Имавме заебана ситуација лани у Берлин, ако си во групата со македонски навивачи не верувам да има проблем, неможе обезбедувањето сите да ги извади но ако си лево десно надвор од група и ако имаш кутлеш знаме сигурно ќе ти прават проблем, на нас во Берлин сакаа да го извадат надвор другарот се додека не го тури во џеб знамето, едвај се разбравме решени беа да го исфрлат вонка.
Сега баш прочитав и не е баш прецизирано, новинариве лупаат по обичај, викаат само официјални знамиња, нема да биде дозволено внесување на знамиња со навредлива или политичка содржина. Без разлика, ете тоа нека се однесува и на нашето знаме, ама како што спомнав, може знамињата да се носат под јакна, или сите може да носат маици со знамето, после тоа кога народот ќе влезит внатре нека ги слечат јакните и никој жив нема да влезе да го брка народот надвор, ги заболе хрватине какво знаме ќе носиме.
Средина на Јануари, време е за првенство во ракомет!
Македонија повторно учествува, после 5 години транзиција, во кој се промени генерацијата, овојпат и со тивки амбиции да не бидеме комплетни аутсајдери. Па ајде една кратка анализа:
1. Очекувања
Прво мислам треба да ја погледнеме реалноста на нашите резултати на првенствата. Да, редовно учествуваме, но скоро цела деценија немаме некој посериозен резултат. Последен добар настап ни беше на ЕП во Хрватска во 2018та, кога имавме одлична прва фаза, ни се кренаа очекувањата, па се повреди Лазаров во втората фаза...
Кои екипи сме ги победиле од 2019-2024та?
Јапонија, Бахреин, Чиле, Украина, Чиле, Алжир, Мароко, Јужна Кореја, Швајцарија
Или со други зборови, две европски од трет-четврт ешалон, и 7 неевропски кои не се ни во топ 5 е неевропските. Од просечните и квалитетни екипи редовно губевме по ~10 разлика со исклучок на 2-3 пристојни порази.
А каде неутралната немакедонска публика очекува да се пласираме?
Ни прогнозираат пласман во втора фаза и 22 место -што е еквивалентно на победа против Гвинеја и порази против сите останати. Според тоа објективно би било да се очекува пласман меѓу 20-24 место. Се под тоа е катастрофа, се над тоа е успешно првенство.
2. Форма
Интересен факт - куриозитет е што за првпат одиме со 100% домашни сили. Вистински тест за квалитетите на домашното првенство. За среќа сезонава конечно се исправи глупоста со 2 групи во есенскиот дел што создаде ситуација на првенство репрезентативците да влезат тотално надвор од форма. Сега првенството е многу поконкурентно (Пелистер, Вардар, Алкалоид, Охрид се сериозни екипи), имаа сите по барем 5-6 квалитетни натпревари и дома + уште најмалку толку и во европските купови, каде сите репрезентативци имаа настапи и пристојна минутажа. Кога ќе се додадат квалитетните турнири во летото, како и пријателските во изминатите 2 недели, натпреварувачкиот ритам овојпат би требало да е многу поблизу до она што го гледавме пред 10-15 години, отколку изминатите 5-6.
Дополнителен оптимизам влева и фактот што скоро сите репрезентативци имаат добра минутажа во клубовите и ќе можат да го дадат нивниот максимум, наместо да ги користат првенствата за да влезат во форма.
3. Состав
Составот со кој ќе настапиме е горе долу очекуван со единствени изненадувања кај изостаноците кај Талески (кој веројатно не се вклопува во планираниот систем на игра) и Томовски (кој реално не брани многу и е во слаба форма во Бундеслигата).
Практично микс на тимовите на Алкалоид и Пелистер, со двајца играчи на Вардар во ротацијата. Моторот секако ќе бидат Митев и Кузмановски, со ротација на Ѓоргиев и Павле Атанасијевиќ. Ќе видиме како ќе се искомбинираат десните бекови заради разликите во нивната игра во одбрана и напад - Серафимов ја има кренато формата сезонава, ќе биде интересно да се види до каде може. За очекување е брза игра, многу напади на зона еден-на-еден и развивање на акција од таму, кон создавање на вишок. Во одбрана, голема ротација на пикерите, кои освен Пешевски истовремено се и главни дефанзивци. Практично ќе се игра со по едно крило и Џонов на лево, односно десните бекови на десно крило да покриваат како алтернативи - се е ова за да се намали бројот на измени напад-одбрана, бидејќи некои од нашите клучни офанзивни играчи не се дефанзивци.
Се надевам дека помалку ќе го користиме Пешевски, наместо околку него да го базираме нападот. Најголем проблем се со години изгубените топки и ги губиме баш при игра со пикер. Подобро нека биде џокер, отколку клучен играч.
И на крај краишта, како и секогаш, нема резултати без да видиме барем 3-4 добри настапи на голманите.
Потајно очекувам голем чекор напред од браќата Атанасијевиќ кои на ова ниво практично немаат искуство. Од друга страна главен прашалник имам кај Костески кој тукушто се врати од тешка повреда и не е јасно во каква форма е. Сите некако очекуваат Митев да ни биде најдобар играч, мене некако повеќе ми личи дека иако често оспоруван, најдобар поединец ќе ни биде Кузмановски - кој е во најдобра форма во кариерата.
На трибини на стартот претпоставувам ќе останат: Галевски, Петковски и Стојковиќ
4. Противници
Унгарија - веројатно главен фаворит во нашата група. Традиционално една од најснажните репрезентации во светот. Физички тешко ќе може да се спротивставиме, клучот особено ќе биде во бранењето на пикер, каде дуото Банхиди-Рошта има шанси да не уништи. Од друга страна, мислам дека знаеле унгарците често да киксираат, кога никој не очекува, има шанси да ги наттрачаме. Унгарија е јасен фаворит, според кладилниците тие имаат 91% шанса за победа наспроти наши 9%. Мислам дека имаме малку подобри шанси од тоа, ама во секој случај било каков бод би бил фантастичен резултат. Се е до како ќе браниме на пикер. Тука е клучот.
Холандија - најбрза репрезентација во светот. Традиционално не ни лежи нивниот стил на ракомет. Ќе видиме дали сме се подобриле на тој план. Штета што ќе играме со нив релативно рано. Во втората фаза тие секогаш паѓаат бидејќи имаат една постава, резервите во најголем случај се доста послаби. Не сме без шанси, но повеќе ме загрижува тоа што не ни лежат отколку квалитетот на Холанѓаните. Клучот ќе биде нашата дуел игра во одбрана, особено на 3 и 4.
Гвинеја - обејктивно аутсајдер, една од најслабите екипи на првенството. Не смееме да ги потцениме, ама не смееме ни да си дозволиме кикс.
Франција - нема што многу да ја коментираме Франција, ќе биде интересно да се види како ќе функционираат во пост-Карабатиќ ерата. Со нив тешко дека ќе се држиме, ама ај да видиме.
Австрија - Репрезентација во голем подем во последните години, имаат одлична генерација и е екипа која може да одигра и против многу посилни. Ама повреден е Билик а тој е за нив нешто како што беа Лазаров и Шмид за Македонија и Швајцарија. Повреден е и Божович, макар што тоа не сум сигурен дека има голем ефект, го имаат Живковиќ а Божович е во години.
Катар - Сеуште во голема мера истиот Катар од пред 10 години, со неколку подмладувања. Сериозна екипа, која долго доминира во Азија, со и тоа какви имиња Капоте, Марзо, Марковиќ.... Плус Вујо на клупата кој не познава добро. Ама мислам дека ова првенство е почеток на крајот на нивните успеси. Сите звезди им се во доцни 30ти години (37-38). Тешко дека ќе издржат во јако темпо 2 недели секој втор ден.... Потајно полагам надежи во овој меч...
5. Прогноза
Јас мислам дека ќе покажеме напредок, ама не сме ни комплетен производ спремен за константен квалитет. Ќе се држиме со сите освен со Франција, веројатно ќе изгубиме од повеќето, ама не од сите - барем на 1 од останатите 5 меча нема да изгубиме и со тоа најверојатно ќе го имаме најдобриот настап после 2018та. Ако треба да типувам, многу поверојатно е да се стигне до позитивен резултат во втората фаза против Катар и Австрија отколку на стартот против Унгарија и Холандија.
За шампион, за жал, нема никаква неизвесност според мене. Новата генерација на Данска е подобра и од старата и во моментот се 2 класи над сите други предводени од Гидсел, Питлик и неверојатниот Емил Нилсен на голот.
Neka pociva vo mir Aleksandar Jovikj.
Red e da se napravi ednominutno molcenje pred natprevarot za covekov, treba da se proba da se komunicira so ihf i hrvative i bi trebalo da dozvolat.
Denes gubime, moze da se nesto poraznisani ungarcive ako gi iritirame i napneme. Sansata ni e so Holandija koja so dobra igra ima potencijal da se dobie. Za Gvineja da ne komentirame sto treba da se sluci.
Vkrstuvame so Francija, Avstrija koja ke bide tesko da se dobie i Kuvajt ili Katar. Bi sakal da e Katar zoso se reprezentacija koja ni e popoznata, troma e stara i mislam mozeme da ja dobieme.
Po edna pobeda vo prva i vtora faza e super za nas.
Сега баш прочитав и не е баш прецизирано, новинариве лупаат по обичај, викаат само официјални знамиња, нема да биде дозволено внесување на знамиња со навредлива или политичка содржина.
Би било убаво ако извлечат вечер некој позитивен резултат да го посветат на Јовиќ,човекот колку што се сеќавам правеше чуда со вториот тим на Пелистер од кај што излегоа неколку репрезентативци.
Инаку баш ме интересира дали ќе успее некој да шмугне знаме од Вергина во сала,баш би сакал да го видам раширено со распеани фанови.
Би било убаво ако извлечат вечер некој позитивен резултат да го посветат на Јовиќ,човекот колку што се сеќавам правеше чуда со вториот тим на Пелистер од кај што излегоа неколку репрезентативци.
Инаку баш ме интересира дали ќе успее некој да шмугне знаме од Вергина во сала,баш би сакал да го видам раширено со распеани фанови.
Верувам дека ќе изгинат вечер. Конечно децава имаат желба за борба и гинење за светиот дрес. Со среќа момци.
Верувам дека случките од вчера и денес ќе им дадат ветар во грб и мотив плус.
Нека почива во мир Јовиќ. Има доста придонесено за ракометот кај нас.
Дечки денес изгинете на терен, ако ништо друго изиграјте за Јовиќ (доста од нив играле под негова палка, поготово како младинци) и најдете сили тепајте ја Унгарија. Унгарија не е Шведска, ниту Данска, Германија или Норвешка. Може да се игра против нив, иако никогаш не ни одговарале. Ако младите ја победија Унгарија на јуниорското ЕП, нека биде изненадување и денес.
Она што ме плаши повеќе е незалагањето во одбрана. Мора одбраната да се стегне на овие утакмици како би имале шанси за некој подвиг.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.