Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
16 мај 2010
Мислења
6.293
Поени од реакции
5.579
Prvo.. Što e so forumov be? Tri dena funkcionira, 10 dena kaput. Wtf?
Včera odigravme ajde da se kaže soliden natprevar protiv Hrvatska, pred se zaradi dobriot den na Mitrevski. Izleguvaat na površina site mani koi gi nabrojuvav prethodno. Igračite od koi najmnogu se nadevame kako Kuzmanovski, Mitev, ne se ni bleda senka od toa što go gledame vo Mak. Liga. Koga pred niv ima jaka, ukomponirana 6-0 odbrana izgledaat izgubeno. Koa ke se setam deka tuka go falevme i Serafimov deka naprednal, a realnosta e deka nie igrame bez desen bek na prvenstvovo. Nema skok šut, aj nekoj ke reče da probiva, ama ne sme sposobni ni toa da odbrabotime pošo ne se opasni bekovite. Šteta e, pošo ovaa reprezentacija znae što saka na teren ama nema dovolen kvalitet na sekoja pozicija toa da go sprovede. Odbrana ta na momenti dobra, ama realno včera izgledaše taka zašo i Hrvatska promaši milijarda čisti ziceri. Ke vidime kako ke bide. Definitivno imame nekoi šansi da iznenadime, ama pa ne bi me iznenadilo i kompletno da se iskenjame. Ni ednoto ni drugoto ne bi me iznenadilo. Toa go zboram vo grupa faza. Ponataka so pojakite repki nemame kapacitet za povekje.
Изигравме егал утакмица кај што не се даваа ни тие ни тие 100% освен на крајот и двете репки ја сакаа победата. Добро е што веќе сме во Вараждин и се спремаме таму. Хрватите изиграа колку што им треба ама и нив да не им беше Шипиќ на крај можеше лесно да ја добиеме таа утакмица.

Имаме ствари на кои мораме да работиме дефинитивно не е ова идеално флуидно главевме на моменти. Од друга страна е утакмица што се пренесува на ТВ и не дека сите акции ќе се изиграат и ќе се отворат сите карти.

Океј сме според мене, плус публика како дополнителен буст ќе имаме.

А за натаму па не ни е лоша ни групата со која укрстуваме, со Франција немаме што да бараме, со Австрија и Катар може да се игра.

П.С. нека се јави некој од админ тим или модератори да каже што е проблемот со форумов, ако вака зеза и за тек на светско да си отвараме тема на реддит
 
Член од
27 јуни 2022
Мислења
165
Поени од реакции
538
Солидна утакмица. Реално Хрватска е над Унгарија и Холандија. Осеќам дека ќе скинеме некој бод на фаворитите. Ептен ме радува борбеноста, менталитетот и физичката подготвеност спроти за жал големата ограниченост на голем број од играчите.
Не им се даваме :D
 
Член од
1 јуни 2024
Мислења
34
Поени од реакции
112
Вчера на моменти предобро, на моменти прелошо, ама сепак пријателска е, битно е дека не се раштиман оркестар (видете ги резултатите на пријателските пред ЕП 2024 или СП 2023). Клучни според мене се првите два натпревари ако тука добиеме барем еден, може да се надеваме на нешто повеќе. Во втора фаза вкрстуваме со најверојатно Франција, Австрија и Катар. Против Франција нема што да бараме апсолутно ама мислам дека сме поквалитетни и од Катар и од Австрија на кој не им игра Билик кој е главен играч на Австрија.
 
Член од
27 јуни 2022
Мислења
165
Поени од реакции
538
Исто така вчера немаа ден ни Кузмановски ни Митев. Барем еден да е расположен во напад ќе изгледаме многу подобро од вчера.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.526
Поени од реакции
2.552
за тие шо пропуштија вчера
Без рзлика на домаќ судење можевме уште во првото полув. да ги плесниме.... три зицери и еден пенал да промашиш е премногу....
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2014
Мислења
3.718
Поени од реакции
5.999
Zaboraviv da go pofalam Atanasijevič. Deteto od natprevar vo natprevar i vo Pelister i vo repka pokažuva deka ima najviše muda od site. Ako mu se dava šansa, sigurno ke dobieme igrač nalik na Mojsovski.
Абе каков Атанасијевиќ, сепак требаше Тале да го повикаат, ако не ова зима, другата сигурно ке запалеше
 

and

Член од
21 октомври 2016
Мислења
57
Поени од реакции
131
Малку реализацијата на Петар Атанасијевиќ ме плаши, на зицери и контри не е баш сигурен. Ѓонов ко влезе одма е друго. Али па Петар во одбрана гризе.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.943
Поени од реакции
16.262
Солидна утакмица. Реално Хрватска е над Унгарија и Холандија. Осеќам дека ќе скинеме некој бод на фаворитите. Ептен ме радува борбеноста, менталитетот и физичката подготвеност спроти за жал големата ограниченост на голем број од играчите.
Не им се даваме :D
Лоша е и Хрватска, може се наоѓа некој поединец таму ама како тим далеку се од тоа што беа. Ма да може и нешто и тие чуваа за првенството ама од тоа што можев да видам против нас, а и против италијаните (ако победија убедливо) не штимаат некои работи таму, да не се играше првенството кај нив ќе беа на ниво со нас, учесници.

Иначе добар меч вчера одигравме, голманите (Кизиќ најголем успех во кариера, три пенали по ред фати) и пикерите солидни. Само не знам како ќе биде со Велковски и Јагуриновски, тежок очобол.

Освен со африканците се надевам дека ќе изненадат и против една од Холандија или Унгарија, овие вторите не се толку за да им се плашиме.

Ма ништо чудно и со три порази да си отидат, колку сме лабилни :)
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.718
Поени од реакции
5.999
за тие шо пропуштија вчера
Без рзлика на домаќ судење можевме уште во првото полув. да ги плесниме.... три зицери и еден пенал да промашиш е премногу....
По домаќиноско судење амин, на крај Срна 100 чекори направи, му судат гол за победа.
Пасивен напад за нас после 6 додавања, за Хрватите после 20 додавања :D
И покрај се и на домашен терен, да не повикаше Лазаров тајмаут, имаше ситуација Серафимов сам на 6 метри за реми некаде околу 57-58 мин.

Без судии најреален исход на натпреварот во најмала рака беше реми.
Но во тој случај Хрватите ќе требаше да бараат нов тренер на 4 дена пред светско :D
Митревски над 10 одбрани за едно полувреме, октоподот нивни 5 одбрани цел натпревар man of the match :ROFLMAO:, дури и тој се чудеше :pos:

Врв беше коментаторот на РТЛ кога коментираше дека неморал Митревски толку топки да брани, затоа што сепак се работело за пријателски натпревар :facepalm::facepalm::facepalm:

Од кога ги знам Хрвативе во секој спорт секогаш не мелеле, но сега кејф за гледање беше како се мачат на домашен терен и намуртеното лице на Дувњак на клупата во текот на целиот натпревар.

За фанатичните арогантни Хрвати се испод 10 разлика против нас е катастрофа, кој сме ние да изгубиме само со 2 разлика?
Па тие на медал сремат, а со оваа генерација топ 8 реално е успех за нив.
Зборувајќи околу генерации, најдобрата генерација на Лазаров, Стоилов, Жути, Мојсо, од тогашната најдобра генерација на Хрватска, секогаш не дробеле со по 10 разлика.

Сега нивните клинци, тешко се носат со новите клинци на Македонија, кој беа собрани во 5 до 10 да се работи со нив, со надеж дека можи да го спасат сениорскиот репрезентативен ракомет во Македонија, кој преживуваше на апарати последните години, носен од Лазаров до 42 год, Столе и Миркуловски со по една нога, зато шо вечитите таленти останаа само, то, вечити таленти.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.885
Поени од реакции
2.880
Малку реализацијата на Петар Атанасијевиќ ме плаши, на зицери и контри не е баш сигурен. Ѓонов ко влезе одма е друго. Али па Петар во одбрана гризе.
Овој Џонов се препороди под водство на Лазаров, од позиција лево крило има реализација како прајм Манасков.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: and

madrock

Bogey
Член од
23 април 2014
Мислења
741
Поени од реакции
2.368
Загарантирано 3.место на СП... мислам во група 3.место...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom