Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Ф

Флеш

Гостин
Такво клише стана поздравов .... За кого ?! ... Ебате дамбфакс црепови губите утакмица на свои грешки. Закон да се забрани За кого ? Оти брукаат
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.887
Поени од реакции
3.406
Утакмицава исто како онаа кадетската кога игравме 1/8-финале со нив. И тогаш негде поведовме прв пат после 45-50 минути и не го искористивиме моментумот, не го искористивме и сега. Добра игра во одбрана и општо многу подобро од она на СП, ама Португалциве беа печени да изгубат денес.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
512
Поени од реакции
375

Озбилно ти се чини дека Португалија играше максимално на утакмицава? Запнаа само кога заводивме и ги пуштија со свои грешки да се решат...
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.582
Поени од реакции
5.505
Каков глуп пенал на Ѓорѓиев. Му влага крилото од мртов агол, остави го, нема каде да шутира. Овој се намести за чист пенал...
И во прво полувреме кога намаливме на 1 или нерешено, направи глуп прекршок за 2мин со што Португалците се одлепија +3 на одмор
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.734
Поени од реакции
1.488
Кире под итно аут! Дерење на тајмаут?! Тргни се човек ја уби репрезнтацијата!
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.606
Поени од реакции
8.316
Кога ги читаш изјавите на нашиве по натпреваров добиваш впечаток дека се среќни исто како да победиле.
Автоматски споено мислење:

Кузмановски: Можеме да се носиме со сите и во Португалија ќе одиме на победа - sportmedia.mk

Овие почнаа да го копираат Кирца во давање дебилни изјави. Што им требаат вакви работи да се брукаат не ми е јасно.
 
Последно уредено:
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.165
Поени од реакции
5.335
Лошо е што нашата јавност има преголемо очекување за резултат а моменталниот капацитет не го дозволува тоа.

Пред првенството пишав дека после СП ќе знаеме до кај сме и тогаш кога зборевме со некои членови пак искоментиравме дека целта на оваа генерација ќе е да се пласира редовно, да оддржува континуитет, и да дочека појачување од помладите категории кои што доаѓаат.

Идејата е да се изгради еден систем и слика за репката да играат сите како машина од најмладите до А репрезентацијата за трансферот од една на друга генерација да бидне полабав и без дупки како сега.

Мислите дека они неќат сеа да го убиеа Португал 10 разлика и да идевме на прошетка таму? Тоа е капацитетот, им се доближивме они притиснаа, ние не искористивме моментум да киднеме на 2-3 па нив да ги фати паника малце дека го обрале бостанот и тогаш ќе беше турли тава последните минути.

Нека ги океј сме, без киксеви у квалификации само ќе дојдат пак нашите 5 минути. Убаво ќе беше да бевме у 2 шешир место 3 евентуално дури и 4ти, ама убаво ќе беше и да бевме светски парваци па не сме. Реалноста е таа, нека се работи на систем, подобрувања има у споредба со Полска и здравје нека избори и Алкалоид Европа зашто им требаат сериозни утакмици не играње со Куманово, Радовиш, Неготино и слично.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.223
Поени од реакции
16.182
Тоа е тоа, зашо ако нема Алкалоид нема и репрезентација.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.165
Поени од реакции
5.335
Тоа е тоа, зашо ако нема Алкалоид нема и репрезентација.
Брат олабавете со комплексот од Алкалоид побогу. Еве формирај РК Ивица, собери ја репрезентацијата таму у следен пост ти ветувам дека ќе пишам РК Ивица мора да игра Европа за доброто на репката.

Ајде ако не да им посакаме да пропаднат? После ќе ровете нема никој што сака да инвестира у ракометот у државата. Еве кошарката гледаме успеси златни реди од Литванија наваму
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.582
Поени од реакции
5.505
Веројатно би било добро ако натурализираме 2-3 играчи додека подобрите од 2002/2004 "пораснат ", еден пикер како Василев кој игра во два правци итекако би ни легнал добро, од Јагуриновски, Велковски и Серафимов еден играч неможиш да направиш, иако мене најмногу ми се допаѓа Јагуриновски (убедливо најдобар од нив во одбрана), но во напад лимитиран, колку и да е борбен и игра од срце, сепак против вакви гранитни одбрани тешко игра.

Тале се испедерче, да играше денес можеби со него ќе имаше шанси да ги добиеме, никаква опасност немавме од 9 метри, ако имал некакви проблеми со Кире прво нека изигра за репрезентација и за цела нација, после нека решава дали ќе игра понатаму или не, истото важи и за Танкоски и Пешевски, а не вака со Португалија не играм ама со Турција и Луксембург ќе играм..

Фалеше и Павле исто денес, играч кој знае да пробие одбрана на индивидуален квалитет кога веќе не оди.
Цветан Кузмановски незнам шо гледаат толку во него, во 5-1 формација Кондев ќе беше покорисен, вака овај изигра 5 минути, промаши зицер и пенал, па на клупа остана закован цел натпревар (со право).

Се надевам дека за 1-2 година може да добиеме играч во Самоил Ристевски како директна замена за Н.Марковски, кога веќе подмладуваме сериозно зошто да не му се даде шанса и порано, лично мислам дека е поголем потенцијал од Стојковиќ иако помал 2-3 год.

Џонов во граница на неговите можности беше доста корисен денес, изигра добро и во 5-1 и на 4ка во одбрана па и погоди мислам 2 пати од лево крило.

Ни фали играч од светска класа како Кире за високи резултати, со овие играч дури и за 2 до 3 години мислам дека ќе станеме солидна репрезентација ама не за големи резултати,(освен некој од Павле или Митев ако не направат огромен скок во нагорна линија во нивниот развој па да носат заедно со Фитиљ..)
Со какви играчи располагаат само Португалциве видетеги па немаат резултат направено, а ние да имавме 1 од нивните 6 бека, ќе баравме медаља минимум од секое првенство.

Да се надеваме дека што побрзо ќе ископаме некој бисер од младинските генерации суров талент ала Кире, инаку дотогаш ќе се задоволуваме со пласман на првенство и евентуално влегување во главна рунда доколку ни се погоди добра група итн..
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.165
Поени од реакции
5.335
РФМ мора да направи стратегија или за обука на наши тренери на високи нивоа или да се најде начин во 3-4 клуба да дојдат експерти странци кои ќе постават систем за развој на играчи и ќе играат модерно.

Само така можеме на долги стази. Кога може Холандија да развие ракомет а до вчера мислеа тоа дека е некој сос за помфрит, можеме и мораме и ние, земја кај што ракомет се игра со генерации. Може не сме скандинавска држава ама никој не може да ни го земе тоа дека негуваме симпатии спрема ракометот уште од Југославија наваму па и како утеха за тоа што никаде не нема на мапа у фудбалот
 
Ама Холандија и Португал работаат уназад квалитетно 6-7 год, ние во 1 година бараме резултати..настрана тоа што тие си крпат со играчи од 88, 90та, 92ра, 94та генерација додека ги развиваат помладите играчи.
Никој не зборува зошто немаме еден играч од тие генерации, сите плукаат по децава што бара од нив да се носи..
 
Точно, Холандија дури после 2010та наваму мислам дека искочија со стратегија за развој на ракометот, што значи дека можда и 12-13 год. активно работат, у меѓувреме кај нас се спиеше на стара слава и сеа другите ни се криви.

Затоа викам, здравје на добар пат сме само конзистентно појавување дури да направиме еден склоп од искусни играчи што ќе бидне оваа генерација и млади што ќе се искалат у Пелистер, Вардар, Алкалоид, Тиквеш и слично.

Од друга страна за да се даде ветар у грб на ракометов мислам дека мора РФМ да склучи договор со МТВ за преноси на првенството и да се ангажира PR екипа што ќе работи на големо по социјални медиуми,
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.223
Поени од реакции
16.182
Брат олабавете со комплексот од Алкалоид побогу. Еве формирај РК Ивица, собери ја репрезентацијата таму у следен пост ти ветувам дека ќе пишам РК Ивица мора да игра Европа за доброто на репката.

Ајде ако не да им посакаме да пропаднат? После ќе ровете нема никој што сака да инвестира у ракометот у државата. Еве кошарката гледаме успеси златни реди од Литванија наваму
Немој молим те толку добро да ми посакуваш, ќе завршам ко клубот репрезентација Металург, па ни сала ќе имам на крај.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
444
Поени од реакции
2.275
Нека ги океј сме, без киксеви у квалификации само ќе дојдат пак нашите 5 минути. Убаво ќе беше да бевме у 2 шешир место 3 евентуално дури и 4ти, ама убаво ќе беше и да бевме светски парваци па не сме. Реалноста е таа, нека се работи на систем, подобрувања има у споредба со Полска и здравје нека избори и Алкалоид Европа зашто им требаат сериозни утакмици не играње со Куманово, Радовиш, Неготино и слично.
Фала богу што поголемиот дел од јавноста не го дели мислењето со тебе... Ако гледаме така, тогаш нема потреба да постои лигава, нека освојува титула Алкалоид секоја година, нека игра во Европа, а Вардар и Пелистер не мора да постојат, може на 30 години ќе станат играчи Мартин Серафимов и Ѓорѓиев, ќе ги почекаме, сепак уште се млади и надежни...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom