Реален е резултатот.
И уште еден доказ дека нашата перцепција за квалитет, од домашна лига не се совпаѓа со моменталните услови во европскиот ракомет.
Нема фаворити денес, а и да има ние не сме дел од тие фаворити.
Полска изгуби од Словачка, на домашен терен, Словенија исто ( иако Швајцарија е во подем, сепак е изненадување).
Сите играат денес ракомет, ако не се адаптираш ќе те прегазат.
Што да се каже за мечот во средата?
Очајна одбрана, мизерија.
Премногу истурено игравме против напад составен од брзи и подвижни играчи, кои не губат лесно топка.
Не можеш ти да се натрчуваш против Скипаготу, Митум итн. со Томи Бој, Маркоски, Талесен, Фитил во одбрана, не е можно ова сценарио.
34 гола примаш, речиси сите голови од чисти отворени зицери, нема што да се дискутира, колку сака нека игра брз ракомет Фарски Острови, штом примаш толкав број на голови не си квалитет, просто и едноставно.
Освен Костески, Лазаревски ( звер е дечкото) би реков и Митев, сите други под ниво. а можеби и толку им е силата?
Додека држеше на 3ка Лазаревски имаше некоја густина во одбрана, но не можеа никако да го погодат тој друг играч во централен блок, на 4ка.
Никола Маркоски дефинитивно нема што да бара во репка повеќе, тотално бескорисен,
Подобро Карасманакис да го земеа, ветува детето.
И Аларов не се снајде најдобро, иако не е лош дефанзивец( за наша лига), ама беше пребавен за брзите на прв чекор бекови на Фараните,.
Не е лесно да играш против играч под 190 см, кој те напаѓа со полна сила и брзина, овде треба многу енергија и сила да употребиш, а и навремено да се поставиш, ако сакаш да имаш време навремено да направиш прекин, а овде грешевме најмногу.
Сите стартови беа задоцнети, затоа и толку исклучувања, повеќето беа реални одлуки за исклучување, имаше нешто престрого досудено, но во глобала кога нема да стигнеш да затвориш брз играч како Скипаготу и Митум и да поставиш блок се знае шо следува, или ќе има вишок по крила или во дуел 2 на2 со пикер ти прават вишок и се отвора простор за шут по средина или зицер за пикер.
80% од головите паднаа на овај начин.
Во напад бевме доста неинвентивни и предвидливи.
Не прочитаа, на крај добија и ветер во грб од судивките, имаше неколку ситуации кои можеа лесно да бидат пенал за нас, или во најмала рака исклучување за нив, ама кога играш на овај начин, нема што да чекаш од судии во гости.
Фитил даде 7,8 гола, добар дел под пасивен, кога немаше едноставно идеја шо да се игра, ама исто толку топки изгуби.
Преочигледни беа тие обиди да се даде по секоја цена топка до Пешевског, овај пребавен, претром, го уништија едноставно, една од најслабите партии негови во последно време.
Според мене требаше да се оди само со Лазаревски во напад, кој далеку подобро се движеше низ активната зона на Фарски.
Талесен, кој беше ти бе дечко?
Очај, срам, беда, успорена снимка од играч.
Не знам како е овај уште во репка?
Не треба многу самопромовирање и чукање во гради во тие интервјуа.
Да го слуша/чита човек шо не следи ракомет редовно, ќе си помисли дека дечкото е некојси си бек разбивач. Енди Шмит, Даниел Нарцис, Штафан Олсон, итн, со еден куп успеси и титули зад него.
А тој ти е едноставно Талесен, вечниот талент на македонскиот ракомет.
Едно е да даваш во наша лига по 7,8 гола, сосема друго е меѓународна сцена.
Доказ колку ни е слаба лигата, без разлика шо си прајме филмови дека сме имале којзнае какво првенство силно, не е така според мене, далеку сме.
Фарски Острови, со пола репка која игра во втора данска лига го избриша подот со Талесен, леле какви топки му земаа од раце, како на дете мало, а за цела глава е повисок од грото од Фараните во одбрана.
Не е се целосно изгубено, 7 разлика не е недостижна, но со онаа игра тешко, посебно ако дозволат Фараните да ја движат лесно топката, без навремен фаул..
Ќе треба огромен учинок од голманите, одбрана гранитна и смирен и бавен напад.
Ако влезат во нервоза Фараните тука е шансата, не се учени тие да играат така сигурно, ако не им оди резултатот во прилог, некоја брза серија би можела да го смени начинот на игра.