Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.491
Поени од реакции
1.872
Талески добро ќе дојдеше,со шутеви од 9 метри.
Што е најтрагично Естонија има поквалитетни шутери од далечина кој не избушија од 9+ метри како тој 19ка што не утепа како и Росна. Ние немаме такви шутери кои можат да распалат од далечина и тоа ќе ни биде голем хендикеп во иднина
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.713
Поени од реакции
5.976
Талески добро ќе дојдеше,со шутеви од 9 метри.
Ако беше работата до удари од 9 метри, тогаш го имаме Фитиљот, кој рака на срце за удари од 9 метри за Тале е Паскал Хенс.
Многу потценувачки влеговме во натпреварот, воопшто не браневме удари од 9 метри, а дури во 40-тата минута Кизиќ почна да фаќа топки и да ги извава Естонците од ритам. Најслаба алка денес беа одбраната и голманите.
Не дозволиво е толку лесно да не бушат од 9 метри, особено што имаше неколку млаки удари кои нашите голмани мораа да ги фатат од таа позиција. Би рекол резултат за ова е комбинација на лош ден на голманите и недоволен квалитет во бранењето удари од 9 метри, особено од Томовски, кој затоа не бранеше ни минута во второто полувреме.
 
Член од
22 ноември 2021
Мислења
79
Поени од реакции
49
Да се надеваме дека Галевски ќе стане класа голман, во спротивно,тешко нас ќе биде.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.120
Поени од реакции
3.888
Во два моменти од 11 метри примавме голови. Тоа е недозволиво. Како тргна утакмицата, мислев готово решена е, 15 разлика сигурно. Галевски мислам дека треба да брани со Литванија (Митревски и те како ќе е потребен на СП). Денес освен Фарски Острови и Србија, сите се мачевме (дури и Шпанија на десет минути пред крај има нерешено со Италија на домашен терен).

Странец од друга земја, континент или планета?
Од Битола...
 
Член од
22 ноември 2021
Мислења
79
Поени од реакции
49
Во два моменти од 11 метри примавме голови. Тоа е недозволиво. Како тргна утакмицата, мислев готово решена е, 15 разлика сигурно. Галевски мислам дека треба да брани со Литванија (Митревски и те како ќе е потребен на СП). Денес освен Фарски Острови и Србија, сите се мачевме (дури и Шпанија на десет минути пред крај има нерешено со Италија на домашен терен).


Од Битола...
Италија е новата Холандија во машки ракомет.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.144
Поени од реакции
1.898
Од Битола...
Можеби не велам не.
Но чудно ми падна дека бараш странец а веќе хрватски тренер е во репрезентација точно година дена.
Али тоа ви е навика да брмчите нешто.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.120
Поени од реакции
3.888
Можеби не велам не.
Но чудно ми падна дека бараш странец а веќе хрватски тренер е во репрезентација точно година дена.
Али тоа ви е навика да брмчите нешто.
Очигледно не е добар и не ги спрема добро. :toe:
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.290
Поени од реакции
5.568
Фактот дека веќе нема 100% слаби репрезентации на континентов стои, и уште и те како се покажува како вистинит посебно за репрезентации што сме тука 2-3 ешалон. Лесно може да се испадне во аутсајдери затоа е потребна константност и претпазливост против секој.

Нападот е океј, имаме пробиви, нема шутер. Левата страна поактивна, десната не баш, единствено таа акција што ја имаме кога пикерот и центарот ќе забијат во одбраната отвараат дупка и десниот бек влага на продор од лева страна. 2-3 пати ја изигравме успешно ама Унгарија и Холандија ќе се спремни на ова, така да Кирца ќе мора да е креативен во следниве месец дена.

Одбраната на најлошо ниво од како сме рекомпонирани. Мечка колку изигра добро против Фарски толку не беше ништо посебен против Естонија. Пиша некој дека е паднат во форма не знам на што се должи тоа ама ќе е потребен да се врати у ритам што побрзо.

Томовски многу лоша утакмица, Кизиќ лошо почна но му се отвори денот и им симна доста топки. Треба да се проба Галевски Кизиќ комбо со Литванија чисто и на Томовски да му се даде сигнал дека ако не си у форма нема загарантирана позиција.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.012
Поени од реакции
9.799
Со оваа репрезентација добивме ран анд ган игра, ама па од друга страна многу сме лимитирани на бековска позиција. Поентата со такви ракометари е да знаат и да шутнат класично, а нашиве баш и не се нешто по тоа прашање. Се виде тоа против вчерашната 6-0 одбрана на Естонија . Кога против нив на моменти не можевме да воспоставиме игра, тогаш што ќе правиме против ТОП репрезентациите кои имаат коњини као камен на линија. Оваа репрезентација која форсира таква игра пред се мора да биде камен во одбрана и после преку транзиција да казнува, ама одбраната вчера покажа многу слабости.Тебе една Естонија онака да те пробива, не е на арно. Едно е да играш во македонска лига и да мислиш дека си машина, каде и стварно поминува тоа, а веќе подруго е во репрезентативен ракомет. Ова го пишувам не како хејт, баш напротив малце се разочарав пошо мислев дека миксот од најдоброто од Вардар, Алкалоид и Пелистер ќе биде многу подобро е ефикасно инкорпорирано во репрезентацијата ама некако не беше така. Дали малце и потсвесно ја потценија Естонија ќе покаже времето. Поентата на се е да се создаде репрезентација која ќе биде кадарна да се носи и со најголемите, а некако не беше таква сликата против Ести.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.881
Поени од реакции
2.872
Можеби требаше да проба со Павле Атанасијевиќ на централните позиции во одбраната, не дека ќе сменеше нешто драстично, ама на почетокот Павле отвори добро во нападот, а во одбраната играше многу борбено.
Стојковиќ и Карасманакис имаа лош натпревар, требаше таму да го убаци Павле.
Во таква ситуација ќе требаше да ја лимитира минутажа на еден од Кузмановски или Митев, со оглед на тоа што Павле Атанасијевиќ игра во двата правци, ама можеби одбраната ќе изгледаше подобро и немаше да примиме толку голови.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.120
Поени од реакции
3.888
Дали малце и потсвесно ја потценија Естонија ќе покаже времето. Поентата на се е да се создаде репрезентација која ќе биде кадарна да се носи и со најголемите, а некако не беше таква сликата против Ести.
Мислам дека не очекуваа од Естонија да игра и да создава позиции за шут. Веројатно си мислеа дека ќе паднат со тек на време. Ама проблемот беше што тоа што шутираа од 9 метри (и од 10 и 11 метри - Кизиќ прими два гола од 11 метри, Томовски еден од 10 негде) и топките влегуваа. Голманите беа лоши, сосе топка влегуваа во гол и примаа и пацерски голови од статива во нив па во гол. Веројатно да не влегуваа топките, тие ќе паднеа со темпо и ќе беше двоцифрено, ама тие не се предадоа а ние не игравме ништо во одбрана. Со Литванија очекувам да биде далеку подобро (тие се и поспора репрезентација).
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.518
Поени од реакции
2.542
Словенија тепа со 11 против литванија ама не беше лесно прво полувреме кога литванците имаа шанса за израмнување,имаат тројца јаки шутери ,кирката морат под хитно митрески да го вратит, нека исфрлит еден пикер.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.120
Поени од реакции
3.888
Малашинскас и Антанавичиус да ги затворат, потоа лесно ќе е. Нивната одбрана каша попара како Естонија. Ете тие се може поспори од Естонците (ништо чудно Естонија пред нив да заврши).

Гледам и Холандија (наш противник на СП) денес едвај со Украина (која па загуби 8-9 разлика од Естонија во баражот), победи 40-39.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom