Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
22 ноември 2021
Мислења
75
Поени од реакции
45
И јас мислев дека лесно ќе одиме преку Естонија и Литванија, ама ете се покажа полека ама сигурно почнува ракометот да се шири во повеќе држави па нема веќе лесни противници. Италија тепа со Србија, Косово нерешено со Холандија, Словенија одвај 1 разлика со Естонија.
Се покажа дека и Кире имал лоши прерачунки па не го зеде Митревски за овие две утакмици а мислам дека баш тој ќе беше кариката која ќе не одведеше денес до победа. Кире никако да најде вистинско решение на позиции 3-4 во одбрана, пробуваше повеќето време да игра со играчи кои доаѓаат од ист клуб рачунајќи на нивна воиграност ама баш одбраната беше најслабиот дел од тимот на овие 2 утакмици. Би требало да се доволни победи на домашен терен за да се пласираме на Европско а со оваква игра на светско нема што да бараме.
Автоматски споено мислење:

И не знам што е работата со Дамјан зошто го нема ниту во Алкалоид ниту во репрезентацијата. Дали е некоја повреда во прашање или пак сака да бега од Алкалоид?
Повреден е Дамјан.
 
Член од
10 ноември 2024
Мислења
2
Поени од реакции
5
Прво Кирил Лазаров е најдобриот спортист што Македонија го имала а со Алкалоид покажува дека е и одличен тренер и треба сите да му дадеме максимална поддршка. Навистина е срамно тоа што одредени луѓе се спремни да напишат за една таква легенда.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.530
Поени од реакции
66.066
Прво Кирил Лазаров е најдобриот спортист што Македонија го имала а со Алкалоид покажува дека е и одличен тренер и треба сите да му дадеме максимална поддршка. Навистина е срамно тоа што одредени луѓе се спремни да напишат за една таква легенда.
Извини Кире, нема веќе.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.126
Поени од реакции
8.073
ogromno razocaruvanje ovie dve tekmi mi se posle ona sho go vidovme so farski barazot doma, dali nema nikakov napredok dali kirca gi potceni ovie dve tekmi ne mozam da kazam so e, ako ova e vistinskata slika e zalno..
 
Член од
13 август 2023
Мислења
922
Поени од реакции
2.248
И јас мислев дека лесно ќе одиме преку Естонија и Литванија, ама ете се покажа полека ама сигурно почнува ракометот да се шири во повеќе држави па нема веќе лесни противници. Италија тепа со Србија, Косово нерешено со Холандија, Словенија одвај 1 разлика со Естонија.
Се покажа дека и Кире имал лоши прерачунки па не го зеде Митревски за овие две утакмици а мислам дека баш тој ќе беше кариката која ќе не одведеше денес до победа. Кире никако да најде вистинско решение на позиции 3-4 во одбрана, пробуваше повеќето време да игра со играчи кои доаѓаат од ист клуб рачунајќи на нивна воиграност ама баш одбраната беше најслабиот дел од тимот на овие 2 утакмици. Би требало да се доволни победи на домашен терен за да се пласираме на Европско а со оваква игра на светско нема што да бараме.
Автоматски споено мислење:

И не знам што е работата со Дамјан зошто го нема ниту во Алкалоид ниту во репрезентацијата. Дали е некоја повреда во прашање или пак сака да бега од Алкалоид?
Не гледам поента во кукањето по Митревски за денес, Кизиќ си беше коректен 10-11 одбрани околу 35%, сосема коректно, не знам што би сменил Митревски.
 
Член од
10 ноември 2024
Мислења
2
Поени од реакции
5
Што се однесува до овие квалификации.

- Лазаров веројатно сакаше да види како репрезентација ќе изгледа без оние најдобрите Никола Митревски и Никола Маркоски (колку и да е критикуван наш најдобар дефанзивец)

- Во составот го нема и Филип Талески веројатно поради неговото однесување на натпреварот против Фарски острови (каде на првата утакмица Талески одигра лош натпревар, потоа во реваншот Кире го седна на клупата а овај веројатно се налути и цел натпревар кога Македонија даваше голови ниту аплауз не даваше. Но без разлика на се Филип Талески и е потребен на Македонија.

- За жал Македонија имаше и други проблеми повреден Јагуриновски, браќата Костески. А повреден против Литванија играше и Митев.

Но без разлика на се ова. Македонија дома против Литванија и на гости против Естонија ќе одигра сигурно во многу по комплетен состав и со многу подобра игра ќе се пласираме на европско.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Абе за пласирање ќе се пласираме, ако се стегнеме и со Словенија ќе се изигра дома јако ама не личи на ништо да вадиш на мускули победа со Естонија и да губиш од Литванија.

Посебно пред Светско искрено сега се размислувам дали да купам карти за Вараждин, или да чекам евентуално ако пројдеме прва фаза па тогаш. За Полска се заебав купив карти за втора фаза на крај да ми удрат ладен туш кога изгубија од Аргентина

Мааа да, Естонија Словенија 28:29.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937

Не личи ако сме Данска, Франција :D Ама не сме.
Замисли да го имавме составот на Холандија и вчера да киксневме против Косово, мислам дека после натпреварот би ја запалиле ракомента федерација. :D

Но да се вратиме во реалност, многу брзо забораваме каков дебакл имамве 2023, екипата тогаш предводена под водство на новиот "лидер" после Кире, Филип Талесен.

Холандија 34-24 Македонија
Аргентина 35-24 Македонија
Норвешка 39-27 Македонија.

Дека има напредок има, но како шо пишав и уште многу фурни леб да изедеме (дополнителен простор за напредок), особено кај играчи како браќа Митев, браќа Атанасијевиќ, Карасманакис, Ристевски, Петковски..

Тоа не значи дека се лоши, напротив, но не го достигнале максималниот капацитет на нивниот потенцијал, шо е добро, но јасно ни е на сите, реалноста е дека тие се следните носители на репрезентација (секако се додека не извадиме подобри играчи од следните млади генерации).

Ако ме прашате мене, јас сум за дополнително подмлададување на репрезентацијава, со уште поголема улога за помладите, не само земи ги на поширок список или во состав со лимитирана минутажа.

Зошто да не му се даде шанса на Галевски светсково како прв голман, па Исланд го фрлија во оган Халгримсон на европското 2020та како 18-19 годишен голман.

Ми се допаѓа тоа шо му се дава шанса на Петар Атанасијевиќ пред Цветан, Петар е измислен за ран н ган ракомет. Истото го направи и Шундо во Пелистер.
Сакам да видам уште поголема минутажа на Павле, баш ме интересира како би функционирала бековска тројка Митев - Ѓоргиев - Павле (играчи кој најдобро напаѓаат зона), со Лазаревски/Карасманкис на пикер, Петар на крило, во најдобар случај Никола Костевски на десно крило.

Е ова е веќе тркачки состав ран н ган на максимум, (ако концептот на ракомет е тој кој сакаме да го играме) но веројатно не и состав кој моментално "гарантира" резултати (пласман на европско), но за светско нема шо да изгубиме, можеме само да добиеме.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.091
Поени од реакции
3.835
Не личи ако сме Данска, Франција :D Ама не сме.
Замисли да го имавме составот на Холандија и вчера да киксневме против Косово, мислам дека после натпреварот би ја запалиле ракомента федерација. :D
Холандија играше без Стеинс на двете утакмици. Така да без него се максимум просечна екипа (да не збориме дека во младинските категории ги нема на мапа). Ама па примија бајаги многу голови (39 од Украина, 33 од Косово) и тоа од екипи кои се послаби и од Естонија и од Литванија.
Не е изговор за тоа што се изигра во Вилнус. На Велковски не знам зошто му дадоа толку шанси, на крај и тој упропасти со потегот негов за што му дадоа исклучување. Мора многу поборбено да се игра, посебно во одбраната. Далеку од онаа партија против Швајцарија или против Фарски Острови во Скопје.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
527
Поени од реакции
476

Холандија еднаш во квалификациите со Стеинс загуби од Грција и едвај ја тепа Белгија, некако играат топло-ладно, ама секогаш се ок репрезентација на првенствата
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Работата е во тоа што јас се надевав на наредна фаза од Светско. Тоа ми беа очекувањата. Посебно после утакмицата со Фарски кога се покажа колку стварно можеме. Е сега тоа се наши очекувања и желби кои сите си ги имаме.

Од друга страна реалноста може да бидне друга бидејќи утакмица како таа со Фарски се игра еднаш годишно. Но и фактот дека Естонија игра тесна утакмица со Словенија како и Италија што ја плесна Србија покажува дека очигледно ракометот е напреднат, тоа што го зборевме со години наназад сега веќе е "in motion"

Она што мене ме загрижи е пад на форма пред Светско, ама па може да е подобро него да се дигнеме у облаци дека сите ќе ги тепаме кога ќе отидеме таму.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
608
Поени од реакции
3.285

Да, колку можеме се покажа точно, ама се покажа и колку полесно играме кога е подмачкано кај судиите :D Подобри бевме, домашна репрезентација сме, ама дебело беше подмачкано и судиите си ја завршија работата во неколку наврати против Фарски. Затоа вакви експерименти од типот на голманско дуо Кизиќ-Галец, а на трибини и дома пред ТВ Томовски и Николче, па и Тале каков и да е, не ни се потребни, зошто ќе ја тепаме само Гвинеја, а со другите ќе бидеме полесен тренинг.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.365
Поени од реакции
6.858
Ниту сме јаки како со Фарски, ниту сме слаби како со Литванија. Реалноста е некаде измеѓу.

Во секој случај, на квалификациски натпревари веќе неколку години има доста "интересни" резултати. Што заради незалагање на некои од екипите, што заради доста "креативно" судење (како што беше на нашиот конкретен меч со домаќинско судење како од 90тите).

Не би се возбудувал многу ни во една нни во друга насока. Ситуацијата со репрезентацијата тргна нагоре последната година/година и пол, ама ако некој мисли дека наеднаш сме некоја сила, тогаш тотално не ја разбира моменталната ракометна слика и конкуренција.

На СП реално е да се очекува дека ќе ја минеме групата и ќе имаме 4-5 интересни натпревари со сериозни екипи (читај сите освен Гвинеја). Дали и колку бодови се можни со FRA, HUN, NED, AUT, QAT тешко е отсега да се каже, ќе зависи многу од моментална ситуација, здравствен билтен и слично. Ама мислам дека нема да доживееме 5 порази, некој бод ќе се освои...
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.435
Поени од реакции
2.435
Денес е DEADLINE да се пуштит брутолистата од 35 ракометари за СП,и после кратење на 18 ....никаде не соопштија кој се играчите или јас ?
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.435
Поени од реакции
2.435
Денес е DEADLINE да се пуштит брутолистата од 35 ракометари за СП,и после кратење на 18 ....никаде не соопштија кој се играчите или јас ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom