
Само не знам зашто толку се споменува натурализацијата. Па не го спомна то Кире. На "Само ракомет" го прашаа, а тој си одговори.
И не одговори дека е супер идеја или дека е нешто што се мора. Едноставно не го исклучи како опција.
А и ако федерацијата се реши не е нешто што може да се рализара за еден циклус, како во кошарката. Треба играчот 3 год. да има место на живеење во Македонија и мислам беше 2 год. да нема играно за матичната.
Ако сакаме брзо решение на бек, опција се мртви играчи. Прво што ми паѓа на памет се Мандалиниќ, Дисингер, Куни или слични заборавени бекови.
Вакво нешто беше и со Прибак и Вугринец и ништо посебно не добивме. Напротив
Ако сакаме нешто сериозно треба да го чекаме со години, а и да го искешираме. Нешто како Марковиќ со Катер.
Сумирано, натурализација не е опција. Сакале нејќеле мора да се работи со нашите и да им се даде шанса од 2-3 години без притисок.
Па една Норвешка, Шведска, Полска ... кога менуваа генерации прескокнуваа првенства.
 
Сам ја отворе тој та тема, кажа ако сакаме да имаме резултати имаме 2 начина, едниот е да продолжиме вака со работа со млади и да се има трпение, другиот е да натурализираме 2-3 играчи сега, јас кажа сум отворен за двете опции, и доколку натурализираме да не се погреши во изборот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: and

Прав си, сега преслушав.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
„Златните“ кадети триумфираа против Романија на првиот тест - 24 РАКОМЕТ (24rakomet.mk)

На полувреме воделе со 5, за на крај да тепаат само со 1, велам само со 1 затоа што Романија загуби од кадетите на Австрија, кој пак се сметаат за една од послабите европски репрезентации кој што ке настапуваат на светсково во Хрватска.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.583
Поени од реакции
3.591
Овој Митев нормален ли е? 2 пати шутна, 2 пати смешен испадна
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.669
Страшен пад во крајните минути, овие користат 7 на 6 тактика за да дојдат до водство.
Искрено несфатливо ми е ова форсирање на Ѓоргиев, убедливо најслаб играч на средбата а ги игра сите утакмици до крај.
Митев за Ѓоргиев е Лук Стеинс и Зарабец во едно.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.060
Поени од реакции
4.034
Истата секунда кога Ѓоргиев и Митев заиграја заедно реков дека нема гол да дајме до крајот и така испадна. Смешно изгледаат посебно првион. Еден од најлошите ракометари кои заиграле за репрезентација.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Неаме друг организатор, едниот од Битола се чува за дербито не го интересира репрезентациај
 
Kajgana Shop

На врв Bottom